Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    3.606
    Пол:
    Женски
    Да не ја тупам многу, ќе кажам искрено.. Да, имам пробано мара неколку пати, во сигурно и одбрано друштво и ок ми било.. :rofl:

    Марата според мене е "big deal" , значи ептен лабава ми е, али како што кажа некој од нешто мора да се почне.. ;)

    Не оправдувам луѓе што константно конзумираат и самите свесно се уништуваат но сепак тоа е нивно право и јас тука не можам ништо.. Познавам личности кои се зависници и кога доаѓаат кај мене - молим лепо на тереса, издувај го и врати се на муабет ко да не е ништо...

    Во Мкд за жал, се повеќе се конзумира марихуаната бидејќи е лесно достапна па дури и некој од основно може да ја набави ко лижавче во продавница.. :doh:

    Жално е за младинава наша, но тоа е што е, може само да се надеваме на боље...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. PlaviOrkestar

    PlaviOrkestar Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    23
    Speaking of pot, баш пред некое време читав статија дека тутунот е доста поштетен од марихуаната
    http://kajgana.com/marihuanata-ne-mu-shteti-na-zdravjeto-kolku-tutunot
    а на друга страница читав за истражување со кое е докажано дека не остава тешки последици како губење меморија и такви ми ти работи. Вели вака, оние кои не конзумираат, кои не се зависни- но употербуваат и зависниците од марихуана покажаа слични резултати: без последици врз било која мозочна бариера. :)
     
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Не, нема слепо гледање секој кој што има спротивно на моето (или нашето, само не знам од кај нашето, демек на нас дрогирашиве? :lol: ), потенцирав дека мене ме нервира тој ваш двоен стандард и играње во здраво тело здрав дух филмови. Абе ајде, стремиш кон здрав живот и секако, по 2-3 мартини секој петок?
    За алкохол и дрога дека е исто, не е, ама и двете спаѓаат во стимулативни супстанци, само што едната е поприфатена од другата. И секако можеш да споредиш чаша вино со еден џоинт во било кое време, и двете имаат исто предности колку и маани. Само што, информираност не е јака страна кај некои.

    Второ, никогаш зависност и деликвенстност нема да бидат нормална појава, а кога ќе бидат доброволно ќе се самоубијам, зошто уште тоа би му фалело на општествово. Тоа е тој осудувачки момент, не разликувате зависник од нормален корисник еве да речам. Дрогата не резултира секогаш со зависност и деликвенција исто како што алкохолот не резултира секогаш со алкохолизам.

    И трето, секој што си користи било каков наркотик повремено, не бара оправдување за истиот (како на пример дека виното е добро за крвен притисок) туку едноставно, се откачува во тој момент на конзумација и приказната завршува тука. Нема зависности а уште помалку деликвенција. Боже мој што направивте од една обична работа. Ама пак ќе кажам, подобро вака да паничи секој втор на зборот дрога отколку секој втор да ја конзумира. Едноставно, меч со две острици е, исто ко и секој друг порок.

    Ама ајде, не сте вие криви, нема кој да ви ги отвори умовите и да ве поттикне да се информирате повеќе.
     
  4. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Оправдување е. И добро и аргументирано.
    За да сфатиш.
    Не за да те излажам.
    Зошто е така и така ќе биде.
    Тhumbs up.
    A, времето не е само ова и сега.
    Нормални и здрави животни принципи згаснаа со стартот на најстариот занает во светот.
    Пишав во СДК еден цитат "за да направиш профит, треба да направиш проблем"
    A, проблемот сите го знаеме кој е.
    И ние сме тотално немоќни да го спречиме затоа што буквално сме како сунѓери.

    Tвојов пост ми фати око, другите не прочитав.. само што да.. глупава споредба е чаша вино со еден кец.
    Ни малку не е исто нормално.
    Ама разликата меѓу пијан човек и надуван е огромна.
    Утрото после бурна пијана ноќ имаш празна меморија, мамурен, не ти помага ни литар вода ни расолницата од мајка ти. Додека си пијан немаш апсолутно никаква контрола врз твоето тело и врз твоите мисли.
    Утрото после надувана ноќ ти е топ. Ниту те боли глава, ниту ти е лошо, башка тоа се сеќаваш на се' од претходната вечер. Додека си надуван ако си ги контролираш мислите,го контролираш и телото и све ти е топ.


