Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. Princess.Of.Weed

    Princess.Of.Weed Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    Дали би конзумирале дрога, чисто колку да се направите фраер/ка?-Конзумирам само трева...и не го правам тоа за да се направам фраерка или нешо такво :)) чисто од задоволство го правам тоа :))
    Кое е вашето мислење во врска со дрогата?-Само лесни дроги...ништо друго...
    Колку е застапеноста на луѓе кои конзумираат дрога во Македонија?-Се поголема од ден на ден...
    Се произведува ли дрога во Македонија?-Да...
    Колку сте информирани во врска со дрогата? Ги знаете ли сите мани и последици?-Знам се што е поврзано со дрога :)
    Дали некогаш би пробале или сте пробале дрога?-Сум пр0бала :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Жалосно е да се зема такво срање,буквално уништување на еден човечки живот,налет на тој ваш живот туку на оние околу вас...........
    Сум имала прилика да видам млада личност убава мила,а по некое време со дрога стана страшна,огрде и во душата и во ликот
     
    На macigv и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  3. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Не сум пробала а и нема да пробам :!:
    Еве најдов едно книгиче малецко за дрогата, ке се скапам од пишување ама сакам да се види што како е :) (нема да пишувам се , ептен е долго ама сепак важното)
    Се вика :ДРОГИ-запознајте се со фактите и сопрете ги лажните соништа (ке почнам од видовите другото е многу долго)
    Амфетамини - Други имиња се : “спид’’, “апери’’ , “Били’’ , “фиук’’ и “сулфат’’. Спидот го стимулира нервниот систем и ве одржува во будна состојба.Го забрзува дишењето и чукањето на срцето и кај корисникот создава енергетска исполнетост а и понекогаш развеселеност , односно стимулираност.Дрогата може да создаде чувство на самодоверба.Спидот понекогаш може да се употребува за да го задуши апетитот.Спидот нејчесто се среќава како сив или бел прав кој се шмрка или инјектира.Подолготрајно користење може да предизвика несоница, параноја и метална збунетост. Тешките случаи може да страдаат од повремена депресија.Инјектирањето носи ризик од ХИВ.
    Анаболички стероиди - Анаболичките стероиди се користат во медицината за создавање мускулеста маса за пациентите кои се “врзани’’ за креветите.Се употребуваат како таблети и инекции.Тие се користат во поголеми количини за атлетичари и бодибилдери , за зголемување на мускулатурата и силата.Ефектите можат да бидат трајни и после прекинувањето на стероидите можат да предизвикаат закржлавеност во растењето на децата и младите.Ако дрогата се инјектира со користена игла или шприц, постои ризик од ХИВ, Хепатитис А,Б и Ц.
    Барбитурати-Други имиња се : “барби’’ , “блуз’’ , “црвени’’ и др. Постојат различни типови :амбител,нембутал,секорал,туинал и тие се обично во форма на таблети , но можат да се најдат и како ампули, капсули , чепчиња и сирупи.Корисниците на овој вид дрога многу брзо свикнуваат на нив и стануваат нејзини зависници.Симптомите со престанок на дрогата можат да бидат следниве : несоница,несвестица,нервоза,грчеви, бунило , повраќање,раздразливост и треска.Ризикот се зголемува ако барбитуратите се инјектираат.
    Канабис - Една од најчесто употребуваните дроги е канабисот.Други имиња се: “доуп’’ , “тревка’’, “ганга’’ , “шит’’ , “блоу’’ и др.Канабисот обично се пуши во луле или помешан со тутун, завиткан во цигара наречен “џоинт’’ или “сплиф’’.Може да се свари како пијалок или да се јаде со храна.Проблемите настануваат од ментална потреба за ефектите на дрогата и постојаните консументи стануваат зависници.
    Кокаин - Кокаинот е силна стимулативна дрога.Други имиња се: “коук’’ , “чарли’’ и “шоу’’ . Кокаинот е бел прашок најчесто исецкан и поделен во линии на стакло и потоа се шмрка во носот со цевче . Исто така може да се инјектира или пуши.Кокаинот создава чувство на благосостојба, смален апетит, рамнодушност кон болка и замор, и зголемена самодоверба. Корисниците кои ги предизвикува дрогата често е во искушение да ја зголемат дозата и бројот на земањето на дрогата.
