ДРОГАТА Е ИЗБОР! Како што денеска избираш дали да јадеш здрава храна или брза храна така ти е и тоа избираш дали денес да се дрогираш или не. Незначи дека наркоманите се лоши личности, ти само си избираат да се чуствуваат убаво за некое време. Од дрога имам пробано марихуана. И еве што чуствував: - Прво почуствував како забрзано ми чука срцето. (Тоа го сметаат како лошо дејство поради срцеви заболувања.) - Потоа устата снемув плунка и ти се пие многу вода. (Тоа го сметаат како лошо дејство поради белодробни заболувања.) - Потоа главата ја осекав како како да сум пиана без некое посебно лошење и без неки посебни вртоглавици едноставно ми беше тешка, дури се чуствиваш поубаво кога си напушен отколку кога си пиан. Се чуствуваш опуштен. (Тоа го сметаат како позитивно дејство поради на обновувањето на клетките и сите понатамошни чуства се со позитивно влијание и како заштита од посериозни болести.) - Зависно од одгледувањето на марихуаната, од појаката осекаш вкочанетост во малиот мозок и тоа многу голема вкочанетост, а од послабата во големиот мозок и е многу мала таа вкочанетост. - За да го игнорираш тоа чуство и за да не те пукне бед почнуваш да си правиш филмови за луѓето околу тебе, а во напушена состојба само глупости ти паѓаат на памет и тоа ти е смешно и се смееш. - Тие филмови неможеш да им ги кажеш на другите и да сакаш зш таман ќе почнеш да збориш забораваш што си сакал да кажеш, затоа подобро да не се мачите попусто да објаснувате иако е многу смешно тоа објаснување. - Доколку има пуштено музика (транс) и доколку ја следиш музиката стонираш односно уживаш. - Кога те пушта дејството на марихуаната или ти се јаде или ти се спие. - И што е најважно кога си напушен не халуционираш или трипаш по наше. Барем на мене ми се нема случено тоа. Или можеби сум некој изрод што не халуционира кога е напушен. Значи негативните негативните влијаниа траат само на почетокот (пола саат), додека позитивното влијание трае и по дејството на марихуаната. Здраво е да се користи марихуана само не е здраво да се претерува со неа. Еднаш месечно според мене е доволно. Знам дека тие што немаат пробано нема да се согласат со мене, ама затоа тој што пробал знае.
Многу сум против дрога.Кога ги гледам децата што ги знам како се упропастуваат со тоа само пушам, многу ми е криво,но од една страна сами си го прават тој избор никој не е присилен на такво зло. Се чуствувам многу глупаво кога ке слушнам некој мој познаник или познаничка што има се, а пак посегнува по тоа ѓубре неможам да го преболам, машките со кои се дружев порано сега кога ги видувам по чаршија не се веќе исти тие луѓе бојата на кожата, расположението потполно се смениле и се претвориле во вистински наркомани а зборуваа тогаш дека САМО пушат трева секој ден, а сега кој знае до каде се. Двајца мои соседи така си го одземаа својот живот.Едниот имаше 40 години секој ден во 8 часот тој излегуваше на терасата се качуваше на оградата и пуштеше гласна музика и почнуваше да се дере како луд, после толку време дрогирање го најдоа мртов предозиран зелен во фацата и токлу си го заврши своето. Другиот беше многу млад некаде 25 или 26 години, дечкото се дрогираше, но имаше силна војла да се откаже од тоа ѓубре и така и направи се откажа некаде цела година не користел си фати и девојка си го среди животот,но еден ден кога станав имав што да видам од прозорецот и тој се предозирал и тој си го завршил својот живот на најглупавиот и најбеднички начин. Не верувам во тоа откажување од дрога кога еднаш си посегнал по дрога нареден пат ке имаш некој проблем и пак ке го продолжиш истото.Страшно ама тоа е.
- Никој неможе да стане физички зависник од марихуаната се е до психата, односно до психичката зависност. - Некои луѓе кога ќе осетат дека марихуаната не им делува како што им делувала, пробуваат нешто појако (дроги од кои лесно се станува зависник), наместо да направат пауза некое време. - Оние што се способни да направаат пауза се им е во ред со психата, но оние што не се способни да направат пауза се подлегнати кон психичка зависност од марихуаната.
