Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Имам пушено марихуана само два пати во мојот живот, и ако по некоја случајност продолжам тоа би било по еден чоинт на неколку месеци.Прво морам да кажам дека живеам во населба каде што тревата е премногу лесно достапна, и каде што да пушиш трева е многу нормално и нема ништо чудно во тоа.Со само тоа што кажав дека тоа е нормално се подразбирам и дека 70% од тинејчерите во мојата населба дуваат(не е важно дали тоа е често или ретко) или пробале неколку пати или барем еднаш.
    Запознаена сум со скоро сите дроги, знам колку се штетни по здравјето и се тоа, али работата е зашто имам пушење марихуана?Според мене марихуаната не е дрога.Прв пат пробав од чиста љубопитност, а вториот пат затоа што едноставно сакав пак.Тоа мене не ме прави наркоман.И јас наркоман не сум.Мислам дека повеќето од вас не го сваќаат зборот наркоман.
    -Наркоман е личност која е физички и психички зависен од ДРОГА(кокаин, хероин, екстази итн..).Кој се би направил да ситгне до пари за уште една доза.А верувајте никој што дува не би направил ништо од тоа што би го направил наркоманот.
    -Тревата не создава физичка зависност.Ако тревата е дрога тогаш, кафето е дрога, апчињата се дрога, па дури и брзата храна е дрога.И на неа мн луге се "навлечени" а уопште не е здрава.Алкохолот исто така, а за цигарите па да не збориме.
    Со ова не сакам да кажам дека тревата воопшто не е штетна, точно е штетна е ама не е толку многу колку што ја прават луѓето.Мислам дека луѓето тревата ја сметаат за дрога пошто не е легализирана.Се чудам како цигарите и алкохолот се легализирани кога се многу поштетни од тревата што и е медицински докажано.
    Прашањето ми е дали сте виделе некогаш надувана личност да се понаша агресивно да се тепа, да малтретита итн..?Не така? а пијан човек да го прави тоа?Да, нели?!...
    И немојте да мислите дека сум напалена тинејџерка, збесната и од досада незнам што да правам па сум посегнала по "дрога".Ниту пак некоја која ќе оди по улици и ке "протестира" за легализирање на марихуаната.Затоа што сум против нејзино легализирање.Не затоа што е штетна него затоа што не е за секој човек.Не за некој што незнае како се користи, кога и во колкави количини, а таквите ѓи има многу..Викате дека од трева се почнува, и после се оди на нешто појако..Да тоа е точно, ама тоа го прават тие горе наведените, и токму поради тоа сум против легализирање на марихуаната.

    Кокаин екстази.. и такви срања не сум пробала и не планирам, но како викаат не викај два пати...


    Едит..
    Многу се нервирам коа ќе прочитам коментари од типот,"не ми се верува каква е денешната младина"
    Свена сум и знам дека ние денешните тинејџери повеке се разликуваме од вас "некогашните", и сме по збеснати и лигави(има исклучоци секако), но сепак сватете не ја измисливме ние дрогата!
     
    На Lolo5, macka5 и kim.k им се допаѓа ова.
  2. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    Дали би конзумирале дрога, чисто колку да се направите фраер/ка?не
    Кое е вашето мислење во врска со дрогата?
    Колку е застапеноста на луѓе кои конзумираат дрога во Македонија? мн.. (се повејќе се зголемуват бројот)
    Се произведува ли дрога во Македонија? појма нема, ама мисла дека да
    Колку сте информирани во врска со дрогата? Ги знаете ли сите мани и последици? знам доволно информации , па дури и примери што сум ги видела со очи
    Дали некогаш би пробале или сте пробале дрога? од љубопитство .. можеби
     
  3. femtinka

    femtinka Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    imam konzumirano, ne da se napravam fraerka (gospode boze), ama bas ic ne mi e gajle sto ke mislat drugite za mene nego od nekoja zelba i ljubopitnost sto znam... normalno deka ja ima vo makedonija, najcesto se uvezuva no sekako zavisi za koja droga zboruvame. vo edinstven slucaj opravduvam ako nekoja licnost posaka od ljubopitstvo da napravi takvo nesto, normalno ne so tendencija da zema povtorno i povtorno za da zavrsi kako zavisnik. ima vekje 2-3 godini kako nemam nisto iskonzumirano, ne pusam i mnogu slabo pijam alhohol.
    informiranosta mi e golema, sum gledala najrazlicni dokumentarci i sum citala soodvetna literatura, fascinantno e sto pravi na covekovo telo i niz kakvi se procesi pominuvas koga ja konzumiras, sekako vo isto vreme e i destruktivno.
    prednosti i mani? ahhaha, pa konkretno za tvoeto zdravje nema ama bas nikakvi prednosti kako psihicki taka i fizicki, prednosta e valjda provodot, ete onaka da si napravis atmosfera i ubavo da si pomines negde so drustvoto.
     
