Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.087
    Пол:
    Женски
    Леле после муабетиве не треба ништо за кревање на расположение, какви мари, какви митри ... :D Алал да ви е.

    Нејсе... oна што сакам да го кажам е инспирирано од мислењето на Портисхед. На многу нешта, небитно дали се во форма на апче, цигара или вистинска животна ситуација, намените им ги даваме најчесто ние луѓето, нашите склоности, нашата цврстина, слабости и слично. Од многу нешта знаеме самите да создадеме дрога. Тоа колку се истите силни и колку ние ќе им дозволиме да бидат силни се нијанси.

    Познавам луѓе коишто не можат без две кутии цигари на пример. А имаше една жена со којашто бевме во исто место на одмор. Таа тогаш веќе 10 години си била пушач, но ете заборавила во брзање да си купи цигари, а во близина немаше од тие таа што ги навикнала или скапи беа, не знам како беше... знам дека жената фино цел одмор си го помина без цигари без некоја посебна драма. Едноставно карактер помалку склон кон зависности.

    Има луѓе коишто немаат секој ден потреба од џоинт, а има луѓе коишто животот би го продале за ракија да имаат секој ден до нив. Така што, дрогата ја создаваме ние со тоа што преземаме нешто што е повеќе од она коешто нашиот организам може трезвено да го издржи без да ја изгубиме цврстината. Тоа може да е ракија, цигара, мара, дечко... се` чиешто дејство е минливо а ние ќе дозволиме да не` остави со клапнат дух и фрустрации. Значи, запознајте се добро себеси и не си поставувајте цели коишто не можете да ги поднесете на нозе. Ова едно мое скромно мислење.
     
    На ku4ence, sparklie, cheetah.girl и 9 други им се допаѓа ова.
  2. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    Тоа може да е ракија, цигара, мара, дечко

    toa ke da e najgolemiot porok
     
    На tessie и Valerin им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.087
    Пол:
    Женски
    Па ако го утнеш пристапот и му дадеш погрешна намена.... :D Или партнер воопшто, за кого дечко, за кого девојка.

    Накратко, не дозволувајте некој/нешто друго да загосподари со ситуацијата. Ко со мене кафево шо праи на пример. :rofl: Барем не трајно.
     
    Последна измена: 30 декември 2014
    На AziskaStrslenka и ccca им се допаѓа ова.
  4. love.a7x

    love.a7x Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    112
    Ајде да не глумиме Богородици, и да не судиме. Секој може сам да донесува одлуки за себе си, секој си има свој живот. Што ако некој се издрогирал еднаш-двапати, или е (уште полошо) зависник? Си штети самиот на себе, не на тебе. Негов живот-негова одлука. Убаво од ваша страна да дадете некој совет, али не да го тупите (извинете за изразов) многу околу тоа.
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.087
    Пол:
    Женски
    Kолку што приметив, најмногу имаше лични мислења и искуства, по некој совет, а најмалку осуда на темава (иако и тоа имаше). Тие што советуваа, не осудуваа. Тие што осудуваат, обично не ни советуваат низ темиве, од друга страна пак. И нема потреба од Богородици-муабетот. |(
     
    На Salome, jacqueline.s и Daydream им се допаѓа ова.
  6. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Не знам зошто ти реплицирам, пошто од тебе и онака никад нема фидбек ама ајде ќе го сторам тоа и овојпат во надеж дека ако не ништо друго, останатите кои имаат заблуди околу оваа билка слични на твоиве, ќе се едуцираат.

    Као прво, не знам ти у какви друштвени кругови се вртиш, али повеќе од очигледно е дека или се дружиш со тешка сељачана која се треска од земја коа е надувана, или ти самиот глумиш квази нарко психолог чим знаеш како се понашаат џанкерите ,,навлечени на марихуана''.

    Друга ствар, таа алтернативна медицина која ти ја критикуваш се покажала ефикасна бар во 70% од случаите. И џст фор д рекорд, требаше само да прогуглаш за да дојдеш до сознание дека од марихуаната се прави уље кое се конзумира, а не се дува истата, ако ти е главна цел да се излечиш од рак. Меѓудругото, ако истражеше малце ќе видеше колку е стара, колку била применувана низ историјата и колку се сестрани нејзините примени се до денес, првенствено во медицински цели.

