Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Kako i da recis marihuanata e droga ,se upotrebuva i kako lek no ne na takov nacin nego se prerabotuva, dodeka pusite marihuana ubavo ke vi bide no ako ve fatat teski depresii podocna da ne se cudite od sto se ,i ako e korisna marihuanata da se napusime site sve polno ramno ke ni bide svetot ke zovrie od sreka ,abe ako ne ste zadovolni od realnosta ne posegnuvajte po drogi so momentalna ispolnetost
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Разбирам да се нашали некој, да се мавне сеир ама крајно е недостојно мажи кои сакаат да остават впечаток на фини, талентирани и културни да се етикетираат меѓусебно со такви лоши етикети.
    Ај смирете се и без лични навреди дискутирајте. И не само на оваа тема, туку општо низ форумов.
    И да, дрога не е само мара или хероин, дрога е и кафето и алкохолот. Зависник е и оној што нема ден кога е трезен од алкохол. Секоја зависност може да се лекува ама не на товар на државата одн. буџетот кој го полниме сите. Не му ја држев иглата јас кога се фиксал па да треба да се лечи со мои пари.
     
    На tranquila, crimson, Night Rider и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    По се изгледа џабе дробев како се користи марихуаната исклучиво во медицински цели, зошто некои вас упорно алудираат на користење на истата во најлоша можна форма.
    Прашање бонус е дали знаете која е вистинската намена на оваа билка? Дали знаете дека во нашата Земја растат многу по отровни билки кои се легални и дозволени за употреба/конзумација? Еве за пр. да ги земеме печурките. Дали знаете колкумина мислејќи дека ги препознаваат видовите печурки имаат завршено на клиника и со фатални последици? Пазете, од една конзумација! Наспроти ова, имате ли чуено некој од разумна количина ''дување'' канабис да заврши на клиника? Ако да, направете ја математиката кои го имаат извлечено подебелиот крај од јажето. За цигарите, медикаментите и алкхолот во неразумни количини исто така нема да коментирам. Единствено ме радува што почнаа да го контролираат прекумерното земање и нивна злоупотреба. Па, после марихуаната предизвикувала андреналински нагон и желба за поотвровни супстанции. Лажги со опашки...

    Да скратам прича, кој разбира хрватски, повелеле.

     
    На ku4ence, Marossa, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  4. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Јас во целост ве разбирам сите кои сте ЗА дрога и опојни супстанции. Респект на сите:bow:, пред се заради вештината за себеутеха која ја имате.
    Колку за информација, најниско психолошки изградените личности посегаат по истата. Јас си летам секој ден и без неа, а на кој му треба нека пуши или шмрка:)
     
    На jacqueline.s, Rama и presiosaP им се допаѓа ова.
  5. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Не сум ти пријател и не изнесов никакви тези туку факти.
    Можеби на Гебелс му правеле операција без анестезија (наркотици) но во реалниот свет тоа е невозможно. Неброени милиони животи се спасени благодарејќи на анестетичката револуција која овозможила и најкомпликувани оперативни зафати на пациенти.

    А за алкохол и марихуана - би било добро луѓето да се познаваат себе си и да си ги знаат лимитите, да уживаат а не да докажуваат нешто. Пиењето алкохол на Балканот пред се е докажување, фалење и инфантилно мерило за машкост.
    Фино е човек да се напие за разположение, но е крајно штетно да пие до бессознание или да вози во пијана состојба. Истото важи и за марихуаната, повремено користење, еднаш на два три месеци е во ред а секојдневно дување не е во ред.
    Како и со било која работа на светот, милиони умираат поради зависност од храна.
     
    На Valerin и BoneMachine им се допаѓа ова.
  6. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Верувам дека пиеш алкохол (или барем кафе) што според твоите зборови би значело дека си психолошки неизградена личност, што и да значи тоа. Не заборавај дека тоа се дроги. :)
     
  7. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    За инает, ништо од тоа:D
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно, како може и на оваа тема (како и на сите останати во форумов) да има расправии. Значи темава е ДРОГА, хелоуууу!!! Дрогата е штетна, и не знам што е тука спорно.... да штетни се и алкохолот, цигарите, брзата храна, загадениот воздух, храна готвена во препржено масло, тефлонот, ГМО итн итн итн.......... јасно ни е тоа, ама за нив ќе зборуваме во друга тема, оваа тема е за дрога. И ако и тие работи се штетни, не значи дека тоа ја прави дрогата НЕштетна.
    И доста се филмате дека марихуаната лечи не знам какви болести. Лечи, ама не ако ти ја пафкаш секој ден. Си има специфичен начин како и кога тоа нешто се применува во медицината. Па уште ја купуваат испрскана со хероин и син камен, оти слаба била инаку (добро е барем некои што можат да ја препознаат и да не ја купуваат, па бараат чиста трева, без адитиви). И тродонот (тромадол) е лек, и се користи за против тешки болки во медицината, па пред мене го голтале оти било КУЛ, сфаќаш.... кул сме се дрогираме... дрогата е кул, дрогата не е штетна, дрогата лечи рак, wow!!!!
    Не сакам обично вака да се изразувам на постови, ама стварно, вртам по темиве, секаде се фатиле луѓето за врат. И онака, мислиш барем кај темава Дрога ќе има малку поусогласени мислења, тука се испотепале, очи ќе си извадат. Па уште ако кажеш дека си против дрога, затуцан ќе те направат!!!! Бог да чува.
     