    Крек - Други имиња му се: “рок’’ , “стоун’’ или “ваш’’ . Крекот е кокаин кој е произведен во мали кристали големи колку зрно суво грозје.Крекот е вид кокаин кој е обработен со хемикалии за да може полесно да се пуши и побргу да се апсорбира.Крекот предизвикува исти ефекти како кокаинот, но најчесто посилни и поинтезивни.Ефектите од крекот траат по неколку минути и ги тераат корисниците да бараат уште. Некои потешки зависници земаат хероин за “спуштање’’ од “височините’’.
    ГХБ - Целото име на овој вид дрога е “Гама Хидрокси Битрат’’ порано употребувана како предоперативна анестезија.Другите нејзини имиња се “ГБХ’’ и “Х’’. ГБХ е безмирисна течност со соленикав вкус и обично се продава во мали шишенца.Дрогата се зима со пиење мали количества , но бидејќи концентрацијата на дрогата е непозната, нејзиното зимање е многу ризично.Ефекти се: мачнина, повраќање, грчеви во мускулите , напади и колапс.Досега е познат само еден смртен случај од оваа дрога.
    Хероин- Познат уште “смек’’ , “џанк’’ , “скег’’ , “браун’’ и “хорс’’. Во чиста форма хероинот е чист бел прашок произведен од исушено млеко на афионовиот мак.Кога е нечист има кафеавкаста боја. Хероинот може да се инјектира, шмрка или пуши. Како и да е тој предизвикува чувство на топлина и дремливо задоволство.Постојат многу синтетички спојки кои се користени како умртвувачи на болка вклучувајки ги : пентидин,диконал,метадон,темегесик,палфиум,дихидрокодеин.
    ЛСД -Познат како :“есид’’ , “трипс’’ , “таб’’ , “блотерс’’ и “дотс’’. Есидот е обично во форма на мали квадратчиња со големина од 1 сантиметар квадратен.Ги има со различни бои и различни мотиви на едната страна на .Ги има како апчиња таблети или капсули.Трипсот предизвикува халуцинации.Тоа може да трае од 8 до 12 часа.Човековото сетило за време , слух , место и боја може да биде пореметено.Мозокот се оштетува дури и од најмало количество ЛСД.
    Магични печурки- Неколку видови на печурки можат да предизвикаат халуцинации.Многу од нив растат на диви места па така можат да се најдат и во природа.Еден посебен вид на магична печурка представува печурката “капа на слободата’’ . Ефектите започнуваат по околу 30 минути , достигнувајќи кулминација од 3 часа и траат до 9 часа.Штом еднаш ке започнат ефектите неможат да се сопрат.Помалите дози предизвикуваат веселост и откаченост.
    Разредувачи -Во оваа група спаѓаат лепаците, спрејовите,боите, лаковите за коса и слично.Злоупотребата на разредувачите е најчеста меѓу помладите од 12 до 16 години, но може да се сретнат и кај помали деца. .Разредувачите го оштетуваат мозокот и поради тоа млади луѓе умираат секој месец од злоупотреба на разредувачите.
    Екстази-Други имиња на екстазата се : “Диско бургер’’ , “Денис Менис’’ , “Дијамант’’ , “Њујоркер’’ , “ХТЦ’’ , “Фантазија’’ и др. Екстазата се наоѓа во таблети кои можат да бидат , кафеави , розеви, жолти и слично. Екстазата може да влијае на концентрацијата и координацијата и поради овие причини е опасно да се вози во оваа состојба. Ефектите започнуваат 20 минути по употребата на екстазата.

    :whew: :whew: :whew: :bow: :bow: :bow:
     
  4. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Дрога не би пробала во никој случај
     
  5. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    Искрено имам неколку пати пробано марихуана и тоа прв пат беше од чиста радозналост или може да се каже од курчење..Но коа приметив дека скоро секој викенд почнав да пушам марихуана си реков чекај застани да не отидеш предалеку .. Пошо и јас сум против дрогата и несакав у навика да ми влезе.. И од тогаш ненам земено а сум била во друштво што дувале и ме терале ама не прифатив и сега си се гордеам со тоа :D
     
  6. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Искрено, јас би пробала кога би имала прилика некоја лесна дрога, ама не за да се направам „фраерка“ туку од чиста радозналост. И тоа би останало само на пробување, оти лесно станувам зависна од било што, па дрогата сигурно не би била исклучок. :tmi:
    И да, застапеноста на луѓе шо конзумираат дрога во Македонија е голема. Познавам доста такви. :|
     
