Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    За неколку години и марихуаната ќе биде легализирана насекаде во светот.

    Па ќе видиме тогаш како ќе размислуваме.

    Веќе е легализирана во Холандија,во Калифорнија,во Прага па сега вие видете.
     
    На Lolo5, K-pozitiv и smile-smile им се допаѓа ова.
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Не дека ЈАС мислам дека марихуаната е дрога, туку Е дрога. Значи можеме јас и ти колку сакаш овде да се препираме и да напишеме и 10 поста ама секаде во светот се смета за дрога. И таму каде што е и таму каде што не е легализирана. Единствено што е различно во нејзиниот назив е тоа што за разлика од другите дроги се нарекува уште и ЛЕСНА дрога. И не знам што ти сакаше да кажеш за начинот на перцепција. Јас никако не ја перцепирам, перцепцијата е начин на лично гледање на работите. А ова си има своја дефиниција која некој друг ја дал, кој е стручен, за разлика и до мене и од тебе и кој знаел што збори. А таа дефиниција е општо прифатена низ цел свет. Не можеш да одиш против нешто што е така. И тоа е тоа. Јас ти кажав, ти можеш да си ја гледаш и како саксиско цвеќе ама не е. Можеш и мониторот пред тебе да го гледаш како триаголник ама не е.

    Инаку за првото болдирано нема да коментирам зашто да не претерам ама сум го слушнала преку 10 000 пати. И секогаш го зборат само тие што конзумираат дрога. Изгледа немате друга потпора или пак оправдување. Така што џабе да си зборам јас овде кога вас толку ви е тоа зацртано во вашиот ум што е невозможно, буквално невозможно ни да се разговара за таа тема. За жал, сум имала доста прилики да разговарам со луѓе кои конзумираат и многу добро знам што зборам.

    И да, во право си, треба размислување со своја глава. На крај секој последиците си ги носи на свој грб. Секој за своите постапки си одговара.

    И уште нешто, не ми диктира мене никој како да играм. И да се легализира низ цел свет, јас лично нема ни да го допрам тоа проклетие, а не да пробам. И цигарите се легални па не пушам. ;)

    И искрено се надевам дека со ваквите ваши постови не му давате на некое дете поттик за да започне со нешто што не треба. Зашто на 20 и на 15 години не е иста зрелоста. Мислам дека треба тоа да го знаете.

    Edit: Не ми наведе причина поради која некој би конзумирал дрога. Зашто во твојот прв пост напиша дека ние не ги знаеме причините. Ајде те молам наведи една причина која ќе биде доволно силна за еве и јас да почнам да се дрогирам. Можеби ќе го променам мислењето доколку ме убедиш.
     
  3. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Марихуаната е дрога.

    Ама дрога е и андолот и аспиринот и сите апчиња во светот.

    Од андолот не те боли глава,од марихуаната ти се зголемува среќата. Значи сите овие работи имаат некое дејство. Како на пример марихуаната е помалку штетна од апчињата катефин менструал за време на менструални болки. Тие ги прекинуваат болките но секој пат ја намалуваат можноста за забременување. Марихуаната прави убаво чувство колку толку (и не се халуцинира од неа) но има последици слични како кај пушачите на цигари.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Па дрога e,исто како и апчињата точно,особено оние со опијатно дејство и штетни се секако,ама марихуаната може дури и повеќе последици да има од цигарите и останатите апчиња,баш поради тоа што и не ја сметаат за дрога и ја користат често (тие што ја земаат). А тоа дека ќе се смени мислењето ако се легализира,тешко. Тоа не значи дека ќе е подобра марихуаната,ќе си остани исто штетна.
     
    На sweet-star и Daydream им се допаѓа ова.
  5. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Што е последицата што е поголема? Марихуаната не е зависна дрога. Не се правете и вие како старине баби.Не ја пикаат во вена со шприц како некои наркомани што незнаат каде се наоѓаат. Штетна е мноогу малце повеќе од цигарите. Што се последиците? Само рак на бели дробови. Ниту мозок ти уништуваат ниту незнам што. Лековита е дури за некои болести.