    На twilight123, tranquila, skrsenotosrce и 4 други им се допаѓа ова.
  9. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Не би рекол дека легализирањето би задало некој голем удар на нарко-мафијата. И без тоа понатаму ќе постои. Имам слушнато дека една од причините зошто не се легализира е бидејќи марихуаната, за разлика од алкохолот и тутунот, ќе биде многу подостапна со други зборови таа расте насекде. Така да државата нема да има некаков ќар од тоа и не гледа некоја посебна причина да ја легализира за рекреативна употреба.

    Да шетна е, но кога правиме споредба треба непристрасно да пријдеме. Не некој да вика дека алкохолот е во ред, но Марихуаната или LSD не е во ред . Често тоа го прават луѓе што не се информирани.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Ако е легална и секој може да ја сади, тогаш кој воопшто би купувал од дилери?

    Напротив, легализацијата би ја елиминирала нарко-мафијата. Причина за постоењето на нарко-мафијата е нелегалноста на наркотиците. Пред да бидат наркотиците нелегални - не постоела нарко-мафија а може да се потсетиме и на Прохибицијата во САД кога мафијата и општо организираниот криминал се етаблирале како феномен.
    Хероинот на пример, е развиен од Баер Фарма и бил сосема легален а бил користен против кашлица, за намалување на тегоби кај туберколозни лица и слично. Ако тргнеме од денешна перспектива тоа звучи сосема неверојатно - но сепак е факт.
    Нелегалноста на дрогата претставува ризик за оној кој ја произведува и тргува со неа. Ризикот се наплатува со енормни суми кои ги плаќа крајниот корисник, бидејќи производот мора да мине по заобиколни патишта, има мито и корупција, има затвори и судови, не само со сумата туку и со нечистотата на наркотикот, тука е и ризикот од затвор поради употреба, ризикот од општествена стигма на корисникот итн.

    Со ризик да навлезам во водите на утопијата,:) но добро е да се каже и следново. Лабилни лица кои своите проблеми ќе ги решаваат со влегување во зависност отсекогаш постоеле,постојат и ќе постојат. Логиката наведува на заклучок дека е подобро да купуваат чиста дрога од Баер, Глаксо, Илај Лили а зошто да не и Алкалоид отколку од гнасни улични препродавачи.
    Како што е подобро да се купува алкохол од реномирани производители отколку од некој тип кој си вари ракија во гаража.
     
    На Valerin и BoneMachine им се допаѓа ова.
  11. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Се согласувам, можеби во мојот текст не се изразив како што треба. Јас конкретно мислев на легализација само на марихуаната без останатите дроги. Да доколку сите би се легализирало не би постоела нарко мафија.
     
    На crimson и Night Rider им се допаѓа ова.
  12. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Долго време размислував дали да ги пренесам моите лични искуства на темава и решив. Се надевам дека ќе им бидат од корист на оние кои што не дувале до сега или оние што воопшто не размислувале за тоа па ќе си речат добро би било да пробам барем еднаш.

    Мојот флерт со дувањето започна пред половина деценија, знам некој ќе си рече дека тоа било касно има и луѓе што почнале многу порано,(сакам да се пофалам дека можеби сум дувал пасивно од кога бев во лулка, но не можам, тоа не се случило освен ако случајно нашиот дом не бил посетен од хипик) но тоа е тоа не можам да ги менувам фактите. Имаше еден период кога дував често. Имам и различни искуства со тоа поголемиот број пријатни и проследени со прекумерна доза на смеење, но нажалост не беа сите искуства такви, погледнете ја мојата слика на профил на пример.

    Дувањето кај мене предизвикало доста ефекти, на пример додека разговарам со некој и тој ми зборува одредено време, заборавам зошто всушност разговараме и која е темата на разгооврот па додека се сетам испуштив што ми кажал во моментот и целиот разговор оди во неповрат. :D

    Друго искуство еднаш издував поголема количина и имаше сезиозни последици врз мене, сабајлето додека возев точак ме удри бабичка со кола, ми ја искриви гумата па ја терав да ми ја поправи. Предходната вечер имав чувство на параноја, одевме до продавница и мислев дека тие што се со мене сакаат да ме искористат, како не знам. Истата вечер кога се вратив дома другар ми имаше купено големо пакетче гумени бомбони и му ги изедов сите. Дувањето предизвикува желба за јадење.

