Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Никогаш не сум пробала и не планирам да пробам. И познатите ѕвезди земаат дрога ама ако е толку добро не би имале потреба да одат на рехабилитации за одвикнување.
     
  2. orient

    orient Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со легализирање на марихуана, секој има право на сопствен избор :!:
     
  3. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    И јас сум за 8) ...нека ја легализираат...позззз
     
    На K-pozitiv му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Прво и основно: никогаш не би правела нешто за да се НАПРАВАМ пред другите. Ако нешто правам (макар и да е штетно по моето здравје) ќе го правам затоа што ЈАС така сакам.
    Ги прочитав скоро сите коментари на темава и уште на самиот почеток се согласив со мислењето на Виножитка.
    За дрогата НЕМАМ мислење. Штетна е, тоа е факт и во тоа никој не може да ме разубеди. За живот не ми е неопходна, ни мене ни на никој друг, па не гледам причина зошто би се конзумирала.
    Дека е висок процентот на конзумери на дрога кај нас - Е. Не верував дека е до толку, но неодамна се уверив во спротивното (зборувам и за оние кои палат еднаш месечно). Но не мора да значи дека ако јас тука сум напишала дека не ја конзумирам - дека лажам. Ете кој си пробал си кажал, нема потреба никаква да се лажеме тука.
    Дека се прозиведува - се произведува. Сведок и учесник бев во еден разговор кога дечкото кажуваше како си посадил во саксија и ја оставил на тераса кај баба му.
    За дрогата сум информирана доволно за да не сакам да пробам никогаш. Ако некој не ги гледал треба да ги гледа тие кратките филмчиња ЖИВОТОТ Е МОЈОТ ФИЛМ и да го стави малце прстот на глава.
    И за крај: НЕМАМ ПРОБАНО И НИКОГАШ НЕМА ДА ПРОБАМ ДРОГА. Животот ми дал семејство, покрив над глава, луѓе кои ме сакаат и почитуваат. Не ми е дрогата неопходна (како што веќе реков) за да бидам среќна и да се опуштам и убаво да си поминам. ЈАС сум жив доказ за тоа. А кој не верува и мисли дека глумам часна сестра, има некои неразрешени дилеми со самиот себеси.
     
    На Blondydevil, esperanca и Fallin-ForHisSmile им се допаѓа ова.
  5. noname

    noname Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    da se legalizira marihuanata
     
  6. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Животот ни е даден за да го живееме, па оттаму секој има право на свој избор како ќе го живее. Не осудувам никого, меѓутоа јас сум строго ПРОТИВ дрога и опијати. Не сум пробала кога сум имала 14-15 години, кога ме дрмал пубертетот и кога сум била блиску до неа, а не па сега Сите знаеме за штетноста на дрогите, па нема потреба да се повторувам. Не секогаш сме среќни и не секогаш сме задоволни со она што ни се случува во животот, но тоа не значи дека излезот и спасот треба да го побараме во дрогата, која на некој начин моментално, а не трајно и тоа привидно го подобрува расположението и ги решава проблемите. Но што станува после тоа? Кризи, болки, ОГРОМНИ психо-физички проблеми (ај да не набројувам) Зарем тоа е пријатно и она што го посакуваме? Не верувам...
    Life is beautiful, enjoy it to the fullest ( :shake: NO DRUGS )
     
  7. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    дрога односно марихуана имам пробано само еднаш и тоа најверојатно поради тоа што сакам да пробам се во животот :P
    Втор пат не би пробала.
    дрогата е општо многу распространета во Македонија. Имам другари кои ја одгледуваат(canabis sativa) откако дознав за тоа се трудам да ги избегнувам.
    мислам дека никој не е фраер ако проба! аман веќе со тоа
    за последиците од дрогата сум многу добро запознаена
     
  8. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    јасно и гласно- немам пробано и не планирам.
     
  9. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    381
    http://www.taratur.com/node/16287
    се извинувам до администраторите не е реклама туку е поврзано со темата ( слободно можете да го избришете ако е недолично )
     
  10. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.623
    Допаѓања:
    8.481
    Пол:
    Женски
    Не никогаш не сум пробала ни дрога ни цигари и не сакам !!! За мене тоа е смртно забрането и не сакам ни да помислувам на тоа.Дрогата е лош пат :^)
     
    На OhSarcasm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tabby

    Tabby Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    25
    Sosema isto mislenje imame ;)

    NE ZA DROGATA!!!
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Никогаш не сум пробала, не сум посакала, не ни размислувам. Не се дружам со такви луѓе, и си мислам како да не е дел од мојот свет, па кога мајка ми ми кажува колку издрогирани и дошле на работа за рехабилитација, само прашувам - Добро зарем уште е во мода да се дрогираш? :D :D :D
    Се' си мислам дека ги има помалку, изгледа дека не ги гледам.... :^)
     
  13. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Hipica убаво кажа..Погледнете ги тие филмовите на животот е мојот филм и после пак дрогирајте се...

