Леле, леле, се изначитав глупости. Прво сите вие сте зависници од нешто. Било од храна, пијалоци, апчиња и слично. Да започниме од храната. Прочитав негде низ мислењава дека брзата храна предизвикува зависнот. Точно! Да се префрлиме на пијалоци. Колку од вас пијат кока-кола? 80% сигурно. Епа мили мои неиформирани душички во кока-колата има состојка која ја содржи хероинот и предизвикува зависност. Порано таа состојка беше во поголема количина и затоа луѓето стануваа зависни од кока-кола. Исто така и алкохолот. Ако е легализиран не значи дека не е еден вид на дрога. И тој предизвикува зависност. А, пак, апчињата, да не зборуваме за нив. Од аналгин до лексилиум, се е дрога. Малку сега за класичните дроги. Марихуана. Дрога е не велам не. Ама има разлика од дрога до дрога. И немојте да споредувате мастраф и хероин, аман! Убаво е објаснето дека тревата предизвикува само психичка зависност! Исто така марихуаната се користи и како чај и во медицината. Плус се користи за лекување наркомани! Значи луѓето кои се фрлени на кока, хорс и слично ги лечат со марихуана. Немам пробано, ама би сакала да пробам мастраф, дефинитивно. И ме чудите со вашите коментари за наркоманите. На крај краева и тие се луѓе. Сигурно и тие не сакале да завршат така. НЕМОЈ ДА ЈА СУДИТЕ КНИГАТА ПО КОРИЦИТЕ!
Има разлика од тоа да се дрогираш и да пиеш апчиња, кока кола етц. Во апчињата има минимално количество на дрога, не е чиста дрога, а истото важи и за кока-колата итн. Точно е дека наркоманите се луѓе, но сепак сметам дека сите ние имаме избор дали да прифатиме да се дрогираме, да пушиме цигари, да пиеме. Никој неможе да не натера на нешто што не сакаме освен ако ние не се согласиме на тоа. Не за џабе низ училиштата, на разни телевизии и по интернетот постојано зборат за штетните дејства на дрогата,цигарите и алкохолот и како завршиле тие луѓе кои претерале со нивната употреба. И точно е дека марихуаната ја користат често во медицината, но едноставно неможеш да споредиш чиста дрога со храна или апчиња. Ако била корисна ние сите ке сме се дрогирале секој ден. А кога мислам на дрога мислам на метамфетамин,екстази,кокаин итн.
Исто така, тие наркомани што се лечат, најчесто почнуваат со марихуана, па подоца продолжуваат со потешки дроги.
Дали би конзумирале дрога, чисто колку да се направите фраер/ка? - НЕ. Кое е вашето мислење во врска со дрогата? - / Колку е застапеноста на луѓе кои конзумираат дрога во Македонија? - Има многу луѓе кои ја конзумираат посебно бев изненадена од личност која ја мислев за нешто друго. Се произведува ли дрога во Македонија? - Незнам. Колку сте информирани во врска со дрогата? Ги знаете ли сите мани и последици? - Има многу последици секако лоши. Дали некогаш би пробале или сте пробале дрога? - Не сум пробала и нема да пробам.
Дечки, прво и прво тревата не е штетна, единствена дрога од која неможеш да се предозираш, значи апсолутно не постои предозирање од трева. Од се може, од трева не. Блиска роднина имаше рак на дојка и и кажаа да пуши иако немаше претходно пробано-и пушеше. Сега е чиста, се излечи, не сакам да тврдам дека тревата многу помогна во тоа иако има удел. Немојте да пишувате глупости на неинформирано, знаете дека во многу места е легална? Ако беше толку лоша, немаше да биде легална. Претходната година во центарот на Прага кога бев, влегов во продавница за трева, се продаваше од торти со трева до наргилиња до трева на кило и слично.. Не сум против и не сум за секојдневна употреба иако еднаш месечно сметам дека е во ред. Ама еднаш И друго, сакав да напоменам, кога веќе се зема секакви хемии, забрзувачи за учење,спидови, екстази информирајте се што може да ви се случи, сепак тоа не е играчка плачка..
