@Vitaly Да можев сто пати ке стиснев ми се допаѓа , а за напишаново . @Gosh Е најинтересни ми се овие како тебе, што мислат дека од викенд на викенд земање супстанци не е дрогирање и дека не се наркомани и зависни. Значи помирете се со фактот дека се дрогирате и дека сте наркомани. Па зарем мора да се тресеш за дрога во темна уличка или да земаш секојдневно за да се декларирате како наркомани? А да тие се наркомани, а вие не сте...вие се само опуштате од викенд на викенд, тоа не е дрогирање нели Дај просветли не што тоа незнаеме на тема дрога за да почнеме да ја разбираме? Па можеби и ке пробаме, ху ноус... Слушај, зел дрога за да излечи стрес. Зошто не истрчал бар 2км да видиш како ке му помине стресот. Јас го лечам со физичка активност на пример. После не сме биле спортска нација, па не сме кога стрес лечиме со дрога. Идите трчајте бе деца, спортувајте, маните се од марихуана што мириса да не кажам на што. Клошарски ми е кога ке видам дрогирано друштво, многу.
Мене оние најинтересни ми се што дуваат нонстоп, да ги видиш цело друштво како со лав да се бореле распарталени,смрдат од километри, и ги гледаш на телевизија зборуваат и владата ја молат да се легализира за медицински цели марихуаната.. Пуштете музика, ако сте верници помолетесе, спортувајте, играјте на компјутер и така натаму.. Делува 100%, и поевтино е од купување наркотици. Инаку и мене ме заинтересира како се нарекувате вие што земате од викенд на викенд ?
Се согласувам потполно со @oblace1 . Кога ги читам дел од мислењава и муабетите за дрога едноставно сум спичлес . Не сме биле информирани доволно за дрогата и затоа ја сметаме за штетна? Кој не пробал нема право да збори? Имало лесни дроги што само опуштале и не се станува зависен од нив? Не мора ни да бидам детално информирана, знам дека е штетна, делува психички и физички на здравјето и ТОЛКУ. Доволно ми е за да се држам понастрана од неа. Некои земале само повремено и не се зависници. Ако ти е потребна дрога за да се "опуштиш" или да се ослободиш од стрес, тогаш си зависник. И искрено не знам што да мислам за таквите. Без навреда, ама до некаде ги жалам. Ме изнервирал некој и ај по дрога одма и веднаш ќе добијам илузија дека се е во ред? Ако тоа на некои им е единствениот избор во стесни ситуации е тогаш јасно е дека самите не знаат ни со себе како да се справат. Има толку работи во кои може да ужива човек, а кога ќе видам дека некои задоволствата во животот ги наоѓаат во дрогата, без разлика каква и колку често земаат, навистина ми останува само да ги жалам таквите.
По вашите размислувања официјално сум наркоман интересно. Има многу разлика од зимање дрога по фестивали,журки и од зимање дрога секојдневно. Наркоман е лице кое е зависен од дрога, кој неможе да си го замисли денот без дрога. А не некој што ќе оди два пати во годината на журка и ќе се издрогира со табла и наркоман е. Случајно да не е наркоман и некој што еднаш пробал? Јас не пробав бидејки сум под стрес или пак нешто во животот ми фали. Радознала бев и пробав. Таблата е за журкање, ти дава енергија и тешко дека некој ќе стане зависен од табла. И да, свесна сум дека е штетна.
@Vitaly Не сакам да се објаснувам по сто пати, си кажав која е разликата. Дополнително ако сакаш разгледај и прочитај по интернет.
Лоша споредба. Некој испил чаша вино еднаш во месецот, алкохоличар е? Хм, некој испил и флаша вино некој викенд и се олешил, ама не е алкохоличар, а и да е, сепак алкохолизмот е далеку потолерантен. Моја другарка од пиење и се оштети желудникот, пиеше ете да речам, ни многу често, ни многу ретко. Наркоман = зависник од дрога. Зависноста е и психичка и физичка. Конзумира секој ден (тешки дроги од типот на хероин, ако нема тоа вели дај шта даш, се теши и со марихуана) и не може да си го замисли денот без такво нешто. Физичките симптоми му се тресење, повраќање, буквално трескање од земја се до моментот додека не прими нова доза. А јас колку што ја разбрав @Gosh ,ни тогаш кога правела, НЕ правела викендашки, нит па секој ден. Најлошата причина поради која можеш да посегнеш по дрога е заради проблеми во животот. Не решаваш ништо. И не, нема добра причина, туку право на избор си е. Кој има слаба психа, подобро не. Јас од алкохол дупло поголеми маки сум имала, од две-три чаши вино сум се истурала од повраќање и не сум знаела кај се наоѓам, сум шантрала лево-десно, а од дрога никогаш не ми се случило тоа. Витали, инаку, не ја сакам многу марихуаната, ретко конзумирам, ама нит сум распарталавена, нит не знам кај се наоѓам. И не можам јас утре да тврдам каков е ефектот на коњакот пример, ако го немам помирисано, а не пак пробано.