    Но, за она што се одлучив јас е оваа година да престанам со дување.
    Доволно беше.
    Престанувам само затоа што е нелегално и грижа ми е што ќе зборуваат утре за мене.
    Можеби во подобро време.
    А,еве со што се соочуваме моментално
    http://www.youtube.com/watch?v=3Ll36P6C_28
    Клипов е поучен и за тебе и за мене и за секој што ќе го прочита овој пост.
    Да види до кој степен сме очајни.
    Пијаме, пушиме, се труеме со лексилиуми и диазепами, но марихуана НЕ!
    Нели е малку нелогично?
    Пак ќе кажам..
    размислете кој профитира од секој проблем, од секоја наша утеха во алкохолот, нервоза во цигарата, експлозија во лексилиумот.
     
    На Meggy и PlaviOrkestar им се допаѓа ова.
  5. Elika

    Elika Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    46
    Последно нешто што би го пробала!
    Знам многу случаи,каде што сакале да пробаат па завршиле по болници.Несакам да си играм со животот.Иако да бидеме реални,денеска секој 2 има пробано,или конзумира почесто.И против цигарите сум истотака!За џабе пари трошење.За тие пари,можеме да ги тргнеме на страна и да ги искористиме многу попаметно!
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Не сум пробала, а нема ни да пробам било каков вид на дрога.
    Прва работа, незнам ни да пушам односно да вовлекувам цигара, а не па да земам марихуана ор самтинг, не ги знам видовите на дрога шо се пуши.
    Втора работа - прочитав оправдувања од типот, а апчиња пиете, а диазепами ова она, епа баш сум чиста и не пијам никакви апчиња, најмалку па оние за смирување, а нема ни да пијам понатаму. Се може да се реши без користење на апчиња од таков вид и дрога.
    Секој си го избира својот пат во животот, јас не осудувам никого, само да е подалеку од мене и моето семејство. Ама за жал не е, до мене има еден наркоман, се пука у вена којзнае што прави, се собираат кај него групи луѓе, беснеат, па доаѓа до кражби во маалово... страшна работа.
    Не верувам дека некој може да се излечи од зависноста од дрога, секако кога е веќе над нешто што се пуши. А логично е од тоа и да се почнува, познавам многу луѓе што се имаат упропастено баш од таа марихуана, па после се поминува на екстази, па шмркање, па у вена ....... :worried:
    Жално е и трагично колку млади луѓе го имаат фатено тој пат, што ради друштво, што ради проблеми (кои нормално би се решиле и без неговото/нејзинотот дрогирање).
    Избегнувам да се дружам со луѓе кои конзумираат било каков вид на дрога, несакам да бидам сведок на нивното уништување, ниту сакам да ми нудат да пробам и да ме убедуваат колку е најјако чувството, дека не е штетно итн... зошто да ШТЕТНО Е, а поправка скоро и да нема.
     
    На Boni995, Monna.Monna, Plavusa.17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Karamella

    Karamella Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    23
    Нема шанса да пробам и пари да ми даваат, татко ми има пробано еднаш за да знај какво е и да приметува кои луѓе го користат еднаш го осете и дечко ми (бивш) и ми кажа и јас раскинав затоа. Не сум за дрогата и никогаш нема да бидам!
     
  8. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Мара не ми е непозната, останатото - шпанско село.
     
  9. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    ако не прочита , кажаа ти дека дрогата не е штетна ако знаеш да ја контролираш. |( Ама тие што не пробале нема да го знаат тоа :rofl: :rock:
     
  10. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    ах и јас сум во иста ситуација како вас :|
     
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Жално, жаааааално што се направија децата овде, таму кај вас не знам. Лично мене ми се одмили од животот ради нив и нивното “тепање на досада“. Ма да ви кажам право ме здоболе за нив, кога веќе тргнале секој ден да си ги конзумираат како цигари ако, ама за родителите нивни ми е криво оти од нивни џеп тоа иде. Ги испратиле на студирање, а овие се понашаат баш како кучишта пуштени на слобода.

