Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. IwyDior

    IwyDior Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    42
    Дали би конзумирале дрога, чисто колку да се направите фраер/ка?
    Не! Ми се лоши од самата помисла на тој порок...

    Кое е вашето мислење во врска со дрогата?
    Едноставно на неа гледам како убиец,кој полека но сигурно загорчува милиони животи.

    Колку е застапеноста на луѓе кои конзумираат дрога во Македонија?
    Според мене доста застапена. "Фраерите" од по 13-14 години се пафкаат и мислат дека се јаки типови!

    Се произведува ли дрога во Македонија?
    Не знам и не ме интересира! Мислам дека треба да си луд да заработуваш од страдањата на друг.

    Колку сте информирани во врска со дрогата? Ги знаете ли сите мани и последици?
    Со оглед на тоа дека имам (добро,имав) другарка која за жал никогаш не се извлече,сметам дека сум доста информирана. :(
    Дали некогаш би пробале или сте пробале дрога?
    Не! Многу пати ме имаат наговарано да пробам,но не сум толку слаба и очајна... ;)
     
  2. ynafets

    ynafets Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    17
    Дали би конзумирале дрога, чисто колку да се направите фраер/ка?
    - Не!!! Што има толку фраерско у тоа.. баш ми е клошарски..!!!

    Кое е вашето мислење во врска со дрогата?
    -Немам никакво мислење..порок е тоа секој порок е лош!

    Колку е застапеноста на луѓе кои конзумираат дрога во Македонија?
    -Бидејки.. се движам во таква околина.. учам со такви луге и во населбата имам такви луге и мене застапеноста ми изгледа ГОЛЕМА!! Можда не сум доволно информирана али како што кажав не ме ни интересира!!!

    Се произведува ли дрога во Македонија?
    -Како што имам слушнато по вести и слично .. Да се произведува!

    Колку сте информирани во врска со дрогата? Ги знаете ли сите мани и последици?
    -Мислам дека сум доволно информирана!!!

    Дали некогаш би пробале или сте пробале дрога?
    -Па вака сеа .. тревата незнам колку се семта за дрога .. дрога е али.. негде е и легализирана.. така да само тоа имам пробано без да има некаво дејство !
     
  3. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Дрогата ми е нешто најужасно на свет.
    Екстази,хероин,кокаин, па и марихуана.
    Ќе рече некој,ама сте застарени,ама ова ама она,денес сите пафкаат.
    Не гледам корист од марихуаната,ниту пак ќе видам.
    Мразам алкохол ,и цигари, и се што штети на организмот и на мозокот.
    НЕ прифаќам луѓе што пафкаат,колико год да се паметни,убави,богати,начитани,и добри души.

    Во Македонија се прави дрога,и се дила,и тоа во повеќе средни училишта.
    Никогаш не би конзумирала дрога,освен ептен ако се разболам,па да е неопходно.
    Застапеноста би рекла дека е голема,за жал почнуваат од мали нозе,и со марихуана и други наркотици.
    Отприлика ги знам последиците,не сите на памет,ама тука некаде.
     
  4. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Секогаш на темата дрога јас се зафркавам, им викам ако знам дека утре ќе умрам вечерва има да се нафурам со марихуана,херои, но само ако знам!
    Иначе Дрога никако, и фала му на Господ што ниту сум била понудена од некој, ниту друштвото ми се занимавало со такви работи!
    ДРОГАТА ГО УНИШТУВА ЖИВОТОТ НА ЕДЕН ЧОВЕК!
     
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Еуфорично чувство и марихуана.
    Wow.
    Немам што друго да искоментирам, смешно ми е дури.
    Погледнете го клипчево.
    Премногу е поучно.
    http://www.youtube.com/watch?v=hMM_T_PJ0Rs
    Исто така и погледнете го филмот zeitgeist.

    И btw не го лажиш мозокот, туку го отвораш. Способен е за поголема перцепција и подлабоко размислување.
    Ако си прост и глуп како точак и со газиран сок можеш да си го уништиш животот.

    Јас го поддржувам мислењето на човек што е против алкохол, против цигари.
    Ама некој што секој викенд се пијани и цигарата не ја вади од уста,а ми зборува за зависност од дрога.. е тоа никогаш нема да го сфатам.
     