    На Lolo5 и gentle.girl им се допаѓа ова.
  4. mirindaa

    mirindaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    25
    немам пробано а немам ни намееера :x
     
  5. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    Јас не би конзумирала дрога,ниту пак би ја препорачала.Не би земала дрога,за да се направам фраерка,бидејќи знам дека е многу штетно за моето здравје и можам да си го уништам животот.За производството во Македонија не знам многу,но би сакала да е во многу мало количество,дури и воопшто да ја нема дрогата во нашата земја.
     
  6. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    49
    Не сум пробала и нема ! Драгата е едно од забранетите работи кои сум рекла дека нема никогаш да ги направам.Едноставно некои работи треба да стојат понастрана од нас.Не мора се да се проба.Има многу примери каде луѓето си ги уништуваат своите животи па по тоа може да се заклучи дека не треба да се проба и секако да не се користи.


    Дрогите се супстанции кои не се храна или исхрана, што кога се внесени во телото го менуваат начинот на кој телото функционира или начинот на кој личноста мисли,чувствува и дејствува.
    Сите дроги можат да бидат токсични или отровни. Постојат три ефекти што секоја дрога може да ги предизвика:
    * мала количина делува како стимуланс и може да ја направи личноста “хипер” (ја забрзува)
    * поголема количина делува како седатив и ја заспива
    * голема количина земена за кратко време може да убие некого.
    Ова е вистина за секоја дрога.
    Секоја ги дава истите резултати во зависност од количината. Кофеинот е дрога, така кафето е пример. Две или три часи стимулираат. Десет најверојатно ке го успијат некого. Сто чаши најверојатно ке го усмртат.
    Ова е корисна точка при разговарање со вашето дете за дрогите. На многу деца и млади им била дадена информацијата дека “дрогите се безбедни”. Важно е тие да разберат дека сите дроги можат да бидат штетни. Многу се опасни и доволно токсични дури и во мали количини.
    ДРОГИТЕ ВО ТЕЛОТО
    · Дрогите при внесувањето,циркулираат низ крвотокот и влегуваат во ткивата на телото. Најголем број дроги имаат афинитет (привлекување) кон масните ткива и се растворуваат лесно во маснотија.
    · Дрогите не секогаш се елиминираат од телото.
    · Остатоците од дрогите можат да останат во крвта или други ткива различен временски период
    · Tелото може, во текот на подоцнежно вежбање или физички напор (кој што согорува маснотии), да ги ослободи хемикалиите во крвотокот и тие можат да и влијаат на личноста повторно.
    · Еден широко распространет мит за дрогите е дека тие само остануваат во системот кратко време така да не постои подолгорочен ризик. Земањето дроги, како што можете да видите , не е неопходна игра за еднаш . Дрогите можат да и влијаат на личноста дури и долго време откако таа престанала да ги зема.
    Преку давање на оваа информација на вашето дете, тоа ке биде подобро информирано за реалната ситуација и помалку веројатно е да земе дрога.
    Додатно, дрогите имаа уште поголем ефект врз тела што растат. Детските тела сеуште се променуваат и се развиваат. Тие можат значајно да бидат засегнати од хемикалиите и токсините во дрогите.
    ЗОШТО ЛУЃЕТО ЗЕМААТ ДРОГИ?
    Секој кој зема дроги ги зема за да се ослободи од некоја болка или да избегне некои проблеми или несакани чувства. Овие несакани чувства можат да бидат секои непријатни чувства, вклучително и досадата. Дрогите се сметаат вредни до степенот до кој продуцираат некои посакувани ефекти.
    Да разберете зошто некој зема дроги сега, вие треба да знаете што не било во ред пред тој или таа да почне да ги зема.
    · Личноста можеби имала некој физички проблем кој нему или нејзе и предизвикувал болка.
    · Тој или таа можеби пробувале да се смират
    · Можеби тој или таа не можеле да спијат.
    · Личноста можеби сакала да биде прифатена од други луѓе.
    · Тој или таа можеби сакале да се чувствуваат посреќно.
    · Или возможно е на личноста да и било само досадно.

