Сакам да ги опоменам сите што ја читаат оваа тема да не се излажат, да не го бараат ѓаволот со сила и никој да не ги излаже дека марихуаната не е ништо. Нема никаква корист од тоа а радозналоста може да ги однесе во пеколот.
Ако е така, ако требаше да не гледаме што другите прават, половина и повеќе од темите не би требало да постојат за разговор па дури и самите форуми да не постојат.
Убаво од тебе, ама кој сака да проба ќе проба без разлика дали ти си напишала мислење или не. Не сакам да звучам дрско, but that's just how the world works. Лично не мислам дека марихуаната е лоша за разлика од хероинот и нему сличните, но вистината е, луѓето се дрогираат и ќе продолжат да се дрогираат и јебига, тоа си е нивна работа.
Дискусија е во ред, но да мислиш дека си подобар од другите бидејќи пушиш или не пушиш трева не е во ред. По стоти пат, индивидуална работа. Ако ти мислиш дека тоа што го правиш е правилно, супер, продолжи така.
Кога би знаела тоа што јас го знам, кога би видела и доживеала живот со наркоман, е тогаш поинаку ке мислиш. ТОА Е ПЕКОЛ и треба да се бориме против зло и треба децата да едуцираат и да не ги охрабуваме со такво одговори демек ништо не е, кој сака нека прави идр. треба многу построги мерки да се превзмеат па дури и овде на форумиве да не се дозволи да се збори позитивно за марихуаната.
Епа вака ако ќутиме и не збориме дека дрогирањето е лошо, и тоа како ќе се дрогираат луѓето. Затоа ако ништо друго барем можеме да кажуваме јавно како на овој форум дека тоа е лоша работа, па можеби некои од тие што се дрогираат ќе го сфатат тоа.
Толку кампањи, флаери, чуда и guess what... Луѓето сеуште се дрогираат. Ако некој сака да проба било каков вид да дрога сигурно нема да си каже еј ај да видам на фемина што кажуваат па ќе размислам.
Не знам од каде се најде Господ во темава, колку и да е некој верник. На место на виното може да се стави било кој алкохол, но еве од чаша вино јас се чувствувам веќе tipsy, а да не зборам за две или повеќе. Многу лошо делува на мене, гаден вкус и мирис ми има, пијан човек може да предизвика сообраќајка, да умре од алкохол. Од марихуана нема ниеден смртен случај, ни пак пријавени сообраќајки. Секако, не е прекрасна и безазлена ама ни виново па ич не е... Gosh, инаку ќе да е малку повеќе од 4 години постара од тебе.. а јас на 15 не знаев што е џоинт, не пак да имам олку знаења за сите видови на дрога, без да знам како изгледаат, не пак да ги имам пробано. Машала.
Измешавте баби и жаби. Алкохолот се користи на прослави, и нормално е да видиш луѓе со чаша вино, шампањ на свечености на пример. Ама нормално е да извадат сите дрога или шприцеви и да се дрогираат? Ако веќе велите дека не сте наркомани бидејќи не земате често, тогаш зошто воопшто земате? Пораси стрес? За опуштање? Епа ако некој само со дрога се ослободува од стрес и се опушта, е за таквите не можам да немам предрасуди. Ми се лоши кога гледам дека некои оправдуваат земање на дрога макар и во мали количини.
Па ако така размислуваш, воопшто не треба за ништо што е лошо да пишуваме, пошто нели не можеме ништо да промениме, со други зборови ти се откажуваш уште пред натпреварот да започне. Сигурно има многу кои ги читаат мислењата на форумов, така да ако некој ја чита оваа тема барем треба да види дека најголем број од коментарите се негативни за дрогирањето, а тие ќе бидат негативни само ако сите што мислат дека дрогирањето е лошо го напишат тоа овде.
Поради ваквата околина треба и помали деца од мене да знаат каков порок е дрогата. Колку сака нека е постара не е долично така да се изразува, сум имал 2 акаунти, 3 акаунти, нека докаже не само од тамин да зборуваме, а и плус наркотици користи може е под нивно дејство па ќе зборува се и сешто на форум.
