Највеќе сум заинтересиран за канабис шампон и гел за туширање, се надевам дека ќе направат и парфем. Кога ќе искачам навечер сакам по мирисот да ме познаат.
Ми ја успокои душичката. Во знак на нашето пријателство за роденден ќе ти купам некој од производите од кнабис кои наскоро ќе бидат достапни.
хахаха нема потреба од толку добродушност за тебе си ги зачувај прозиводите немој да дојде до недотиг на прозиводи после шо ке праам ..
Ме потсети, имав етерични масла со мирис на канабис едно време. Собава ми мирисаше скоро увек така, татко ми често беснееше мислејќи дека по дома си пафкам.
Сање, што е со темиве, секс, дрога што е следно? Отвори таму хаику поезија, пишувај за дождецот, цвеќињата и виножитата, ни отиде реномето иначе. п.с love match е со темава <3
Одамна не можам пак да најдам, во СЕВА ги купував на времето. Ако начекам ќе те викнам на едно кафе, да го уплашиме татко ми пак.
Остај, не можам више да глумам поштена на форумов. Си ги покажувам вистинските бои полека но сигурно.
Чудно ми е некако, откако се појави @Hindsighter почна и чудно да се однесуваш, се прашувам дали тој со неговата заводлива аура предизвика хормолен дисбаланс кај тебе. Ништо чудно.
нема шанси дрога да земам никако, дури ни марихуана, единствено нешто од пороци што немам пробано е ова. незнам за марихуана некои велат предизвикува, некои велат не предизвикува зависност, имав другарки пробаа ништо не им се случи ни тогаш ни потоа. но факт е дека многу наркомани почнале од марихуана и тоа на шала и да се направат кул во друштво. моите се огромни противници и јас сум воспитана во таков дух, но и без нив си имам лошо мислење околу ова, сепак е нелегално и несакам да мешам прсти во ова, а не сакам ни да се правам кул во друштво или нешто што не сум си кажувам искрено мислење
утрово одвоив за да видам што се пишувало на темава и неможам да опишам колку си во право со постовиве ко себе си да се слушам
Vo sredno vo 4 godina imam probano nekolku pati ama pocna.da.mi smeta na kocentracija i ne mozev da ucam dolgo vreme ili da citam i bataliv na vreme
Сум имала многу шанси да пробам Мери Џејн, но не сум пробала. Не дека имам нешто против, другарка имам што си дува и немам предрасуди кон неа, баш фина личност е и одлични оцени има во школо. Главна работа зашто не пробувам е што сум свесна дека лесно станувам зависник од одредени работи (веќе сум од благо и алкохол (не сум дијабетичар ниту сум се опијанила некогаш, имам граници)) и ова само би ми било уште еден товар.