Муабетот е Дрога. Како што гласи насловот на темата. А за марихуана има уште две-три теми на форумот. И не ја сметате за дрога, а упорно ја дискутирате тука. Ај сеа.
Ние pot-heads не забележуваме многу наслови... Затоa Океј. Да се надоврзам од претходно. Колку успешни зависници од хероин водат колку-толку нормален живот? Или ете, земи ја било која дрога од потешка категорија. Колку временски трае тоа... споредбено со успешните луѓе кои редовно конзумираат канабис?
Некои земале дрога и успеале да го урамнотежат животот (можеби едвај) и сеа заклучокот е дека дрогата сепак не е опасна? Абе и 1000 луѓе да ми повторат нема да добијам претстава дека не е штетна и ќе имам и понатаму предрасуди за тие што земаат. И не е само физичкиот изглед фактор, како што кажа некој претходно, и коцкањето е порок, па ти можеш на некој од лице да му погодиш дали се коцка? Плус, не е работата дали е поштетна алкохолот или дрогата, факт е дека дрогата е штетна, и секој човек што ќе посегне за мене претставува друга слика, а не ама помалку е опасна од ова, повеќе од она. И да не му влијае многу, за човек кој посегнал по било каква дрога впечатокот е дека свесно ризикува, и дека задоволството го наоѓа во нешто што може живот да го чини. Башка споредбиве со зрачењето и пестицидите. Тоа се веќе работи кои во модерниот свет не можеме да ги одбегнеме, додека дрогата свесно ја земате на своја рака и покрај бројните предупредувања. А и тоа зрачење од телефоните не е толку штетно колку што се збори, ако веќе споредуваме.
кој си сака да се опушта со било што нека си се опушта со што сака дрога ли ке биде трава ли ке биде алкохол или пак спорт се зависи до карактерот на личноста и силата на умот што си ја поседува , јас лично се опуштам и си барам забава со лубеница или пак сок од јаболка на џусерот исцеден
Временски може да трае со децении и децении. Ама ти веројатно за потешките дроги се информираш од Википедија. Зошто јас лично познавам околу 50 травари, и ниту еден не се вклопува во дефиницијата за успешен човек ако е тоа заемно обусловено со ослободен ум, креативност и што уште не? Зошто Обама за марихуаната се изразил вака: Carney emphasized Wednesday that Obama was simply talking about the “the disparities in our prosecution of our drug laws,” and does not encourage marijuana use, which he sees as “a bad habit and a vice.” http://www.huffingtonpost.com/2014/01/22/obama-marijuana-legalization_n_4647523.html ? Зошто од став дека марихуаната е безопасна, ретерираш на споредба со една од најтешките дроги? Нели муабетот ти беше мара вс. алкохол? Епа колку луѓе кои си потпивнуваат, водат и повеќе од нормален живот?
@sjdgo Трае временски со децении, ако е високо квалитетна. А колку луѓе имаат пристап до таквата? Ризикот да користиш марихуана (па и ниско квалитетна и прскана нека е) не е ни приближно ист со користењето на потешки дроги. Ти тераш википедија муабет... На што имплицираш? Тогаш според тебе да заклучиме дека: користењето на тешки дрога на догорочен период не влијае врз успехот на индивидуата. Што, не се согласувам во целост бидејќи последици ќе се појават порано или покасно. Тоа не е случај со марихуаната. Лично за тебе, жал ми е што имаш такво опкружување. Можеби и затоа имаш таков став кон марихуаната. Сепак, секој со своите искуства. Не дека јас лично познавам кој знае колку успешни, али не се разликуваат по ништо од оние што не ја корситат... И притоа се урамнотежени, имаат црвсти врски со родители, пријатели... Едноставно функционираат во животот. Додека јас ете, 4 години средно не попуштив со успех. Обама може рекол дека е лоша навика, али и признал во интервју дека доста често ја користел како помлад. http://www.celebstoner.com/news/celebstoner-news/2013/04/29/obama-recalls-getting-buzzed/ Спред многу тука на форумот, ако дуваш неколку пати... завршено е со тебе, зависник си. Затоа го спомнав. Чоечееее Муабетот уште е алкохол вс мара, ти наведе на ваква споредба.. Ама дааа, ти марихуаната ја ставаш во категорија дрога, па затоа и правиш вакви бесмислени споредби.
