Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Se slozuvam so tebe potpolno. Mora da se stavi kraj na ova.

    Treba da gi legalizirame lesnite drogi za da vospostavime kontrola veke ednas vo drzavata. Inaku vaka ke se unisti mladinata.
     
  2. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
  3. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Нека го гледаат овој филм, The Basketball Diaries со Leonardo DiCaprio
    [​IMG]
    оние кои сметаат дека земањето дрога е cool. Нека потоа одберат што сакаат во животот.
    Не сите ја имаат таа среќа да се извлечат.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Vestarka

    Vestarka Нов член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Mislite li deka marihuana e lesna droga, iako spada vo grupa na lesni? Jas iskreno mislam da ni marihuana ne bi trebalo da se konzumira. Probav taj eden pat, nemase nikakvo dejstvo na mene, i sega ne razbiram zosto lugje voopsto koristat marihuana?
     
  5. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Pa da mislam deka e lesna droga. Nema nikakov efekt vrz psiholoskata sostojba i mislam treba da se legalizira kako cigarite. Ima mnogu poteski psihotropni substanci vo odnos na marata i tie mora da se prohibiraat. Marata e isto kako cigarite. Neznam voopsto zosto se smeta za druga. A od druga strana ako se legalizira ke se kontrolira polesno i ke fiskalizira isto kako tutunot. Ke se soberat novi sredstva vo budzetot i ke moze da se investiraat vo opstestveno polezni celi.
     
  6. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Девојче, гледам во профилот си напишала дека по професија си "психолог". Ако продолжиш да пушиш нема да станеш ни "п" од "психолог". Нека не те лажат со поимите лесна дрога, тешка дрога. Сепак е дрога! Не за џабе е забранета насекаде низ светот. Свести се! И тај еден пат, нек тее последен!:fubar:
     
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Јас немам ни цигара во живот запалено, а не пак дрога ама сум имала пак многу контакти со луѓе кои конзумирале и марихуана, и хероин, и кокаин, и со почетници, и со тешки зависници, и со луѓе кои повеќе не конзумираат и со луѓе кои за жал повеќе не се со нас поради тој ѓавол. Сум разговарала и со луѓе кои биле до краен стадиум, а сега живеат нормален живот, и се чисти повеќе од 20 години. Ги има и такви, верувајте, ги има доста, треба само силна волја, а тие самите си знаат низ каков пекол поминале. Како и да е, многу добро знам што и како се случува, и никој не може да ме убеди дека има лесна, тешка, помалку тешка, не толку лесна и дрн, дрн, дрн дрога. Се' е тоа дрога, а кога се работи за дрога, апсолутно се' ствара завист и апсолутно се' е штетно и повеќе отколку што можеме да замислиме.

    Со други зборови, би рекла, не верувам на било каков зависник кој во моментот конзумира некаков порок и вели дека тоа не е штетно и те убедува како може уште денес да стави крај. Седни да разговараш со било кој зависник од цигари и сите без исклучок ќе ти речат дека немаат никаков проблем, ништо штетно не почувствувале до сега, белите дробови им се супер, и дека можат да ги откажат цигарите, ништо страшно не е тоа. Истото се случува и со сите други видови на зависност. Не верувам на тие луѓе кога зборуваат за својот порок зашто не се објективни, не можат да си го признаат проблемот пред се' на себе, а потоа и на другите. Зашто ако гласно го изговорат тоа, значи дека си признаваат самите на себе дека имаат проблем. Баш заради ова многу зависници завршиле таму каде што завршиле. Не побарале гласно помош. Мислеле дека се' знаат и дека се' можат. За жал, тоа биле и некои луѓе кои лично сум ги познавала. Додека пак, кога сум разговарала со луѓе кои ставиле крај со таа страна од животот, ќе ти направат многу друг муабет и тек тогаш ќе ја сфатиш вистинската и реална страна на било која дрога. Зашто тие луѓе расчистиле пред се' со себе, си го признале проблемот прво на себе, а потоа на сите останати. И сега после икс години на нив воопшто не им е проблем да разговараат за тоа и да бидат реални, зашто го победиле и стравот од себеразочарување, и го победиле најголемото зло.

    Кога разговарав со еден поранешен долгогодишен конзумент на марихуана, ми рече: Нека дојде некој и нека ми каже лично на мене дека марихуаната не предизвикува завист. Знам што поминав додека ставав крај.
     