Of lele... toa e medicinska treva i ne se dava ne lecenje, tuku za namaluvanje na bolkite. Trevata gi olabavuva muskulite i teloto. Da bese tolku dobra, ke bese vo sloboden promet a ne zabraneta vo pogolem del od svetot. Bozeeee
Абе секоја дрога си е на свој начин штетна,нема полоша - подобра, некои мислат дека марата не е кој знае колку штетна, да со оглед на другите кој пак предизвикуваат тешка зависност, халуцинации, разно разни болести, но забораваат дека пак го нарушува психичкиот развој, и не би функцконирале како што треба. Секако дека понекад и во медицината ја користаат, само кога е стварно неопходно,а ако се има слобода да би се користиле легално, хаха незнам што би биле тогаш, ќе бидеме ко некое зомби од филмовите.
Каква ти е таа медицинска трева девојче жити се?Нема таква, таа е истата што ја пушат, само што вие си правите филмови.
Јас ни цигара немам запалено, не пак да се дрогирам. Никогаш не би пробала, од неколку причини. Прво, штетно е, потоа немам желба, а ни потреба, едноставнo не ме влечат такви работи. Немам буквално ништо против оние кои знаат два пати годишно да запалат џоинт. Но, имам многу против станување зависник од било каква дрога, па дури и од обични апчиња за глава. Додека се контролираш и си свесен што правиш, не е толку страшно, ама ако целосно се препуштиш и заборавиш, станува многу опасно.
Сакам мојов да го проверам дали има нешто во него иако ми вика дека не пафка веќе. Па да ве прашам луѓенца колку чини еден тест да купам и какоо да и се обратам на аптекарката без да се обрукам
Фино лепо правец аптека и ќе и објасниш како овде што напиша, ќе си добиеш соодветен одговор и тест ако има. Наједноставно за анализа е урина, ама ај натерај го да се тестира де!
А дали може да се примети по понашањето некако ако конзумира трева? А инаку наједноставен е но многу тешко покажува резултати.
^Може ако е уште под дејство, очите му се црвени, се смее без причини, устата сува ќе умре за вода, и смрди многу, онака баш специфичен е мирисот.
Абе види, не мора да значи. Зависи и од тревата и од човекот ако умее да се контролира. Напади на смеење/еуфорија те мава првите неколку пати, после ти е онака лабаво. Ама и до човекот е. Исто за очите, мене некогаш не ми биле ич црвени, можеби само паднати малку и сум пушела многу па не ми било ништо, сум осеќала одвнатре ама најнормален муабет сум правела, и дома сум ручала со моите и не ме приметиле. А се случило и очи да не можам да отворам, цело лице да ми е црвено, и саат ипол-два да не можам збор да сврзам. Ама се си зависи од тревата, човекот, искуството.. а за очите најмал проблем е, може да го среди и тоа и пак да не се примети.