  7. Despina.M90

    Despina.M90 Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    12
    Се додека не отидов во Амстердам бев против секаква дрога. Ама амстердам е амстердам, кофи шоп, друштвото околу тебе пуши трева се смеат а јас како теле во шарена врата гледам наоколу, па ајде реков ќе пробам. Ептееен јако си поминав, многу филмови ми се изнавреа во глава, сум се смеела како никогаш, мислев ќе пукнам од смеа. Втора фаза ГЛААААД невиден. Значи сум јадела се и сешто. Почнав со ладен сендвич, па свртив на леб и нутела, па јадев туна со кашкавал, па смоки, чоколада и завшив со доритос чипс, да се чудат сите околу мене, и ним им се јадеше ама јас забегав... Трета фаза сува уста, не се пиеше водата во хотел, а со дечко ми имавме само една флаша вода која одма ја испивме па продолживме со лименки пиво цееела вечер. И да не заборам, тогаш сум го имала најубавиот секс. Онака опуштени под туш ммммм. :D
    Од тогаш сум пробала уште три пати со друштво( се тоа во размак од 8 месеци), и сметам дека не е ништо тревата...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SlAtKi4ka.SlAtKi4ka

    SlAtKi4ka.SlAtKi4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Izvinte sto pisuvam latinica bidejci pisuvam od telefon!
    Nacvistina ne mi e jasno voa so.si.go napisala KORISTIS DROGA??pa uste da se pofalis??znam deka sum mala da komentiram i da sovetuvam nekoj sto.e.postar od mene |(
    velis lesni drogi??ne postojat lesni drogi ce ti kazam imam.praveno prezentacija za drogi od 65 slajdovi!! I mozam da tvrdam deka nema lesni drogi jas bi te sovetuvala da prestanes da konnzumiras samo za tvoe dobro
    znam ne mi lici da te sovetuvam no ...
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Не ми е јасно како за марихуаната се зборува како за цигара-мастика :x .Знаете вие кои што пушите трева дека така полека но сигурно се навлекувате во тој порок кој што секој ден си зема дел од вашето здравје и си го зема данокот?Јас никогаш не сум пушела цигара,а камоли трева. Токму од таа трева се оди кон потешките дроги.Лесна,тешка дали е марихуана или кокаин нема разлика, сето тоа е дрога и жал ми е што толку луѓе не го разбираат тоа и не се свесни за последиците и штетите од неа.Ако вие имате цврста воља дека никогаш нема да пробате тогаш ниту друштвото ниту радозналоста нема да ве натера да пробате.Друштвотот можете да го смените,а радозналоста само со првата помисла дека дрогата може да ве убие вас и да изгубите се што имате веднаш ќе ја снема.За жал сите не размислуваат така и секој ден паѓаат во канџите на тој порок.
     
    На macigv, SlAtKi4ka.SlAtKi4ka и Lux им се допаѓа ова.
  10. Borjana

    Borjana Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Дрога никако
     
  11. macigv

    macigv Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    12
    дрогата е за луѓе кои имаат комплекси дека се безвредни суштества и оти таа ќе им помогне да станат некоја VREDNA личност во животот. навистина се гадам од коментарите прочитани и ги жалам луѓево што се тешат со тоа дека дрогата ќе помогне во некои случаеви па и да е една обична мочана журка во која мислат дека ќе поминат лудо конзумирајќи ја. стварно незнам каде ќе не води ова ама не ќе да е на арно
     
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Не можам да се изначудам како сте горди со тоа што сте пробале дрога.
    Штом сте се излажале од љубопитност да пробате, ќе се излажете пак.
    Верувајте, тоа така почнува, од љубопитност, па не е ништо, лесна дрога е, да се направам фраер во друштво. Ама не постојат лесни и тешки дроги! Дрога си е дрога, полека, но сигурно ТЕ УБИВА!
    Вие лажете се дека тревата или не знам и ја која нема да ви наштети, ама да знаете и те како ќе ви наштети еден ден, не сте ни свесни за тоа.
    Живеете во заблуда дека можете да се контролирате, само еден ден да не биде касно кога ќе сфатите во која каша сте се закашкале.
    Излегувајте побрзо од тоа чудо, и никогаш повеќе да не сте пробале.
     