    Додека едниот се врти, вториот се мота... студентски живот! И така денес, утре, задутре и секој ден. Си фатил женска? Ќе ти седне во скутот и заедно ќе пафкате.И животот нека ви стане џоинт и ставете го на сметката на студентскиот живот. 6ка у индекс, мара и брат ти си ја решил работа и си го поминал денот без никакви последици.

    Алхохол? пф. Од него ти е лошо, два-три круга само и се е океј. Низок притисок ќе се поднесе. Ма се ќе се поднесе оти ти имаш мара, а ова е твојот студентски живот.
     
    На pikolino му/ѝ се допаѓа ова.
  12. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    ИСПОВЕД НА ЕДНА МАЈКА: ЌЕРКА МИ Е ЗАВИСНИК ОД ХЕРОИН ОД ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ

    Ве молам простете ми за секој пат кога ме чекавте а не знаевте каде сум.
    Простете ми што го уништував она што вие најмногу го сакавте.
    Би сакала да ви заблагодарам за целото ваше жртвување.
    Мамо и тато, ви благодарам за секој роденден, за сета ваша љубов, благодарам за се она за што немав прилика да ви се заблагодарам никогаш.



    Ова е дел од писмото кое после 11 месеци лечење го напиша една 19 годишна девојка која 3 и пол години била зависна од хероин. Родители кои никогаш нема да дознаат како сето започнало ниту ќе бидат сигурни дека завршило. Кои едноставно до крајот на животот ќе мораат да живеат со тоа дека нивната ќерка била наркоман.

    "Тешко некогаш ќе ја дознаеме целата вистина. Дали ќе ја дознаеме-тоа е најмалку битно. Мислам дека се работеше за љубопитност. Таа во училиштето правеше реферат за дрогата, кој ние заедно го направивме и кој беше одличен. Денеска мислам дека тој реферат ја навлече да ја проба дрогата. Мислела да проба за да го види ефектот, меѓутоа пробувајќи едно по едно, таа стана зависник.

    Најлошо е што таа секогаш беше зрела и рамислуваше така. Тоа е она што мене ме натера да размислувам и да се враќам наназад за да ја најдам грешката што јас ја направив. Многу пишуваше, читаше, ја сакаше математиката и информатиката. Сакаше да студира медицина. Денеска има 19 години. Хероинот почнала да го зима во осмо оделение и многу брзо го допре дното. Доживеа најлош можен пад зошто набрзо доживеа предозираност. Почнало со марихуана, па со таблети, на крајот да проба хероин.

    Таа како дете беше асматичар и имаше проблеми со срцето и затоа ги забележував сите промени на неа кога ги земаше своите лекови. Меѓутоа во осмо оделение таа престанала да ги зема но мене ми се чинеше како да ги зема. Интересно, имаше две врсти на пријатели. Пријатели кои доаѓаа тука, девојчиња и момчиња кои нормално живеат.Но имаше и свои лични пријатели кои беа наркомани и дилери.
    Тоа јас го открив после 2 години, кога ја видов во друштво кое ни најмалку не ми се допадна, кои воопшто не ги познавав. Тоа беа оние со кои таа се дрогираше и кои не постоеа за нас, а нормалните пријатели и пријателки кои доаѓаа овде одвреме навреме беа само покритие.

    Првиот пат кога пронајдов пакетче во зимската чизма го однесов кај еден познаник во полицијата кој ми кажа дека тоа е хероин. Знаев дека е нејзино, но никогаш не ми призна. Иако очигледно таа го негираше сето тоа, неможете да поверувате колку сила имаат да се борат на таков начин. Дури и мене знаеше да ме убеди, да се запрашам каква мајка сум јас, па можеби и не е наркоман, можеби грешам-а на масата имам позитивен тест на крвта.
    Тие секогаш имаат приказна, неверојатно се интелегентни и специјалисти за лажење. Лажговци, глумци, такви нема ни на филмовите.

