Во ред, не сакам да излезе дека нешто овде се инатам или дека наметнувам, ете тоа си е мое мислење темелено врз многу искуства и тоа е тоа. Вие другите сте имале можеби други искуства, ваши лични и од други па имате различно мислење. Не сакам да излезе дека напаѓам некого тоа најмалку. Како и да е, искрено се надевам (ова не е иронично) дека навистина е така како што кажувате и дека нема да имате никакви последици понатака.
Ariela09 ти знаеш ли што значи зависност? Не е само да се тресат ко наркоманите...(никој не рече дека се наркомани овие,пошто тие веќе сосем подруго се понашаат,овде кажуваме што е и каква е марихуаната) туку да сакаат да запалат,да не можат да издржат,да ги влече за таква цигара. Некои можи не се до толку навлезени или не земаат редовно,па не се зависни (можда твоите другари се такви) но не се знае дали нема да продолжат,да зачестат и да почне да им дејствува повеќе. А и да, bittersweet е многу во право. А ти vacuuman, не е само таа статија,многу се,шо има врска дали е од 365 или друга страница,Google е полн со такви статии,побарај си,а и тие не се напишани туку така,дај те молам не туку оправдувај,лечела рак,аха утре сабајле,тие рак не можат да излечат со се и сешто,рак лечела како не...Зголемувала визуелизација да,секако,како иначе ќе си high...Социјални вештини ти е да се смеете за ништо со друштвото? Wow! Интерес кон нешто...а што,кога не пушиш и после тоа немаш интерес...Ако имаш интерес за нешто секогаш ќе го имаш,тоа не зависи од марихуаната. Ако сакаш пуши си и немој да ги убедуваш другите дека е добра ти се молам,пошто не мислат сите исто и кажавме овде и наше мислење. Ете,на тие што им е добра ок. Секој си мисли што сака. И јас не сакам ете да наметнувам мислење,само си кажав што мислам и што знам за неа,па сега кој сака нека прифати,кој не,не мора.
Јас само ќе кажам дека знам што е зависност и да препорачам да не се возбудувате толку. Vacuuman тебе ти ја оставам пеперутката
Ааа не,завршив јас овде Доволно ми е,а и нема да ме убедите. Јас си кажав. Добро ако знаеш,се надевам јас,да не испадне не знаеш.
Кратко и јасно, си била ли некогаш надувана? Ваљда не. Не, не се смееме со другари надувани, освен ти реков првите 50 пати, после тоа не се замарав да се смеам ко будала за ништо. Да, пишував по 12 саати кодови надуван. Да, имав проблеми со социјализација кои се средија после првите неколку месеци дување. Имав проблеми со опуштеност, кои се средија исто. И дефинитивно ги имав најјаките идеи кои кога се спуштав си се чудев како можам да ги имам.
Finally. Ова се бараше цело време. Смирена дискусија без навредување и прифаќање на туѓи и поразлични мислења од вашите. Немаше потреба од толкава врева. Поздрав
Па јас со сите си имав нормална дискусија и овде и во лп, со никој нит се скарав, нит навредив, нит ме навредија. Изгледа ќе да е до тебе проблемот.
Оу, хард филингс. А тоа дека не навреди никој малку потешко. Али нема врска јас како посовесна, не се лутам.
Да се изјаснам и јас, не сум конзумирала и немам намера. Меѓутоа ме чуди една работа само. Мислев дека пубертетските години е возраста кога дрогата е да кажам "најинтересна тема за истражување". Но сега гледам дека многу позастапена е кај повозрасните, некако како што станува времево се постресно и како што работното време се зголемува, луѓево се почесто сакаат да се опуштат за викенд со по некој џоинт (да бидам поконкретна - секој викенд). Што мислите вие?
сегде е застапена и то поќе од то што мојш да го претпоставиш.. само кој се криет а кој го знаат дека земат ништо страшно
За дрогата сум противна многу, не дека немам пробано далеку од тоа ништо не е специјално као што го прават дека е, затоа сите што немате пробано ве советувам да не ни помислите на тоа, не си ја уништувајте младоста/животот за тоа што сакате да бидете прифатени во друштвото или да искочите мангупи фраерчиња или бог ти знае што уште.
Ја пред некој ден пробав за прв пат трева ..сите во државава пушат џоинти само што се скирваат едни од други ..сакав да го сподела мислењето со вас ..желба имав пробав и што сеа зависна су ? ништо еднаш супер си ми бешеее окејј свее ..флајј флајј .. хах и не сака уште еднуш нема потреба..више зна како е чуството..нема ништо против ..земете опуштете си се пробајте..еднаш ако пробаш и не си зависен ..то само ти е до психата и до карактерот дали ќе запалиш пак или не ништо поќе ..а тие што си имаат поинакво мислење што се против ..и тие еден ден ќе пробаат ..никогаш не вели никогаш ..
Никогаш у живот немам пробано а и нема да пробам.Тоа е нешто што најмногу мрaзам у живот.И одговорот на сите прашања е НЕ ! КАЖИ И НЕ НА ДРОГАТА
ија су со тебе љубопитноста си го прајт својто, си пушат јако си им е и што сеа ?! што ве болит вас за другите ко што ви е арно така прајтеси
јас сум пробала трава и е кул доволна е да отидеш малку on the other side и да се чувствуваш убаво. имам пушено многу пати и ќе продолжам. love it
Ќе може ли некој малку да ми објасни за џоинтот, на пример, како се зема, какви последици има, зошто најчесто се земаа?
па се ролува имаш видеа на yt а и ако има некој поискусен може да ти покаже. се зема ради забава убаво чуството е, леташ се смееш - а после саат - два дејството престанува и се си е нормално. а познавам и пријатели што го земаат препорачано од доктор, за намалување на болките ( во посериозни болести ) џоинт де - ништо страшно
Никогаш не би потпаднала под нелие влијание да се направам фраерка и да пробам дрога. НИКОГАШ. Дрогата е самоубиство, за луѓе што не си го сакаат животот и бараат излез. Моите родители од мала возраст ми зборуваат за последиците од дрогата и стварно се катастрофални. Незнам како некој би се решил да почне да се дрогира и покрај тоа што ги знае последиците и како се тоа ќе му влијае на животот, психата, изгледот и се друго. Но, за жал, многу луѓе не го сфаќаат тоа како многу лошо и се решаваат на ваков чекор и си го уништуваат животот...