    Ама пошто глуматаш џоа Тошо, и фураш сфаќања некарактерстични ни за периодот на другарот Тито, нема потреба да ти објаснувам.
    Башка, ако се водиме според тебе многу боље опција е да се лупаш у груди дека ќе се излечиш, меѓувремено ебавјќи си сојки по хемотерапии, кои впрочем само ќе ја отежнат и забават болеста, отколку да пробаш нешто корисно, притоа информирајќи се за неговите вистински бенефиции.
     
    На ku4ence, blackwave, sparklie и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Татко ми беше на работ на смртта пред 10 години, но фармацевската индустрија му овозможи татко ми денес да е жив и здрав, а пред се да се чувстува добро и да живее нормален живот. Да, татко ми пие на дневна база 2-3 лекарства, но многу добро знам алтернативната медицина до кај го доведе него, а и уште многумина слични. Немој да ве залажуваат некои надри лекари со квази наука како алтернативна медицина и конспиративни идеи. Човекот знаел за компјутери уште пред еден век, но за дојдеш на ова ниво компјутерско требало дури 100 години.

    Можам да ти постирам илјадници луѓе што се сведоци на алтернативната медицина и знаеш кај завршиле нивните најблиски? Во дупка од 3 метри. Има до кај може алтернативната медицина да ти помогне, но има и до кај не може, а од тука настапува конзервативната медицина. Да беше така Стив Џобс денес ќе уживаше на Бали заедно со Хуго Чавез и мал милион луѓе во светот. Патем, Куба и Венецуела промовираат алтернативни методи за лечење на рак, а резултатот колкав е? Доста веќе со тие конспиративни приказни дека некој сокрива лекови за рак, дијабетис, срчеви заболување, реума и мал милион други болести. Од рак умираат и мулти милионери, и функционери и претседатели. Патем, на мајка ми пријателка е жива скоро 10 години со хемотерапија, и знам многу други луѓе што хемотерапија им го продолжила животот и 20 години, а на некои уште повеќе. Алтернативна медицина не може да ти лечи срчеви заболувања. Немој тоа некој да те залажува.

    Ниту сум видел, ниту сум сретнал човек што излечил срчеви заболувања, канцер, дијабетис од марихуана, а ниту верувам дека ќе сретнам. Можеби има некое ситно дејство, но тоа е незначително. Повеќе труе и халуцинира отколку што лечи. Секоја болест може да се лечи додека е во многу рана фаза на развојот. На мој многу добар пријател му открија рак на тестиси на 27 годишна возраст, ама беше во многу рана фаза. Беше на хемотерапија 2-3 месеци и сега е одличен. Повторно се врати на работа.

    Трето, и ден денес повеќето лекови се произведуваат од нафта, и?

    Јас не се дружам ниту со травари, ниту со алкохоличари. Ниту сум перфектен, ниту згоден, ниту најпаметен, но имам право да бирам со кого да се дружам, а такви ликови ме иритираат.

    Не ме учи за марихуаната како се произведува. Ни ти, ниту јас не сме виделе како се произведува, туку сме прочитале да бидеме искрени.
     
    На Waka-waka и anina им се допаѓа ова.
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    @Петре Прличко Јас не негирав во потполност дека дострелите на медицината и науката во целост треба да се фрлат во ветер. А тоа што татко ти се излечил благодарение на медицината и многу други луѓе јас не негирам. Ама исто толку не можеш да ме убедиш дека марихуаната како билка не е здрава доколку се користи за медицински цели. Ти го посочи примерот со твојот татко, јас ќе го посочам со мој добар пријател за кој не постоеше трошка надеж дека ќе се излечи, но ете се случи тоа благодарение на преработка на уљето од канабис. Тој за да се излечи комплетно првенствено мораше да ја напушти земјава и замине во странство, бидејќи овде секако не е легална истата. Константо разговаравме тој период, со тоа што ги следев сите негови терапии и знам низ колку тортурни етапи минуваше кои во неколку наврати се покажаа како не ефикасни и со себе повлекоа едно чудо нус појави.

    Со ова никако не се согласувам, очигледно читаме различни извори.
    Уствари, зависи и за каква алтернативна медицина праиме муабет. Јас конкретно канабисот го зедов за пример, за другите хемии нема да коментирам за кои луѓето кои се навлечени си ја акаат главата од ѕид убедувајќи се меѓусебе дека е сасвим у реду да се зимаат истите подведувајќи ги како изговор дека подобро ја пребродуваат болеста благодарение на нив.


