Користење на дрога опадвувам само за медицински цели. Макар што се направени различни испитувања и покажано е дека дрогата не наоѓа практична примена во медицината, може само да го намали чувството на болка кај лица кои се болни од рак. Обично утеха се бара во дрогата... Секој има проблеми и наоѓа начин како да ги реши. Дрогата не е решение за момент може да предизвика блага еуфорија и расположение, а потоа повторно враќање во реалноста каде се е сурово и тажно. Не знам зошто се повеќе и повеќе се зголемува бројката на зависници од дрога. Не си фраер ако се дрогираш Така полека се уништуваш себеси и се ближиш до крајот. Сите функции на организмот се намалуваат и се ближи денот на смртта
Ако тргнам настрана тоа што ја употребуваат за медицински цели, каде што ја оправдувам, нема жив што би можел да ме убеди дека ја земал за да осети подобро. Човекот што го сакав со години се уништува со тоа срање! Ај да е некој што живее на улици, нема фамилија, нема излез претрпел многу и ја користи може и ќе разберам, можеби.. Ама некој кој е здрав, прав, има се и повеќе од колку што треба, луѓе што го сакаат и му нудат срце на дланка, да зема дрога од досада и оти марихуаната веќе не му била интересна.. неее не, фак не! Ако не си задоволен со животот стани бе и бори се. Греби со нокти ако треба ама тоа г***о никако, никако!
никогаш не би пробала па кој сака нека ми нуди .. познавам луге кои земаа и од ништо си направија нешто така да...
Дрога - не. Ни од љубопитство, ни од било која друга причина. Немам ни желба да пробам, исто како и цигари, одвратно ми е. И стварно не ги разбирам овие што земаат дрога. Што ќе постигнат освен што ќе си го уништат животот?? Да не им помогне да си ги решат проблемите? Но тоа ти е ..
Самиот збор ме наежува-ДРОГА Душички тие што страдаат од ваква глупост...Многу ми е криво..поготово таа новата дрога..крокодил(ваљда така беше)?Одма те усмртува..а наркоманчињата душички се лажат дека е ефтина ,а не можат повеќе да се одвикнат едноставно стануваат зависници....... Господ да не чува од такви пријатели кои можат да не наведат на таква зависничка болест....и ние да се пазиме од нив..затоа што после тешко се спасува и тоа ако се спасиш..ако не ..уфф не сакам ни да помислам..
Наркоманите не знаеле дека земаат дрога крокодил,им била подментана од страна на дилери кој ја купуваат за ефтини пари и ефтино ја продаваат. Затоа пазите што и од кој земате!
браво за темава , искрено и требаше да се отвори ваква тема зошто дрогата е најголемото зло на денешницата која уништува многу млади животи . нешто најслатко,најубаво иии нема соодветен збор да се опише нејзиното дејство ,оргазам гомна да јаде . колку што можам да приметам 97 % од форумџикиве кои коментирале на темава немаат ни приближно појма што е тоа дрога во вистинска смисла на зборот ,нит имаат пробано ни осетено какво е тоа чуство ... екстасите ,амфетаминот ," тревата " ,немаат ни приближно дејство како што е хероинот ,мнооогу луге си го сј*бале животот со хорсот ,уште многу повеке продужуваат да си го сјебуваат со метадонот ... во првата фаза ( се док има пари има и дрога) неможеш ни да замислиш што те чека понатаму ... Јс бев "лудо,бестрашно девојче " ,весело,бестрашно среќно девојче кое сакаше се да пробав - незнаеше за граници -тоа беше мојот најголем проблем ,почнав со трева ,трамадол,менделекс ,диасепам,потоа ехтаѕу ,анфетамин,кокаин - изгубив самоконтрола врз мојот живот ...но ништо не беше толку страшно како хероинот, во многу краток период пробав,,,,,,, имав само 14 год кога влегов во тој дџанки свет на почетокот се ми беше ново ,интересно имав сосема друга претстава за сите тие луге кои ме опкружуваа ...наивноста и љубопитностат ме " убија " набргѕ посегнав по иглата ,хероинот ми здосади па барав нешто појако МЕТАДОН ................ Си го уништив целиот живот во рок од 3,4 год ,ми се урнаа сите мои надежи амбиции,довербата од најблиските !!! Единствено што ми беше важно бесе да најдам метадон,доколку не најдев почнуваше пеколот КРИЗИТЕ ,мачнини,повракање,пролив,гушење,неиздржливи болки во мускулите-коските низ целото тело и уште многу други работи ... ПЕКОЛ - во вистинска смисла на зборот !!! Го преколнувам денот кога запознав х - личности во мојот живот ,го преколнувам 1000000000000 патииии ова е само мал дел од она што ми се случуваше но искрено се надевам дека ке послужи за нешто или некому ...Затоа размислете убаво пред да влезе во најслаткото патешествие ,но ако се случи тоа автоматски влегувате со едната нога во гроб ! И за крајјј ________ ЗАПОМНЕТЕ _________ ::: ЕДНАШ НАРКОМАН - ЦЕЛ ЖИВОТ НАРКОМАН ,СЕ ДОДЕКА СТЕ ЧИСТИ ВИЕ СТЕ НАРКОМАН ВО АПСТИНЕНЦИЈА !!! :::