    На почетокот се обидевме да разговараме, меѓутоа таа веднаш почуствува поголема подршка од татко и, и се обиде мене да ме отсрани. Не сакаше никаков разговор, па после тоа почна да бега од дома. Пробав на секаков можен начин па и со тепање и уцени, со се што можев да смислам. Но не успеав! Пробав да разговарам со мажот ми дека нешто не е во ред со неа, но татко како татко кој што е доста поврзан со ќерката, не можеше да го прифати сето тоа.Тој и денес уште тешко го прифаќа тоа. Јас се борев и со неа но и со него. Да водев само една битка брзо би ја завршила но кога фамилијата нема да се обедини, тогаш во 90 проценти доаѓа до растурање на таа фамилија. Реков ќе се разведам па макар тогаш едниот од нас да и помогне. Се дотогаш негираше а и денес му е тешко да прифати што е нашата ќерка.

    Таа призна само еднаш, на самиот крај пред да отиде на лечење. Прв и последен пат рече - Луѓе јас сум наркоман. Катастрофално се измени и ретко ја препознавав онаа мојата ќерка од пред да стане зависна. Ја препознав тогаш кога јас ја откажував и беше чиста некои 3-4 месеци. Тогаш си го препознав моето дете. Имате чуство дека не е вашето дете, дека е некое од улицата, дете кое едноставно не сака да зборува со вас. Тогаш ќе разбереш дека не ни може да зборува. Таа во сите нас гледаше непријатели.
    На почетокот добиваше џепарлак од татко и. Јас тоа не го знаев. Добиваше пари за чевли а ги трошеше на дрога. На крајот им реков на сите:Кој ќе го видам да и даде пари, ќе му ја пресечам раката.
    Тогаш започна крадењето во куќата. Почна со нејзиниот ipod па двд-то, телевизорот, облеката за да заврши на крајот со моето злато која мојата ќерка го даваше за дрога. Таа ми го призна тоа, ми рече дека морала да го направи тоа затоа што во тој момент само тоа и останало.
    До денешен ден не можам да разберам од каде таа сила да го направи тоа.

    Таа ми велеше: Ти мамо не знаеш како е. Колку е страшно кога морам да размислувам секоја ден од каде на најдам друга доза, и на каков начин. Не знаеш како е а уште помалку знаеш колку ми е убаво мене кога го зема хероинот. Доаѓаа моменти кога кога и јас сакав да земам, да видам што е тоа? Да видам какво е тоа чуство што ги приморува да го земаат. Верувајте ми, знаев со денови да седам и да гледам во шприцот и да размислувам да земам или не. На крајот секогаш си велев: Господе, дали си ти нормална, што ти е тебе?

    Изгубив многу пријатели, но не им се лутам. Нема тука лутење. Можеби и јас исто би реагирала да бев во обратна ситуација. Меѓутоа некои ми останаа и многу ги ценам и сакам заради тоа бидејќи издржаа со мене до крајот. Некои се повлекоа од страв и нивното дете да не биде навлечено, како што често се случува. Не велам дека моето дете беше златно, беше грозна, работеше работи кои на никој не би му паднале на ум. Но таа беше наркоман, не можеш да и се лутиш.

    После 2 години побегна од дома. Ја пронајдоа во еден стан предозирана, во критична состојба. Лекарите се бореа за нејзиниот живот. Едноставно не сакаше да се извлече, паѓаше се подлабоко. Тогаш седнав и зборував со мажот ми, бидејќи немав повеќе ни сила ни волја за живот, ни нерви. Тој и веруваше премногу. - Кога тато ќе каже готово, готово е. Тоа за него беше доволно. Му реков, ќе признаеш ли дека имаме наркоман во куќата или нема? Ако не сакаш да признаеш повеќе не ме интересирате ни ти таа. Сега се спасувам самата себеси. Три години се осудував и уништував, три години се прашував каква мајка сум јас? На крајот се разболев, почнав да паѓам во несвест, бидејќи организамот попушта. Човек едноставно ќе пукне.