Немам намера да ти попувам што и како да правиш во животот твој, голема си-ти си знаеш а И СИ имаш родители ама оваа реченица ми боде очи. Не за друго туку читаат и многу помали деца на форумот. Не бе Бејби, наркоманите се лоши личности. Знаеш што е наркоман - зависник од дрога, а знаеш што прават тие освен што се дрогираат?! Епа запрашај се и ќе ти биде јасно.
Се согласувам, дрогата е избор. Забавата, нејзиниот тек и начинот на кој ќе уживам во неа е исто така избор. Начинот на кој избираш да умреш е исто така избор. Мој избор е и да игнорирам кога џанакот ќе ми каже дека му фалат пари „за курс по англиски“, дека носот му крвари од шмркање, дека не може да запамти дел од испит зашто во младоста се „нагледувал од трава“... Мој избор е да не му помогнам на некој што решил да се самоубие полесно да ја постигне целта. Мој избор е да укажам на млад човек (кој ми е важен во животот) кои се последиците од дрогата. Мој избор е (ќе биде) да се откажам од пријатели кои решиле да користат дрога, а уште повеќе решиле да ме убедат дека нема „бољи осеќај“ од транс журка на спид или трава. Почитувам сечиј избор, ама замолувам никој да не ме замара со истиот.
Страмота е да се пишува дека марихуаната не била дрога,па била само да се отпуштиш кога ти е све преку глава. Така се почнува марихуана, екстаза на журка,па на крај хероинче. И ретко кој се извлекол од зачараниот круг. Моја братучетка супер девојка, заврши факултет и се фати со еден дечко и такво друштво и падна да се дрогира до хероин со игли. Тие што се дрогираат се слаби личности,без карактер и само наоѓаат изговор. На братучетка ми ништо не и фалеше во животот, богата фамилија, нашетана,образована и што си направи си го уништи животот. Се лечи со метадони, да ја видиш како изгледа физички апсолутно не е истата личност од пред 3 год. Ја носат дома некои шиптари, со кои највероватно спие за дрога и пари.Не е убаво да се пишува по форуми, има многу мали деца кој читаат и доволна е мала сугестија да проба и да си го уништи животот. Треба да има закон смртна казна за дилери на дрога.
Имаш само 17год девојче, ти знаеш ли што збориш и ни тврдиш тука на форумот, стави си прст на глава малку и размисли ШТО ЗБОРИШ, кој ти ги стави тие бубачки во глава? Тешко на родителите
Може многу да се дебатира на оваа тема. јас не би ги осудила сите што користат дрога туку така од прва рака, не се сите исти, не важи за сите тоа едно „правило“ дека се лоши, забегани и тн. и тн. Мислам дека треба малце подлабоко да се гледа на оваа тема, да бидеш малце по open minded кога донесуваш заклучоци... да не се повторувам (а и ме мрзи многу да пишувам), си го пишав моето мислење 1 или 2 страни наназад.. сакав само да се убацам тука зашто не се согласувам баш со тоа дека се лоши личности. Какви личности се множеш да дознаеш кога ке направиш муабет со нив кога се трезни. А кога се под дејство на дрога, не се самите себеси, така да не можеш во тие моменти да оценуваш какви личности се. А и треба да се гледа на тоа како болест, затоа што зависноста е болест... прочитај ми го мислењето на темава ако не ми ја сваќаш поентата, имам таму малце поопширно напишано.
Не знам дал само го излупа она колку да кажеш дека не се станува зависен од марихуана, само психичка зависнот. И те како ствара зависност, нормално ако го правиш тоа секојдневно, ако се тресат луѓе на цигари откога ги откажуваат имаат кризни периоди, па од марихуана, зборам за навлечените. Телото и те како ти реагира.. Стојам зад ставот дека не ги оправдувам зависниците од дроги, е сега има кознумирачи и од медицински цели со рецепт, имам пријателка инвалид со количка, која понекогаш има големи болки, и не во МКД во друга земја живее, и препишаа да користи марихуана поради намалување на болка и опуштање на скелетот.