Разликата е што јас не делам овде правда, и не велам дека дрогата е излезена од рајот и сите да се дрогирате. Додека од другата страна се: фуј то, ти гадна наркоманка, не смееш да се дрогираш. Јас си кажувам личен пример, и не наведувам никој да се дрогира. И право да ви кажам, од една линија не ми е ништо (ништо во смисол не ми се лоши, не ми е поматена свеста, напротив изострена ми е, не шантрам лево-десно) а од чаша алкохол се' ова може да ми се случи. Затоа, за МЕНЕ понекогаш ми е сто пати подобро да правам ова или да испушам џоинт, отколку алкохол. Секој нека си прави како му одговара, и нека не зборува за ефектите на нешто ако го нема пробано.
Прочитав некој пост поназад: ако знаеш да ја конзумираш генијалец ќе си бил, ма немој, ве молам со вакви ступидни изјави - не. Како прво зависноста не прашува дали знаеш да ме конзумираш? туку е зависност без која не можеш, ако не ја конзумираш почнуваш да кризираш, е сега не секоја дрога има ист степен на зависност ама и не знаеш на која дрога си имун а на која не, па зашто онда би ризикувал? Мит е тоа дека генијалците и големите артисти, музичари, сликари, својата креативност ја стимулирале со дрога, колку сакаш напуши се ако не си креативен џабе ти е.
Напушени со марихуана немале сообраќајки... Е како така?? Епа мој другар пред два месеци во диско се напуши едвај жив остана, се истумба со колата, фати пријатели се заташка работата помина со минимална казна. Друг познаник да кажам, собрани друштво пали марихуана- имал тежок ден, го прашувам што е работата? Вели згазил со колата куче, мора да се опушти, значи и за најмала ситница тој бара спас а камо ли за некоја пострашна ситуација. Другарка ми се јавува едно сабајле испаничена ме моли да и донесам лек за модринки, одам дома што ќе видам, ладна пот ме облеа, се испианила се напушила паднала во несвес, два заба скршила а лицето модринки... Се знам цел живот, но морав да ставам крај на пријателството баш ради таа проклета марихуана. Бидете силни, секој во животот се справува со тешки ситуации, не барајте утехаа во таа одвратна супстанца, дружете се, стекнувајте пријатели кои ќе ви се поткрепа во животот, зошто еден ден ќе ги изгубите и ќе останите сами во друшто со дрога
Јас да сум на твое место никогаш нема да ја напуштам другарката ако има проблем особено таков,зошто во лошото се познава другарството.Нели заедно во се во лошо и добро,да не се заборава.
@Zeynep Грешка си, се обидов со се ја криев, лажев, ја правдав, дома ја заедов една недела малку да и спадни отокот, брат ми дозна ме кажа, па и јас си имав проблеми од типот дека и јас пушам, веќе и дома ме притиснаа... Јас и поддадов рака во тие тешки моменти ама нема да дозволам да ме повлечи во бездна
@honest girl, се согласувам потполно со тебе, дрогата не да не им помага на уметниците во зголемување на креативноста, туку напротив - колку само познати уметници со вонсериски талент се доказ како токму со дрогата можеш да си го упропастиш животот? И не, можеби не сте зависници со по некоја линија, табла или што ти ја знам на фестивали/журки, но сепак не значи дека тоа е позитивна и нормална појава. Ама океј, секој со својот став и начин на живот... јас нема никогаш да дозволам друштво и опкружување да ме натера било каква дрога да ја направам дел од забавата, расположението итн.
Ne mi se veruva sto citam. Zarem treba da se diskutira za drogata ili da se ubeduvame za Toa kakvi se posledicite od nea?
Ако не е мара дрога, тогаш зошто од авион се познава кога е некој надуван? Видиш, од чашка алкохол или од цигари, не е така. А да не почнувам како зависници од тешки дроги знаат да ти врзат поасален муабет од редовни травари.