1.Дали би конзумирале дрога, чисто колку да се направите фраер/ка? 2.Кое е вашето мислење во врска со дрогата? 3.Колку е застапеноста на луѓе кои конзумираат дрога во Македонија? 4.Се произведува ли дрога во Македонија? 5.Колку сте информирани во врска со дрогата? Ги знаете ли сите мани и последици? 6.Дали некогаш би пробале или сте пробале дрога? 1.Апсолутно не.Не сакам да привлекувам внимание на таков начин. 2.Зависност од која сум скептична дека некој може навистина да се откачи.Зависност која полека,но сигурно го уништува оној кој ја конзумира.Психички и физички го оштетува и за жал најголемиот број случаеви завршуваат со смрт. 3.Мислам дека многу повеќе,од колку што навистина се мисли и се прикажува. 4.Појма немам 5.Мислам дека доволно сум информирана како секој нормален човек,со оглед на тоа што не се дрогирам.Не створила љубопитност до таа фаза кога би посакала да пробам.Според сето она што го имам прочитано и видено,не сум сретнала до сега некој со позитивно искуство добиено врз основа на конзумирање дрога.Напротив. 6.Како што кажав погоре,не,и нема да пробам Спојлер Лесни прашања
Irrepleceable ме натера сега и јас да ги одговорам 1.Дали би конзумирале дрога, чисто колку да се направите фраер/ка? 2.Кое е вашето мислење во врска со дрогата? 3.Колку е застапеноста на луѓе кои конзумираат дрога во Македонија? 4.Се произведува ли дрога во Македонија? 5.Колку сте информирани во врска со дрогата? Ги знаете ли сите мани и последици? 6.Дали некогаш би пробале или сте пробале дрога? 1. Никогаш. Пробувањето дрога е заради задоволство а не за да се правиш нешто. 2. Дрогата го уништува човекот. 3. Зависи за каква дрога е прашањево. Јас марихуаната не ја сметам за дрога така да,поима немам колкава е застапеноста на луѓе кои конзумираат дрога во нашата земја. 4. Мислам дека не. 5. Не сум премногу информирана,но знам дека има јаки ефекти но тешки последици кои плашат. 6. Не би пробала никогаш дрога.
Дрога никогаш не сум пробала, а и нема да пробам. За жал , секој ден повеке се зголемува бројката на луге кои конзумираат дрога. Доволно сум свесна за последиците и дека претставува зависност.
Сите знаат колку е штетна, колку ќе те натера да станиш зависник, но овде вака сите не знаат како е штетна, и што е тоа зависник. Штетна е и од прв пат да ја пробаш, да. Ама ако е само еднаш, штетниот ефект не премногу штетен, и нема да се сети со здрав живот. Зависност? Која е вашата дефиниција на зависност? Дали човек што еднаш/два пати на две недели пие алкохол за викенд е зависник на алкохол/е алкохоличар? Ако не, како може човек што еднаш пробал екстази да е зависник? Дали човек што еднаш на два месеци излага со друштво и пие чаша вотка или шише пиво или пак сите делат еден џоинт ќе го сметате за зависник на тоа нешто?
Дрогата е измислена за глупави луѓе. Гледам се повеке млади луѓе земаат дрога и глумат некои фаци од како ке се заглават во вц по 15 мин, а не свакаат дека се јадни и дека еден ден сето тоа ке им се одбие од главата. Родителите треба да имаат повеке контрола над децата, но и тоа не е деф. спас, сами на себе треба да си помогнат сите што конзумираат. Се на се едно големо не на дрогата.