    ·Дрогите биле привремено решение за несаканите чувства или несакани состојби. Да се здобие со вистинско решение, личноста би требало да го поправи она што во прво место го предизвикало проблемот.
    ДРОГИТЕ И НИВНИТЕ ЕФЕКТИ
    Следново ви ги прикажува во главни црти типовите на дроги и нивните ефекти. Запознавајки се со овие видови на дроги, ке ви помогне да говорете за предметот-дрога со вашето дете и да му одговорите на прашањата кои тој или таа може да ги има. Исто така ова ке ве запознае со некои од ефектите на дрогите со кои луѓето денес се соочуваат.
    Наркотици- се дрогите , посебно илегалните дроги, кои можат да ги затапат чувствата, да предизвикаат сон, правејки ги слични со депресантите. Разликата е најголема во фактот дека наркотиците имаат посилен ефект. Премногу количина наркотици можат да предизвикаат кома или дури и смрт.
    Стимуланс - е се што го забрзува некој витален дел од телото или орган или изгледа како да го убрзува некого. Коакинот е стимуланс.
    КРАТКОТРАЈНИ ЕФЕКТИ ОД СТИМУЛАНСИТЕ:
    · Забрзано чукање на срцето
    · Зголемена телесна температура
    · Зголемена активност (личноста се движи побрзо, побудна е итн.)
    · Зголемен крвен притисок
    · Намалени крвни садови.
    МОЖНИ ДОЛГОРОЧНИ ЕФЕКТИ ОД СТИМУЛАНСИТЕ:
    · Зголемена агитација или чувство на нетрпеливост, нервоза или вознемиреност што некој неможе да седи на едно место или да размислува смирено
    · Неспособност да спие
    · Илузии или лажни верувања за работите
    · Халуцинации (нешто што некој го гледа , чувствува или слуша што реално не е таму, или ваквото искуство.)
    · Параноја или неразумно верување дека не може да им се верува на другите луѓе, или дека другите пробуваат да го повредат.
    Повторно, како што беше посочено претходно, секоја дрога може да дејствува како стимуланс или депресант, во зависност од количината која е земена. Мала количина стимулира, поголема количина дејствува како седатив или депресант, а поголема дури може и да убие. Количината на дрогите што се зема е тој што ги креира горенаведените ефекти.
    Депресантот- е вид на дрога кој ја намалува активноста на телото. Депресантите обично се користат да му помогнат на некого да заспие и да ја намалат болката. Тие ја забавуваат функцијата на мозокот.