Лошо ми е од самата помисла и зборот. Искрено никогаш не сум пробала, и многу сум среќна и горделива,зошто знам многу луѓе кои пробале. Поготво класот од средно. Едно не ми е јасно, за тие што највеќе зборат против, и по некое време кога ќе речат "само пробав за да видам како е"....ауу грдо НИКАД ВЕЌЕ. Па чекај малку, до вчера тој/таа плукавте по некои, а сега вие. Не велам дека пак ќе пробаат. Ама,кој еднаш,тој може и втор пат.
Прво да прашам нешто па после ке одговорам,ама не ме сваќајте погрешно! Дали некој би кажал дека се дрогира?? ....Јас не сум пробала дрога,а и сигурно никогаш нема ни да пробам,бидејки цигарите ми се гнасни,а не пак дрогата
Ви се чудам на паметот поради овие 30 страни бладање во празно, за нешто од кое си немате врска. Нити се разбирате, нити сте пробале, ама битно дрдорите и сте мноооогу паметни. Без разлика што сум сигурна дека постов нема да биде воопшто разбран, изреволтирана сум од некои навредливи идиотски коментари, па морам да си кажам! Прва работа, колку и да ви изгледа несфатливо, има разлика од дрога до дрога. Не може некој да ми каже дека е исто хероин и екстази. Уште поголема разлика е од човек до човек, и од тоа кој како ја гледа. За едни е рекреација, забава, журкање, за други е бегање од реалноста, од проблемите. Треба да ви стане јасно дека првите со вторите немаат буквално никаква врска. Ќе си се сместам во првата група, уживател во мдма (впрочем и единственото нешто што сум го пробала, за друго немам никаков интерес и желба). Не е нормално колку сум променета од првиот пат кога пробав(пред околу 2 месеци). Нема да лажам, вистински бев занесена за повеќе и повеќе првиот месец. Сега од кога ми помина првичната залетаност, можам слободно да кажам дека се осеќам подобро од било кога, а дури немам ни потреба да направам пак. Едноставно си расчистив со себе дека таа прекрасна мала таблетка не смеам во ниеден случај да ја злоупотребам. Тоа е тоа што го прават наркоманите, злоупотребуваат. Чувството кое ти го дава е неописливо, незаменливо, едноставно најдобро. Ти ги отвара очите, умот, почнуваш се да гледаш од друг агол, поинаку да размислуваш и да се однесуваш, светот станува едно многу подобро место за живеење. Едноставно те менува на милион пати подобро. За втората група не би кажала многу, само ќе се согласам со сите вас.Се она што сте напишале за идиотите зависници од амфетамин, кокаин, хероин, метадон, и уште мал милион ѓаволски дроги, мислам дека е точно така да немам што да додадам. Муабетот ми беше, доста од вас зборувате за работи кои не ги знаете,нешто сте прочитале или наслушнале и тоа е тоа. Има најразлични приказни и искуства, и добри и лоши, а дрогата е контроверзна работа, затоа драги, know your shit пред да кажувате кој е за греота, прошетајте, запознајте, па и пробајте ако сакате, потоа дојдете и споделете искуство. Edit: во контекст на се што кажав погоре, еве и едно видео кое е стварно реално, кој го интересира нека ѕирне. http://www.youtube.com/watch?v=cf0NzQKcvEg I don't think there's any doubt that some people have been scared away of mdma use by what they've been told.They saw that picture, the holes in the brain, they said "ok, not my brain". So I think that the propaganda has had its impact. It competes rather poorly though with word of mouth, parтicurarly again, when there are old users out there, saying "No, not as far as I can tell". I've taken mdma over a 100 times over the last 20 years...I feel fine.There are millions of people who've taken mdma and don't obviously look brain damaged. Somehow in our culture we developed this belief in sience so much so that we ignore the evidence in front of our own eyes.