    На Raven22, cheetah.girl, Offspring и 3 други им се допаѓа ова.
  6. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Имам пробано марихуана само еднаш зошто јас така сакав а не да бидам кул или нешто. Сакав - пробав и толку. Ова беше пред две години. И сега не ми текнало да запалам пак а нон стоп ми нуделе секакви дроги ама не. Не би пробала ниедна друга дрога немам толкаво љупопитство во мене. Можеби само марихуана пак би запалила ама и тоа да не веруваш. Не за друго тогаш кога пробав ама баш ништо не ми беше. Некои другарки се испофалија незнам што им се дешама ама мене послабо. Освен што смрди одвратно друго ништо. Дрогага е премногу распростанета кај младиве и конзумираат сешто со секакви хемикалии и конзумираат без граница. Разбирам да се биде љубопитен ама ако уште пред да пробаш не си ја одредиш границата до каде би одел и не го почитуваш зборот, а и ги заборавиш последиците... тогаш нема да чини работата.
     
  7. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    Тешка тема и тешко питање :?:
    Дали имам пробано....
    Во мојот живот сум била под ногу искушенија. Живеам 10 години со брат наркоман. Се знам за дрогата... ама ете пробав. Кога бев 18 отидов сама во Германија , бегав од него од таков живот , се колнав дека никогаш нема да пробам. Што се случи..... :?:
    Запознав лошо друштво, бев сама без контрола на родители, самичка абе уживанција...
    И еден ден на еден роденден , сите одат на едно место и се враќат WOW I FEEL GOOD си мислеше глупата сања шо така бре од едншка. И отиде и ја да видам кусо да не сам, и коа да видам сите нешо шмркат...
    Јас глупава!!!!!!!! да пробам и јас шо е....проба (инересно ми беше оти беше поднапиена и се), игра цела вечер , ужива..... ама утрото..... Скина ме совеста и грижите шо може од мене да биде! Кога ми текна низ се што сам поминала дома со брат ми, поради што сам избегала , каков е тај живот, идеше ми се да се фрлам низ терасата!!!! Од таа вече за ДРОГА не фала, никогаш повеќе, едншка и никогаш. Зашо да си го фрлам живото кога е убав! Зашо да го правам тоа, коа знам самата шо последици има и како е да живее со таков човек.
    Затоа молам ве сите.... Се е само на момент...ама после тај момент.... може цел живот да ви се промене, и сите луѓе што се ги сакале да ги изгубете и вие да се наоѓате у бездна и да не гледате излез. НЕ ОДИТЕ ПО ТАЈ ПАТ..... ДРОГА НЕ ВИ ТРЕБА......
    Ај доста пишувам оти ке почнам да ронам солзи како некоја ненормална ..........едит: абе нема ни едит ...ај доста е ... тешко е на ваа тема да се зборе...
     
    На Monna.Monna, ljubam и ElleS им се допаѓа ова.
  8. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Дрога?
    Не фала, луд сум и без тоа.

    Шала на страна.
    Никогаш не сум помислила да посегнам по вакво нешто, ниту ми е во план, ама нели викаат никогаш не вели никогаш. Знам неколку луѓе кои од осмо одделение се на марихуана, не е некоја тешка дрога, ама дрога е. И не е работата дека марихуаната не е штетна, понатака во животот ке те натера нешто појако да земете.

    Не ги судам луѓето кои пушат, дуваат or something else, ама гледам да ги посоветувам или да им дадам подршка да се откажат од овој порок.

    Кажете НЕ на дрогата, а ДА на спортот.
     
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Не сум пробала и нема да пробам, не ми е потребна дрога за да уживам, за да си поминам убаво и да бидам среќна. Од дрогата има само штета, нема никаква корист, сите ги знаеме негативните последици што ги остава.
     