    Моравме да ја отпишеме од училиштето, ја затворивме во куќата. Неколку пати одевме на невропсихијатар. Се обидуваа да ја одвикнат но неуспешно. Повторно побегна од дома и се врати после 20 дена. Овој пат ни лекарите не и даваа шанса. Имаше запаление на белите дробови, гнојна ангина, дури и запаление на бубрезите и мочните патишта. Тогаш и реков имаш само две можности. Првата е да останеш во куќата но да одиш во центарот за одвикнување и втората е да излезеш од вратата и никогаш повеќе да не се појавиш во нашиот живот. Доста беше борба, имав и друго дете кое беше потполно запоставено а поминуваше низ пекол. Ми рече дека не сака да оди на лечење. Ја отворив вратата и бев спремна никогаш повеќе да не ја видам. Ме погледна во очи и ми рече: - Мамо јас ќе се излечам ама само ако ме заклучите. И ти мораш со мене. Седум месеци поминавме заедно заклучени.

    Имаше жестоки кризи. Се откажа без ниедна таблета. Тогаш го молеше бог да умре. И реков: Доста ме мачеше ти мене, сега јас тебе. Имаш прозорец, можеш слободно да скокнеш од него и да се спасиш и себе и мене. Месец и половина се грчеше дома, се потеше, врискаше, фрлаше но после месец и половина ми рече: - Мамо можеме ли да се напиеме кафе и да запалиме цигара.
    Еднаш пронајдов шприц под кадата, еднаш марихуана која што и самата сакав да ја запалам.
    Подоцна запознав една жена која поминала низ целото ова со својата внука и која пробала марихуана. Тие ќе ве натераат на тоа. Еднаш ја пронајдов на прозорецот со трска за риби. Ќе помисли човек дека полудела, детето ми лови риби од прозорецот. Кога погледнав надоле видов еден дечко како закачува пакетче за јадицата. Ме молеше да дојде некој бидејќи беше затворена сама со мене. Ме молеше да и донесам книга. Јас знаев дека моето дете е наркоман па бев во паркот да ја проверам целата книга. Ја донесов книгата и таа излезе со проширени зеници-хероинот бил во кориците на книгата. Тогаш ќе седнев и ќе разберев, па јас го донесов тоа. Наркоманите не се срамат од ништо! Ќе ве донесат во финансиска и душевна ситуација која е безизлезна.

    Сега е на лечење веќе 11 месеци. После 9 месеци го добивме нејзинот прво писмо кое што ме воодушеви бидејќи не зборуваше повеќе дрогата. Тоа беше моето дете од седмо оделение, кое беше одличен ученик со сите петки, која едноставно се изгуби во дрогата. Ова писмо ме врати и мене во живот, кое ми даде волја да им помогнам на другите.

    Не сме се слушнале ни виделе од тогаш. Таа сеуште не е спремна за мене, но јас сум стрплива. Кога можев три години да се борам со тоа, можам да почекам да ми се јави. Ни велат дека сеуште не е спремна да не види бидејќи е свесна што направила. Таа треба да биде спремна за нас, да не направиме некоја глупост па да посака и таа да си дојде со нас откако ќе не види.
    Не го напуштала центарот за лечење до сега. Јас мислев дека нема шанси да остане таму.

    Откако помина еден месец си велев добро е, вториот месец-паника, третиот веќе знаев дека е стабилна и дека нема теорија да избега. Три години се услов за останување во центарот бидејќи толку време е потребно да се стабилизира, да научи да се бори против дрогата. Се надевам дека ќе заврши некое средно училиште, да си најде работа. Како родители ние ќе живееме и ќе умреме со страв, дали ќе се повтори истото, дали таа ќе биде доволно силна или слаба за да го земе повторно.
    Ќе се навикнеш да живееш со тој страв."

    извор :http://www.fakulteti.mk/news/12-02-29/ispoved_na_edna_majka_kjerka_mi_e_zavisnik_od_heroin_od_osmo_oddelenie.aspx

    Вреди да се прочита текстот.
     
    На Monna.Monna, MissDior, tinkerbelll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Колку е тажно :( Браво за мајката, не се откажала докрај и не дозволила маж и да ја дотурка ќерката во смрт...

    Најмногу ми е жал за родителите, ретко кој од нив е олку истраен, упорен и го подржува своето дете.