    Мислам, сепак не правиме муабет за екстази.

    И вака убаво ако гледаме, се е штетно.
     
    На smile-smile му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Леле немојте ве молам вакви постови. Или не сте воопшто запознаени или и вие ја конзумирате па само се оправдувате себеси.

    Марихуаната е дрога, ок тоа го разрешивме. Ама дека не создава завист или дека апчињата биле поштетни од неа во тоа не можам да се сложам. Ако споредуваме со дијазепам од 5 мл ок може се на исто ниво ама па затоа дијазепамот во аптека не го даваат на помлади, значи? Друго е апче кое е испитувано на мал милион начини, а друго е нешто што израснало во некоја нелегална нива и тоа се конзумира.

    За мене ова нема ама баш никаква споредба и смешно ми е дури и што реплицирам на вакви работи.

    На цел современ свет, на какви не испитувања, на какви не научни мислења вие велите дека марихуаната и апчињата за против болка во менструација биле исто. Не знам што да кажам повеќе...
     
    На sweet-star и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  7. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Вистина? Сигурна си дека не влијаат на мозокот? Немој ти се молам...Лековита била...За што? За да се опуштиш и да се намали болката? Тоа само го измислиле како оправдување,покрај толку лекови против болка. А и зависност ствара.
    Ако не ја ставаат во вена,демек не се класира ко дрога? :D
    Младите па многу паметни се,се гледа,дури се знаат и многу "паметни работи" прават,пффф,и викаат вие нас ќе ни кажувате...
     
    На Unica и Daydream им се допаѓа ова.
  8. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Види Дејдрим. Дај ако сакаш кажи што може до толку да направи марихуаната? Може да се умре од неа? Не. Завист? Не.

    И не, не сум ја пробала но премногу сум запознаена со тоа можеби исто како тебе. Знам се.

    Ако ти велиш дека е така, не значи дека е така. Сепак тоа е твое мислење. Јас кажувам дека марихуаната може да предизвика рак на белите дробови. Ништо повеќе. Зависна е колку што се зависни цигарите. Значи таа е цигар или качак само не толку сува тревка и поштетна. Ништо повеќе. Да е до толку опасна колку што ја кажувате немаше да биде легализирана во повеќето држави. Да беше толку опасна немаше сите во Македонија да ја пушат,упс извини 70 % од населението.

    Да лековита е пеперутке но само кога се работи за незнам која одредена болест. Значи имам слушано многу за тоа. Не бидете толку тврдоглави. Нешто ви кажале така е и ТАКА Е. Слушајте читајте. Менувајте го мислењето,не е тоа толку лошо. И не му предизвикува ништо на мозокот. Да му предизвикуваше цела Македонија ненормална ќе беше.

    Штетна е, но не е толку колку што ја направивте.
     
    На smile-smile му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Не мора ни да знаЧи дека ти ја зголемува среката. Зависи на кого како му влијае. Моите другари сите ја користат и има некои ги кара на смеа, некои на тага, трети на паника..
    Лекарствата тоЧно е дека имаат дејства, ама освен при хрониЧни болести каде сто MORA да се користат, еден нормален Човек не лапка лекови секој ден од зависност, т.е не создаваат зависност.
    Еве јас на пр пијам аналгин мозе 2 пати во годината и сега? Зависна сум?
    А ако поЧнес со марихуаната хммм.. паааа мислам дека веројатноста да ти стане другарка е бајаги висока.
    Немојте молим ве да ми споредувате андол со марихуана! |(
     
    На Divinebutterfly, Daydream и ariela09 им се допаѓа ова.
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Ариелке не дека јас велам дека е така и мора да биде така. Јас не го измислив ова. Кажав и претходно дека не е проблемот како ние си гледаме на работите туку како навистина е. Секаде е општо прифатено дека марихуаната е штетна и е дрога. Јас не го измислив ова па сега нешто вас ве убедувам овде. Измислено и испитано е многу пред јас да се родам.