да све е дрога уствари дроги се сите видови на билки ... дрога насекаде околу нас све е дрога ..од парацетамол до вентор .. има употреба и злоупотреба има дрига различни карактери есни тешки зависни и независни има дроги кои го отвараат мозокот и кои го затапуваат на интелетуален план .. Да за некои психоделични видови .. хероин никад НЕ
не су пробала никојпат ама незна што сте толку нападни кон оние на пример што си земаат трева и што сепак си се контролираат самите себеси во таква состојба ( не се насилни кон другите и не ти прават ништо што не ти правеле во нормална состојба ) ија су исто против ама за оние тешки дроги пример хероин - никојпат! ама трева.. незна искрено не ја ни класифицира во дрога и да - би пробала за година две
За ова нема да ви се верува што ќе ви го кажам. Јас во живот не сум пробала дрога, а и несакам да трошам пари на глупости како дроги алкохол и цигари! Но, мојот пра-пра дедо си го продолжил животот со дрогата! Секогаш кога ќе се изнервирал, си подшмркнувал и се смирувал. Знаете, во мали количини дрога може. На пример едни лекари одкриле како да излечат рак со дрога но судот не дозволил! Луѓево кажуваат сакаат да ни помагаат, а имаат план да ги убијат сиромашните со ГМО храна донирајки им ја! Тие се луѓе за во лудница! Но има некои кои си користат дрога како воздух и почнуваат со кучешки борби, собираат пари ги трошат за уште дрога, убиваат кучиња и други животни, убиваат луѓе и прават масакр на се што ќе видат, а на крај тие сами си умираат... Ми се крши срцето кога ќе дознаам дека тие наштетиле на самите себе и на другите околу себе! А посебно кога ќе слушнам дека очајни тинејџерки и тинејџери го прават тоа...
Одма ве "прочитав" кој шо конзумира овде. Гледам сте пишувале за марихуаната, па слатко се изнасмеав за неинформираноста на одредени поединци тука.. па вие не сте свесни колку е само застапена низ Македонија, бетер од алва се продава као шо би рекла баба ми. И секој, ама баш секој втор ја пуши. И најлошо е шо секој си го пика носот кај шо не му е местото. Пр шо те боли тебе уво, јас дали сакам навечер пред легнување да си пафнам еден? Наркоман сум одма. Утре одма на хероин ке преминам. Просто трагикомично. Ова беше чисто хипотетски. Зборувам затоа шо се имам дружено со секакви луѓе и морам да ви кажам дека сте во огромна заблуда за треварите, сите тие си се влезени во некој свој филм. Кој си мисли гето живот фура, кој си е хипи во душата.. секакви ги има. Али си се баш опуштени и многу не се замараат со вас како вие шо се замарате со нив. :geek: Многу голема врева кревате околу тревата. Наместо тоа, насочете се кон "другите" работи. Дрога била. А цигарите? Антидепресивите? Апчињата за смирување? А неее, тие ги одобрува државата и океј се. Утре државата ако ја легализира марихуаната? Таа магично ке се трансформира од дрога?.. во шо? Во цвеќе? Муабетот ми е се е во начинот на кој ги перцепирате работите. Ако за еден е добра, за друг може да не биде. Ако еден го опушта, на друг може му ствара анксиозност. И колку побрзо ги прифатите другите, толку побрзо ке бидете и вие прифатени. Наместо да судите кај ке стигнете, пошто нели вие сте праведни и не го правите тоа, запрашајте се прво зошто некој го конзумира тоа? Веројатно има причина. Не зборам за хероин и тешки дроги тука, да си бидеме начисто.
сеа со другарка ми седиме,се запрајвме муабет за марихуанава и пошто имаме повеќе другари што си конзумираат вака така муабет си затеравме па ми текна да наврата на форумов. ЗНАЧИТ ТОТАЛНО СИ ВО ПРАВО сеа доодуша сите себеси се изпозапустија гледајќи комшијата пријателот или некој трет штопрајт ама како што кажа ке дојт и денот ко ке станит марихуана = диазепам. додуша исти курац си е то
Јас сум строго против дрогата, без разлика каква е. Не сум пробала никогаш и не би пробала. Јас ни цигари немам пробано, а не нешто повеќе.