    Има до кај може алтернативната медицина да ти помогне, но има и до кај не може, а од тука настапува конзервативната медицина. Да беше така Стив Џобс денес ќе уживаше на Бали заедно со Хуго Чавез и мал милион луѓе во светот.
    Патем, Куба и Венецуела промовираат алтернативни методи за лечење на рак, а резултатот колкав е? Доста веќе со тие конспиративни приказни дека некој сокрива лекови за рак, дијабетис, срчеви заболување, реума и мал милион други болести. Од рак умираат и мулти милионери, и функционери и претседатели. Патем, на мајка ми пријателка е жива скоро 10 години со хемотерапија, и знам многу други луѓе што хемотерапија им го продолжила животот и 20 години, а на некои уште повеќе. Алтернативна медицина не може да ти лечи срчеви заболувања. Немој тоа некој да те залажува.

    Фактот што многумина не се излечиле сведочи дека не за секој организам постои еден единствен универзален лек. За жал тоа е суровата вистина, сите сме смртни и досега не се родил таков кој побегнал од колото на смртта.
    Конкратко за земјите кои веќе ја имаат легализирано марихуаната можам да ти кажам дека голем дел од нивните проекти се покажаа успешни и спасиле многу животи, со правилна пракса и примена.
    Повторно ќе кажам, читаме различни извори.

    И не, јас не зборував за другите болести. Ниту една билка не е семоќна, па така ниту канабисот. Затоа имаме широк спектар на растенија на земјава чија намена кај повеќето сеуште не сме ја пронашле.

    Верувај ми постојат различни ликови. Не сме сите идентични а следствено на тоа рекацијата од дејството кај секого е различна. Пробај, па кажи ми. Озбилно, не се плаши. Во ничии очи нема да бидеш неморален ако го сториш тоа, ниту пред своите. Ако не сакаш не мораш, јас не сум човек кој сака да убеди некого или да натера на одредено поведение доколку тој самиот смета дека нема потреба да биде подведен под истото.
    Ама искрено би сакала да пробаш, чисто да увидиш дека можеш да воспоставиш контрола врз себе си, и дека си свој. Па, макар и две димчиња.

     
    На tessie и HeidiDiWalt им се допаѓа ова.
  9. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    Petre mozebi ke poznaes deka ke ti bide polesno ako ne svakas ozbilno ona so ke go procitas na forum


     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.835
    Пол:
    Женски
    Конкретно за марихуана, се користи често и заедно со терапија за мултиплекс склероза, па имам читано многу. Докажано е дека помага при симптомите, и тоа многу, особено кај луѓе кои имаат болки или згрчени мускули. Можеби нема да направи чудо, или да те излечи, ама дефинитивно ќе ти помогне во справување со болеста. Во многу држави медицинска марихуана за заболени од мултиплекс склероза и е легална.

    За повремено користење, исто не гледам проблем, се додека не прерасне во секојдневно користење е океј. Никој не може да ме убеди дека пушење џоинт еднаш месечно ќе те натера да земаш потешки дроги.

    Мене дрога не ме привлекува, посебно не било што што предизвикува халуцинации.
     
    На ku4ence, BoneMachine, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Не, уште на петнаесетмина - триесетмина.
    Закана за нормалното општество, не и современото кое погодено од ментална беда за резултат дава "бегање од самиот себеси" и посегнување по наркотични средства, алкохол и девијантно однесување, кое за жал завршува фатално.
     
  12. love.a7x

    love.a7x Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    112
    Ама он не може да ги навлече тие петнаесетмина-тринаесетмина ако тие не сакаат. Ако некој има цврст карактер и решил дека никогаш нема да проба дрога, нема да го убеди.
     
  13. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Se mislese valjda na negovoto semejstvo prijateli.. Partner partnerka koi sakaat nekat ke mora da se okolu nego. Nema valjda da go izbrkat na ulica. Ne e samo navlekuvanjeto vo prasanje tuku ziveenje so osoba so takvo promenlivo ponasanje.
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. love.a7x

    love.a7x Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    112
    Ок, различно го сфативме. Ама он си штети на неговото здравје. Тоа што на пример штети на семејството дали било материјално, или да дознаат сите па да биде срам за цело семејство, или блабла.., и тоа е штета. Сепак, нека си мислат тие што си ја имаат мувата на капата :)
     
  15. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    ооохохохо гледам дека моите мислења предизвикаа жестоки реакции. Дозволете ми да кажам нешто во моја одбрана, но пред да го сторам тоа им се заблагодарувам на @AziskaStrslenka и @ccca.

