За мене посегнувањето по дрога е знак на слабост. Ти си слабак (ти, као секој што конзумира дрога) и неможеш и не сакаш да се соочиш со своите реални проблеми, реални случувања и наместо цврсто да застанеш и да се избориш за подобро утре, ти ќе си шмркнеш два три пати и се ќе ти биде болје. Си се лажеш себеси дека живееш во подобар свет. И додека другите работат на себе, се унапредуваат, живеат, ти си среќен во своите илузии и во секоја ситуација си чекор назад од некој што не зема дрога. Башка што упорно се лажеш дека ти не си наркоман, као оние што кризираат и крадат дома се што има за едно грамче, а уствари си на тој пат веќе и прашање е кога ќе посегнеш по својот морал за да се доведеш во уште поголема илузија. Зашто реално кажано, како и секој останат лек, со континуирано користење ефектот се намалува, така и со дрогата. Ќе дојде моментот кога тоа што го користиш ќе ти биде малце и нема да те води повеќе на седмо небо, може само до 3ти лифтот ќе се качува, па ќе посегнеш по нешто појако. И така дур не завршиш во болница, затвор или...мртовечница. Знам што зборам зашто имам реални примери пред себе. Продолжете да се лажете дека ние сите сме глупи зашто не знаеме што збориме, кога не сме пробале, и дека вие си држите све под контрола. Со дрогата никогаш нема да се имаш себеси под контрола.
Да не сега ви враќам на секоја посебно, само ќе кажам дека тоа што го напишав постот ми е огромна утка, побарав да се тргне ама нешто слабо одговор. Различно гледаме на работите, а можеби и подобро што е така. Јас тврдам дека има разлика од едно до друго, а вие можете да се инатите до утре. Јас не сум наркоманка, разгалена богаташка или бедник што краде од кај стигне, не се плашам да си признаам себе па и да напишам тука. Јас само си дозволувам себе си од време на време да си ставам розови наочарчиња, ги навикнав па сега и без нив ми се гледа розово. И да, точно вака се почнува, доволно сум свесна за ризикот. Денес немам проблем, се правам од мерак. Утре кога ќе го имам, ќе најдам друг нормален начин да се справам со него, фала богу паметна сум повеќе од тоа што вие тука знаете. Сфатете го ова како сакате, како правдање или што и да е. Пред себе сум си чиста, посреќна од било кога. Единствено нешто што ми е криво е што го напишав претходниот пост, немаше никаква потреба, а денес утре некое дете ќе го чита, ќе го преврти него како му одговара, не сме сите со истиот памет. Нека биде ова уште едно барање до модераторите/администраторите да се тргне.
Повеке пати сум пробала кокаин, значи да се разбереме, не сум наркоман, не сум зависник, не пушам цигари, значи само од забава , ретко денес има млади луѓе кои што не пробале некаков вид дрога а тоа не ги прави зависници и наркомани!!! Да се разбереме мерихуаната во голем број европски земји е легализирана! А сме се запрашале ли што е со цигарите? Ако е така тогаш цигарите се најопасната дрога до која што можеш најлесно да дојдеш и која што е на дофат на секого. Ако гледаме реално, Боље еден џоинт него една кутија цигари ! И само недоволно информираните можат да размислуваат на тој начин дека ако еднаш пробаш и готово е со тебе од утре нема да можеш да живееш без тоа, или дека само лабилни личности пробуваат!!! Значи не сум наркоман, не сум зависник, а сум пробала значи само од забава и никогаш не сум почувствувала потреба од тоа, да размислувам како да допрам до кокаин или што ти ја знам. едноставно ко ништо да не се случило !!!!! не велам дека е нешто мноооогу убаво или пак да алудирам на тоа некој да зема за подобро да се забавува,едноставно го споделувам моето мислење и искуство. И не би можела да кажам дека никогаш повеќе не би пробала. Живејте го животот уживајте во него и пред да направите нешто добро размислете за последиците сто тоа ги носи.