  13. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно зошто луѓето сакаат да се дроѓираат.Дрогата го зацрнува животот.Ти го скратува животот,но не ѓи скратува проблемите и маките.Дрогата едноставно те прави мртов додека си жив...
     
  14. catsruletheworld3

    catsruletheworld3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    27
    Немам пробано дрога од никаков вид, никогаш (ниту пак цигари). :clap:
    Тоа што некои пробуваат дрога за да се покажат во друштвото, затоа што сите други ја користат, тоа е чисто недостаток на карактер (исто и со цигарите,демек ако пушат сите во друштво, морам и јас |( ).
    Треба да имаме малку повеќе 'свое јас', во секој случај. Ако сака цел свет нека пуши цигари/зема дрога, јас знам дека не треба да го направам тоа, и нема да го направам. Многу едноставно. Па ако ме исмеваат заради тоа, јас уште толку ке им се исмевам зошто знам дека тие си го уништуваат животот. :) ду ју фил ме гајс? 8)

    А тие што се дрогираат за да избегаат од проблемите, и тие се лабилни личности. И самите знаат дека тоа ништо не решава, ама одбираат барем на кратко да заборават на се.. јас барем така мислам.

    Ама не ги осудувам, искрено. И тоа е болест. Ако некој се дрогира не значи дека е лош човек, можеби е најдобар и напаметен и се, ама едноставно потклекнал на тоа искушение еднаш поради било која причина и толку требало, се претвара во најлошиот човек.

    А тие што користите рекреативно... ваша работа, не би требало никој да биде осудуван по никоја основа, секој сам си бира насоки во својот живот. Ако тоа не влијае на твојот карактер и понашање, и ако и покрај тоа ми одговараш како личност за дружење, ајм мор ден хепи то би јор френд (само не ме замарај со тоа дека треба ја да пробам и такви срања... пошо ем нема да пробам, ем нема да се дружам со тебе). :D

    Ете.. така мислам јас.
     
  15. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Дрога не сум пробала никогаш,па да речам искрено не сум ни помислила.Сум немала прилика да се најдам во такво друштво,но познавам неколку сограѓани кој потпаднале на ова зло,искрено немам некои пофални зборови за нив.Специјална едукација немам за оваа тема,но најбитното го знам од емисии,филмови,серии,реални шоуа и некои кратки предавања.И да не се лажеме дека марихуаната е една обична цигара која кога ке ти дојде преку нос све,ке не опушти малку.Секој кој е наркоман почнал со една ваква проста цигара,но подоцна завршил неславно,се почнува така едноставно ај еден дим,подоцна цела цигара,па ај малу ке шмркнам,па ке си шприцнам,па со ова како петок на сабота е припратен и алхохолот.Во напад на криза стануваш опасен за најблиските чудо едно како те трансформира од мирна личност можеш да станеш насилник несвесно,но сигурно.Со тек на годиниве како што изминуваат е се позастапена дрогата.И да не се лажеме со фората кога ке сакам ке пушам,а кога не не ова неможеш да знаеш со сигурност дали ке биде вака.
     
  16. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Дали би конзумирале дрога, чисто колку да се направите фраер/ка?
    -Не и пак не. Не се прави човек фраер со тоа што ќе проба дрога.И ќе се издрогира и после си мисли демек јас сум јак кој е како мене.Дрогата не го прави човекот човек ;)
    Кое е вашето мислење во врска со дрогата?
    -Мислење,вистина е штетна за здравјето но за жал во денешно време дрогата постана како добро утро.
    Колку е застапеноста на луѓе кои конзумираат дрога во Македонија?
    -Мислам дека ги има многу,дури повеќе од она колку што јас мислам.
    Се произведува ли дрога во Македонија?
    -Незнам.Не сум информирана за ова.
    Колку сте информирани во врска со дрогата? Ги знаете ли сите мани и последици?
    -Сум посетувала многу часови во кои се раскажувале за дрогата,и мислам дека знам речи си се,што ми е потребно да знам.
    Дали некогаш би пробале или сте пробале дрога?
    -Не сум пробала,ниту пак сакам да пробам.Го сакам животов.За да поминам некаде убаво незначи дека треба да се издрогирам или било што.
    Една девојка еднаш разговарав и ми рече дали ако некој ти понуди тревка нема да пробаш само за да видиш какво е чуството ? И кратко и јасно и одговорив со НЕ. Зошто? Затоа што тоа така почнува со пробување еднаш стануваш зависен. Не благодарам,дрога никако.
     