    Најпрво жал ми е што си имала таков случај во семејството и не сакам на никој тоа да му се случи, Исто така ти благодарам за загриженоста.
    Моите коментари не се ни блиску за тоа што зборуваш ти, многу луѓе рекреативно употребуваат матихуана и се успешни во тоа што го работат, познавам луѓе што секојдневно користат па не им е ништо. Хероин не би допрел ни со стап, можеби само еднаш(се шегувам)
    Мислам дека овие случаи за кои говориш ти, се екстремни иако тоа започнало со користење на марихуана сепак мислам дека е наивно да се тврди дека марихуната е катализатор кој би можел да уништи една човечка судбина. Таквите случаи имаат како што спомна @Portishead емоционална позадина. Дозволи ми да ти го покажам тоа низ пример, кај мене во мало имаше дете на мои години кој почна со дување марихуана, а сега е веќе четири години во затвор. Ваквата речница укажува дека марихуаната е единствениот виновник, но најверојатно е дека настаните што му се случиле во животот довеле до тоа што е денес. Приказната е дека татко му го остави, мајка му почина кога тој имаше 14 г. и западна во лошо друштво. Марихуаната не е единствена причина за уништување на нечиј живот, низ животот сум сретнал и алкохоличари, поранешни хпици, корисници на дрога итн.

    Печурките и LSD, всушност LSD е базирано врз печурки, се најбезопасните наркотици токлу се безопасни што не можеш ни да се предозираш. Човекот што создал LSD Alber Hofman живеел 103 години. Од друга страна имаш трипови што траат дури и 12 часа, некои познати личности тврдат дека таквото искуство за секогаш им го променило животот, а други имале негативни искуства. . Најбитно е што LSD му подарило едно од најдобрите нешта на светот, а тоае психоделичната музика.

    Ама Петре, кажи зошто? :) Гледам дека кај тебе како и кај многу други луѓе во државава осетот за расудување ти е целосно осакатен од вредностите кои се таложеле врз твојата свест низ целото твое постоење на земјава. Твоето незнаење исто така.
    Како прво јас не понудив никакво оправдување за користење на марихуана. Сакаш да зборуваме за факти, ајде. Уклучи го телевизорот, ќе видиш дека некои од рекламите се за алкохол и истите асоцираат на дружељубивост и убаво поминато време. Дозволено ни е да пиеме алкохол, дури сме и охрабрени. Со тоа прифатливо е утре многу луѓе како резултат на тоа да се направат гз и некои од нив дури да завршат на токсикологија.Таа субстанца е легална и тие се пари што одат за државата, така да слободно можеш да ја пиеш дрогата се додека е легална. Кажи ми колку луѓе можат да се предуваат( ако воопшто постои таков збор), о да знам дека нема да ти се допаѓа ова, но бројот е нула! Колку луѓе умреле од предозираност од марихуана, повторно нула. Марихуаната не лекува рак туку им помага на пациентите кои поминале низ хемотерпија. Тоа е веќе легално низ неколку земји низ светот, но твоето закоравено размислување не е спремно да го прифати тоа. Еве и табела на субстанци и нивниот ефект. http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/a/a5/Drug_danger_and_dependence.svg

    Еве и понатаму го користиш зборот наркоман, зборот наркоман потсеќа на личност која е слаба, верувај ако се напафкаш ќе ти дојде да изедеш што ти е при рака. Можам да те замислам со плинската боца, како прво наутро си грееш ракиичка па навечер кога ќе излезат наркоманите одиш во поход.
    Те молам во иднина поштеди ме од твојата морална супериорност. :yawn:

    Добро би било нокогаш да се легализира, замисли ги оние старци кои секој ден пијат ракија, да се префрлат на трева, ем ќе си го зачуваат џигерот ем ќе бидат покул. Ќе можеш низ мало да се фалиш дека дедо ти наутро дува. Замисли надувани старци во автобус, никогаш повеќе нема да има расправии, си седиш ти доаѓа старец ти го прашуваш дали сака да седне, а тој се насмевнува и ти одговара со благ прекор "синко сигурно се подбиваш со мене, јас чувствувам дека летам,а ти сакаш да седнам :D".
    Или пак како Баба Рада има емисија за оние што имаат галукома или оние што поминуваат низ хемотерапија. На гледачите ќе им покаже како да ролаат ганџа. Знам звучи неостварлино, но еден ден. :D

    И за крај сакам да се поздравам со една песна, можеби ќе ти се допадне па ќе си речеш можеби треба да пробам еден дим.

