Не сакам да пробам мене не ми треба ништо за да бидам опуштена а верувај ни тебе не ти треба ...Живото е убав и без тоа..
Никој не ме убедува дека е ок...Нека се користи во медицината ама вака секој еден да пуши не е во ред ..Не можам да гледам напафкани луѓе ...
Подобро алкохолот да е нелегален него марихуаната Едното створа (обично) агресија, а другото те релаксира. Разликата е огромна. И не, марихуаната не те влечи на друго, самата желба да сакаш да посегниш по забранетото те тера, а дефинитивно не марихуаната, повеќето би пробале и без неа Кој неќи некој шо си трга - нека, нивна работа, нивни избор, ама тоа нели, не ни дава за право да судиме на другата група, не?
Значи како да ти кажам, јас мислев како тебе кога не бев запознаета и млада, ама како што кажа некој дека желбата да се проба се што е забрането наведува на користење и други дроги, а не тоа што пушиш, еве ти тврдам со 100% сигурност дека не ствара завист и не те предизвикува да посакаш да пробаш друго.Еве татко ми па и сите од тие генерации мислип не пушеле? Татко ми сам си има кажано дека како млади пушеле, дека сите пушеле од мерак, па ете сега ниту е зависник ниту пред умирача, а ниту пуши веќе.И другиот пример што ти го кажав.Ама џабе ти зборат кога некој си зацртал нешто и кога не е доволно информиран и се прави дека знае се како да му докажеш.Не пуши, не се дружи, никој не те тера, ама јас ти гарантирам дека 80% од оние кои ги знаеш и кои мислиш дека не пушат, пушат ама не ти кажале ради твоето мислење.
Секој си има свој живот и си знае како ке си го живее и што е најдобро за него.За мене алкохол,дрога (марихуана) цигари се пороци што не ги сакам...и знам дека се лоши за општеството.Ај кажете што би било кога секој еден зема да пуши марихуана...Што спомнав за детото погоре што живее во др маала еве вчера почина на 34 год. Ама не ее марихуаната не е штетна..Дајте бре лелееее...Нека се употребува во медицината во дозволени колични ама вака за улично коритење нема потреба ...Младите се сега пољубопитни и сакаат да испробаат повеќе работи да не набројувам сега факти зошто сите знаме ЗОШТО.
Не сум зацртла дека тоа е така едноставно не можам да гледам напафкани луѓе.Како да не се на овој свет .Не го можам тој свет без разлика колку и да викаш дека не е штетна сепак е штетна .Незнам како да ти објаснам..Не судам на тие што пушат ендоставно за мене не е ок.Секој си знае што и како во животот.
@presiosaP абе злато, ако неќиш - терај си по твојот пат. Некој шо мисли поинаку вервај ме нема да смени мислење. Да ти кажам зошто? Зошто гледаме факти. Сум учела за марихуаната детаљно по фармакогнозија, и бев во ретките од класот кој се огласив дека премна мене е океј. Искрено бев зачудена кога видов колку мал ден од моите соученици ја оправдуваат. Не ми се веруваше. Ама крај краева сите си ги правиме нашите животи онакви какви шо ги сакаме и го водиме патото кој го сакаме. Дечко ми дува, и ич не ми смета. Максимум кога е пафнат само му велам „Смрдиш.“ и ништо поќе. Не ми смета, уште на почетокот му велев абе остај то цигарите, сврти се само на марихуана (мн ретко пафка, 3 пати ако се на се од ко сме заедно). Ако неќиш некој да ти пафка во близина избегнувај такви луѓе, ама ти кажувам, немој да се обидиш да ги спречиш зошто факт е дека марихуаната не е штетна и факт е дека не те тера да одиш во други дроги. Еден љубопитен поединец ќе има ќеф да премини на нешто друго, да, а почнал пример со марихуана зошто сака да лета, сака да се смеј, сака се фино да му е без да мисли на последиците. Го сака она забранетото и она шо му се пружи. Едино на еден страв се плашам ако се легализира марихуаната. Се плашам од тоа што некој да пуши чист тутун е здраво, ама цигарите не се, зошто му се додаваат супстанции за зависност и катран. Ако се легализира марихуаната и за секојдневна употреба, едино се плашам од тоа, ама да се надеваме дека ќе биди како што кажа член погоре, секој да можи дома да си ја одгледа барем 1-5 парчиња за да си има чисто за пафкање. Зошто ова е избор, и како што јас и сите овде го почитуваме твоето мислење, почитувај го и ти туѓото. Претпоставувам ќе го добијам веќе напишаниот пост од претходно, ама не го пишав ова за да те убедувам или што годе, ти посекако ќе си правиш како што сакаш и се надевам нема да најдиш многу луѓе какви шо неќиш, па биди среќна. Битно е сите да сме среќни, не?