За мене како повремен уживател на марихуана,пушењето џоинт не е бегање од реалноста, ниту ставање розеви наочари, ништо од тие филмови, едноставно палам тогаш кога ми е досадно, за да се релаксирам, и за добро да заспијам и да се наспијам. Некогаш влегувам во када, некогаш бегам од градот а некогаш палам џоинт. Не сфаќам како тоа бегате од реалноста, зарем не е тоа кукавичлук, самосожалување или лажење самиот себеси? Со проблемите седнувам и се соочувам, се трудам да ги решам, давам се од себе да ја разубавам реалноста, а не да се надевам и крстам во некој џоинт, табли, прав или што ти ја знам. И не, неможе некој да ме убеди дека кога ќе се напуши се заборава, или дека се е розево, зошто не е. Колку и да е тешко сигурно постои решение, тоа што ќе се издрогираш нема да реши ниту еден проблем, туку напротив само те става на лабава штица која те дели од нов, наречен зависност. А зависноста се ствара, на тој начин што луѓето грешат најмногу што во дрогата бараат утеха, и како што секојденевно се повеќе и повеќе паѓаат, проблеми се гомилаат, потребно им е се поише и поише утеха а баш дрогата некогаш и алкохолот „ја нудат“, и ете зависници. Кажав пушам за релаксација, најчесто после некој бурен,напорен и напнат период, кога се ќе се среди и заврши сакам да земам 5-6 димчиња, да легнам на грб и да го пуштам мозокот на пасење. Не препорачувам, ниту велам дека е „Вау“, туку ете еднаш-двапати годишно пушење мене ми прија.
Лично немам пробано сум била во друштво на луѓе кои порабле и послаби и појаки дроги не ги осудувам самите и одлучуваат за својот живот ако тоа им чини „задоволство„ нека си го користат јас не би се осмелила да го ставам тоа нешто во организмот убаво ми е вака едноставно не сакам да пробувам мн нешта за кои се води борба во светот да се забранат али сепак секој си одлучува за својот живот јас го живеам својот тие нивните животи никогаш не сум ни била принудена да земам ни па некој може да те натера да земеш тоа самиот си го одлучуваш дали сакаш или не никој неможе зорле да те натера едноставно тука важи правилото НА ЧОВЕК СО СИЛА НЕМОЖЕШ ДА МУ ДАДЕШ НО МОЖЕШ ДА МУ ЗЕМЕШ.тоа е реалното (според мене)
девојче јас сум чиста веке година ипол и тоа е голем напредок - се гордеам со тоа што сега живеам нормален живот. со муабетов гледам дека врска немаш од овие работи така да можам да ти кажам дека проблемот со дрогата е во психата ,и било кој човек од ваквава "бранша" доколку дојде до ситуација да падне во искушеније ке посегне по хероин/метадон ( секако има многу ретки исклучоци во скопјево познавам само 2,3 што се со поцврст карактер па не би ја напраиле таа грешка) Тој белег останува цел живот нажалост мислам дека се разбравме
До сега немам пробано дрога, ама брат ми има. Земал марихуана мешана со хашиш ,т.е незнаел он, од другарка земал, демек на чување, ама ја исчувале ајде нема врска сега.. Се собрале тројца другари, пробале, фино им се видело и брат ми ми рече дека чувството не е нешто ВАУ, само си дезиорентиран, незнаеш што збориш, почнуваш да се смееш, збориш глупости.. али дејството брзо им поминало. И сега ќе речете каков е овој брат што и кажува вакви работи на сестра му ,зар и она да сака да проба, ама нема врска, брат ми онака скоро се ми кажува и мило ми е заради тоа, сега нема зашто он дека пробал марихуана и јас одма да се стрчам да пробам, впрочем и немам интерес за неа. Инаку, за постот на Нати, стварно кој-како ќе го протолкува. Еве, за мене ќе си кажам, со одредени делови се согласувам, со други не. Ама не сакам да потенцирам сега, не е битно. Инаку и јас од кога сум се запознала со дрогиве, не сум сакала да пробам лесна дрога (марихуана) него таа на Нати, екстази, онака кога ќе сум на psy trance журка (ако начекам таква), колку да го осетам чувството, а НИКАКО не би ја конзумирала постојано, не сум до толку сепак. Знам едно дете, т.е другарка ми ми кажуваше за него, он земал некои таблети кога оди на хаус/транс журки, и кажувал дека као чувството било незаборавно, те вивнувало во облаци, се ти станува поживописно, музиката ја осеќаш некако.. Ама он не земал еднаш- два пати туку на секоја журка кога оди, а тоа е е може да речеме секој петок/сабота. Јас искрено не би. Тоа веќе е зависност.. Знам дека дрогата е штетна и знам дека никогаш нема да станам зависна, ама за проба сигурно ќе пробам еден ден, и друга дрога освен екстази не сакам да пробам, не сакам ни марихуана а камоли некоја потешка. Инаку, и со обични таблети кои се сметаат за лек, еве знам луѓе кои нормално заради здравствени проблеми пијат таблети и од нив има несакани ефекти, а има некои лекови кои наркоманите ги користат како замена за некоја дрога, во неможност да ја набават истата. И лековите се штетни исто ако се пијат во големи количества, сега никако не ги споредувам со дрога, нормално.. Туку, уште ова сакав да кажам. Искрено, кога подобро ќе размислам, ако толку сакам да се осеќам најјако, да заборавам на проблеми и да се смеам ко мрдната, добра алтернатива ми е алкохол, што е мноогу подобро отколку да земам дрога. Јас и онака од една чашка почнувам да се смеам, а да земам неколку по ред... Незнам, сега за сега нема да пробам, а за понатаму ќе видам, ама само екстази, друго не ни имам желба да пробам.