  10. Happygirl13

    Happygirl13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    60
    Дрога=убиец на милион животи!
    Никогаш не сум пробала и нема да пробам,но затоа иам другари кои конзумираат марихуана.
    Некој викаат дека марихуаната не е опасна,но не е така секоја дрога е опасна па дури и марихуаната.
    Марихуаната е збор кој се користи за да се опишат исушените цветови,семиња и листови на индискиот коноп.Оваа дрога има многу други улични имиња како што се:Трева,тревка,Ганџа,Мара,Манџа,Зелено,Фиш,Гане,Ха-Ге,Грас,Канабис,Џ,Џокавец.
    Марихуаната обично се пуши како цигара(џоинт), но исто така може да се пуши и со луле.Додека поретко се меша со храна и се јаде или пак се вари како чај.Кога едно лице ке испуши џоинт, тоа обично за неколку минути ке го почуствува ефектот од него.Моменталните чуства-зголемениот пулс,ослабената координација и баланс,како и "расеана" нереална состојба на умот-го достигнуваат својот врв во првите 30 минути.Ови краткотрајни ефекти вообичаено исчезнуваат за два или три часа,но тие можат да траат и подолго во зависност на ТХЦ и присуство на други дроги кои се дел од мешавината.Бидејки типичниот корисник вдишува повеке дим и го држи подолго отколку кога би пушел цигара,џоинтот силно влијае врз белите дробови.Покрај непријатноста која резултира од вослапеното грло и настинката на градите, откритијата опокажуваат дека консумирањето на еден џоинт ве изложува на хемикалии кои предизвикуваат рак колку пет испушени цигари.Пизикот од рак на белите дробови е многу пати поголем за оние шти пушат џоинт, отколку за оние што пушат цигари.Менталните последици од земањето на марихуана се исто така жестоки.Пушачите на марихуана имаат послаба меморија и ментална способност од оние кои не ја земаат.Има уште да се кажува али ме мрзи да пишувам.МиСлам дека ова е доволно за да не ни поислите да пробате џоинт или пак некоја посилна дрога ;)
     
  11. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Значи вака:
    Дали би конзумирале дрога, чисто колку да се направите фраер/ка?
    -Не сум козумирала а не ни планирам ниту сакам !

    Кое е вашето мислење во врска со дрогата?
    -Све најлошо, дрогата све ќе ти уништи, целиот живот !

    Колку е застапеноста на луѓе кои конзумираат дрога во Македонија?
    -Незнам, но се плашам дека не е мала .. |(

    Се произведува ли дрога во Македонија?
    -Најверојатно има места од каде шо наоѓаат дрога македонскиве наркомани..

    Колку сте информирани во врска со дрогата? Ги знаете ли сите мани и последици?
    -Не баш.. Не ни планирам да се замарам со неа !

    Дали некогаш би пробале или сте пробале дрога?
    -НЕ ! НЕ СУМ ПРОБАЛА НИКОГАШ НИТУ ЌЕ ПРОБАМ !

    :) :) :) :) :)
    P.C: Ти не ја шмркаш дрогата, еден ден таа ќе те шмркне тебе ! ;)
     
  12. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Се што се користи претерано е лошо. Разграничете си го терминот дрога, наркоман може да биде и некој што е навлечен на апчиња за спиење.

    Многу ми е смешно (јас сум повремен уживател во марихуана) кога се карикира и хиперболизира употребата на дрога. Као, од прво димче и викаш ВАУ БРАТ, јас сум наркоман и сега ќе одам ќе крадам злато од мајка ми. Тоа се чисти глупости. Знам да свртам џоинт со друштво (и со дечко) до двапати годишно. Никогаш, ама баш никогаш не ми се појавила зависност. Ама затоа пушам цигари како средновековен оџак.

    Убаво кажа некој погоре, ако човекот е глуп, не му е потребна дрога да се упропасти. И после ќе дојде некој и мене ќе ми каже дека сум наркоман затоа што пушам двапати годишно, а за чудо ќе испадне дека сум поуспешна од него. Против сум да се употребува од рана возраст, јас на 20 пробав, ама не би осудила некој што е љубопитен и сака да проба. Се е во самоконтролата.
     
    На Raven22, Trnche и Ashling им се допаѓа ова.
  13. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Имам пробано трева, два -три дима и немаше скоро па никакво дејство врз мене.
     
  14. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    ма каква дрога, каква марихуана, нејќам уопште името да го спомнам, ме иритира, марихуаната немала штетно дејство незнам ти што, ма секоја дрога има штетно дејство ако се конзумира и ТОЧКА! не оправдувам никакви реплики !
     
  15. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Имам пробано марихуана ми се засвиѓа и имам неколку пати намерно земено, да се опуштам и да се смеам.

