^Мене до сега неколку души ми кажале дека ништо не ми се приметува кога сум била напушена. Првата е тотален непушач (пушев во нејзино присуство) ,втората ме сретна со моја другарка, знаеше дека пушев, и рече дека нема никаква промена, а третата рандом на улица и пак не ме примети. Од алкохол, нема кога не ме прашале, абе си пиела нешто? А колку нормален муабет ќе ти прави некој на хероин, хмм, не знам баш...
Пријателчиња, знам дека е оф топик (во контекст на муабетот за ганџа) ама сметам дека ова треба да се види Епа секоја му чест на дечково http://daily.mk/zabava/brazilski-umetnik-slika-so-chad-od-marihuana-1
Тие што земаат дрога самите си прават штета и точно дека ако некој нешто им рече, ќе речат нивни живот е. Но како што кажав и претходно, можеби нема на некој да му зборувам каква штета си прави, но тоа што си е нивни животот не значи дека таквите луѓе ги прифаќам. ако на луѓето им се суди по карактерот, и фактот дали ќе земат дрога се сведува на нивниот карактер.
Дете колку пати треба да ти се каже за да ти влезе во глава дека пушењето ганџа не го прави човек нароман? Како и да е... Коментарот сметам дека треба да ти биде избришам. Против правилата на форумот е, НАВРЕДУВАШ членови на истиот.
Не навредив никој лично, не посочив никого, ако некој од админите смета дека е погрешно нека го избрише веднаш. Според мене со ганџа почнува приказната, никој неможе да ме убеди дека тоа не е дрога.
Какви глупости се изначитав на темава алал да ви е. Еве пушев еднаш, прв пат со дечко ми, поубаво во живот немам спиено. Толку бев одморена и свежа утрото, а во моментот не ми се случуваше нешто којзнае што малку повеќе се смеев. Еве брат ми пуши знам дека пуши, сакате да ви прикачам слики до која мера му се зголемува креативноста? Немам пушено пак еве помина пола година, не осеќам потреба, не сум зависна, ама според вас сум наркоман и брат ми е и дечко ми е. Ете не знам како живеам со нив. Дечко ми си работи како што треба, брат ми е уметник, учи факултет и работи со татко ми во секој слободен ден. Стварно многу лоши луѓе се.
Кешке да се напушев пред да ја отворам темава, барем забавни ќе ми беа мислењава на темава. Ама битно и Господ се најде тука.
Ајде тогаш ако не се лоши луѓе тие што пушат, навалете сите да пушиме. Може па и поарен се станува, а не лош. А еве и полесно се спиело... Деца читаат на форумов, ако не сте против и ако вам ви е убаво така, не мора бар толку гласно да ги промовирате вашите ПРО пушење мислења и вашите и на вашите блиски супер искуства со истото. Едноставно воздржете се од вакви ''едукативни'' лекции и крај. Значи колку и да не е лошо како што велите, полезно сигурно па ИЧ не е!
Извини не промовирам туку кажувам искуство и лично видување. Ако некој не сака да проба нема да го убедам јас па макар и пред него пушела и докажувала дека не ми е ништо, а фала богу ни немам потреба ни желба за такво нешто. Него можете да си ги приберете мислењата со фрчењето коментари и лепењето етикети дека некој е наркоман од еден испушен џоинт, оти не е. Оти знаш што и апчињата не се полезни и ствараат завист ама се дозволени и за тоа никој ништо не тврди, има лекови кои го зашеметуваат мозокот и ти предизвикуваат халуцинации и завист и да се тресеш над нив и од мала паника да голташ дизејапам оти те смирува. Исто ти е. И во повеќето земји сите пушат па гледам многу неуспешни нации има во светот ради тоа.
Јас НИКАДЕ не спомнав израз наркоман. А ти ако не си тоа, нема што да те задира колку и некој да го пишува зборот. Едноставно, не мораш да кажуваш дека супер си се наспала вечерта кога си била напушена. Тоа ми беше поентата. Ајде па сега напушеноста со успешноста ја поврзува. Јас па знам и успешни луѓе кои не пушат и?! Девојче, прави како што сакаш и сметаш дека е правилно за тебе. А за други нации и луѓе овде од форумов, остави сами да си мислат и расудуваат.