Што добро би дошло да си на XTC дур ја слушаш песнава. Трансеви... http://www.youtube.com/watch?v=HbVuzyOxuVA
Алкохол и цигари и така и така ама дрога-НЕ ! На тоа сум нај,нај,најголем противник и засекогаш ќе бидам!
Ептен ли е лошо бед да те здрви од трева? И да, многу се трипа од сканк? Ајде отворете си ги душичките, и онака дури од моја генерација на прсти се бројат тие што не пробале трева.
Јаооо, колку намќор и човек без грам осет за забава треба да си за да мораш да лапнеш екстаза или да се надуваш за добро да си пројдеш на журка и да ја ОСЕТИШ музиката? Што ви е проблемот? Ама искрено?
Море да ви плеснат од дома по некоја воспитна, ќе трипате и летате низ цел/а стан/куќа. Вчера пркнале од гаќи, одма пуфки ќе продаваат колку било хм...корисно? Не зборам за оние што пафнале по некој џоинт, ајт, секојдневие е веќе. Туку овие со потешкиве дроги што „експериментираат од љубопитство“, па после леле мајко што ме снајде кога ќе ги стегне, биќе весело. Љубопитноста ја убила мачката, remember? Ако при секој стрес и проблем посегнував по нешто што ќе ме олабави, знаете досега каква наркоманка требаше да бидам? Ни јас не знам. А пак знаете колку ќе ги снемаше истите проблеми? Ич. Ќе се накотеа х2. Над мене живее(ше) 25-6 години дечко, црн, висок, со плави очи, посвоен беше и така малку уален, старателиве му го оставија станот, почна факултет да учи. Абе за мерак животот да си го почне. Ама оти кога се доселив имаше негде 21-22 години и почнала да го мава некоја депресија оти да бил посвоен, толку ли не вредел па што го оставиле вистинските родители...Крај, си наби комплекс. Старателиве му го оставија станот, се преселија во куќа, ко демек да се осамостои де, да се дружи, да не е во депресија. Ама фацава почна така од љубопитство марихуана, па му здосади, па оп кокаин, дури не се префрли на апла тешки дроги од кои немаше излез. Кршеше низ стан, носеше 15 годишни девојчиња, вриштеа таму ко во бесознание, се клецаа, па беше затруднела таа, се кршеа од ќотек. Ма секаде го носеа. По психолози, по клиники. Ништо. И дојде до степен кога старателиве веќе кренаа раце од него, ни денар не виде од нив веќе. Мајка му само храна и основни работи му носеше ко на мало дете. Типов толку западна во криза, почна од врата на врата да моли за 100 денари, демек за мајка му, ќе ни ги вратела таа. Виде никој не дава и зеде го продаде секое најмало стварче што го нашол дома. Буквално сиот стан го испразни. Ги спљува и тие пари, па почнал старателиве и сите познаници да ги малтретира да му даваат пари за дрога и готово. Видоа, не видоа, го пријавија. Изнаправија ау гужва, мавање по стан, дерење, закани. Колку само бедно изгледаше. Сиот пропаднат, оние очине модри, пропаднати и испревртени, испосечен сиот, така во бесознание го влечеа надолу под рака. И еве го сега скапува веќе со месеци таму. И? Реши некој проблем типов или само си створи додатно? Немојте сами себе да се јебете у мозок дека ништо не ви е. Слабаци сте. Точка.
Не би пробала никогаш и цврсто си стојам за тоа иако една другарка ме убедуваше да земам мара и ми викаше ај еднаш никогаш не сум попуштила нити пак ќе попуштам едноставно не ми треба такво ѓубре за да се осеќам поубаво . Не можам исто така да ја сфатам младината кога ќе прашам зошто проба и да ми каже бев под депресија тежок период и така натаму . Сите сме биле во тешки ситуации и на никој никогаш не му бил совршен живтот па не сме зимале дрога . Тоа е начин како да си го уништиш живтотот а не да го подобриш !
