НИКОГАШ не сум пробала.. нема ни да пробам. НАЈМНОГУ МРАЗАМ АЛКОХОЛ , ЦИГАРИ И ДРОГА. Едно нешто ке кажам само.. ДРОГАТА Е ПАТ ВО НЕПОВРАТ , АВАНТУРА ОД КОЈА ИЗЛЕЗОТ Е МНОГУ ТЕЖОК.
Никој не праша за кого е прашањето немора сама да се искажуваш Информирајте се ако не друго имам барем каде да прочитате за да знаете
А тебе никој не те праша дали треба да се информираме или не. Ако ти е тешко да одговориш пиши тешко ми е да ти одговорам, а не критики да делиш и да омаловажуваш. Затоа е форумот нели да си прашаме а не да се критикуваме меѓу себе. Поздрав
^ 1.Прашањето ти е општо а не поставено на одредени личности, 2.Што е омаловажување ? Океј критика да ама омаловажување не гледам во мојот одговор Сида се пренесува на друг начин, во врска со дрогата се пренесува преку шприц. И со добра намера ти одговорив незнам зошто такво однесување и контрирање поздрав и до тебе
Не бе ако не се исфрустрира некој...не е фемина. Убаво си праша девојчето, јас не знам навистина што ја нападнавте. И ја нападнавте не одрекувајте. И Викторија, таа праша за марихуана а не за дрога што се внесува со шприц. Не може да се пренесе СИДА преку марихуаната. Трет одговор на нормален начин. Фала, пријатно.
Знам имаше време кога како дете се палев ептен по темава (не дека сега сум нешто голема ) И така си мислев дека марихуана е најстрашната "дрога" и сум се плашела да пробам.. Ете, дојде и тој момент кога пробав, оваа година, Јануари негде чинам, се препушив и не знаев кај сум, мислев дека правам ручек кај мене у кујна и воедно дека е 12 вечер а ни тоа ни тоа не беше точно. После тоа немав некоја желба да го повторам искуството, ама и тоа се случи после неколку месеци и тоа два-три пати ама ниеднаш не го добив истиот филинг како првиот пат, не знам зошто. Знам само дека многу, многу јадев, имав збунети изрази на лицето, малку се смеев и правев лабав муабет. Е, толку беше. Немам запалено џоинт 2-3 месеци и не осеќам некоја потреба од тоа. Сум одела на транс журки и слични на нив, кај што 95 посто од луѓето "се на нешто" без ништо буквално ни марихуана, ни пивце, едино со цигарчето и сум си поминувала топ, дури и поубаво од кога сум била под некакво "дејство". Интересно ми било да ги набљудувам луѓето, целите во филмови и си викам јас кујзнае каква сум била. Исто ми е интересно како порано, уште почеток на прва година не бев ич информирана за темава (сега повеќе сум истражувала зошто ме интересирал оној психолошкиот аспект отколку дека нешто конкретно сум сакала да пробам) како одвај чекав да ме пуштат со друштво на одмор или покасно во град и како ќе се надувам или ќе земам екстази. Многу филмови, и еве сега кога веќе одам сама на одмор, не ми е тоа приоритет таму ниту пак да палам по некое цигаре, зашто си ги палам и тука и немам многу гајле од моите. Не знам што ќе се случува понатаму, ама еве за во блиска иднина конкретно за одморов ако ми се пружи прилика, би запалила по еден џоинт, би зела и едно мајмунче, тоа одамна ми е желба ама на друго нешто- не би одела. Некако ко да ми мина времето кога (толку) ми леташе паметот и кога бев желна за експериментирање. И сеа, од моја гледна точка. Наркоман сум? -Не. Не ни имам некој потенцијал да станам. И порадо би испила едно пивце за живце да ме олабави отколку да испушам џоинт, некако и ми пречи на грлово.. Ама никако не е лоша работа, кул е, опушта ама не е нешто wow, не очекувајте огномети, освен секако првите неколку пати и ако сте како мене да испушите кец ипол првиот пат сами..и да отидете у рај.
мислам дека се е до личноста и карактерот. од еднаш не се станува наркоман, ама и не си од оние што никогаш не пробале исто како да ако си имала еднаш секс со едниот дечко, а после во друга врска ќе речеш нее ја сум невина хахах дрога си е дрога. толерантноста и јакиот карактер се од големо значење при превземање на првиот чекор за пробување на дрогата.