http://www.limbo.mk/Zdravje-Hrana/20-Go ... -Zdravjeto http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0% ... 0%BD%D0%B0 - Иако за марихуаната не е докажано дека може да предизвика телесна зависност па и ако се прекине нејзиното користење, не се јавуваат никакви симптоми на телесна посвета, таа може да предизвика психолошка зависност со постојано и долго користење. Нема тука јас што др да коментирам. А годините не се битни и да не ве боли колку год. имам или тешко моите родители, као божем јас пушам секој ден, ако прочиташ у моите претходни коментари пишува дека имам пробано само марихуана, вие од мува слон правите или така ви одговара зс сте толку „поштени“. http://puls24.mk/index.php/zanimlivosti ... jata-majka А еве ви девојче на 7 год. кое користи марихана и тоа му ја дава мајка му. И после мене имас само 17 год. и тешко на твоите родители, поштеде те ме ве молам од такви празни коментари.
Во темава не станува збор кои сме ние тука поштени, нема врска тоа поштеноста со дрогата. Некој се обидува да ти укаже колку е штетно тоа за да не тргнеш по лош пат, а ти како прав зависник почнуваш да се браниш. Да тешко на твоите родители, денес си пушела, утре ќе шмркнеш, па ќе кажеш дека не е тоа ништо, не предизвикува зависнот бла бла... Абе сами си го комплицирате животот затоа што сте глупави дечишта кои паѓаат под влијание на трендовите да се кул со цигарче, да дуваат позади школо, за да ги прифати околината као закон дечиња у класот, да се фурате пред другите деца... ги знам тие филмови што ви се вртат во глава, на сте ни се вртеле, разликата е во тоа што некој не ни помислил да посегне по дрога а другите оние наивните и глупавите подпаднале од љубопитност и радозналост ко виножито да ќе ке*ате после тоа. Дај не читај од глупостите поставени на нет дека не се стварало зависност, луѓе од чоколадо стануваат зависни а не па од дрога. Освести се на време девојче никој тука не ти пиша со лоша намера само се правиш паметна ама ќе забегаш по дрога после незнам кој ќе ти биде крив. Ако сакаш да се истакнеш во друштвото направи нешто паметно
baby-doll побарај низ страниве наназад и најди го мојот пост ,јас се осудив и најискрено напишав некои приватни работи за мене ( што и не ми беше толку лесно да се отворам зошто ипак тоа е болна тема за мене) со цел таквите недозреани клинци и клинки на кои им лета паметот да извлечат некоја поука , јас не викам дека сите што пушеле трева станале наркомани ама еве грубо кажано 50 % од нив сега се метадонџии ,хорсаши итнн . така да нека не ти лета паметот чукни ја малку главата и не ставај здрава нога во трн .
Неможам сеа да ти го барам коментарот што си го пишувала најди си го и прати ми го и ќе го прочитам... Ама ти очигледно си ги прочитала сите мои коментари па затоа запамти ги подобро кога веќе ги читаш! Јас не пушам секој ден трева туку имам само пробано 2 пати и тоа само марихуана и не ми лета пааментот фала богу и немора тука вие да се притресувате и да правите од мене наркоман со тоа што имам пробано. И мислам дека не се темите направени за да му судите на некој туку за да споделиме искуства јас знам дека тоа не е добро и ги знам последиците, свесна сум и ви благодарам на загриженоста. Ама ако била толку лоша марихуаната зашто во некои земји е дозволена? Зашто во некои земји ја користат како лек? ЗНАЧИ АКО НЕКОЈ ВИ КАЖЕ ДЕКА ИМА ПРОБАНО НЕ Е НАРКОМАН И НЕМОРА ДА МУ ТРЕСЕТЕ СВАШТА, А ТОА ШТО ГИ ИМАТЕ ГОДИНИТЕ НЕЗНАЧИ ДЕКА СТЕ МНГ ПАМЕТНИ И КОЈЗНАЕ ВИЕ САМИТЕ КОЛКУ ГРЕШКИ ИМАТЕ НАПРАВЕНО. ЈАС САМО ВИ КАЖАВ ШТО ИМАВ ПОЧУСТВУВАНО И ШТО Е НАУЧНО ДОКАЖАНО ЗА МАРИХУАНАТА!