Се е во начинот на кој ние ги перцепираме работите? А да почневте да живеет во реалност малце? М? Што викате? Ти можеш марихуаната да ја перцепираш и како цвеќе и како билка, ма како сакаш гледај си ја ама реалноста е дека марихуаната е дрога (точка). Тоа е тоа. Не туку трескајте глупости (ова прв пат да го напишам на форумов ама стварно не можам да одолеам) мали деца читаат. По незнам кој пат да ви пишам дека некој црпи информации од овде. Се било до начинот на кој ние сме перцепирале. Абе ајде? И те молам ајде баш просветли не' сите овде која е таа фамозна причина поради која некој би конзумирал дрога? Мене ама баш никаква идеја не ми паѓа на памет. Инаку да не бидам оф топик да си кажам. Не сум пробала никаков вид на дрога и не планирам ни да пробам. Немам ни цигара пробано, а не па дрога. Ниту пак оправдувам нејзино конзумирање. А дека сето тоа е така наивно, да ви кажам баш и не е наивно. Секогаш се почнува од малце па после се знае на што се оди. И пред да ме нападнат тие што мислат дека се знаат и дека сум само бабски настроена или дека наркоманите како некои баби уште ги нарекувам "дрогаши", да си кажам дека не си вадам информации од ракав. МНОГУ добро ги знам СИТЕ видови на дрога. МНОГУ добро знам од што на што се иде. МНОГУ добро знам да приметам некој и на улица на каков вид на дрога е. Значи сум запознаена и повеќе од доволно и повеќе од што јас лично сакам да сум запознаена со ова проклетие. Така што размислете што правите, размислете со какви луѓе се дружите и размислете какви чекор правите. Некогаш некои работи си ги земаме здраво за готово ама цената отпосле се плаќа.
Случајно наидов на виедово и решив да го споделам, пошо имав спомнато во мојот претходен пост разлика мегу пијан и надуван, погледнете сами... http://brkajrabota.mk/zabava/video/2781 ... iv-naduvan
Како прво сега би ти понудила еден џоинт да си ги смириш малку нервите, пошто гледам многу се напна. Марихуаната според тебе е дрога и точка. Тоа е ТВОЕ мислење. Значи пак се навракаме на начинот на перцепција, затоа што ти ја перцепираш како дрога, но немора да значи дека е така само затоа што ТИ велиш дека е така. И сеа као јас треба да си го сменам мислењето оти ти ми рече дека трескам глупости? Ако сакаш да навредуваш пиши лп бе женска, форумов служи за размена на мислења, а не како издувен вентил. Иначе цвекето благе везе немаше со тоа што ти го кажа, ама бидејки ти не го разбра јас ке ти објаснам. Муабетот ми беше дека има многу поштетни работи од марихуаната кои се легални и се користат само и САМО затоа што се ЛЕГАЛНИ. Не секогаш легалното е и здраво. Зошто? Само поради тоа што е легално? И марихуаната да ја легализираше државата многу од вас ке го сменевте мислењето затоа што се водите според нормите кои ке ви ги наметнат. Како ке ви свират, така играјте. Треба размислување со своја глава. И секој си одговара за себе. И длабоко се извинувам ако на некое дете чудесно му го маѓепсав умот и го натерав да почне да конзумира трева. Како тргнала ситуацијава, ке ме обвинат за заведување на малолетници.
Марихуана па марихуана била дрога...оф оф ..да вистина секој си има некое свое размислување поинакво сфаќање на некои работи ама треба да размислит сепак малце поќе..на еден човек од болница му препорачале да конзумира марихуана иако не е легална овде во Македонија(посекако ние сме поназад со времево) а да се легализират сите ќе си почнат да земаат и ќе го сменат мислењето и што демек еднаш ако пробаш и готово зависник си ?! Во неколку земји ја легализира зошто ?! дека е изгледа многу штетна...надуван ти е исто ко пијан ма да надуван мојш и поќе да се контролираш..и јас за една или две години да би пробала..не ради нешто друго онака зошто да не ..во животот све сака да си проба а некој си стрварно дроги ко што се кокаин хероин то не би сакал..не би прифатила такво нешто..а треваа..ај виткајте си по еден џоинт и кулирај те си ..неможиме сите исто да мислиме тогаш се би било монотоно...