    Неколку пати со Петко мој сме си смотале џокле и сме се забавувале, си „шмркавме“ Цедевита и трипавме дека кучката ќе не нападне, тресевме зелени и се снимавме со телефон па другиот ден имаш материјал за смеење. А и како се спие после џокле, мераци :rofl: , Синатра у позадина, трипаш и заспиваш :yawn: .

    И ете сум пушела можда 10 пати и не сум зависник, и ќе пушам пак некогаш зошто ми е интересно ама нормално со памет, а и колку што сум информирана марихуаната не создава зависност. Знаат сите окулу мене дека сум пушела па еве никој до сега не ме етикетирал како наркоман.


    Ексери и бело немам пробано, а и незнам дали би земала ексер можда на некоја журка ама тешко тоа да се деси, а бело-не благодарам не ми е по ќејф некако.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  16. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Ќе се согласам со Саја дека се што е претерано не чини, и зборот наркоман е премногу исфорсиран, колку да се каже нешто и да се залепи етикета |(
    Еднаш во животов имам пробано МДМ, за на журка, и не ми беше ништо посебно, така да после тоа не сум нит сум посакала нит сум пробала.
    Мара да, пушам, најчесто со дечко ми знаеме да си распалиме, еднаш у неделата, некогаш и поретко, зависи кога-како имаме пари. Се е убаво, се е смешно и интересно, опуштено, па и сексот е многу понеболен :D
    Не оправдувам луѓе што пушат премногу(а ги познавам многу такви), по 3-4 на ден, тоа ми е премногу, не знам зошто некој воопшто има потреба од толку. Јас не можам ни да поднесам два во еден ден, баш минатата недела пушев еден со дечко ми, па со сестра ми и другарките нејзини после неколку саати земав уште дим два и се комирав. Тоа не ми е во ред и немам намера пак да го направам :D

    Така да, ај опуштете се и не се потресувајте многу за марихуаната(за други дроги не се ни разбирам), од 3 пати месечно наркоман не се станува и не се умира.
     
  17. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Дали би конзумирале дрога, чисто колку да се направите фраер/ка? НЕ, никогаш...

    Кое е вашето мислење во врска со дрогата? Негативно, никогаш не би конзумирала...

    Колку е застапеноста на луѓе кои конзумираат дрога во Македонија? Мислам дека е прилично голема(во однос на другите земји е помала секако, но за нас е прилично голема, особено процентот е најзастапен кај тинејџерите)

    Се произведува ли дрога во Македонија? Да, но мислам дека повеќе ја увезуваат

    Колку сте информирани во врска со дрогата? Ги знаете ли сите мани и последици? Многу сум информирана, учествував на натпревар за дрогата како пророк на младите, и ги знам последиците

    Дали некогаш би пробале или сте пробале дрога? НЕ и не планирам :)
     
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Не сум пробала, ниту сакам да пробам.
    Јас ако неможам со својот став само и нормалното однесување кое не подразбира алкогол и друго да се истакнам, тогаш со дрогата само себе ќе се уништам и пред све угледот кој го градам.

    Втора причина е дека со конзумирањето било каква дрога само се уништувам самата себе си и своето здравје.
     
  19. swetty

    swetty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    25
    сега за сега немам пробано никаков вид на дрогаа..!!!
    но да се најдам во такво друштво би пробалаа..
    ако некогаш се решам на таков чекор(ма да што не верувам) тоа ке биде заради моите претераноо големи проблемии...и зарадии мојот заебан животт...!!!
     
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.151
    Не сметам дека марихуаната е некоја тешка дрога и знам дека не создава физичка завиност. Сепак, денес сите ние во овој брз свет, пробуваме да избегаме од секојдневието, со апчиња, алкохол, па зошто тогаш некој ми кажува дека марата е поштетна од анти депресивите или алкохолот? Како може некој што се опива секој 2 ден да збори како дрогата е зло. На крајот на краиштата, надуван човек скоро никогаш не влага во тепачки, што не е случај со пијаните..
    Не ја оправдувам консумацијата на дрога. Исто како што не го оправдувам ни претераното пиење. Најмалце ги оправдувам антидепресивите.
    Па кога би бирала како да избегам од реалноста, сепак би свиткала џоинт..

    (Муабетов е за марата, не за потешките дроги, зошто сметам дека разумен човек никогаш не бил заглавив на тешки дроги, само затоа што пробал мара 2-3 пати)