  8. Portishead

    Portishead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Колку и да ја категоризираат како ’тешка дрога’, вистината е дека марихуаната е далеку побезопасна и од алкохолот и од цигарите. Порано и јас мислев дека кујзнае што ќе ми се случи доколку пробам, но ете, бидна. Пробав, и како што гледате, здрава и жива сум. Околу создавањето на зависност, мора да се напомене дека зависност може да створи и кофеионот, и слатките, па уште многу други нешта кои што ги конзумираме секојдневно. Тешките дроги како кокаинот кои создаваат тешка физичка зависност, не ги ставам во ист кош, затоа што немаат никаква врска со марихуаната. Тоа дека ако почнеш со марихуана ќе сакаш да се префрлиш на нешто појако, нема никаква врска со марихуаната туку со самата психичка состојба на човекот и неговиот карактер. Тоа најчесто го прават оние кои што пушат од помодарство и за да бидат во тренд - луѓе кои што воопшто не ги почитувам за разлика од оние кои што тоа си го прават од ќеф. Всушност, конзумирањето марихуана не е никаков индикатор дека може да почне да се конзумира некоја од тешките дроги - ако некој сака да проба нешто појако, тоа може да го направи и без претходно да пуши. Тоа е исто како да кажам, дека тој кој пуши цигари има потреба да пуши марихуана - сосема нема смисла. Јас долго време конзумирав и никогаш не почуствував потреба да почнам да конзумирам нешто друго, а ниту пак ми создаде некаква зависност. Едноставно, се чувствував среќно, ме опушташе и земав токму затоа што ми беше убаво, и кога веќе престанав (своеволно, без потешкотии од причина што не осеќав потреба повеќе) немав никакви кризи.
     
    На rainbowec, teateevska, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  9. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Се додека родителите не се заинтересираат за децата, нема да тргне младинава во правилна насока. Доѓа тинејџер од ноќно излегување, влегува дома и никој не го забележува а тој крајно напушен. Еднаш два пати или три пати, после тоа веќе е навика. Без разлика на карактерот, одредени години си носат свои особини. Јас имам шамар јадено и тоа звезди видов,на моја 18-та. Заради таа марихуана. Секоја вечер некој не чекаше со сестра ми да дојдеме. Или мајка ми или татко ми. Ете таа вечер не пречека татко ми. Уште го паметам шамарот. Никогаш повеќе не пробав а сестра ми ми рече - Ти реков ако дојдиш напушена дома ќе си го добиеш.
     
    На Daydream и Daleron им се допаѓа ова.
  10. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Често сакам да пушам марихуана, имаше одреден период кога тоа го практикував секој ден неколку месеци, но за среќа тоа сега го правам поретко. Интересно искуство е, обични нешта ти стануваат смешни, уживаш во одреден тип на музика особено Pink Floyd. Исто така би сакал да пробам магични печурки и LSD, да искусам психоделично доживување. Некои луѓе имаат позитивно, а некои негативно искуство, па би сакал да пробам.
     
  11. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Te molam nemoj da odis ponatamu od toa sto si probal do sega. Posledicite moze da bidat mnogu losi i za tebe i za semejstvoto.
     
  12. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Ти благодарам за советот, ќе размислам. Имам доста истражувано дека LSD не предизвикува завист и доста креативни личности имат позитивно искуство, но исто така имам запознаено луѓе што имаат лош трип, тоа може да те извади од памет.
     
  13. Portishead

    Portishead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на предходниот својот пост.
    Сметам дека навистина стануваме зависни од нешто кога престануваме да го користиме за тоа за кое што е наменето и на некој начин, го користиме за да ги задоволиме своите емоционални потреби :) На тој начин, да, може да се стане зависник од марихуана, но и од интернет, храна, било што...
     
    На tessie, AziskaStrslenka, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Имам приметено кај нас дека луѓето имаат доста негативен став кон марихуаната иако не се добро информирани, но тоа важи и за други работи.
    Постојат особено постари луѓе кои не знаат како попаметно да си го трошат времето па пијат секој ден ракија, ако здогледаат некој како пуши марихуана веднаш ќе речат дека е наркоман :D
    Кога сум бил во помали градови самото споменување на марихуана во разговор привлекува сомнителни погледи, понекогаш во такви ситуации ми доаѓа да се насмеам на глас.
     