    Поздрав:rock:
     
    Последна измена: 31 декември 2014
    На cheetah.girl, AziskaStrslenka и crimson им се допаѓа ова.
  16. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    @BoneMachine Вечните хипици, а? Ако не знаеш ќе те потсетам дека јас сум straight edge многу години. Без алкохол, цигари, дрога, нездрава храна. Не вежбам секојдневно, но вежбам доволно.

    Јас не судам за марихуаната, а да оправдувам алкохол или цигари. Смешни ви се тезите. Ете Боб Марли марихуаната го излечи од тумор. Kiss my ass, lol!

    Ете, после 10 години активно “лечење“ ( дување) марихуана кога ќе ја оставите да видам со какви последици ќе ја оставите. Можеме да се спуштиме на кеј и да споредиме децата што секојдневно трчаат, спортуваат, се хранат здраво, висат цел ден на шипки за гимнастика и тие во Градски парк што дуваат цел ден марихуана кој е поздрав, кој е повитален, кој има подобри рефлекси, кој е посилен, кој подобро помни и многу други работи? Сакаш?

    Друже, па не сум сретнал само еден травар, па да не знам што се и кои се, а сите што ги знам не дуваат трева за да се лечат туку да бидат хипстери, гомнари и се таа бљувотина МТВ им продава на младите.

    Марихуана не знам колку луѓе убила, но кажи колку травари преминале на хероин и синтетички дроги после одредено време конзумирање марихуана. Милиони и милиони.

    Еве:
    http://www.khou.com/story/local/2014/12/30/11932502/

    Cannabis Use Steals 8 IQ Points from the Teenage Mind
    AUGUST 30, 2012 AT 4:09 AM

    [​IMG]Scientists have found that regular use of cannabis during adolescence reduces IQ by an average of 8 points. Even more strikingly, this loss cannot be undone by kicking the habit later in life.

    According to a news story on the UK news site Western Spring, the guinea pigs in the experiment were born in 1972/73 and were quizzed about their cannabis usage at the ages of 18, 21, 26, 32 and 38.

    Professor Terrie Moffitt said “persistent users, who started as teenagers, suffered a drop of eight IQ points at the age of 38, compared to when they were 13”.

    That 8 point drop would mean that for an individual of average intelligence (an IQ of 100 in Great Britain), instead of 50% of the population being more intelligent than them the figure would be 71%. The study also found that a weaker memory and attention span were common.

    The results were less true for those in the experiment who took up smoking the class B drug in their 20s, thus demonstrating that the still developing adolescent mind was particularly sensitive to such chemical disruption.

    This insight comes at a time when, for the first time, Cannabis users out number tobacco users at American High Schools. Figures about usage among British youth do not seem to be available.

    The popularity of Cannabis has grown throughout the 90s and 00s though the promotion of ‘gangsta rappers’ on popular youth platforms such as MTV.

    In a Britain devoid of meaning and confidence young people are increasingly left to find identity anchor points from whatever residual ‘culture’ that surrounds them.

    Too many seem to take confidence from emulating the strutting, gun-toting, pot-smoking rule-breakers who flash their ‘bling’ on music television every day on the shinning TV screens before the glazed eyes of our youth.

    With a failing economy, massive increases in student debt and average house prices that nearly reach 5.5 times the average annual income we have to ask ourselves how many more of our children will succumb to the desperate , nihilistic life-opt-out that is Cannabis smoking.

    To all those who want to realize a brighter picture, I encourage you to shake of the leadership of the poisonous, paralysing liberal elite who have, since the 60s, stripped away our pride, confidence and identity and join us in building a movement that will give our children a life where they have real direction, surety and sense of pride that will once again make the very idea of such brain numbing pastimes a pitiable foreign habit.

    The findings were published in the journal Proceedings of the National Academy of Sciences by King’s College London and Duke University in the USA. The experiment was conducted in Dunedin New Zealand.

    [​IMG]

    Cannabis link to male fertility
    Men are today warned that smoking cannabis could affect their fertility. Scientists have uncovered new evidence that the drug upsets the male reproductive system.



    They fear it could reduce the amount of testosterone - which plays a key role in sperm production - produced by the body.



    It may have a serious impact on the body's natural hormones and they want more research to assess the risk.



    The warning comes in a study by scientists at Aberdeen University, who examined the impact of cannabis on male mice.



    The animals, whose reproductive systems are similar to those of humans, were injected with cannabinoids - cannabis derivatives - to see if they changed natural messages from the brain to the testes regulating testosterone production.