    Немам пробано марихуана ниту било каква друга дрога...Не планирам да пробам,значи одвратно ми е благо кажано..

    Не ги дискриминирам оние што пафкаат,ги има многу такви..Се додека не почнат да притискаат пробај та пробај..абе ДАЈ ОТКАЧИ СЕ! Дрога,не благодарам! :^)

    Убав ми е животот за да си го упропастам на толку долен начин... :)
     
  14. isplasena

    isplasena Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    gi citav site mislenja vo vrska so drogata sto se tuka i samo edno mozam da vikazam.drogata e nesto najlosoto sto mioze da mu se sluci nekomu.nekoj ke rece ajde sto zbori ovaa ja zimam marihuana ne e toa nisto,no za zal marihuanata e prvoto skalilo kon dnoto.da da toa e vistina.i zatoa zivejte prirodno ne vi treba nisto da ve krene za da bidete fraer ili tipka samo ke si go zaebete zivotot i posle e kasno veke.moze ke se izlekuvate i se no minatoto sekogas ke te prati i ke ti sozdava problem vo idninata
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Јас пушам трава од втора средно. Не редовно, ретко се случува. Порано повеќе, периодот кога прв пат пробав си пафкав редовно цела година. Потоа имав прекин од некои 6 месеци па почнав пак, едно 3 месеци пак редовно се додека не ме дознаа моите дома. Потоа прекинав и може година и повеќе немав пафнато. Се случи ете така пред некои 9 месеци со другарка ми чисто во друштво да фанам некој дим. Убаво ми беше ама дејството брзо ми помина. Немам веќе 9 месеци пушено, не чувствувам потреба, но кога би имало зошто да не, не е којзнае колку штетна а и не ствара зависност, освен ако не ја претеруваш секој ден по 3 пати.
     
    На cheetah.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    115
    Еве малку повеќе за дрогите, мада сметам дека сите сте добро информирани.


    Дрога е природна или синтетичка хемиска супстанца која влијае на физиолошките и психичките (интелектуални, емоционални, мотивациони) функции. Повеќекратна употреба води кон навикнување или (психичка и/или физичка) зависност. Земањето на некои дроги (хероин, крек, кокаин) брзо предизвикува зависност, а наглото прекинување на нивната употреба предизвикува појава на апстиненцијален синдром.
    Според Светската здравствена организција, дрга е "секоја супстанца, која е во состојба да, кога ќе се најде во жив организам, модификува една или повеќе негови функции и да по повторната употреба предизвика психичка или физичка зависност". Дрогите главно делуваат на вегетативниот нервен систем.
    Зависноста од дрога се нарекува наркоманија.
    Многу денешни дроги низ историјата се користеле како лекови (хероин, марихуана, хашиш, кокаин). Сумерите, Кинезите, Ацтеките и други народи користеле опиум, кокаин и халуциногени габи за отстранување на болки, зголемување на физичката издржливост на воините, како и во религиозни и други слични цели.
     
  17. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Убаво кажано. Немам пробано никаков вид на дрога, никогаш не сум посакала, нема ни да посакам. Се држам цврсто за мојот карактер и збор, и знам дека никогаш нема да пробам. Израсната сум во маало каде што имало семејство кое се дрогира, па сепак не сум посакала нешто такво, иако има некои од маало кои посакале и го направиле тоа. :^)
     
  18. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    79
    Тој што конзумира дрога, одлучил самоубиство да си врши , само чекор по чекор :!: Јас не сум пробала дрога, ама сум била во ситуација кога мораа јака доза на седативи да ми дадат(повеќето од вас знаете зошто ;( ) и го паметам тоа чувство, кога си под јаки седативи, само како фигура стоиш и ништо пред тебе не ти е јасно :| Страшни се сите психотропни супстанци, особено наркотиците... :tmi: Никогаш не би се дрогирала, попрво би умрела :!:
     
  19. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    НЕ...големо НЕ за дрогата...секогаш сум ја мразела и сеуште се држам за тоа....не би сакала да пробам...ниту имам пробано...забавно може и да биде и без дрога...само треба да знаеш како да си направиш да ти биде забавно....ниту јас ниту пак мои другарки имаа пробано...само во една сумњам :^) ...ама тоа е сепак нејно....ниту и судам ниту ке и судам...нејзин живот нека си го живее како сака...исто и за наркоманите нивни живот ...тоа си е нивно како ке го живеат...голем противник сум и на цигарите...многу ми сметаат...и мајка ми во семејството пуше и поради тоа и нив ги игнорирам и сум сигурна во себе дека не би пробала....освен ако некој не ми намести....недај боже да се случи тоа.... :?: :|
     
  20. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Droga ? Ne fala imam :D :D mala sala :)
    Edno ogromno Ne za drogata !!!