    Последна измена: 30 декември 2014
    На rainbowec, teateevska, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    Јасно е дека марихуаната не е тешка дрога, никој не го оспорува тоа, но за жал многу луѓе кои почнале со тоа продолжиле и на појако. Тоа е како еден почеток на тој свет, и после многу луѓе сакаат да искусат се повеќе и повеќе додека не стигнат до хероин. Еве и BoneMachine го потврдува мојот став. Сега веќе не му е доволна марихуаната, туку сака да проба и LSD и печурки, па не дај Боже, после нешто друго итн. Со марихуаната се отвараат вратите на тој свет каде што после непознатото те влече, мислејќи дека од еднаш не се станува зависник, а сепак тука е љубопитството каков ефект ќе има оваа или онаа дрога на мене. Сите оние кои ги познавам (за жал ги има доста), кои станале нарко-зависници почнале со марихуана.
    Марихуаната како таква, не е многу штетна, и доколку е природна (иаку кај нас многу ја прскаат со други дроги, хемикалии и отрови за да биде појака) нема некој лош ефект на здравјето, нити на свеста, и не е ништо поштетна од тоа да се направиш дрво од алкохол; но доколку човек е доволно цврст и не го поведе љубопитството кон нешто друго.
    @BoneMachine , те молам не продолжувај кон тие други глупости, доколку се грижиш за своето здравје и своето семејство. Ова од искуство ти го кажувам, имав таков член во семејството. Љубопитството си го направи своето и работите заминаа предалеку. Сите страдавме, но најмногу тој што подлегна на тоа. 2 пати беше зависник, и за среќа на време се реагираше, но тој сега си носи последица цел живот од тоа, а тоа е епилепсија. Тој е втор случај што лично го познавам, кој се здобил со епилепсија поради тие дроги. Сега не смее да седи на само со своите деца, поради стравот дека може да добие напад и да му испадне бебчето од раце, или ќеркичката да се истрауматизира, и да не знае што да прави, затоа што е премногу мала за брза помош да викне. Ако веќе пушиш марихуана, потруди се да останеш на тоа.
     
    На cheetah.girl и tessie им се допаѓа ова.
  16. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Од друга страна 98% од сите тие травари што ги знам се тешки идиоти, умоболно искомплексирани, физички и умствено успорени, непродуктивни, неквалитетни поединки. Извини пријател, ама во светот просперираат и градат луѓе со здрав дух и мисла, а не наркомани. Доста со веќе тие наивни причи дека марихуаната лечела рак и други болести. Гледам сите се излечија со алтернативна медицина.
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Што го молиш па ти? Ако сака нека крши глава. Негов избор во животот. Брат да не ти е, па да го сожалуваш? Нели гледаш дека се очајни за внимание и центар пажња? Јас сите наркомани би ги запалил со плинска боца да не се мачат повеќе. Има ли погадно од женско наркоман? Ми ја убива сета смисла за убавина кај жените.
     
    На elisabeta и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    @Петре Прличко , така е, ама ај си викам ако може да се сподели некој совет, може на некој ќе му помогне :)
     
  19. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    ganeto mi go poprava vidot sekogas koga ke duvam
    site onie so gi znam deka duvaat redovno (ne fejkeri so pafkaat) imaat poveke emotivna samokontrola od obicen covek
    a toa deka licat na idioti moze nekoj so redovno konzumira deka mu ja ubiva potrebata da ostvaruva celi u zivotot inace ne se idioti ama ne se ni geekovi
    obicni luge se sto najverovatno koristat mara huanita zaradi eskepizam od realen zivot (nezboram za zavisnici od halucinacii sto lizat zhabi)
     
    На BoneMachine и AziskaStrslenka им се допаѓа ова.
  20. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Да, да, имаат самоконтрола што можам да ги исклоцам на улица и да немаат рефлекси да ми вратат. Не мора да не труете со глупости тука. Ако сакајте дрогирајте се, што сакате правите, но немојте после на трошок да не ставате како држава да плаќаме за вашето лечење.

    Тоа е тоа. Сите тие машки, а уште полошо девојки се тешки пичкици што немаат мадиња да се борат вистински како мажи со секојдневните проблеми. Порано луѓе оделе со две ракии во војна, цели зими трпеле, а денешнава стерилна младина да ја пратиш по пакла цигари ќе се изгуби.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.