Тоа е иритантно!!! Алкохолот е легален и наводно помалку опасен од марата... Зошто? Порста неинформираност. Гнасно ми е кога гледам поднапиени или она скроз изпијанети луѓе, особено возрасни на прослави, на свадби поготово. Ми се лоши кога ќе видам колку се оправдува користењето на алкохол, само заради тоа што е легален. Ќе ти одговорам на прашањето со прашање: Зошто земате алкохол, без разлика.. прослава, night out? Затоа и ние козумираме канабис. Смешно е да се дискутира со некои за опасноста на алкохол наспроти марихуана. Cве носи последици ако не се користи умерено. Алкохолот создава многу поголема зависност од самата марихуана. Читајте факти, бројки... И после толку време... не се разви форумот. Сеуште мислам дека зад монитори стојат незрели адолесценти.
Да морав да кажам дека супер се наспав оти темата е за дискусија и сакам да кажам каков ефект имав од тоа. Ете може некој има проблем со несоница па ќе сака да проба и што сега?А децата фала богу имаат други теми за читање имаат и родители нека им кажат што е добро, а што не ако сметаат дека треба да се знае дека травата е лоша. За зборот ти конкретно може немаш пишано ама мислењто се однесува на повеќето мислења од други членови. Многу предрасуди имате и секој си ја пика главата дека не му е местото затоа не не бива.
Значи јас познавам што се на мое годиште па дуваат канабис.. И јас нонстоп бегам од нив не сакам да сум во контакт. Се собираат 5-10 души само машки по некои темни места и дуваат..како им даваат нивните? родителите дали уопште знаат што им прават децата. Јас се плашам од вакви работи Господ да ве чува сите,па и мене
Кога зборев за алкохолот не мислев на пијанчење, туку умерено користење. Инаку и јас сум строго против претерување со алкохол, и никаде не спомнав дека мене пак ми е мило да гледам испијанети луѓе. И ако добрата информираност за ползата на дрогата и дека сепак треба да се проба ме прави зрела личност.....ноу комент Веќе и терминот заостанатост ќе почне да се употребува за нас. И како што кажав, да ваш живот е, ама за тие што земаат дрога, а зборам и за тие што се пијанчат не можам да немам предрасуди и да ми е сеедно да се дружам со такви Толку од мене.
@1209 Да ти мораше да кажеш и уште ред како тебе што мораа да кажат, а можеби позади компјутер стои нестабилна особа на која и фали поттик за да се подлаже и проба.Не само позади компјутер туку и во реалниот живот. А сите што се на хероин баш почнале вака слушнале од страна дека било кул па ајде од проба ништо не се случува нели. Ама не секој е карактер да остане на пробување, затоа има наркомани на тешки дроги, заради мислењата што ги пропагирате. Да се разбереме не сте модерни, ниту ве рачуна некој за опен мајндид, напредни затоа што дувате и сте ок со било кој вид на дрога.
Сите кои пафкаат живеат во истата заблуда дека све е кул и ништо не се осеќа. Сум имала контакт со околу 50 такви и кажувам дека кога се под дејство од страна изгледаат неубаво, а како тие моментално се чувствуваат и како мислат дека изгледаат е нивна работа. Ганџа е дрога, лесна, за мене најбезвезна од сите. А ова спомнување негативни последици од алкохол е стандардна дефанзива, уште одамна ја научив од еден кој во меѓувреме си беше на метадонска терапија. Не пијам, btw. Имам пишано во друга тема, постои можност (!) дрога да биде и не толку опасен порок, но, тоа важи за одлично ситуирани луѓе, висока класа, кои имаат пристап до поквалитетни супстанци. На другите би им порачала да не се залетуваат.
Ама @оblace мене ме заболе кој стои позади монитор сфаќаш? И не не сум опен мајдед за сите дроги, муабетот е за марихуана и неа не ја сметам за дрога и не ја смета 90% од светот, ама сите ние сме наркомани и вие 10% сте светци што ќе го спасат светот оти ќе тврдат понаку. А не сум модерна или кул затоа што дувам( иако еднаш дував како што кажав) и да дувам нема да биде тоа за да бидам кул, разбираш. А и онака сум си кул веројатно многу покул од тебе да се разбереме. И не знам кои надувани луѓе сте ги виделе што изгледаат лошо стварно јас од никој таков немам лошо искуство.