  17. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Се чудам како тоа ве натерале да земите дрога.
    Најдобрите другарки мои земаа трева доста време и ниту еден момент не ме натераа да земам. Дури и едната ми рече „Ако разберам дека некогаш си зела ќе јадиш ќотек!“.
    Сум имала дечковци што пушеле трева, другари, другарки, соученици, познаници... Се движев во такви кругови и ден за ден се чудев како се повеќе и повеќе се зголемува бројот на истите. Тука спаѓаа и оние кои никогаш нема да ти паднат ни на крај памет...
    И јас никогаш не сум пробала, нити ќе пробам. Прво ради што сум човек кој што си стои на зборот, а второ поради што никогаш не сум ни посакала.
    Нити ги осудувам нити ги правдам оние кои земаат. Тоа е нивен живот и нивна одлука што ќе направат од него ;)
     
  18. GirlMaCa

    GirlMaCa Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    47
    НИКОГАШ не би пробала дрога..Познавам 5-6 девојки кои се дрогираат и ужасно изгледаат.Имаат брчки на лицето,потемнати се,со огромни подочници,исушени,кожата им е како да имаат 70 години..Лелее жал ми е да ги гледам,а како што ги видов коментариве има многу такви кои конзумираат дрога и се горди на тоа.. Деца,НЕ ИГРАЈТЕ СИ СО ЖИВОТОТ :!: :sweat:
     
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Сеуште намам дефинирано мислење околу темава, а не мислам ниту пак дека некогаш ќе имам. Веројатно се прашувате зошто?
    Ќе го опишам моето ,,искуство'' со дрогата уште од раната возраст.
    Бидејки кога бев сеуште основно училиште, II-III одделение еден сосед кој живее на ист кат со нас, веднаш до нашата врата имаше некои 17-18 години, од прилика колку што имам јас сега. Бидејки речиси половина од неговото детство беше дете на самохрана и воедно неморална мајка, тој секако тргна по лош пат.
    Со неговото друштво секогаш се собираа во нашето училиште бидејки и тие таму имаа завршено. Онака кежуал, ќе си седнеа на тревата од другата страна на игралиштето во нашиот двор, да не биде ептен апла дека седат до нас и ќе си запалеа по еден џоинт. Лежеа на тревата така што мислев дека им се слошува, или умираат со оглед на тоа како се однесуваа и ги превртуваа очите. :D
    Нашите наставници се правеа како да не ѓи забележуваат, незнам ниту сама зошто. Мене ми беше многу страв од тоа. Колку пати само буквално трчајки ќе се качев горе во училницата само затоа што разбирав повеќе од останатите, и ми беше жал за него. Децата од клас ме осудуваа што ги разбирам па излегоа мубаети дека и јас самата зимам. Детска работа. |(
    Се до еден период кога не почнаа поголемиве деца да зборуваат дека марихуаната е кул и треба да се проба. Па си реков зошто да не? Срам ми е да кажам, но бев IV одделение кога првпат имав желба да пробам марихуана! :| Среќа не успеав да се договорам со поголемиве и не пробав.
    Мојата склоност кон дрогата беше огромна уште од тој период, но бидејки моите ми забранија да се дружам со поголеми, престанав да бидам инволвирана во тие кругови.
    Кога завршив четврто ни ги менуваа паралелките, осмите заминаа (пријателите со кои се дружев), и не се интересирав многу за тоа. Се до осмо, кога моите видици се проширија и кога стана се толку кристално јасно па, повторно си се вратив на истото мислење. Плус, имав една пријателка која дојде од друго училиште и тој период особено со неа бевме толку загреани што просто незнаевме кај тераме. Запознавме една друга девојка која можеше да ни набави ама незнам и со неа што испадна, бар за себе знам, дека повторно не земав. За другаркава незнам бидејки имаше огромна склоност кон лажењето па затоа е и голема веројатноста дека не го сторила тоа.
    Две години подоцна почнав да излегувам во парк. Нормално, таму знаете дека има повеќе џанаци и под нивно влијание сакав да почнам да зимам. Ама повторно не земав туку едноставно пиев.
    Пиев речиси секој проклет викенд, замислете си. Ќора пијана се враќав дома наутро. Моите никогаш не дознаа зошто умеев тоа да го прекријам. Среќа никогаш не станав зависна, незнам ниту сама како, ниту пак имам потреба за алкохол, и сега пијам со усул. :!: А за дрогава, како некоја сила да ме одвлекуваше цело време, неможам ниту јас самата да ви објаснам што ми се случуваше тој период бидејки имав толку прилики, но ниту една не ја искористив.
    И ајде еден ден КОНЕЧНО му побарав на мојот поранешен добар пријател кој се колнеше дека НИКОГАШ во својот живот нема да проба дрога, а сега е НАРКОМАН!!! :x Иако тој го негира тоа, како и повекето мои пријатели впрочем. И пробав едно-две димчиња, се закашлав, му ја вратив.
    Оттогаш еве има година и нешто, сите мои пријатели зимаат повремено, единствено јас не зимам па пак се дружиме.
    И си ветив себе си дека ако тоа некогаш го сторам ќе биде кога цел свет ќе ми се сруши, кога ќе биде се говотово и ќе бидам стара. Т.е. ќе бидам кул бабичка која пуши трава, (ги жалам своите внуци). :D Шала на страна, гледам понастрана да се држам од срањето, и ако некогаш земам тоа ќе биде еднаш. Тоа наверојатно ќе биде некоја екстаза на некоја ептен густа журка. :rock:
     