    КРАТКОТРАЈНИТЕ ЕФЕКТИ од ДЕПРЕСАНТИТЕ можат да вклучат:
    · Ч - чувство на некоординираност и “поспаност”
    · - -слаба координација
    · Р - редуцирана(смалена) интелектуална способност и редуцирана способност да се концентрира или да се запамети информација.
    · Р -редуцирана мотивација и енергија
    · Р -редуцирана способност да се оперира со машинерија, да се вози, кажува или плива.
    · Т -тешкотија добро да се просудува
    · Б -бавно дишење, или забавено биење на срцето и респирација (кое може да биде фатално)
    ДОЛГОТРАЈНИТЕ ЕфЕКТИ од ДЕПРЕСАНТИТЕ можат да вклучат:
    · FIзичка зависност(под контрола на телото)
    · З -зависност
    · А -апстиненцијални проблеми кои вклучуваат можни напади
    · П -продолжително уринирање или жед
    · - -ијареа или повраќање
    · З -зашеметеност или слабост на мускулите
    · З -зголемена нетрпеливост
    · П -поспаност
    Халуциногените -се дроги кои продуцираат изменета перцепција на реалноста. Халуциногените се најмокните и најопасни дроги за умот од сите дроги. Некои халуцуиногени дроги се депресанти, други се стимуланси.
    КРАТКОТРАЈНИ ЕФЕКТИ од ХАЛОЦИНОГЕНИТЕ:
    · И -интензивирана перцепција/халуцинации
    · З -забрзано чукање на срцето
    · Г -гадење
    · Г -губиток на апетит
    · Е -ежење
    рвенило
    -тресење
    · -параноја
    · К -конфузија
    · -акутна паника
    Ефектите од психоделиците како ЛСД се непредвидливи. На “лош трип” може да постојат непријатни чувства и дезориентација, паника и/или параноја. Овие можат да траат и до неколку часа.
    Халуциногените исто така можат да креираат привремено и сепак тешко ментално пореметување, каде мислите и емоциите се толку во конфузија ,па тој што употребува дрога губи контакт со реалноста.
    Оваа личност не може да се носи со рутинските проблеми, неможе да се контролира себеси и може да постане уплашен или нетрпелив.
    Луѓето кои често користат вакви дроги би требало да имаат тешкотија со концентрирањето и комуницирањето или би имале потешкотија да направат разлика помеѓу реалноста и илузијата.
    Долготрајни ефекти од халуциногените:
    · Лугето можат да искусат флешбекови(повратно дејство) каде тие повторно доживуваат искуства каде трипуваат(патуваат во минатото). Ова може да биде интензивно дезориентирачки и да предизвика нетрпеливост..
    Некои супстанции се претвораат во гасови, и кога овие гасови се вдишани , можат да предизвикаат корисникот да се чувствува “хај”(привидно весел и незаинтересиран за ништо). Овие се инхаланти. Терминот “дување на лепак” се употребува да се опфатат сите форми на употреба на инхаланти. Некои работи кои се употребуваат како инхаланти се: лепак, аеросол спреј, течност за запалки, разредувач за бои, боја базирана на хром, лак за нокти, коректор и бензин.
    Краткотрајни ефекти од инхаланти:
    · После “хај”, дрогата го забавува централниот нервен систем или пораките кои одат од и до мозокот за телото.
    · Зашеметеност
    · “стемнување” кое води до несвесност.
    Долгорочни последици од инхаланти:
    · Безсознание
    · Лоши грчеви
    · Конфузија
    · Перманентно оштетување на нервното ткиво
    · Смрт. Ова може да биде предизвикано од откажување на срцето, делумно ако корисникот е под стрес или вежба интензивно. Познато е дека некои корисници се онесвестуваат и се гушат во пластичната кеса од која вдишуваат.
    Како повекето улични дроги, и инхалантите создаваат зависност.
    Што е тоа Злоупотреба на дроги?
    Злоупотреба на дроги- е конзумирањето на секоја илегална дрога или неодговорната употреба на која и да е легална дрога ( вклучително неуспех да се следат препишаните инструкции за медицински дроги од докторите).
    Што е зависност?
    Кога личноста не е способна да престане да прави нешто, иако постојат многу неволји што резултираат од правењето на тоа, ние велиме дека таа личност е зависна.
    Физичка зависност
    Физичката зависност се јавува кога телото на личноста се навикнува да функционира со присуството на дрога во него. Ако употребата наеднаш е прекината, симптомите на апстиненција можат да се искусат.
    Согорување на Витамини и Минерали и физичката зависност
    · Дрогите предизвикуваат хранливите материи да се користат со абнормална брзина.
    *Алкохолот и другите дроги рапидно го согоруваат витаминот -Б1 во организмот.
    * Одредени дроги исто така го согоруваат и Нијацинот-Б3 и витаминот- Ц.
    * Калциумот исто така може да биде согорен.
    · Ова согорување на хранливи материи може да предизвика одредени негативни симптоми.
    * Недостаток на Б1 ,може да предизвика личноста да стане депресивна и да искуси потење, тресење, нетрпеливост и застрашувачки халуцинации.
    * Недостаток на Витамин-Ц може да предизвика главоболки и забавено зарастување на ткивото.
    * Недостаток на Калциум може да предизвика нервоза.
    · Ако злоупотребата на дроги продолжува, дрогите можат да предизвикаат дебаланс во човечкото тело.
    · Личноста може да не биде свесна за ова бидејки тој или таа е “хај” и неговата или нејзината перцепција е затапена.
    · Личноста ги чувствува негативните ефекти кога тој или таа не е на дроги.
    · Тогаш личноста зема повеке дроги да се ослободи од болката. Ова предизвикува поголем дебаланс и недостатоци во телото.
    · Наскоро на личноста и треба поголема количина од дрогата, почесто само да се ослободи од болката.
    Овој процес е главната причина зошто луѓето остануваат зависни од дрогите,и неможат без нив да “функционираат”.
    Апстиненција
    Апстиненцијата се однесува на временскиот период од кога лицето не земало дрога, од која тој или таа се зависни. Исто така се однесува и на менталните и физичките ефекти што се јавуваат во овој процес.
    Земањето дроги не само што предеизвикува непријатни ефекти за телото, туку и симнувањето од дроги може да биде непријатен и болен процес бидејки телото ја чувствува во полна сила штетата и недостатоците предизвикани од дрогите. На лицето би му одело добро да ги избегне и двете.
    Апстиненцијални симптоми
    Најтешкиот дел во симнувањето од тешки дроги е реакцијата наречена апстиненцијални симптоми. Овие се физичките и менталните реакции од не земањето дроги. Лугето имаат конвулзии(ненадејни движења на телото предизвикани од рефлексно собирање на мускулите). Тие можат да бидат толку тешки што зависникот се плаши толку многу од нив и останува на дроги. Реакцијата дури може да предизвика и смрт.
    Емоционална зависност
    Како што беше наведено претходно дрогите може да бидат привремено решение за болка, проблеми или несакани чувства.
    Но кога дејството на дрогата се намалува, болката или некое друго чувство кое го немало се враќа посилно од порано.
    Ако некој имал проблем кој го направил да посака да земе дроги, на пример, се чувствувал “премногу нервозен” да разговара со некого на забавата, тој може да земе дрога за да му помогне да се опушти.
    Кога дејството на дрогата исчезнува, чувството на нервоза е полошо од претходно, и тој бара повеќе дроги за да го смират.
    Но проблемот на ова лице за разговарање со луѓето нема да исчезне се додека тој не направи нешто во врска со неговата срамежливост и да открие дека тој може да разговара со луѓето без дроги.
    Постепена промена
    Никој нема намера да стане зависник. Откриено е дека зависникот не сака да биде зависник, но е втурнат во тоа од болка или безнадежност која е околу него.
    Зависноста е постепена и личноста може да не реализира дека го има тој проблем се додека не е прекасно. Ова е случај со многу луѓе,. вклучувајки ги и младите.
    Важно е за вашето дете да разбере дека додека личноста чувствува оти може да ја контролира дрогата во прво време, колку повеке човек зема дроги, толку повеке дрогите го контролираат него.
    Најдобриот начин да се спречи ова да не се случи. е никогаш да не се земаат дроги воопшто.
     
