Можеби ти со таков тон си го прочитала.Немам лоша намера сите тие работи ги сметам за лоши цигари,марихуани ,алкохол.др опојни други едноставно можеме животот да ни биде интересен и убав и без тие работи.Ништо од тие работи не зимам и во мојата реалност ми е многу убаво сама си го правам животот да ми биде смешен и убав не ми треба ништо за да ме опушти ...
Хахаха ме изнасмеа со "сиротата јас", што ако запознаеш некој и добро ви оди, можеби и тоа прерасне во врска, после некое време дознаваш дека сака да пафка повремено. Ќе ја прекинеш врската само заради тоа? Не значи дека ако учителот дува дека ќе доаѓа надуван на работа, повеќето луѓе пијат алкохол и не доаѓаат пијани на работа. Да додадам, имам читано дека човекот не е единственото животно што користи опојни средства туку и голем дел од животните го прават тоа. На пример во саваните во Африка слоновите сакаат да јадат паднати и ферментирани овошки(алкохол), по што се тетерават и одат на спиење(rings a bell). Кога започнала војната во Виетнам некој вид на бафало што живее таму почнало да пасе трева со опојни супстанци, предходно ја избегнувало, поради стресот. Има и безброј други примери. Мислам дека можеби и не постои целосно трезвено суштество вака или онака.
Не дај боже да запознаам..а ако запознаам како пто ја опиша ситуацијата секако дека ке му раскинам не сакам едноставно такви луге во моја близинаа ...незнам што не е јасно..И опаметете се стварно..Нека се употребува само во медицината а не како некои што ја злоупотребуват по 5 на ден ....
Искуствата во светот кажуваат една страшно искуство дека по легализирањето на марихуаната во медицински цели каде што пациентите во многу случаи се претвораат во криминалци. По промовирањето на законот за медицинско користење и легализација на марихуаната се појави проблем за и околу тоа кој и на каков начин да ја дистрибуира(читај продава). Конкретно во Холандија законот донесен дека марихуаната не смее да се служи на корисници кои што не се жители, доведе до повторно враќање на уличните продавачи кои на марихуана-туристите покрај марихуаната им нудат и разновидна палета на други дроги. И, што постигнале со тоа? Се чини дека бизнисот со марихуана од кој се инкасираат и до 1.6 милијарди долари на годишно ниво во некои земји е ништо друго освен борба за превземање на профитот од една на друга група на организирани дилери. Моето мислење е дека марихуаната треба да си остане во категорија каде што си е сега и каде што и припаѓа. Нелегална психосктивна дрога.
Мислам дека не е толку едноставно колку што си мислиш. Што ќе се постигне ако остане нелегална? -Ништо. Луѓето што продаваат нелегелно ќе продолжат, повремено ќе се запленува нелегална марихуана ќе се апсат луѓето кои ја продаваат. До кога ќе трае тоа? До неповрат. Ќе се сади и понатау, а наместо тие дилери што се уапсени и во затвор ќе дојдат други. Сетоа тоа ќе се реши ако се дозволи секој да се расте мала количина за сопствена употреба. Нема да има потреба од дилери. Ова ме потсеќа на времето кога немав интернет и постојано купував филмови сега кога можам да симнам бесплатно не купувам, скоро и да нема и луѓе што продаваат, а не знам ни кој би купил.
Што ке се постигне ли? Епа, ке се постигне да не се појават нови зависници поради легализацијата која што ке донесе широка достапност.
Во моментот коаг некој ке те изманипулира(под услов да си подложен на лоши влијанија) и ке постанеш корисник си веке зависник. Затоа и е нелегална а не заради друго нешто.
Ако е легална и е достапна за секој на кого ќе му биде во корист да те изманипулира со цел да користиш? Освен ако владата не почне и за тоа да прави реклами и проба да докаже дека и во античка Македонија се дувало на велико затоа успеле да го освојат светот, па наместо да одат полетале до Индија.
Не само во античкиот свет туку засекогаш стои фактот дека ниедна војна не се водела без употреба на многу алкохол и дрога. Тоа е факт, исто како и фактот дека тие работи се ненормални појави. Последиците и од војните и од стимулансите се погубни.(по животот на лугето и по нивната психа). Ама темата не е за античките факти од историјата кои што опозицијата не сака да ги види иако постојат како такви и се тесно врзани за македонците. (е, тука е некој надуван, ама кој)
Е тука те чекав. Војната е резултат на корисење дрога или обратно? Големата употреба на дрога за време на војна е честа бидејќи тогаш сме изложени на ненормални услови, огромен стрес, страв итн., затоа и сме подложни на супстанци кои мислиме дека некако ќе ни помогнат да поминеме низ тоа. Но не мора да бидеш во војна за да посегнеш по дрога можеш секојдневно да бидеш изложен на стрес поради работата, стравот дека нема да ги исполниш очекувањата на блиските, можеби и да чувствуваш вина поради нешто што мислиш дека би можело да биде поинаку, осаменост, има безброј примери. Можеби некои дроги би можеле да бидат погубни за психата, но тие се израз на внатрешен немир. Неодамна имаше промоција на книга кој тврди дека Македонија постоела пред 400 000 години и не само што е центарот на светот дури и дека била распространета низ целиот свет. Истата книга е субвенционирата од Министерството за култура на Република Македонија. Мислам дека може да предпоставиме кој трипа во ситуацијава. Очекувам во скоро време да се открие дека власта во тајност има изградено фабрика за LSD и само највлијателните членови имат пристап до истата, затоа и можат да ги поврзат точките ја видат вистината каква што навистина е.
Незнам кој ве лажи дека марихуаната е нешто лошо, подобро да се легализира отколку нелегално да се набавува. Дрогата која била не е воопшто лоша работа напротив го подобрува расположените го смирува човекот и др
[QUOTE="presiosaP, post: 2652789, member: 9немам пробано и ке судам зошто знам колку умреа од тоа срање...[/QUOTE] Кој ти ја полни глата со такви глупости од нормачна употреба нема штета ако се предозираш има последици исто ќе биди и ако премногу јадеш
Кој ти ја полни глата со такви глупости од нормачна употреба нема штета ако се предозираш има последици исто ќе биди и ако премногу јадеш[/QUOTE] Ситуациите ми ја полнат главата...Ти ако имаш "силен " карактер и можеш да контролираш повекето немаат и завршуваат каде што треба ...еве во другото маало има еден пример 35 год е човекот кај и да е ке заврши со животот...