Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Незнам дали ова сте го напишале претходно на јас за дрогата велам:
    -„Дрога? Не фала ја чу бурек!“ :rofl:
     
    На RockNroLLGirL и sweet-star им се допаѓа ова.
  2. MiaJ

    MiaJ Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    18
    Ме интересира(затоа што не сум модерна и не сум конзумирала бело) дали може човек да се излечи, дознав пред извесно време дека дечко ми(со кого моментално сме скарани) бил зависен и бил 3 пати на лечење, но залудно и таман дојде периодов што сме скарани за убаво да си размислам што понатаму со него... Читав по интернет за белото за лечење, симптоми и слично, он стварно ги има сите симптоми, не спијам и ја покрај него(живеевме заедно) со денови апла 5-6 дена без ич спиење, зашто ми прави муабет, намалена сексуална активност, дури почна да слабее и све некои глупости му паѓаат на памет од никаде да прави, не е ни битно... Јас се би напраила он да престане со конзумирање кока, затоа што не, не е кул ич и не, не е фаца... И знам дека има пари да си ја дозволи што е уште по да не кажам жално, и дури и ми има признато дека имал пробавно само 2-3 пати, ама дека бил на лечење 2-3 пати дури и во странство не знаев, help help што мислите Вие, дали може да се излечи, како, дали да му простам, што да направам.....Изгубена сум стварно, ми треба помош многу!!!! :?:
     
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.477
    Допаѓања:
    55.024
    Пол:
    Женски
    Не фала, се почнува од радозналост демек само еднаш и после ќе се навлечеш, не велам не има и такви кои останале само на еднаш. Од никогаш не сум сакала да го пробам ова чудо, свесно да си уништам живот, може сум старомодна простете :P
     
  4. sever123

    sever123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    98
    I am not saying you should smoke all day but one or two times it should be OK.

    :rofl:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Значи прво мислам дека е РЕДНО ВРЕМЕ луѓето да ги почитуват туѓите мислења и одлуки.
    Не велам дека треба да се согласите, само да ги почитувате. Ако некој оправдува дрога, то си е негов личен став нема потреби од напаѓање и вреѓање.

    Иначе јас лично сум против дрогата и мислам дека не би имала ни храброст а ни воља да ја пробам.
    Освен трева :D Некогаш дефинитивно ќе се надувам 8)
    И знам одма сега коментари од типот и то е дрога, нема тешки лесни, така се почнува бла бла бла.
    Се е до умот. Мое мислење. :rofl:
     
    На Lolo5, smile-smile и cheetah.girl им се допаѓа ова.
  6. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Секој си има право на свое мислење и како ќе си одлуши да го тера животот.Не планирам да објаснувам како тревата е природна супстанца и нема врска со потешките дроги како кокаинот.А тоа дека кога ќе престанеш да пушиш,сакаш да се префрлиш на појако е најголема глупост.Пошто 80% од моите познаници вклучувајќи ме и мене сме пробале,сме престанале,некои уште си се активни и животот си тече исто
    Не може некој да објаснува за дејството на марихуаната,ако не пробал каков ефект има.
    Според медицинските истражување докажано е дека еден „кец“ месечно влијае позитивно на мозочните клетки.Се разбира дека секоја прекунамерна употреба е штетна,ама ова важи за секој производ во глобала,можеш да се предозираш и од витамини.
    Така да chill out,don't worry and be happy :D
     
    На Lolo5, Valerin, ku4ence и 10 други им се допаѓа ова.
  7. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    Лично јас сум против дрогата. Доволно сум свесна за последиците и никогаш не би пробала. Секој си има право на избор и одлука што ќе прави со својот живот и одговара за своите постапки, но одлуката да се почне со дрога не влијае само на поединецот туку и на сите околу него. Зависниците не си го упропастуваат само својот, туку и животот на нивните најблиски. Затоа пред да се проба и да се навлече на дрога секој треба да размисли за ОГРОМНИТЕ последици.
    Некој ќе рече дека има различни видови, лесни, тешки... и дека некои како пример канабисот не се дроги, но со самиот факт што не се легализирани, сите тие се забранети супстанци и сите ствараат ЗАВИСНОСТ.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Safira26

    Safira26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    106
    Има случаи во кои некои луѓе се лечат од тоа, но повеќето остануваат засекогаш робови на дрогата...обично по нивното лекување преминуваат на нешто полесно, како што е на пример тревата, за подоцна пак да потклекнат на нешто полошо. И сама викаш може да си ја дозволи коката...најверојатно тој е збеснат од толку многу пари, кои всушност се можеби главниот виновник за да се навлече на тоа. Всушност он си е сам крив и тоа е тоа. Мој совет е се откачиш што порано од него, зашто извини ама вашата врска нема иднина...Зар би сакала утре да бидеш во брак со таков човек? Што би рекле твоите најблиски? или зар би сакала да имаш деца со таков човек? Тој може да стане агресивен, па утре да крене рака на тебе или твоите деца...верувај имам такво искуство..и тоа не од кока, туку од зависност од трева...Да ради таа зависност бившиот крена рака на мене...и после што? 2 недели плаче, се извинува и ме моли за наредни 2 недели да биде се по старо....според мене тие луѓе не се способни нормално и здраво да размислуваат и единствена битна и сакана работа им е дрогата...а во моментите кога се добри и ти изгледа дека стварно се каат-ЛАЖАТ! не дозволувај некој таков да ти го уништи животот..кога ќе го заборавиш ќе ти се гади од него и ќе се прашуваш како си можела да бидеш со него..
     