богами, мислам дека најубаво е да немам ни врска од овие работи Tи самата си ја пиша таа реченица Hаркоман во апстинација, многу убаво јасно и гласно на крај краева Cе надевам дека нема пак да тргнеш по тој пат
Порано кога живеев во зграда имав сосед наркоман. Јас искрено не го памтам каков бил претходно бидејќи бев мала, но кажуваат дека бил ептен добро, фино, мило дете. И детево се навлече на дрога во средно и сето тоа беше толку страшно. По дома имаше кршење, викање, тепање, се растури фамилијата, тој халуцинации до бескрај, мајка му ја гледаше во секоја втора жена, сам со себе си правеше муабет, плачеше, врескаше, бегаше од невидливи луѓе кои сакаат да го убијат, крадеше, продаваше што ќе стигнеше од дома, а кулминација на се беше кога ги викна другарите наркоманчиња да го товарат сопствениот кревет во кој спие и да го продадат. Сето тоа беше страшно за гледање, јас бегав од него како од оган, ми имаше тропано на врата за да телефонирал, бараше апчиња, го бараше татко ми, исто и кај други соседи, па се лечеше едно време, па пак се врати на дрогата... лудница. Си го уништи животот. Имаше една женска, не знам дали беше наркоманка ама се тргна од него на крај, па други, трети... Како и да е, жив е, но исто како да не е. На што личи тоа таков живот? Најверојатно ги поминува деновите размислувајќи за тоа кога и како ќе прими следна доза..... Таква одбивност имам кон дрогата што никој жив нема да ме натера да пробам некогаш. Најискрено се изначудив кога читам тука дека повеќето сте пушеле марихуана. WTF?! Не ми се верува. Не живеам јас во стаклено ѕвоно ама застрашувачка е помислата дека барем неколку од луѓето кои ги познавам си пафнуваат од време на време. Без разлика за каква дрога се работи, доколку си навлечен на неа си наркоман и точка. А, има ли полош епитет од наркоман на светов?! Па наркоманите се спремни да лажат, крадат, силуваат и убијат за да дојдат до дрога. Сметајте ме за старомодна, но никогаш не сум пробала цигара, алкохол пијам, но никогаш се немам влечено по земја, а за дрога нема потреба да кажам ништо повеќе од тоа што го напишав погоре. Има и други начини за смирување на нервите, бегање од проблемите или едноставно подобрување на расположението. Не знам зошто воопшто има некаква дискусија. Тука нема простор за дискусија. НЕ за дрогата, таа те уништува и тоа е факт! Е сега вие што се лажете дека не ви е ништо, ќе видите по некоја година дали ќе мислите така. Последиците се не секогаш инстантно видливи, ама си работи таа во организмот и ќе излезе тоа кога-тогаш на виделина. Тогаш ќе си ја чукате главата и ќе се молите за еден ден повеќе нормален живот, да, тогаш еден ден ќе ви биде мерка за вечност, но ќе нема враќање назад. После зборуваат крај на светот ќе имало?! Никој друг нема да не истреби, никаква виша сила нема да ја збрише планетава, ние самите полека, но сигурно се уништуваме. Луѓето ќе ја уништат планетава со „пронајдоците“ кои ни го „олеснуваат“ животот, а на крај ќе се уништат и самите себе. И според се, изгледа тоа ќе се случи наскоро. Вие само дрогирајте се, така ништо нема да осетите. Ццц, уште не можам да се изначудам на работите што ги прочитав....
Дали би конзумирале дрога, чисто колку да се направите фраер/ка?-не Кое е вашето мислење во врска со дрогата?-најлошото нешто ... УБИЕЦ Колку е застапеноста на луѓе кои конзумираат дрога во Македонија?-па последниве години мислам дека е многу Се произведува ли дрога во Македонија?-сигурно ДА Колку сте информирани во врска со дрогата? Ги знаете ли сите мани и последици?-доволно Дали некогаш би пробале или сте пробале дрога?-НЕ и никогаш нема да пробам
Имам пробано трева, друго не би пробала ништо. Онака е, не е ништо многу посебно. Ме опушти прилично, се` ми беше некако лагано и устата не можев да ја спојам нормално, се накај смеење ми маваше, образите во очи ќе ми влезеа. Пиев вода ко луда, чувствував ненормален жед и плукав на две секунди. Кога дојдов дома нозете како да ми потскокнуваа и раката ми забегуваше лево-десно. Мислам дека душата ми смрдеше на трева наредните 3 дена. И ме маваа некои опасни филозофски мисли, ненормално многу размислував. Мислам дека задача по физика без способна да решам у тој момент. Би пробала пак, ама максимално два пати годишно. Не знам што толку тревата ја прават како да е којзнае што. Според мене, многу е подобро да пушиш по еден џоинт на 6 месеци, отколку секојдневно да се труеш со кутија цигари. Лошо е ако се навлечеш ептен и сакаш нешто поголемо.