    Овој случај многу ме потсеќа на еден случај со девојка од кај нас, години и се друго се совпаѓа. Само што беше тоа пред неколку години, не знам оваа приказна дали е тазе.
    Добро ситуирана фамилија, образовани родители, две ќерки од кои едната проживува иста ситуација како што е опишана. Таткото во меѓувреме си тера живот швалерски и боемски и понатаму опсипувајќи ја ќерката со пари, додека мајкава се бори за ќерката да ја извлече од пропаст. :x
    Мајка и ми предаваше, беше професорка, пропадна едно време... Не знам што се случи со ќерката, дали е сега ок. Само нема да ме чуди ако случајов е истиот.
    :worried:
     
  14. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178
    Лани лето прв пат пробав џоинт. Не осетив ништо мислев дека е до мене :D :D Потоа пробав уште неколку пати во интервал последните месеци. Али како се надував последната сабота, се опуштив до даска! :D До сите вие што пишувате, ЈАС НИКОГАШ, ЈАС НЕ, ЈАС ОВА ОНА ...... Ете приказната што veri ја пастирала. Не знаете што ви носи животот, може некој ваш близок да е ваква личност (не дај боже) па да разгледувате од некој сосема друг агол и да треба да се справувате со многу други работи. Морам да потенцирам дека луѓето кои што тврдат дека марихуаната носи зависност најверојатно тоа го тврдат поради тоа што не пробале и зборуваат без искуство. Јас, како девојка со искуство ви кажувам дека ми се случува да запалам еднаш месечно, можеби и еднаш во 2 месеци и тоа да не ми ствара зависност и дека не планирам да се префрлам на друга дрога, и нема бидејќи таа е моја одлука. Марихуаната е лесна дрога. И јас бев многу контра дрогата и сеуште сум против тешките дроги, кои што ствараат зависност. Пробав марихуана чисто од љубопитност. Се чувствувам извртено малку, ко да сум се напила некоја чашка повеќе и го правам тоа чисто ради опуштање. И ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА МИ ТРЕБА ЏОИНТ ЗА ДА СЕ ОПУШТАМ ИЛИ ДЕКА БЕЗ НЕГО НЕМОЖАМ ДА СИ ПОМИНАМ УБАВО, него значи дека повремено сакам да избегам од реалноста. Повременето пушење на марихуана нити ми попречило во оценките во училиште, нити во ништо друго. Сеуште сум истата личност и не зажалувам што пробав како и да е, сепак секој си има свое индивидуално мислење, ова е моето :)
     
    На Lolo5 и Lallly им се допаѓа ова.
  15. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Колку се плашам за иднината на моите деца :x :x :x

    Ако денес дојде време кога секој втор вика - да, пробав или си пушам 1-2 пати месечно па нема гајле... што ќе биде за 10-20 години одсега?!?
    ...Денес тргнав една црта, ама еј ова не ствара зависност, лесна дрога е, битно на херион да не сум... :x :x :x

    Не сакам да растам деца во овој свет :swear:
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073

    Абе ти можеш до утре сабајле да се оправдуваш самата себе зашто пушиш џоинт и да зборуваш дека не е штетно, да си се убедуваш самата себе дека не правиш ништо штетно, ама велиш си пробала од љубопиство. Силните луѓе, што се цврсто уверени во себе и што се одговорни за своите постапки не би дозволиле да ги совлада љубопитството, а точно збориш дека неможеш да знаеш што ти носи иднината, ама ако јас кажам дека НИКОГАШ не би пробала никаков вид на дрога свесно, доброволно, значи дека НИКОГАШ не би пробала, а бидејќи сум доволно свесна не би дозволила иднината да ми донесе нешто што би ме направило зависник од било каква дрога, за мои блиски незнам, секој со својот памет, за мои деца??? ЌОТЕК и под итно на лечење, па да видам после дали ќе проба дрога пак.
    Велиш не ствара зависност марихуаната, а што на пример ако добиеш потреба за опуштење 5 пати во неделата и сакаш да бегаш од реалноста 5 пати во неделата и излезот го најдеш во неа? Силните луѓе не бегаат од реалноста, се соочуваат со неа. А драга моја тоа нема да ти ги реши проблемите во реалноста, може само да ти ги зголеми. Неможе да ме убеди никој дека ова што го напиша не е зависност и дека амрихуаната не ствара зависност, кога може цигарата да ствара што помалку е марихуаната?