    А тоа што е легализирана не значи дека убаво и дека не е штетна. Знаете ли вие воопшто зошто е легализирана марихуаната таму каде што е легализирана? М? Затоа што државите си прават бизнис и профит од тоа. Виделе дека може да им се полни буџетот ако направат добра политика. И нормално сето тоа си се легализирало и сега сите ќе мислат дека они ја легализирале затоа што ете марихуаната не е штетна. Исто како што и проституцијата е легализирана, исто од истата причина. Апсурдно е да мислиш дека ако некој нешто прави односно во случајов ја легализирале и дека е супер. Па и геј браковите се легализираат и сега што, ок е тоа?

    Инаку не е лековита туку ја користат исто така нелегално лицата кои имаат рак и кои имаат преголеми болки. А не дека нешто може да излечи. Иако ова не е оправдано од докторите.

    Секој со своето мислење ама јас овде зборам за факти, не зборам за нешто што јас го кажувам па мора така да биде. Испитувано е, истражувано, луѓе кои учеле за тоа, луѓе кои животот го посветиле на истражување, епа не може ние повеќе од нив да знаеме. Смешно е да си тврдиме нешто од чиста мира, а притоа има доказен материјал за истото.
     
    На Unica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    А што,да не не е ненормална Македонија? :D Па затоа во Америка сите се ненормални :D Па ајде,да не останиме покусо...
    Јас никогаш на мој пациент не би препорачала марихуана. А за таа болест што викаш,на денешно време има друго олеснувачко лечење со апчиња,а болеста не се лечи целосно пошто е автоимуна,тоа нема лечење. Порано можи си ја олеснувале со марихуана,ама во денешно време нема потреба од неа.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Па јас не реков дека апчињата се зависност. :D

    Незнам каде го прочита тоа навистина. Сакам да кажам дека тоа се работи кои ги внесуваме за да ни се случи нешто. Значи вршат некое дејство. Не ги споредувам. Но сепак дрога ти е и тоа ако веќе вака правиме муабет. Марихуаната те прави среќен,тажен или било каков или ништо не ти прави. Андолот ти ја намалува болката. И ниту едното ниту другото се нешто смртно зависни.

    Познавам луѓе кои се зависни од апчиња. Цело време апчиња голтаат пошто мислат дека многу добро им прават,им го подобруваат организмот. И не се зависни туку така мислат дека треба. А од премногу апчиња се стасува на лошо место јас колку што знам.

    Не велам дека марихуаната е здрава но не ја правете смртно сериозна,озбилно штетна и психичко пореметлива болест како другите видови на дрога.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Да во право си дека порано го правеле тоа, не ми се верува едка некој денес на цела технологија и современа медицина ќе користи марихуана против такви болки. Си има лекарства за се. Иако таа болест е неизлечлива.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Абе секој си има мислење и јас тоа го поЧитувам. Ама вака како сто гледам па дури и со другариве мои, оние кои си ја користат или на кои им се допага идеата на марихуана користење многу тврдо стојат зад изјавите, не е стетна, не ствара зависност не е дрога бла бла.

    Абе ако веке сте се ресиле да ја користите бидете коректни и помирете се со тоа дека е дрога, дека ствара зависност и дека е стетна. Не мора да убедувате други во спротивното, за да си се убедите и самите.

    Ноу хард филингс, не зборам за никој конктретно, го имам казано и на другарите.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Абе дрога е кој вика дека не е? И штетна е,да!

    Но не е за умирање, психичко пореметување или незнам што. Не ја правете екстаза ќе ве молам. Благодарам однапред.
     
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    ^ Екстаза,неекстаза,во иста категорија се,која послаба која посилна тоа е...
    За умирање не е,ама за психички како делува оди проучи си.
     
    На Unica му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Немам потреба од фазла проучување.