прво јас немам право да ти судам а и не ми беше тоа намерата ,намерата ми беше да те посоветувам за понатака што те очекува ако продолжиш со овој филм ,читајки те добив впечаток дека се фалиш дека пушиш трева и дури горда си на тоа ( смајли што се крсти ) како второ многу си дрска за твоите години . у контекст на муабетот за марихуаната дали е штетна или не , ДА штетна Е кога ке видиш и цигарите се штетни и од нив сме зависни ,поентата ми беше дека ако мислиш дека си мангупка што пушиш трева ке мислиш дека си и по мангупка ако кркаш таблети итн итн се знае понатака што следуе .барем јас така проценив по муабетиве дека таков став имаш . Ја користат како ЛЕК а не ја злоупотребуваат ,и метадонот е лек па наркоманите си ебаваат матер од дрогирање со него . затоа има една пословица СЛУШАЈ ПАТАЛЕЦ А НЕ ГАТАЛЕЦ
Искрено не можам да ги сфатам тие што користат дрога, ај разбирам еднаш за да се направиш мангуп ,ама секој ден? незнам која е поентата. Дрогата неможе да ти донесе ништо позитивно, само се труеш со неа. Незнам, јас никогаш нема да ги сфатам овие луѓе.
Дрога....За неколку моменти на задоволство не вреди да се уништува еден толку скапоцен и краток подарок,животот.Дрогата не е храна,и кога се внесува таа го менува начинот на кој личноста чувствува,размислува!Дрогата е моментално патување кон рајот на магичен ќилим!Но,што потоа?Кога ќе дојдат кризите? Човек зависен од дрога е спремен на се за да најде пари за да набави дрога! Тие што не пробале нека не се ни осудуваат да пробаат демек само еднаш,зашто и со тоа само еднаш можат полека да се навлечат на дрога(не викам за сите,ама за жал во повеќе случаи е така ),а тие што користат нека пробаат да престанат бидејќи од дрогата нема да видат ништо позитивно(напротив) освен моментално задоволство!!!
Не би конзумирала за да се направам фраерка Јас колку што знам дрогата може да го униште човекот (ако е зависник мн е тешко да се поврати во нормален живот) Така да не е добро мислењето, дрогата е најлошото нешто. мислам дека се произведува во МК ама не сум сигурна. Да ги знам последиците, не само од предавањата научилиште туку и вистински примери што сум ги гледала со сопствени очи, и сум ги разбрала ! Немам пробано а дали ке пробам нз..
Гледам пак е активна темава последниве денови, ги читав последните постови. Ми текна дека имам веќе пишувано овде, човекот што сум го сакала најмногу, користи метамфетамин. Искрено, не знам многу за ддрогите и преги си реков дај, чисто од општа култура а и за да знам што лајно е. Луѓе, најдов клипови на јутјуб од натионал географик што ме запрепастија, море кај, мал збор е тоа. Ги изгледав и седнав да учам а паметот стално ми бега на тоа што го видов. И тажна се осетив. Гледаш млади здрави и прави луѓе кои од љубопитност прават катастрофи, патем уништувајќи ги животите на сите нивни блиски, не само своите. Читајќи ги овдешниве постови од толку млади луѓе, кои мислат дека се фраери пушејќи трева или користејки други срања, мене ми се плаче. Па толку ли не мислите на иднината? На тоа што можете да постигнете и да направите од себе во животот? Не ли помислувате на родителите, на браќа, сестри? Нив најмногу ќе ги боли! Каква родител ќе бидеш утре ти? Ако воопшто ја имаш среќата да го доживееш тоа. Еднаш почна ли со тоа, нема враќање назад. Дури и да се лечиш, нема никогаш да се излечиш. Плус, кој ке има веќе доверба во тебе? Еднаш наркоман, секогаш наркоман пред народот. На здравјето мислите ли бе луѓе? И не, не ги жалам овие ваквите, ама ич. Ги жалам оние кои умираат од болести, несреќи. Наркоманот сам не се жали, јас ќе го жалам. Слабаци се тоа, луѓе без карактер. Ако можеле мајка ми и татко ми се и сешто да издржат и поминат во животот а со нив и јас и брат ми, а притоа фала му на Бога никој не посегнал дури ни по алкохол можат сите. Ако може мајка и на една моја многу добра другарка, да остане жива здрава и права дури и по загубата на 2те деца од леукемија, можат сите. Јас само молам Бога, на никој вакво нешто да не му се случи во фамилијата. Не верувам дека постои нешто полошо.