imam probano i ne od toa da se pravam fraerka nego poradi faktot sto imam ljubopitna priroda. bi probala i drugi raboti, no se do odredeni granici i so odgovornost. imam probano, no ne konzumiram.
Нати зошто сите ние што не сме порбале и што незнаеме што збориме за дрогата сме глупи, тогаш вие што ја консумирате и оправдувате слободно продолжете да си се оправдувате пред себе со секакви работи од научни истражувања (кои патем не се знае колку се веродостојни) до тоа дека има разлика од дрога до дрога и секако не се станува зависен туку така. Само сакам да разбереш дека самата се лажеш и самата си бараш изговори кои не постојат за да се оправдаш самата себе не пред другите туку пред себе. И да, јас се чудам на твојот памет, немам потреба да те осудувам ор самтинг ти си знаеш што правиш во твојот живот, само не ми е јасно зашто се обидуваш на разни начини да го оправдаш консумирањето на дрога
ах ти навистина си претерала.И јас тргнав по твојот пат.Почнав прво трава,трамадол,менделекс и ме пријавија и тоа тој што ми го давасе сето тоа.И оттогаш толку,несакам моите родители да страдаат повеке. Всушност ако размислам подобро ако не ме пријавеше тој сега ке те поминев и тебе
Јас ти се чудам на твојот памет за ова болдираното. Еве ти како искусна сакаш да не просветлиш тука по форумот Добро е ако си расчистила сама со себе што не верувам само пази да не злоупотребиш. Ако навистина си убедена дека тоа ти го отвора паметот, очите, поинаку размислуваш и се однесуваш ти девојче си навлечена на дрога. И да, дрогата ќе те смени на милион пати ама на полошо.
Читам и си ги тријам очињата да дочитам подобро - има разлика помеѓу дрогата која се зема за да се побегне од реалноста и онаа која се крка за да издржиш транс или днб журка на нозе 8 часа? Дрога си е дрога бе деца, во различни форми, по различна цена доаѓа, и не смислувајте оправдувања и немојте да се лажете прво самите себе, а потоа и останатите. Мало количество те просветлува, те прави подобра личност? Ама јас земав само еднаш, пу пу не се важи! Се чувствувам како некој да ми се правда со аргументот - ама од еднаш не се станува педер! Причините се многу - досада, немоќ, депресија, тага, разочараност, страв од светот, бегање од реалноста, беснеење на журка, бла бла бла... Не сум видела наркоман со години, не се ни движам во такви кругови и такви места. Кога мајка ми ми кажува дека врие на Клиника наркоманчиња, кои молат за метадон, просто се чудам. Уште ли е у мода да се дрогираш? ТHAT'S LIKE SO... 2001 Не е за смешка, реално. Млади разлигавени и размазени богаташчиња што не знаат што самите со себе, и оние победните, што немаат дома за леб, а бараат билет за рајот, притоа продавајќи се' живо по дома, растурајќи ја куќата и тресејќи ги родителите... Жив срам, нема оправдување за наркомани. Лабилни луѓе. Секому му е тешко во животот и си има мака, ај сите да кркнеме по нешто...