Ако е ептен гладен и жеден,ако се збркува и не може да сврзе реченица,ако очите му се паднати и личи на јапонец,ако мириса,ако се задлабочува во некоја точка и се губи подолго време или пак ако се смее цело време. Во принцип тоа ти се основни симптоми,мада кај секого е различно,зависи и до видот на стоката и од поединецот
Лелеле колку глупости се изначитав. Апчињата се 100 % дрога. За тебе да не те боли главата ти даваат апче. За ти да заспиеш ти даваат апче. Исто и ова, за да ти се причинуваат работи си пиеш апче. Битно: Воопшто не поддржувам такви дроги. Не. Па веќе во неколку држави е во слободен промет. Тоа значи дека сепак постои нешто и тоа многу големо што не ја прави опасна. Всушност таа не е воопшто опасна само вие не сте доволно информирани. И башка од тоа што немате искуство. https://www.youtube.com/watch?v=gGFl-gsWbSU
Тревата, те. марихуаната се применува во медицинска сврха, ама ако се злоупотребува, те. се користи во слободна употреба итекако не е безопасна. Пример ти олабавуват рефлексите и како за себеси, може да си опасен и за другите околу тебе (пример во сообраќајот), патем се она нешто што те контролира не е здраво, а не е ниту безопасно. Друго, и апчиња се направени со некаква (медицинска) цел, а исто така може да се злоупотребува нивна употреба, како пример трамадол кој е за јака болка, ама ако го земеш неколку комади ќе добиеш друг ефект, диазепам или слично. Дури и Ефедринот (капки за нос), ако ги испиеш ќе добиеш "ефект на дрога". Одраснав во место каде што се наоѓаше дом за незгрижени деца. Нив ги имам видувано дека ставале бронза во најлон кеса и го вдишувале додека да добијат посакуван ефект. Исто и лепак. Тревата е само пософистициран начин да добиеш сличен или ист ефект коишто ги прават сите овие други работи, за да дојдеш до состојба на психичка зашаматеност, да се така изразам. Постојат послаби и посилни дроги, ефектот им е да влијаат на мозокот, а се што надворешно стимулирано дејствува на мозокот, на вештачки хемиски начин, не е добро. Цигарите не се здрави и се штетни по здравјето, па марихуаната, или хашишот поарен да не е? Затоа е навистина лошо да се декларират некои работи за безопасни и да се заведуваат неупатените, неинформираните, кој од една трева бидејќи била наводно безопасна, ќе пробат и нешто појако дека им се свидел ефектот на живеење во нереален свет, уште ако имаат проблеми во животот, тешки околности, па го најдат лекот во бегање од реалноста, е тогаш за мерак. Прашањето е дали им е на сите овие тоа првобитната намена? Не е. Во старите времиња дури и појаките дроги како хероин и кокаин се користеле како лек, па со текот на времето луѓето откриле начин да го злоупотребат. Самото по себе не е ништо од ова лошо, ако се користи за што е наменето. Лошата е злоупотреба, бидејќи ништо, ама баш ништо добро, никаква корист не донесува истата.
Додека си под дејство на марихуана не си воопшто опасен за другите, ниту за себе. Второ, 90% од сообраќајките се случуваат од возач под дејство алкохол. Исто така не се видело ни чуло некаде сообраќајка со возач под дејство на марихуана кој ја направил грешката. Нели тоа ти докажува дека алкохолот е многу поопасен од марихуаната? Тоа е факт, не е само ова со сообраќајкиве. Јас лично сум пушела марихуана и тоа долго време. На почетокот можеби имаше некои ефекти (или сепак беше до квалитетот на марихуаната) но после тоа апсолутно ништо не ми беше. Значи разговарав нормално, не ми се причинуваше, не ми се лошеше, не се смеев како ненормална. Едноставно бев иста со малку поолабавени мисли. Ниту станав зависна од тоа. Едноставно еден ден ме пукна дека не сакам повеќе затоа што не ми правеше некоја голема разлика. Затоа помислив дека цигарите ми се доволни. И така преку ден престанав. Денес дури и одбивам да земам затоа што сметам дека тоа би го направила само во исклучителни прилики кога навистина сум happy и сакам ништо да не ми го спречи тоа. Марихуаната не е штетна. Помирете се со тоа. Еден да се најде да ми даде линк од нешто што укажува колку марихуаната штети повеќе од цигарите.
