Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.578
    Во скоро време чув еден муабет, што искрено смешно ми падна. Луѓе што прават кокаин тврдат дека тоа е кралска дрога, нели, дека тој е "природен" и не можеш да се навлечеш на него, за разлика од хемиите што ги користи простата раја, како што се таблите и амфетаминот.
    Ах, и да, они не се зависни, зошто прават еднаш неделно само, и тоа по 10 линии во вечер, зошто нели дејството на кокаинот поминува за пола саат.

    Да не се сфатиме погрешно, штетни се и амфетаминот и таблите, но не може мене некој да ме убедува дека кокаинот е топ и да ми го става на ниво на чаша вино. Сепак, не за џабе се вбројува меѓу најштетните дроги кај што се хероинот и метамфетаминот.

    За табли, исто имам чуено муабет дека човек верувал дека е портокал на журка. Па да, ако истиот тој човек лапнал 15 табли наеднаш или ги комбинирал со триста други чуда.
    И најнештетната работа како овошје или одреден витамин може да се претвори во штетна, ако не си умерен во конзумирањето.
    И ако веќе некој се нафати за користење на дрога, треба да знае која му е дозата, кога му е доста и да ги трпи можните последици.

    И најмногу ме нервираат луѓе што се прават најпоштени, што е тоа дрога, леле фуј, никад тоа ѓубре нема да го пробам, и после се собираат по станови сите госпоѓици и господа во одела и се шмрка кока на велико. :)
    Ама овие децава што шмркаат по журки, срам да им е, испод ниво ни е тоа на нас.

    Абе дрога си е дрога. Дали ти ја конзумираш во стан, во кола, или во вц на журка - исто ти се фаќа.
     
    На Bescheiden, Џони Џип и ninja35 им се допаѓа ова.
  2. Capricorn96

    Capricorn96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Не сум пробала, а нема ни да пробам. Не гледам зошто би си го комплицирала животот непотребно, а сум гледала како млади, здрави прави луѓе си го упропастуваат животот и најубавите години на тој начин. Во комшии имав една девојка која страшно беше навлечена, колку пати мајка и' ја затвараше во соба за да и помине кризата ( ова за одвикнување) страшно беше да се слуша тоа, плачење, викање ужасно, а по некое време исчезна девојчето дали ја однесоа некаде не знам, се надевам се средила.
     
    На realGirl, cresa-jagoda и twilight123 им се допаѓа ова.
  3. SURF

    SURF Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2016
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Машки
    Строго против. Ни сум пробал ,ни ќе пробам и мислам дека треба многу построги казни за дилерите. Пушењето марихуана сеуште не знам каде да го класифицирам (дали во дрога или лек), но за маслото од коноп сум за.
     
    На twilight123 и maca cvet им се допаѓа ова.
  4. Different7

    Different7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Дрoгa-> Никaкo знaчи, ниту сум прoбaлa, ниту ќе прoбaм некoгaш.И дa, немa дa речaм декa не ги oсудувaм тие штo земaaт дрoгa, ги oсудувaм и тoa кaкo, имaм прaвo дa пишaм вaквo нештo, дa се спрoтистaвaм, кoј сaкa некa ми кaже штo сaкa, зaтoa штo пoзнaвaм личнoст кoјa целoснo се уништи рaди тaa дрoгa
     
    На jakap, cresa-jagoda, twilight123 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Сторго сум против дрогата. Никогаш не би внесла такво нешто во мојот организам. Бидејќи не си наштетувам само на себе си туку и на сите мои блиски и сакани. За они кои се дрогираат треба да има најстоги казни а не како овде во "Република Македонија" дрогирашите имаат повеќа права од нас. Сепак поопасно нешто од дрогата нема и никогаш не би се ни дружела со некој кој се дрогира без разлика дали само шмрка или веќе озбилно се дрогира. Бидејќи се почнува од тоа се започнува од тоа шмркање и завршува со фатални последици. Го кажувам ова бидејќи имав пример. Мојот вујко се дрогираше и никој немавме контакт со него. Прашајте го сега како му е се предозира и замина кај горнио. Мн убава работа си направи. Затоа треба да се размисли 100 пати пред да се помисли на такво нешто.
     
    На jakap, cresa-jagoda, twilight123 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    незнам баш дали сте упатени околу ова со дилањево, но многу слушам дека полицијата ја дила дрогата и дека се корумпирани за да го прават тоа и затоа толку ги има дилери и наркомани на секој чекор
     
  7. Anonymous275

    Anonymous275 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Многу Сум против хероинот, друго не. Дрогата е нешто што може да те направи генијалец ако знаеш паметно да ја искористиш. Од табли не можеш да станеш зависен, амфетамин и кока да, но како што кажав се би било ок ако си паметен. Од мали не учеле дека дрогата е најстрашно нешто што постои и сите ние како сме растеле сме се држеле до тоа мислење, некои направиле исклучок, некои не. Колку и да си информиран околу дрогата не е доволно додека не пробаш (не велам да пробате тие што сте против тоа). Кој пробал ќе разбере што сакам да кажам :) Инаку не, не сум наркоманка, не сум зависна, само open-minded :)
     
    На Bescheiden, КикиМаус и blueeparadise им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.733
    Допаѓања:
    168.808
    Пол:
    Женски
    Полиција официјално и не можеби, ама дека има индивидуалци - има. Пример татко ми неќи да знај и нема шанси он да помага на дилер. Мислам ако некогаш тоа го направи ќе остаеше опремата и ќе даеше отказ зошто сепак му ја знам природата. Црв ќе го изеди после, а од др страна знам и (бивш) дилер, кој ми кажа дека да, се плашеле од полиција ама имало еден, двајца кои се обиделе да ги прикријат. Тоа обично се блиски и доверливи контакти кои се "на листата".
    Дали можеби е лага - не знам, ова е како ми кажале и двете страни ми се доверливи и многу блиски и за ова и слични работи не се сомневам во нивните одговори ради останати причини.
    :)
     
