Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    6.529
    Од близок човек, знам дека при конзумирање дрога (тука не зборувам за марихуана) многу е важен психолошкиот фактор. Ако немаш јака психа, лесно се препушташ на моменталното задоволство и од чиста причина што ти е фино, сакаш пак да земеш за да ти е убаво. И јас кога интензивно пушев, сите ми викаа да прекинам и тоа имаше само контра ефект, или се криев или си терав зошто едноставно ме исполнуваше во моментот. Наеднаш ми здосади, и месец дена не правев а пред тоа скоро секој ден. Исто, пробав екстаза и сама си го направив лош филмот, искрено немаше некој ефект кај мене и бев во депресија тој ден и другиот, можеби зошто имам читано дека после земање на екстаза следниот ден те вози бед филм. И така и се случи. После тоа се истрипав дека морам пак да земам, ми треба, мноогу ми било убаво, а зошто? Не дека стварно било така, туку се ми било до главчето. Не велам дека ако конзумираш цело време, не се јавува физичка зависност, ама психата е страшна работа, затоа и не ни можеме да разубедиме некој зошто он е убеден дека му е предобро. И не зборам овде за амфетамин, хероин, кокаин, тие навистина ствараат висока физичка зависност..
     
    На Portishead, Candid, AziskaStrslenka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    НЕ ЗА ДРОГА ! Никогаш не би конзумирала ,воопшто не ме интересира , едуцирана сум во врска со дрогата , ама едноставно сум многу против.
     
  3. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Isto Ne Za Droga !!!
     
  4. Vestarka

    Vestarka Нов член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ми треба помош,пред две и пол недели пушев марихуана,а треба да направам крвен тест и ми треба совет доколку знаете.дали е можно да направам нешто да се исчистам и тестот да покаже негативен,затоа што немам пушено многу..советувајте ме
     
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Тест на психотропни супстанци ќе правиш или обична крвна слика?
    И во двата случаи нема да покаже ако навистина поминале 2 недели.
     
  6. Vestarka

    Vestarka Нов член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски



    не обична туку за психотропни супстанци
     
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Не би требало да покаже после толку време ако си испушила еден џоинт.
     
  8. Vestarka

    Vestarka Нов член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    затоа што покажува и по неколку месеци тхц останува во крвта.
     
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Гледам запознаена си. Мислиш дека врвните спортисти не пушат трева иако пред секој натпревар ги тестираат. Ако е само трева нема да покаже, ама ти најдобро си знаеш.
    Едит: Кажи ми преку урина ќе те испитуваат?
    Сега бев на еден бугарски сајт и таму вика да пиеш многу течности и витамин Ц и ако тестот е праку урина ќе покаже негативен.
     
    Последна измена: 1 декември 2014
  10. Vestarka

    Vestarka Нов член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски



    нема да ме испитуваат преку урина,само преку крв.пијам течности ама имам слушано дека стои во крвта по 3 4 месеци ама ради тоа што јас не сум редовен пушач кој пуши секојдневно или барем по еднаш неделно. мислам дека имам поголеми шанси да се исчистам
     
  11. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Тхц се задржува во мастите и затоа тешко се искоренува. Ништо пии течности ама не претерувај. Земај витамин Ц и Б па ваљда нема да покаже. На урина е полесно отколку крв во крвта се задржува подолго. Со среќа и плс престани да пушиш трева можеш и без тоа.
     
    На Vestarka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Vestarka te molam da ne koristis poveke marihuana. Aj sto ke se vidi na testot, no pogolem problem e sto ke se odrazi loso vrz tvoeto zdravje.
    Mora da se iscistis od takvi poroci.
     
  13. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Дрогата и алкохолот се најголемите убијци на македонската младина. Нема ништо поболно од тоа да гледаш како твои другари, пријатели, семејства пропаѓаат, се уништуваат поради оваа глупост која либералните мејнстрим идиоти ги промовираат секојдевно преку музика, филм. Трошете ги своите пари на продуктивни работи, образование, социјализација, театар, кино, спорт, истражување наместо уништување на животот, на моториката на телото, на психата, затоа што дрогата остава трајни последици по здравјето на човекотот. Не се залажувајте со лесни приказни дека марихуаната е здрава, дека се употребува против разни болести. Погледнете ги личностите до вас што конзумираат марихуана. Живеат како роботи, паралелен универзум, успорен ум, говор.

    Македонец значи здрав, Македонец значи чист ум!
     