    На gentle.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603


    Ма види, и јас сум доста млада и сум многу против марихуаната и сите видови на дрога.(ви се допаѓало или не, тревата е дрога)
    Целиот твој пост знаеш како што си го сфатив? -Како обид да се убедиш дека марихуаната е скоро како аспиринот, за да кога ќе посакаш пак да пушиш да не осеќаш никакво чувство на вина. Као демек исто ко да си изела 3 бургери и еден сладолед наеднаш.
     
  8. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Не посегнувај повторно ако можеш по марихуанаи тогаш кажи не сум наркоманка кога КЕ ОДБИЕШ ДА ДУВАШ.
     
    На macka5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Незнам дали е до мене или до нешто друго ама неколку пати сум пробала марихуана онака коа сме седеле повеќе луѓе и они пушеле.. еве и вчера пушев и што? ништо не осеќам,ми викаат возисиго филмот! Кој филм бе човече вие се смеете ко будали а ја најнормална. Неможам да го сватам дејството,исто како и од цигара дим да сум земала,дури не се ни сеќаваат што збореле а јас се,најнормално како да не сум земала.. плус имам слушано како некои викаат и дека халуцинирале и им се причинувале работи.. божеее.. :D до мене ли е? :D како и да е,незнам ни зашто сум пробала ама дефинитивно нема пак да пробам од зависност или од некоја друга причина туку онака ако ми дадат 2-3 димчиња,иако они "ќе си го возат филмот" а ја ке ги гледам чудно. :^)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Не во никој случај.Ниту сум пробала,ниту сакам да пробам.Еднаш ако го направиш тоа,нема веќе враќање назад.А ...да, од трева се почнува,се додека не стигнеш до нешто појако и светот ти изгледа розев.Фраер/ка нема никогаш да станеш со тоа.Дури кога ќе сакаш да се излечиш ќе биде премногу доцна,а и да се излечиш луѓето секогаш ќе те гледаат поинаку.
    Едноставно,решение на проблемите не е ниту алкохолот ниту дрогата.Со тоа можеш само да се уништиш себеси,а и да ги повредиш оние покрај тебе,најблиските,кој највеќе те сакаат и сакаат нешто да постигнеш во животот. :?:
     
  11. Slim-Shady

    Slim-Shady Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    21
    Журка, ексери, џокац и добра екипа... :dance: :party: ^_^ :mm: :rock: 8)
     
    На Lolo5 и gentle.girl им се допаѓа ова.
  12. V.e.n.e.r.a

    V.e.n.e.r.a Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    18
    Ниту сум пробала ,ниту пак сакам да пробам.Можеби не знам се но знам доволно за да не користам.
     