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Едно знам дека се дружев со луѓе кои го прваеа тоа, дрогата е избор, ама еве јавно кажувам дека не ми е жал за наркоманите, не можам да ги жалам, зошто јас ако сум опстанала во таков круг, чиста може било кој, можеби има влијание карактерот, ама за мене не е оправдување ништо во врска со тоа, ниту љубопитност, ниту фамилијарен проблем, ниту смрт во фамилија, ниту сакам да сум кул и сите срња поврзано со тоа. Еден ден кога видов дека луѓето кои беа во моја близина, ништо не направија, остана само наркомани кои пропаѓаат, не беа заинтересирани за ништо освен за нивното задоволство,журките, само реков Ирена крај, доста тие од ваква опколеност, се повелков од тие друштва, не кажав ни а ни б, само се тргнав, не сакав да гледам како пред мене пропаѓаат и си наоѓаа оправдување зошто го прават тоа, или да ги слушнам муабетите како се чувствуваат во врска со тоа, како им патат фамилиите, и слично. И кога ќе почине некој наркоман во подрум, дупка, кај и да е, еве ви кажувам не ми е жал, сам го направил изборот не сум јас. Еднаш еден пријател се скара со мене и ми вика, ама ти не знаеш како е затоа немаш право да збориш, а ебано има се во животот, ДА јас не знаев, ама јас и ТИ го имавме истиот избор, само некој имаше многу повеќе УМ и РАЗУМ, и размислуваше со мозочните клетки, додека неој посегнал да биде кул, па затоа се лечеше кај стигне, за да се врати колку толку во нормала, не е мое да судам, ама еве не можам, не подржувам никаков вид на дрога, не го подржувам изборот за себепропаѓање, што е толку моќно во тоа да се издрогираш и да повлечеш доле се со себе, и мајките и родителите и се.. знам дека има случаеви кога децата се родени во ткава средина, и тоа им е сервирано како нешто хормално, ама не знам.. за мене се најголеми слабаци кои е знаат да се спарават со реалноста.. Дрога секој има можност да проба, лесно е да се дојде до нејзе и колку и да звучи баналано, и демек еј ќе пробам чисто од љубопитност и што ќе ми се деси ако пушам само џоинти.. многу почнале така, ама многу и завршиле закопани, или сега трчаат на метадонски терапии, исушени со дупки по телата.. не знам .. на пракса кога ми доѓаа да земам крв, едноставно не можев да ги боцнам, кога знам каква слика стои позади нив, особено кога еден ми рече цел беше издрогиран и ми вика ќе ти ја забодам иглата во врат, отогаш давав на други личности да вадат крв доколку знам дека конзумира дрога, страв ми е, и едноствано не сакам, можам да им помагам, мотивирам, да работам на акции и се, за да се извлечат, ама не знам вените да им ги допирам не.. знам дека звучи грубо.. ама ми остана како неков страв, кога ќе ја сфатам реалната слика, со какви судби завршија..


    Умот го имаме и треба да го користиме.. задоволството некогаш може да не уништи..
     
    На Cataleya, nesa и SomeWhere им се допаѓа ова.