  14. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Се очекував ама патриотизам и во оваа тема не.:D
     
    На Lolo5, HeidiDiWalt, crimson и 6 други им се допаѓа ова.
  15. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    580
    Дрога консумираат повеќе луѓе отколку што мислиме. Денес на една емисија слушнав: пола естрада пуши марихуана.
    Впечатокот од сите оние уживатели на дрога кои сум ги сретнала во животов е дека доколку знаеле колку далеку можат да отидат со дрогата, никогаш не би се впуштиле.
    Нема изговори од типот: на младината во Македонија и е тешко. Дрога консумираат млади и од неизживеаност и од премногу добро. Неиздржани и незрели коментари се тоа. Тешко му е на секој човек на светов, некогаш во животот.
    Најзабавниот дел од дружбата со сите тие уживатели на дроги, тековни или апстиненти во фаза на одвикнување ми е нивната силна волја да излезат од блатото. Најчесто по дрога посегнуваат такви желни ревносни луѓе кои во животот сакаат да ги фатат сите кривини, да ѕирнат по сите ќошиња итн., Слава на Бога се повеќе од нив се решаваат на тој чекор.
     
  16. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Ок, тогаш да ги учиме наши од мали деца да се дрогираат, да пијат, да не се добри ученици, да не одат во театар, кино, цел ден да скитаат, да немаат никаква општествена, национална и патриотска должност спрема својата татковина само за да бидеме кул и модерни според некои стандарди на поп културата?

    Секое општество коешто не се бори против овие девијации е осудено на пропаст.
     
  17. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Можеби грешам, можеби не сум информиран, но тоа што јас го гледам и доживувам мислам дека пополека, но сигурно дрогата не е веќе тренд кај младите Македонци. Тоа беше периодот од 1995-2008 година кога масовно почна да се употребува дрога, да се шверцува дрога, да ја има на улиците достапна на сите.

    Последните години гледам тренд дека процентот на користење дрога константно опаѓа, електронските и хип-хоп журки коишто беа главно дувло на наркомани веќе скоро и ги снема. Младите пополека почна да ја сфаќаат дрогата како средство за уништување на сопствениот живот, веќе не си ИН ако се дрогираш, не си кул во очите на повеќето девојки, во очите на другарите, сите веќе те доживуваат како еден вид на пропалица и клошар. Многу од младите коишто ги познавам се навлекоа на спорт, теретана, здрава исхрана, добар изглед, успешна работа што е многу позитивно. Повеќето што земаат дрога тоа го прават во тинејџерски години поради потреба од внимание, популарност и слично, но таа желба одминува со текот на времето. Тој што извлекол газ си продолжил да живее чист, тој што се навлекол завршил во Бутел.
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    580
    Точно е дека се забележува префрлање на здрава исхрана, тератана, западот ни го донесе и тоа како што ни ја донесе дрогата. Но, денес е се полесно да дојдеш до дрога. Додека порано уживателите на дрога се криеја по сокаци, денес се среќаваат по локали и кафичи како отворено уживаат дроги и така се поприфатени во тие друштва. Верувај, уште има такви места и збиранки. Со тенденција на намалување.
    Можеби социјалните мрежи се и повод на младите помалку да излегуваат, една ретка нивна светла страна, ако може да се гледа на нив од таа перспектива.
     
  19. Vestarka

    Vestarka Нов член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    toa bese samo ednas, i sega sum sigurna deka poveke nema da ja koristam.
     
  20. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Немам конзумирано дрога и не би конзумирала во никој случај. У последно време е презастапена дрогата, се поголем е бројот на наркозависници, страшна е состојбата. У старт можам да набројам 10тина луѓе што ги знам и што земаат дрога, некои од нив дури и ја препродаваат. Уште во средно коа имав проект за дрога и коа праев некои истражувања, значи некаде пред 6-7 години, состојбата беше ужасна. На ниво на држава каква што е нашата, толку голем процент на луѓе да земаат дрога, и тоа бројките ги покажуваат само регистрираните зависници, додека вистинската состојба е уште пострашна. Според она што тогаш го истражував а и она што можам да го забележам дека тие зависници не потекнуваат од дисфункционални семејства, барем не најголемиот дел од нив, баш напротив, се од доста угледни фамилии, задоволени со се у животот. Само во моето маало има еден куп наркозависници, и самата сум била сведок кога земале дрога, додека бев помала се случуваше со други деца од маалото да не пратат по алуминиумска фолија, лепак или боја, еден од нив подоцна умре од предозираност. Да не зборам за кражбите кои ги правеа коа ке снемаа пари. Состојбата е значи катастрофа.
     
    На twilight123 и Vestarka им се допаѓа ова.