    Друга работа што ми се свиѓа е тоа што иако нешто не е воопшто смешно наеднаш станува. Навидум обична ситуација од животот наоѓа начин да биде смешна. На пример гледаш Канал 5 наутро и зборува Роберт, досадно е, нема причина за смеење освен неговото лице. Вдишуваш длаболко, издишуваш и отвараш очи. Пред тебе е сосем нова глетка, од устата на Робер извира редица невидено смешни зборови, само за неколку моменти станал најдобриот stand-up комичар барем подобар од Сашко Коцев за неколку класи. Кога ќе размислам можеби и Сашко Коцев би станал смешен. Отсекогаш се прашував зошто се смеат тие што го гледаат, сигурно се надувани. Доколку секој дува, животот би бил еден голем циркуз.

    Тоа е моето скромно искуство, па нека ви биде од корист.
     
    Последна измена: 27 јануари 2015
    На macka5, blackwave, 702706 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Е да ти кажам само ме убеди да не пробам. Не заради нешто друго туку бидејќи не сакам да заборавам, не сакам да ме чукаат со кола и не сакам да му ги изедам сите гумени бонбони на син ми.:smirk:
    Ете едноставно не ми е интересно.:bow: А за смеењето, мене Сашко Коцав ми е интересен и вака.
     
    На twilight123, galapce и Daydream им се допаѓа ова.
  14. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    @BoneMachine ќе ти пуштам пораче да те прашам нешто околу ова. Одамна ми се вртат некои прашања во глава ама јавно не сакам да дискутирам, да не испадне ме убедуваш. :?:

    Да си го искажам ставот само, јас сум за легализација на марихуаната.
     
    На Viktorijaaa5 и BoneMachine им се допаѓа ова.
  15. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Тачно. Факт е дека државата би имала голем профит со легализација. Сета пропала инвестиција ќе почне да се издига од мртва точка. Само треба добро да се напраи математиката и ете ти бенефиции. И после два месеци, од стапуење на сила законот, праиш муабет со другарче и тоа од прилика би течело вака..

    ''Брат, абе се сеќаваш на Транзиција?''
    И он ти одговара: Taa беше онаа згодната, од трети со плава косица и црни штикли?

    У кратки црти - Eм вците сити, ем овците на број. :) Ама на Владата и прпа од џанаци, и луѓе со лабилна психа. Што ако ги изгураат како пиуни од шаховска табла од загаратнираното место во пеколот...

    Од старт алтернативна медицина забутана у задњи план. Хаос.
     
    На blackwave и BoneMachine им се допаѓа ова.
  16. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Забога да е, кај се чуло мајка да дува и да јаде гумени бонбони на синчето, јас би ги изел и без тоа. Мислам дека во еден пост спомна дека имаш еднаш пробано, е нема веќе назад. Сашко е веќе прашање на вкус. Само јас радо би го гледал надуван.

    Мило ми е што мојот пост допре до некое срце. Разбирам дека не ти е згодно да разговараш за овие прашања отворено, ќе ти кажам јас што како треба. Мислам дека ќе успеам да одговорам на твоите прашања.
     
    На Valerin и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  17. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Знаев дека ќе се запнеш за тоа дека еднаш сум пробала.]:) Јас ти велам дека не сакам да си дувам бидејќи ништо од тоа што го „нуди„ марихуаната не е интересно. И мојот пост беше шеговита контрареплика. затоа ги кажав гумените бонбони:D Инаку не те задевам откако ме поздрави и ме направи лоша:bow:
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  18. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    5.867
    Луѓе, се фативте за марихуаната која не е ништо во споредба со останато од подгрупата на дрога.
    Што е со амфетаминот и екстазите, кои се земаат нешто налик на дневна доза?

    За жал, научив некои работи (не)сакајќи, ги согледав и нус појавите и се` останато што се јавува. Споредбено, тревата е ништо!
    Како што расте бројот на транс/техно журки, расте бројот и на оние кои конзумираат. Јас би се радувала да најдам 2ца на журка кои се чисти, само на трева или алкохол.

    Ајде да почнеме со нешто легално. 10 денари и лепак во ќесенце. Бар за тоа нема закон да ме гони. :bandit:
     
    На macka5 и BoneMachine им се допаѓа ова.
  19. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Со ќесенце и лепак ваљда би делувало дека Македонска телевизија и Сител ја кажуваат вистината.:D
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277

    Нема ќар од тоа.
     
    На Night Rider му/ѝ се допаѓа ова.