Бешеиден, океј е значи, олади малце. Темава не е само за мара бај д уеј, не се крстиме само за дувањето што го кажувате ко дишење ко што рече Сесил. Сврти некоја страна наназад како не памтам кои членки се фалеа и дека пробале таблети, бело итн... Ќе напоменам дека јас лично не оправдувам лични навреди кон членките со спротивно мислење дури и на оваа тема. Иако сметам дека став против своеволно избрана опасност каква што е дрогата како порок - не спаѓа во предрасуди, сепак не ми звучи воопшто убаво по некој исклучок што ве окарактеризира како наркомани. Веќе реков во претходното мислење - индивидуално можеби не сте станале зависници и од поопасни дроги што сте ги пробале по журки и фестивали, но тоа не значи дека не е штетно, дека некој друг нема да се навлече. Со алкохолот па извртевте и измешавте баби и жаби, да не ви кажувам колку ми се „интересни“ тие што најголем доживљај што го раскажуваат секој понеделник им е летва/куфер/земја состојбата во која биле изминатиот викенд... а и тие не ги викаат алкохоличари, да. Гарантирам и за Танче што ја нападнавте колку ги „поддржува“ и ваквите, пошто сме сличен карактер. Дај разберете дека ова е сериозна тема за уште посериозен порок, и токму погрешно изгледаше кога пред некој месец беше полна само со опуштени зафрканции општо за дрогата како за нешто највообичаено. И освестете се дека деца од 12 години натаму се зачленуваат а да не зборуваме плус за оние што ве читаат, прекрасен пример им давате колку кул е дрогата и тој паралелен универзум во кој ние против истата сме здодевни, неинформирани па дури и незрели (и ве молам не се правдајте пак дека они се криви што во 21 век имаат пристап до форуми и ве читаат). За крај @Kukla994 еве го @Petra777 @Tan4ence ајде заедно да се прекрстиме
Oвa ми е истo кo еден член oд фoрумoт штo викa декa гoлем брoј нaучници биле нoбелoвци aмa биле и христијaни, демек инспирaцијaтa oд гoспo им билa
open-minded за дрога? Да се биде опен-мајндед за банџи џампинг, да се биде опен манјдед за хомо врска....ама за дрога - навистина неможам да го разберам ставот - кој пробал знаел. Значи треба да пробаме за да дознаеме и да бидеме опен мајндедн, о мај год Очигледно тие опен мајндедн умови, слушаат туѓи “херојски“ студенстки приказни за тоа како е кул еднаш да се нашмркаш за некаква забава, но многу јасно е дека не виделе како семејства се уништуваат токму ради таа опен мајдност, токму ради тоа - само еднаш ќе пробам и повеќе не
Па и уште родителите биле океу знаејќи дека децата им се напушаваат Значи ми се гади од напушени Ај за тие што мислат дека мара не е дрога, зашто бе се криете ко глувци? Се пикате по станови? Каде е проблемот? Во опшеството ли е, во народот...? Што не се борите за права? Исто читав коментари од некои членови дека мара не е дрога и дека не е штетна, епа зашто тогаш само еднаш сте пробале и толку, исто и дека подолго време сте пушеле и сте прекинале? Нели не е штетна и нормално си функционирате напушени
Во Скопје има неколку центри кои работат на оваа тематика - ХЕРА мислам се викаа главните. Одете прошетајте се и едуцирајте се.... и после тоа бидете опен-мајдед
Да да тие што се дрогираат со дрога, хемии, тревата не е дрога, билка е. Правите разлика меѓу биологија и хемија вие или не? Оти ако не џабе до утре дискутираме на темава.
Само ако нешто израснало од земја, значи дека не може да биде опасно? Џабе и да правите разлика меѓу биологија и хемија, кога не ги познавате доволно и двете.