    Because the testes also produce testosterone of their own accord, as well as reacting to brain signals, the research team also looked at whether cannabis affected this function.



    The results suggest that the drug has a significant impact on both processes. Dr Paul Fowler - from the university's department of obstetrics and gynaecology - who led the research, said: "Our study suggests that cannabis interferes with the hormones needed for reproduction.



    "It appears to affect the way the testes make and release testosterone, and has an impact on the way the brain regulates production of the hormone."



    The team found that in mice, cannabis may actually boost the amount of testosterone produced as a result of brain signals, but it reduces the amount produced by the testes. Dr Fowler said: "These two things could add together to have a serious negative impact on testosterone production.î



    The research, to be unveiled at a major fertility conference in Aberdeen today, reignites the debate about the potential dangers of so-called soft drugs.



    Cannabis is the most widely used drug in the United Kingdom after alcohol and cigarettes. Home Office figures suggest that a third of all 15-year-olds have tried it. Experts estimate it is responsible for 30,000 deaths in the UK every year. Last month, it emerged that cannabis users are seven times more likely to suffer from mental illness, triggering fears of an epidemic of schizophrenia.



    The United Nations drugs watchdog has warned that the Government's "softly, softly" approach is putting the health of a generation at risk.

    Critics say the decision to downgrade it to a Class C drug has sent out the wrong message, encouraging people to think it is safe. Studies show that nine out of 10 children believe it is legal.



    Scientists have speculated that falling sperm counts among European men are due to the surge in the use of recreational drugs. Previous studies on mice suggest that women who smoke marijuana during pregnancy risk damaging their baby's reproductive system.



    Read more: http://www.dailymail.co.uk/health/article-188394/Cannabis-link-male-fertility.html#ixzz3NQiBwcJ7
    Follow us: @MailOnline on Twitter | DailyMail on Facebook
     
  17. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    @Петре Прличко , низ коментариве звучиш напнато, контрадикторен си, немам и јас ништо против аклохол. Ако зборуваме за споредување дај барем да биде фер да ги земеме тие што дуваат и тие што дремат по кафани цел ден. Сакам да ти кажам дека поддржуваш еден тип на субстанци не затоа што е побезопасен туку затоа што е легален. Да била легализирана марихуаната пред 20г. сигурно би имал поинакво мислење.
    За тоа колку луѓе се префрлиле од мара на потешки дроги ич не ми е гајле, а сигурно постојат и други причини за тоа.
    Предходно спомна дека сакам да привлечам внимание, јас во тој коментар само спомнав дека постои абсурдна ситуација во која алкохоличар би му рекол на пушач на трева наркоман.
    Во истражувањето пишува дека се намалува бројот на сперматозоиди кај машките, тоа е одлично зашто и така живееме во пренаселсен свет.
    Марихуаната не те прави помрзелив туку сфаќаш дека некои работи едноставо не вредат да се направат.
    За крај дај олади малце, многу напињаш
     
    На HeidiDiWalt и tessie им се допаѓа ова.
  18. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Еј Петре тоа беа златни времиња, забележувам како се провејува чувство на носталгија низ реченицава.
    Да се надоврзам, зборот Асасин(Assassin) потекнува од зборот Ḥashshāshīn што значи корисници на хашиш. Тие биле воини кои тргнувале во поход под дејство на хашиш.
    Одлично е што си straight-edge, се надевам дека тоа не вклучува и абстиненција од секс. (се шегувам) :D
     
    Последна измена: 31 декември 2014
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    @BoneMachine , мислам дека ја утна мојата поента од постот што го напишав. Ниту реков дека марихуаната е штетна (зборавме за чиста марихуана), ниту реков дека секој што пушел станува наркоман или криминалец, ама тоа е, кој како сака си чита и си сфаќа. Реков дека со тоа сите наркомани почнале, а не дека сите што пушеле станале наркомани. Има разлика!!! Јас реков дека треба човек ако решил да пуши трева, да проба да остане на тоа, оти веќе ако тргнеш да пробуваш и друго, не знаеш љубопитството до кај ќе те однесе.
    А за LSD и печурки, беше лично мој совет да не почнуваш, ама ти ако сакаш, слободно :D
     
  20. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Ќе те известам како ми е на сон кога во шумите ќе доживеам дезинтергација на егото и ќе ја пронајдам мојата душа во форма на митско суштество. :D

    Eве како е тоа низ искуството на една домаќинка
     
    На Shortie му/ѝ се допаѓа ова.