  9. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    јас сум антипушач а за друго да не зборам.... :D мразам такви работи
     
  10. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Ќе ги замолам тие што се против легализација на марихуаната,да го погледнат ова видео.
    Од неодамна имав длабока дискусија на оваа тема и никој не ми веруваше во она што го зборувам. Еве овој човек - Џон Илија Апелгрен - може да ви објасни на многу подобар начин од она што јас објаснував (или пак поинаку е кога ќе се слушне од постручно лице одколку од една обична феминка).

    Општо оние кои ја сметаат марихуаната за дрога,нека го погледнат ова.

    http://www.youtube.com/watch?v=gGFl-gsWbSU
     
    На Marossa, AziskaStrslenka, Valerin и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Ludaaaa

    Ludaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Дрога=најодвратното и најлошото нешто на светот.. Тоа е нешто што во денешницава многу луѓе го користат.. Не сум информирана целосно за тоа ама знам дека заради таа дрога умираат многу луѓе и светот се полека полека се уништува.. :(
     
  12. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Потполно се согласувам со тебе и со тоа што Џон Илија го кажува. Имам и поназад пишано. Не сум пробала и засега немам потреба од тоа ама во иднина можеби ќе пробам. Чисто од радозналост. И тоа нема да ме направи наркоман.
    Убаво прави споредба меѓу канабис и цигари. Од канабис никој никогаш не умрел. Од цигарите се ствара никотинско труење. А сепак се достапни на сите. И легализацијата нормално би била контролирана. Ако се легализира не значи дека треба да се дила насекаде и секој да има пристап до канабисот. Како и да е секогаш имало поделени мислења и ќе има :) Битно човекот убаво си објасни.
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    ^ Човекот предобро објасни и на сите спротивности имаше предобар одговор. Значи навистина не се знае зошто марихуаната (канабисот) е забранет во нашата држава,па и во повеќето други. Илија буквално го замолчи Маријан а и сите што го делеа мислењето со Маријан. Единствено нешто што им останува да речат е: Нема грешка...

    Иронија.
     
    На AziskaStrslenka и cheetah.girl им се допаѓа ова.
  14. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    ^ Верувам дека уште поубаво ќе му објаснеше на Маријан па и на сите кои што го делат мислењето дека марихуаната ( канабисот ) е мнооооооооогу штетна дрога но ги прекијана демек времето им истекло. Сепак и ова е доволно. Не дека ако некој кој е против марихуаната ова видео ќе го смени неговото мислење и сега тој некој би сакал да се легализира истата но барем би правеле разлика меѓу марихуана и потешки дроги.
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.612
    Допаѓања:
    167.321
    Пол:
    Женски
    Марихуаната никогаш не била силна дрога. Створа минимална психичка зависност, нема физичка зависност. Не прави големи промени во организмот и можи да се остани на „само едно пробување“. Никогаш не сум гледала нешто лошо во неа безразлика што татко ми ми носеше цели книги кога бев мала зошто дрогата во општо е лоша и штетна и се плашам дека тој не очекуваше дека сфаќам и ќе сфатам дека марихуаната покрај се не е штетна.
     
    На Jenniffer, citiesinflames и K-pozitiv им се допаѓа ова.
  16. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Со што се самозадоволувате?

    Вчера ни правеа дрога-тест во школо дававме урина на лице место. е сега јас немам пробано ни марихуана ни било каква дрога. е сега прашањето ми е дали ако си у близина на некој што пушел марихуана т.е ако си до него и дури он пуши си вдишеш случајно, можеш да бидеш позитивен на дрога ? свесна сум дека немам ништо направено ама ве молам одговорете, пошо ако случајно излезе позитивно нема да знам што да кажам ни крива ни должна ќе настрадам ??
     
  17. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    ве молам одговорете којзнае, страв ме фаќа иако знам дека неам пробано
     
  18. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
  19. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Не, нема да испаднеш позитивна. Смири се, не оди тоа баш така.. :D
     
  20. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Такво нешто никогаш не би пробала,затоа што на тој начин самата си го уништувам животот,свесно,знаејќи дека тој пат води до смртта.Несфатливо ми е кога ќе видам некој свесно да греши и не се труди да ја поправи грешката.Бог да не чува подалеку од ова чудо.
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.