    Знам дека не делува психички неагивно,бар тоа не ми кажувајте. Можеш ти да си проучиш или да се распрашаш ако сакаш ;)
     
    На Decapitated.Hanna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Не сакав да реплицирам ама ајде.
    Употребата на марихуана, посебно во адолесценцијата па и после, има ефекти и тоа забелезителни врз способноста за уЧење, меморија.. дури и намалување на IQ. Има влијанија и врз структурата и функционалноста на мозокот.

    Па сега ти кази ми дали не делува психиЧки негативно. ;)
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.450
    Допаѓања:
    42.419
    Пол:
    Женски
    Луѓе, луѓе што направивте бе.
    Јас лично секогаш бев против секаква дрога.
    И уште сум, но после поголема едукација и искуство почнав на друг начин да гледам на травата.
    Сите дроги се штетни, во поголема или помала мера не е битно, но не може да бидеме толку заслепени покрај се што се случува околу нас.Кој вели дека лековите не ствараат зависност?Има многу луѓе кои се зависни од лекови против болка или антидепресиви, тоа не значи дена тие се помалку штетни за нивниот организам отколку марихуаната.Или цигарите, тие и тоа како се штетни.

    Се е до самиот човек кога се зборува за травата.Колку си способен да си кажеш дека ќе останеш само на тоа и толку.И јас мислев дека е којзнае колку страшна, бла бла, убедена бев.
    Ама после контакти со луѓе кои пушат и го прават тоа само ради нивен ќеф сфатив дека и не е толку страшно.
    А дека не ствара зависност не ствара.
    Мојот дечко(му се извинувам што ќе го спомнам тукуа)ама морам за да дојдам до целта, пуши веќе неколку години и никогаш ама баш никогаш не сум се почувствувала дека одам со психички пореметена личност, тој си го прави тоа кога сака да се опушти,јас порано му зборев и се лутев и се, ама сфатив дека него тоа не го прави полоша личност.Уствари тој многу повеќе ме живцирал и сме се карале кога пие ракија пример.
    Сум му кажала само дека несакам да пуши пред да се види со мене или некаде каде што сме заедно, но не дека не се случувало.И нема створено зависност, еве веќе некое време не пуши, едноставно си кажа дека не сака повеќе и толку, никому ништо.Нит се понаша различно, нит го фаќаат кризи.
    Кога се работи за трава сметам дека се е до личноста, колку е способна да си каже сама на себе само ова ќе правам или сакам да престанам и точка.
    И јас сум добивала желба да пробам, ама јас сум личност која паничари па мислам дека поради тоа нема.
    Не велам дека нема штетно дејство, има сигурно, посебно ако се конзумира од млади години, постојано, ако осеќаш дека само така можеш да се опуштиш и насмееш.Мора да има некое дејствие на нервите, некои велат дека влијае на плодноста и така.
    Ама немате право да ги наречете наркомани оние кои пушат трава, затоа што не се, сите знаеме како се однесува наркоман, знам и јас, а знам како се однесуваат личностите кои редовно пушат зошто ги имам околу себе.
    Не велам дека е ретко тоа да преминат од трава на нешто посилно, но сметам дека поради тоа личноста треба да има цврсти ставови, дека не го прави тоа да бега од реалноста,да си ги реши проблемите, зошто колку што ми имаат кажувано травата не помага за тоа, не ти става розови цвикери...

    А и друго незнам кој спомна за легализацијата и споредуваше со легализирање на проституција и геј бракови, дали било ок, а сепак било легално, океј е!Мене ова најмногу ме боцка во бубрег, не знам кога ние луѓето ќе сфатиме дека секој има право како сака да си го живее својот живот, како сака да си го користи своето тело и има право да сака без разлика кого и што, ама ајде за тоа во друга тема.
     
    На Lolo5, buba4e89, pamelche и 3 други им се допаѓа ова.
  20. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Ми ги извади сите зборови од уста значи. Конечно некој сфаќа што сакав да кажам.
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.