Чаша вино пие и Исус на тајната вечера, дали е алкохоличар ? После постот се причестуваш со вино (кај православните зборувам) дали сме алкохоличари ? А дрога никаде не видов.. Инаку сакам некој да ми каже дали човек што краде само на журки е крадец или не е ? или девојка која се занимава со проституција од журка на журка дали е проститутка ? Инаку јас за едно друштво од моето маало реков распарталени не за сите. Многу ми е драго овие на марихуна што остануваат и не посегнуваат по полошо, и најбитно од се што не ги тера на насилство.
@oblace1 Значи сите што понекогаш се напиле алкохол, се алкохоличари?! Браво за логиката, кхм... Јас убаво си пишав дека никој не ве тера да се дрогирате, ниту пак ве осудува за тоа, ама барем имајте основни познавања од темата. И најголемиот проблем на таквите како тебе е што гледате само за себе - ЈАС вака правам за стрес, ЈАС ова мислам за сите што не прават како мене ( осуда )... Марихуаната се препишува како ЛЕК против стрес и хроничен бол, затоа што не секој може да трча, или пак не сака. Сигурно вака им збориш и на депресивни, анксиозни, болни од рак и други болести... Сепак, подобро ,, наркоман ,, него себичен продавач на муда за бубрези...
@Vitaly Мали, ти се излапа со девојчето одма, од прва, па сеа стана експерт на теми кои баш не се за 15 годишен... Ај земи од другиот акаунт пишувај, кај што си повозрасен на вакви теми, провиден си...
Ако тврдиш дека нема разлика помеѓу човек кој е зависник од хероин и си го краде семејството за да дојде до истиот и човек кој сака да испуши џоинт еднаш неделно за да се олабави, тогаш стварно немам коментар. И пред некој да каже дека така се почнува, не, не се почнува така. Не знам што да кажам, ако навистина верувате во тоа што го имате напишано, залудно ќе зборувам.
Споредбите на темава и општо на другиве ви вриштат искрено... Благе везе нема едно со друго... плус гледам и религија и тајни вечери сте спомнале... wowowow.
Голема грешка си, баш така се почнува на жалост, од еден помочан испушен џоинт зарем треба некое средство за енергија и расположение да се употребува? Секое пробување е иницијат за да премине во нешто друго, не велам дека за сите важи ама незнае секој во кои карактерни личности спаѓа и затоа е подобро да не си ја привикува несреќата.
Предходниот пат беа 3 сега 2, напразно немој да зборуваш кога немаш ни доказ ни ништо, инаку зошто да не се за 15 години ? сакам за дрогата да знам, да читам мислења, на никакво предупредување не наидов додека ја отворив темата да ја читам дека треба да имам повеќе од 18. Извини а ти колку имаш ? Дали мислиш дека ако си постара 3-4 години попаметна си ? и плус тоа си наркоман. Во денешно време не е нормално да бидеш нормален ?
Викате марихуаната не е дрога, е што е ако не е дрога? Секоја опојна супстанца е дрога вклучувајќи ја и марихуаната, па 90 посто од сите видови дрога се растенија ако е за тоа, демек ако е растение не е дрога? Чим влијае на психа дрога е, и алкохолот е дрога и кофеинот е дрога и не викајте дека не постојат класификации на дрогите и те како постојат не може и сите у ист кош да се стават, јас лично сум против било каква дрога но си има тешки и лесни дроги не се сите исти по ризик од предозираност, влијаниие и степен на зависност.
Се обидувам да го објаснам болдираното. Секој со своето. Ако не пушиш трева, не ги осудувај тие што пушат. Ако пушиш, тоа си е твое, не мора целото друштво да го натераш да проба. Па дури и тешки наркомани и зависници од дрога, што си прават си е нивно. Самите си го уништуваат животот, тоа нема никакво влијание врз вас освен ако не ви се блиски. Секој со своето, не знам што се толку важни туѓите одлуки.