Дрога ? Абе овде и да сакаш неможеш да си најдеш.. прво немаш пари, второ незнаеш каде се продава, трето ако веќе за некое чудо најдеш пари, па мили ти се и не ти е даваат. Јас лично немам пари и неќам, незнам каде се продава а и не ни сакам да знам и трето да мили ми се, за тоа не давам ни влакно а не пак парите што ми требаат за нови фармерки и блуска. До каде стигна светов, да се нема пари за дрога Јас ко мала велав дека нема да ставам цигара во уста, и ставив, и тоа не една. Една која стално е последна. Ко мала исто велев дека нема да се дрогирам, и еве можам да се пофалам дека немам пари за фрлање на тревка, фала богу, уште тоа ми е кусо.. А познавам две дрогирашки, главни во градот пошто пафкале! Па добро бе женски, дај дрога и ние знаеме да пафкаме, да се буцаме по раце нозе, да шмркаме.. Знаеме да не се враќаме дома по цела вечер и да ги "метиме" улиците, влечкајќи се во раните зори на ладов. Али добро, сепак сте ви дејствува отровот - дрога во вас незнаете кај ви е главата, па затоа и не гледате кај одите, колку е часот, а не пак како изгледате. Изгледате дрогирано и подло. А какви бевте порано. Порано се плашевте од некој пијан човек на улица дека е дрогираш и бегавте и врескавте "бегајте иде дрогираш, бегајте" Како може олку да се промените. Што сега пораснавте ли? И да ви кажам право ве свиѓав кога врескавте по уливите и бегавте од "дрогирашите". Тогаш барем не ви беа испрани малите детски мозочиња. А ако веќе мора да се бира помеќу пијаниот и дрогираниот, можеби ќе беше подобро да сте пијани. Ако ништо друго барем ништо друго, тоа е посватливо и поевтино, па неморате да станувате најголеми крадци заради вашата сакана тревка.. Како мали знам еднаш тајно се разбира со другарка ми ја слушавме едната дрогирашка и раскажуваше на другата како го продала златното ланче од баба и во златара за да стигне го саканата тревка.. а баба ти замисли како стигнала до тоа ланче.. и да било убаво и да не било сепак е спомен, се чува.. А мајака и на дрогирашката слушав го барала низ цела куќа, што докажува дека и ланчето е вредно.. А оваа дрогиранава па дури и се обложила со мајка си дека ако го најде ланчето ќе и ги даде парите од продаденото ланче. Вистината се дозна да, и ќерката здобиена со казна, вредното ланче мајката сакала да си го поврати назад, но сега поскапо нормално, а пари немала за да си го купи, поточно поврати вредното ланче и таму и остана. Но се знаи парите кај одат и кој ги зима од дома. Дрогиранава ја измамиле или незнам како и и дале помалку пари во златара, па да не тргна да го кради од златарата.. па добро тогаш зошто го украде и тоа за малку пари, кои и онака ги фрли на улица, односно ги испафка. Дрогирана работа. Кутрата мајака, којзнае уште какви проблеми има со оваа.. А уште се сеќавам на нејзиното детство кога трчаше по улицата кога ќе ја видеше мајка и како доаѓа од работа за да ја гушне и бакне. Ехх, тогаш не се делеше од мајка си. Но тогаш за тогаш.. Ни им го слушавме разговоров на дрогираниве целите преплашени како и тие пред неколку години кога ќе видеа пијани нели ? И се смееја и фалеа какви глупости правеа, сега за среќа не се сеќавам на тие глупости тоа беше како помала.. И така и ние избегавме ко од пожар и вриштевме по улиците, знаете веднаш се познаваат дрогирашите. Онака дрогирани и страшни. Па уште не зафркава дека малечки и ни велеа "дојдете ако сакате, не ве јадете дојдете..." И подобро што избегавме, не верувам, но од каде знаеш што може да ти направи "дрогиран мозок" не би занела не сум пробала и не ни сакам да пробам, незнам што им се врти во глава, а и несакам да знам.. Подобро,и да не слушаме глупости, не беа за наша востраст наменети.. Ма глупачки, оди пуши трева "добра" е за здравјето што го "имате" Но добро знам за едната дека се одвикна, со тежки маки секако, а другата незнам ја немам видено одмана ни на дрога ниту без дрога. Можеби се иселила или надајбоже од толку дрога... НЕЗНАМ Во секој случај дрога во уста нема да ставам никогаш.. навистина .. НЕ ЗА ДРОГАТА ...