    Сепак ова е јавен форум, мислам дека треба да внимавате што пишувате и како оправдувате конзумирање на дрога, читаат тука и мали деца и тинејџери па толку имаат во главата сега уште им фали да прочитаат ваков пост кој ја опишува дрогата како рај и средство за бегање од реалноста па да и се нафрлат на првата укажана шанса. И онака има наркоманчиња на секој чекор внимавајте да не уништите живот на некое глупаво дете со вакви изјави.
    Фала, пријатно.
     
    На Boni995 и nela.oh им се допаѓа ова.
  17. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Ете стигна и кај нас тоа проклето чудо наречено "крокодил" премногу сум изнервирана.. абе кој здрав мозок може д направи вакво нешто... ако сакал да се уништи нека се уништел самиот себе ама не да повлече со себе уште многу други.... го мразамммммммммм :@ :@ :@ :@

    http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedon ... arko-pazar
     
  18. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Гледав едно клипче со една жена шо му се познаваше коската :o Па то беше најгрозното нешто шо го имам видено во мојот живот... Телото му се распаѓаше, на раката му беше останата само коската, кожата му се распаѓаше кај бутот, а фалангите од прстите му беа паднати... :puke:
    А и згора на то, плачеше... Прво жал ми падна, ама си велам кај ти бил паметот кога си ја земала дрогата? :fubar: Најарно е да си ги скрати маките... и така знај дека ќе умри набрзо. Само шо вака самата се мачи, а и ги мачи блиските околу неа. :?:
     
  19. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178

    Никаде не реков дека сакам да бегам од реалноста за да не се соочувам со истата, и дека марихуаната ми послужила за тоа. Бегање од реалност во друштво со блиски 4, 5 пријатели, смеење, филм или танцување и интересни фотографии, играње пантонима или нелутисе човече, и било што друго ни дошло на памет во моментот. Драга Мимс, гледам дека имаш завземено свој став околу тоа, и тоа е ок. Но сепак, од каде тоа дека 5 пати во неделата доколку сакам да се опуштам значи дека ќе пушам џоинт? Кога зборуваме за зависности, знаеш колку многу ги има? А и за тоа дека е јавен форум, јас си прокоментирав што јас мислам за тоа. Еве на пример јас многу ретко, значи еднаш во неколку месеци конзумирам алхохол. Имам пушено марихуана неколку пати, не ми стварало зависност, сум го правела тоа во друштво, и ми било ко кратка екскурзија на мозокот. Дали сеуште моите видици, ставови, идеи за иднината се исти? Да. Дали станав проблематично дете? Не. Дали ова влијаеше на мојот успех во училиште? Не. Да, јас сум истата личност. И да! Имам самоконтрола и не сум зависна од марихуаната, немам желба да пробам нешто повеќе од марихуаната, не ја конзумирам често, и никаде не реков деца земете дувајте нема ништо лошо! Не го оправдувам константното пушење на марихуана, не се ни гордеам со тоа што сум пушела, бидејќи секој гледа различно на тоа - различни ставови, но имам “мадиња’’ да напишам јавно на форумот, да го споделам моето искуство. Секој со своето. Поздрав
     
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    http://www.facebook.com/l.php?u=http%3A ... V3VOvDTw4Q

    Лошо, многу лошо :worried:
    Во никој случај не ја оправдувам дрогата, ниту некогаш би ја оправдувала.
    Добро, каде им е свеста на оние што ја конзумираат? Што понатака со нивниот живот? Дрогата благо кажано е самоуништувачко средство.
    Како тргнало времето ова со дрогата станува ептен застрашувачко и жално за младиве кои избрале таков пат. Нека бидат храбри и нека кажат НЕ! Уништува се' но најмногу нервиот систем. Те јаде одвнатре.
    Ако оваа ментална навика им претставува начин на забава - тогаш не се доволно информирани и самите си се склони кон уништување. Прости луѓе!