Не .. никогаш не сум пробала и нема да пробам да го кажам ова опкружена сум нашколо со деца што се дрогираат и можам да земам ако сакам во секое време не ми летаа умот дотолку .. фала богу свесна сум што правам ..никогаш никогаш не би го направила тоа не би ни пробала марихуана а пак со шприц ? - самото име ме заплашува кога ќе ми текне на последиците од хероин и таквии дроги, страшна работа бре луѓе . нашколо почнаа да пуштат durg - free програми за да им дојде паметот на децава.. катастрофа..жива катастрофа .. на родителите гајле им е .. кој родители ? .. мајка и татко разведени и тие со дрога фатени сега се бунат да ја направат легална .. АЛО ??? свесни сте бре ? колорадо еве сега ја направи легална тоа беше хаос хаос загреота .. илјадници луѓе чекаа пред продавница денови и денови за да купат.. немам зборови
следен пат кога ќе ви текне да земете било каква дрога сетете дека е нелегална и можете да бидете заради тоа фатени од полиција шала на страна, јас никогаш немам пробано дрога, во главно во моиве кругови што се на училиште, пријатели само марихуана имаат некои пушено, сум имала шанси да пробам но не сум пробала, највеќе поради тоа што не е легална затоа што ми е страв од полиција. мајка ми уште од мали години ми збори за дрогата ми го „испрала“ мозокот веќе на таа тема и прво мислев дека и од марихуана се станува зависник затоа што мајка ми така ми викаше, но после сфатив дека не е баш така али си имала штетни дејства, но кога тргнав во прва имаше деца што имале запалено и кажуваа дека не станале зависни од тоа, прво неверував али имав една блиска другарка и дечко дури што го правеа тоа и можеа со месеци да издржат, али сепак несакам да си играм со тоа затоа што е нелегално, али за други дроги па сум ептен против затоа сметам дека марихуана е штетна али најмалце од сите дроги што постојат. исто така несмеам да се дружам со деца од клас затоа што мајка ми мисли оти сите од марихуаната станаа тешки наркомани а не е така ме интересира дали вашите родители ви имаат зборено за тоа и дали ви забраниле со некој да се дружите
Јас сум против тоа да се зема дрога . Тоа е глупост . И никогаш , ама баш никогаш , не би го пробала тоа ѓубре( се извинувам за зборов ) . Што ако земете дрога и се чувствувате убаво и заборавате на проблемите . Тоа е само привремено . Повторно се враќате во реалноста и се соочувате со проблемите . Не се залажувајте со тоа . Дрогата само ви го упропастува животот и ви штети врз здравјето . Но жално е тоа што неа ја има се повеќе и повеќе . Распространета е насекаде . Се повеќе и повеќе луѓе стануваат зависни од неа или пак имаат желба да ја пробаат . Има и смртни случаи кои се предизвикани од дрога . Но секој има право да одлучи за тоа . Дали ќе проба и ќе стане постепено зависник од неа , или ќе се соочи со светот и ќе продолжи со својот живот како и сите останати .
Има една многу добра книга за девојче што се другирало и едвај преживеало, книгата е врв, се вика "Дно"-Анче Пешевска. Само книгата е новоизлезена и неможе да се најде секаде.
Никогаш не сум пробала дрога а и не ни планирам да пробам. Познавам некои кои се дрогираат (секаде има) а причините биле разно разни заради друштво да се направи фраер/ка, заради проблеми дома со родителите или од некаков друг вид па дрогата ја гледа како еден вид на бегање од реалноста и не соочување со проблемите... Некои пак од пуста радозналост да видат што е како е... Нема лек за дрогата. Кога еднаш ке се навлечеш на дрога, потоа и да сакаш да престанеш касно е.. Стануваш зависен, а со тоа тие што се зависници почнуваат дури и да крадат (ако немаат пари) само за да дојдат до дрога. Тие што имаат лични сериозни проблеми треба да разговараат со родителите,пријателите а ако се во училиште со професорите,педагозите и етц. има надлежни за тоа. Сметам дека никој не треба да си го уништува животот заради некој друг . Дрогата не е одговор на ништо, секогаш има друго решение.