    На JustBeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SURF

    SURF Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2016
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Машки
    Open minded можеш да бидеш во врска со се останато ,но во врска со дрога нема простор за open minded бидејќи се работи за здравје и уништен живот. Ова е мое мислење само и заради тоа сум строго против како што се изјаснив погоре. :)
     
    На jakap, Salome, Mishela и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Не е само марихуаната лековита. Има и други дроги кои се доста лековити. Јас си кажав и претходно. Ако некој одлучил да се дрогира, тоа дали е легализирана или не кај нас, ништо не му менува.
     
    На Lolo5, Bescheiden, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Anonymous275

    Anonymous275 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа и ова мислење ама како што пишав кој пробал ќе разбере што сакам да кажам, а многу нормално дека не треба и не е добро да се дрогираш како што претходно некој пишал ради друштво или било каква причина и на рехабилитации да завршиш, ок е да се проба ама се со памет и граница :)
     
    На blueeparadise и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. SURF

    SURF Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2016
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Машки
    Ако почнеш така со ``ок е да се проба`` , ок е да се проба и арсеник. Отров е, ама не се знае може и да преживееш. Ок е да се проба ;)
     
    На jakap, srcence1607 и twilight123 им се допаѓа ова.
  13. Anonymous275

    Anonymous275 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Нема да се објаснувам и да повторувам нешто што веќе пишав неколку пати, тоа е.
     
  14. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Кокаинот да ти бил доста популарен и тука, кој да ти каже, еј. А мислев сиромашна нација сме, у реду е штом се има пари за кокаин. Само барем чист да го продаваат, не би сакала да шмркам сода, или брашно у најлош случај. :smoke:
     
  15. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Едни мои познанички земаа кокаин ќе шмркале, арно ама тоа да ти бил дробен аналгин, не знам како дознаа, ама убаво ги зафркнаа и им земаа парите.
     
    На Lolo5, elimkd, srcence1607 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.111
    Допаѓања:
    163.674
    Пол:
    Женски
    Јас лично на скоро секоја табу тема да речам се восхитувам на open-minded ставови и истите ми допринесуваат да оформам за некого впечаток на кул и интелигентна личност, но... НО на оваа не, sorry. :shake:

    И искрено секогаш кога ќе ја отворам темата сум негативно изненадена од мислењата на повеќето тука :| , од лаганиве зафрканции околу таков тежок порок кој може да ви го уништи животот. Лето било супер за дроги, па муабетиве за набавување тешки дроги како да се збори за купување кафе... :x Што да ви кажам, се надевам дека што повеќе се зафркавате само низ муабетиве овде, а дрогата во реалноста не е навистина дел од вашиот забавен живот.

    Ризикувам да бидам party pooper и клише и се надевам никој што ќе се пронајде нема да се навреди, но ова е моето мислење и морав да си го искажам. :)

    [​IMG]
    [​IMG] :D
     
    Последна измена: 31 јули 2016
    На realGirl, jakap, Iva 94 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    и јас се согласувам со тебе, што не се изначитав овде и сеуште се крстам, ама џабе пишуваме кога некои не се свесни за последиците
     
    На srcence1607 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  18. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
    Никoгaш не сум прoбaл, немa ни дa прoбaм. Имaв едни чудни цимери пo стив пред 6-7 гoдини, кoјзнaе шo не прoбaa, кoa ќе се сoбереa 10 души у сoбa и ќе пoчнaт дa ти рaспрaвaaт зa мaсoни :D
    И убедувaње дa сум прoбaл, пoшo сум живеел "сaмoтњaчки живoт"

    Али беa трoјцa другaри, a јa сaм. И сеa нaјдoбрoнaмернo им викaм, немoјте у четвртoк у петoк пoлaгaм.
    И зaбoрaвијa, дo 5 сaбaјле пуштен беше бaлaшевич и ми гo рaскaжувaa кoдoт нa дa винчи или пoјмa неaм шo.

    И 5 сaбaјле дoјде и ми пукнa филм, викaм гaси музикa и aјде пo дoмa, пoлaгaм зa 2 сaaтa.
    Арнo шo беa рaзбрaни луѓе и веднaш си зaминaa, едниoт цимер дури oтиде и бурек ми купи :D
    Oттoгaш немaвме прoблеми.
     
  19. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Во ред е да се има опен мајндед ставови за некои табу теби како што кажа Спецо, ама за ова стварно не треба и не смее поготово на јавен форум.

    Ви се молам
    , деца од основно не читаат тука па и средношколци несозреани и уште во развој и мислам дека треба поготово во вакви деликатни теми да си ги задржите таквите (опен мајндед ) мислења за себе или во некој чат/лп муабет.

    Веќе се претерува со ваквите мислења и ќе ја замолам @RainBow да има повеќе прегледност околку овие теми.
     
    На Feminka22, Mr. Right, Ицолгудбејбе и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.145
    Пол:
    Женски
    Глупава ви е споредбава тешка-лесна дрога. Секоја би ве убила..Не сакам да елаборирам.Се сложувам со членката што е над мене дека сепак тука има деца што читаат.

    Едит; Марихуаната не спага тука.
     
    На Slatkarka94 му/ѝ се допаѓа ова.