  13. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    296
    Имам едно прашање... на која возраст мислите дека луѓето најлесно посегнуваат по дрога? Порано мислев дека тоа се тинејџерите, но сега имам сосема поинакво мислење...
     
  14. Therose.S

    Therose.S Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    3
    По дрога може да посегнат сите, било која возраст, најчесто од 17-25 години, на забави и слично. Водев трибина и прилично сум информирана за оваа тема, во никој случај и онака не би пробала, но, кога ќе помислам пак на последиците кои ги носи со себе... едноставно е премногу. Имам другарка, татко и се дрогираше, почина од предозирање кога таа беше 7 години. Дали тој се прашување како ќе живее таа додека тој си ги прави своите задоволства? Дали размислуваше кога животната заштеда ја истроши на дрога не размислувајќи на иднината на своите деца? - Не! Дрогата го окупира умот, сигурноста, а розевиот свет не трае вечно. Не постојат нерешливи проблеми, така што тоа е само обичен изговор на младите. Зарем еден проблем се затвора друг? Одговорот да би го соопштиле само нарко зависниците... И уште нешто. Единствен нерешлив проблем е смртта, а тоа доаѓа заедно со дрогата...
     
  15. sparklegirl

    sparklegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    29
    Има разлика од дрога до дрога. Многу сум против тешките дроги но не и против марихуаната. Да, и тоа е еден вид на дрога бидејки го стимулира организмот да не работи нормално но сепак несум против за 2-3 димчиња и потоа цела вечер си хаај. Несум пробала никогаш, но можеби некогаш ќе пробам само од љубопитност. Сум била присутна на журки со луѓе кои пушеле и на нив баш и е хај а јас не ни знам зошто се смеат. И оние кои пушат не ги сметам во никој случај за дрогираши. А не ја сваќам функцијата на коката, хероинот итн. Зар и е доволно тоа што ќе си дадат некој денар (квалитетните дроги воопшто не се ефтини) и после неколку часа ќе чувствуваат вина и повторно ќе посегнат по тоа за да избегат од реалниот свет? Стварно не ги разбирам...
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Се согласувам со тебе. За марихуаната често може да се рече и дека не е дрога. Јас како што знам таа не оштетува ништо во организмот а и некаде е легализирана. А за другото,немам зборови и не гледам никаква цел во дрогирањето.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Види вака една работа е ти како си го сватила мојот пост, а друго е јас со каква поента сум го пишала.Сепак секој со свое мислење нели?Видов дека имаш 21 година, и си доста постара од мене, целосно го поштувам твоете мислење нo не се согласувам , ти си постара и поискусна, незнам може и јас ке го иам истото мислење на твои години.Верувај дека не пробувам да се убедам.Јас верувам во тоа што верувам и тоа е тоа, нема потреба да те убедувам тебе, или некој друг а уште помалку себе.И апсолутно не чуствувам вина, ниту пак ме гризе совеста.
     
  18. sparklegirl

    sparklegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    29
    Да надополнам дека марихуаната е мноогу по здрава од цигарите :)
     
    На Lolo5, macka5 и ariela09 им се допаѓа ова.
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не ги класифицирајте дрогите како лесна и тешка. Дрога си е дрога, немојте да ви прерасне во навика. Сигурно сите сте запознаени што всушност ви прави на мозокот и на централниот нервен систем. Знам дека се користи марихуаната за медицински цели и за намалување на болка. Консумирањето го оправдувам само во тој случај.
    Многу од тинејџерите се подложни на конзумирање на дрога заради имање на некаков проблем или заради тоа што другарот е напатен.
    Ако имате проблеми седнете и решете си ги, немојте да ни марихуана да конзумирате, зошто иако е класифицирана како лесна ги уништува мозочните клетки. Бидете храбри, има решение за секој проблем :)
     
  20. planet

    planet Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    73
    Лесна или тешка, дрогата си е дрога.
    На што и да се навлечете, тоа е дрога, и ќе го конзумирате додека не изгубите контрола врз него, од кога тоа ќе превземе контрола над вас, ќе ве натера да посегнете по нешто друго, и нешто друго, и нешто друго.

    Пополека и со марихуаната. Пополека.