@theowndemon мила јас можеби нема да му сменам некому мислење како што јас имам така и вие секој си бира како ке живее..но барем може да влијаеме на одлуката да не се зголеми бројот на дувачи...кога бев на факс цимерката имаше дечко од градот каде што студирав и се собиравме со неговото друштво кои пушеа марихуана..значи не ми се допаѓаат таквите луѓе некако (не ме свајкај погрешка) не ми се на овој свет..секој има различен карактер и не секој може да остане само на тоа .Знаеме во каква малдина живееме сега.Се изјаснив погоре дека не ми смета да биде употребена во медицината штом сакат да ја легализиират за медицината значи стварно има некоја корист од неа,ама сакам да кажам не ми се допаѓа да биде достапна за сите зошто ти колку и да не сакаш ако се најдеш во такво друштво ке пробаш (зборувам за машкиот пол) за да не излезат не фраери од другите во друштвото што нели не мора да значи дека тоа ке биде така но во повекето друштва е така.Таквите луѓе не ми се озбилни некако незнам како да ти кажам.Можеби за тебе е нормално за мене не.Не е исти човеке кога е чист и кога има во него нешто.
Факт е дека со легализирањето на марихуаната ќе се зголеми бројот на луѓе што ќе ја користат, но не е алармантно бидејќи и после прохибицијата во Америка се зголемил бројот на луѓе што пиеле алкохол. Тоа не значи дека сите ќе станат зависници. Зависноста не се појавува сама од себе, секогаш има психолошки причини. Мислам дека кога ќе биде легална и ќе ја користат повеќе луѓе ќе изгуби дел од привлечноста. Нема да биде веќе нешто што е забрането и "фраерски". Луѓето секогаш се привлечени кон работи што не ги прави секој. @presiosaP луѓето што не ти се свиѓале додека биле надувани нема да ти се свиѓаат ни кога се трезни. Ме потсети на stand up реплика од Бил Козби "they say that cocaine intensifies you personality. I aksed: but what if somebody is an asshole?" За крај погледнете го клипов можеби ќе размислувате малку поинаку
@presiosaP Таквите луѓе не ти биле озбилни, а оправдуваш користење за медицински цели, значи по дифолт некој кој што има рак, а е озбилно многу угледен и паметен човек и користи заради медицински цели негови и е напафкан добар дел од денот, значи според тебе тоа е неозбилен човек.Мене лично ми смета твоето категоризирање на луѓето, зошто очигледно ти таквите ги сметаш за пропалици и ги гледаш со такви очи.Значи некој и ненапафкан се понаша ко да е у друг свет, луѓето живеат сосем трезни у свои светови па што.
Од напафкан до напафкан човек има разлика де . Колку си се опуштаат со марихуана и си уживаат и ич не се замараат ни самите не сме свесни Секој има свој живот и можност да прави и управува со него како што тој сака.
Ова е единственото нешто што никогаш нема да го пробам во животов. Не гледам зошто би го користел за јас да се осеќам поубаво, поопуштено и смирено, како што кажа и @presiosaP , не ми треба ништо за јас да имам добар провод некаде и да бидам опуштен. Второ, да не се лажеме, ова е скапа зависност за која најчесто трпат оние кои што се околу нив. Заради дрогава многу животи се уништени. Искрено, имаме далечни роднини кои со години се дрогира, еднаш и во затвор беше, ама не го промени ни тоа. Џабе е. Пола живот го пројде во лошо друштво и дрога и по затвори. Нема никој сега, сам е..освен со неговите „најдобри“ пријатели. И глупо ми е кога некој ќе каже дека ништо нема да биде ако пробаш или нешто слично. Од малку и се почнува, можеби нема да се одрази таквиот начин на живот сега, ама во подоцнежниот живот можеби.
Тоа цело време го зборувам ама нее не сум во право ..Незнам дали знаат што воопшто зависност ? Имам во семејството близок роднина зависник од алкохол значи страшна е глетката за него и неговото семејство ама не не тоа ништо.Не сакам никој да навредам размилисте малку вие што пушите цигари дали не сте зависни од нив и дека денот не можете без нив да го поминете.Да има силни карактери и силна психа ама повеќето не се и доаѓаат до точка што не треба ..Незнам веќе што да им кажам...
Не се разбравме ние две како што треба.Овде затварам конверзација.Ти имаш твој став јас мој и не го менувам.Ако тебе ти чини така во ред.Знам како изгледа напафкан човек и за мене не е ок тоа .
Абе има луѓе што после едно пиво не знаат што зборат, ама има и такви што „напафкани“ одат на испит и растур прават. Пример еден колега мој На кој како му годи
Да јас пушам повремено цигари од втора факс и не осеќам редовна потреба за нив, некогаш така убаво ми е да си запалам и го правам тоа иако немав земено ни дим до втора, сега се случува со недели да не запалам и да не ми ни текне, ама некогаш ми е мерак.Значи зависноста е состојба на ум ништо друго, не може трава да го навлече некој на некоја друга дрога ако тој е решен дека нема.Јас те разбирам тебе него ти не сакаш да ме разбереш мене, зошто цело време велиш јас знам како изгледа напафкан човек, мене ми е несериозен, мене не ми е убава глетка, значи и болен човек од рак што пуши ради тоа е напафкан, значи исто ти е.Еве јас ти кажувам дека се случило дечко ми да не го ни препознаам дека пушел, ист си е. Ама ајде и јас немам веќе желба да дискутирам со тебе зошто со луѓе кои се убедени дека нивното мислење е најдобро не се излегува на крај.