Го цитираше моето мислење @Sashko1992 така? А каде прочита дека јас коментирам за нешто друго освен за трева? Кажав дека сум спиела убаво после конзумација на тешки дроги или после испушен џоинт? А извини @Tan4ence од каде си толку сигурна дека немам познавање и од двете? Имам високи познавања, на факултет учев и органска и неорганска хемија, биологија, дендрологија...Не можеш да кажеш дека не знам океј?
Дај оладете малце бре, нема потреба од критики и од глупости. Се што правам си правам за мене за никој друг. Темава отиде у к*рац . Осудувате а не сте доволно информирани, смешни сте.
Па јас те цитирав за да направам компарација дека и дрогирашите спијат убаво како ти што си спиела кога си пушела трева, ама никаде не напишав дека тие што пушат трева ќе заспијат засекогаш, а за жал многу од тие што земаат дрога заспиваат засекогаш, така да прочитај убаво кога некој ќе напише нешто, па потоа одговарај.
За жал да, ама тоа не беше тоа тема на муабет. Оти јас не се дризнам да коментирам за нешто што не знам, не сум имала луѓе во околината кои биле зависници од тешки дроги, не сум конзумирала и не можам да кажам дека е опасно или не е. Можам да тврдам од работи кои ги имам прочитано како што тврдите и вие за травата ама додека не сум стапнала во тие чевли не коментирам не се правам паметна оти денес се може да прочиташ и чуеш. Верувам н искуство и пренесувам искуство лично мое. Излажав имам познајник кој примал некои трипови лоши во младоста цело друштво зеле ама само него му се погоди лошо, другите се нормални луѓе веќе возрасни, тој е брат на мој другар и отиде, не е добар.
Се криеме дека е нелегална. Simple as that. @Someonespecial Темава ја следам од самиот почеток... Гледам дека многу тука ја ставаат марихуаната во оваа категорија, затоа се вклучив и конкретно за неа зборувам, али ете се повлекувам .... А дека сте неинформирани, неинформ. сте... туку нема врска. Терајте
Знам многу за дрога, за секаква дрога. Не дека имам пробано се, многу имам читано и ми има кажувано близок пријател. Пријател на сестра ми има починато од хероин, познавам човек што има забегано од трип. Таа е ефтина и многу лоша дрога додека таблата е дрога што неможеш да ја користиш секојден и нема да ти ствари зависност. И да имам шанса да пробам се не би пробала, си ја знам границата до каде смеам и можам. Темава е направена да си го кажеме своето мислење, а не да се осудуваме кој што правел во животот.
Океј, нека ви биде, ние што пишуваме против вчера и денеска можеби освен од воспитувањето и информациите од интернет и немаме некои подлабоки извори. Ама еве @srcence1607 e студентка по медицина и тоа една од најпосветените што ги познавам, @ninja35 колку што сум го читала мислам дека е полицаец, има пишано тука за вистинската слика за дрогата од аспект на законот... Прочитајте ги нивните мислења 7-8 страници наназад, кратки но јасни. И ај сеа..?
Се' си велам ќе прекинам да пишувам на темава, ама ајде. Некој спомна дека единствена дефанзива на оваа тема ни е алкохолот. Не. Јас немам потреба да го бранам својот став за било што, само искажувам аргументирани факти за нешто. Ако моменталната тема е мара вс алкохол (при тоа повремено конзумирање, а потоа ќе објаснам и зошто) мара wins anytime. Колку само млади на матурите и дипломски погинале во сообраќајка кога биле под дејство на алкохол, или тие од другата кола биле. Има илјадници починати од алкохол, или што завршиле на токсикологија. Има многу што стануваат агресивни под такво дејство. Од мара, ова НЕ се случува. И тоа ви го кажува човек што ја има пробано, има испушено пола џоинт и три џоинта во една вечер, и не му влијаело истото на расудувањето. А не ја сакам, ете не сум заљубеник во неа, па да мислите секој си го брани своето. Само кажувам факти. Е сега, за она повремено/секојдневно користење. Тревата не предизвикува зависност, и ако ја конзумираш секој ден си функционираш најнормално, да, далеку од хорсајла секако, но не дека не е штетна. Познавам многу травари што конзумираат цел ден, секој ден и често забораваат, безволни се, немаат амбиција некоја, не се замараат.. ама сакале, нејќеле пак си ги завршуваат обврските во животот. Јас, на пример, и пред да пробам сум била мрзоволна, па пример ова ќе те опушти, и стануваш уште помрзоволен. Но, ете, да штетно е. Ама штетно ќе биде и секој ден ако пиеш по 15 чаши коњак, зар не? (Или абсинт, кој испиен во големи количини има халуциногени својства ) И не, не може тревата да те направи доктор на науки, ниту пак креативен, може само да го стимулира тоа што веќе го носите во себе. И да, знам и како изгледа наркоман, и како е да се живее со него, имам пример од блиска околина. Чичето на времето имало 40 000 плата, и "проблеми" во животот и уште од одма почнал со тешки дроги, што ги конзумирал секој ден. Него замислата му била да се "спаси" од нешто, па дрогата му се видела како прикладен начин. Тоа што јас го конзумирам не ствара зависност, не го правам за да сум кул пред никого, или да решавам нешто во животот, го правам повремено зошто ми е УБАВО и чувството е незаменливо. При тоа, водам потполно нормален живот како и сите вие, студирам, одам по кафичи, ресторани, се заљубувам, плачам, се смеам.. Патем, во склоп на муабетот мара вс алкохол, заборавив да кажам дека во Америка другарка ја гледаа на криво со чаша алкохол, како е тоа дозволено кај нас, тоа е нешто најстрашно, додека полиција да те фати со џоинт ништо нема да ти се случи, а алкохол ете ич не толерираат. Различни агли на гледање.
Сериозни сте со тоа дека деца читаат? Гасете ондак нет, форум и бојкотирајте страни и портали, бидејќи баш деца читаат. Дрога знаете дека ви се и апчињата што се секојдневна конзумација? Само што со едно апче се внесуваат хемии, а ве опуштаат на ист начин како и марихуаната. Немаш болка, само ваму си одгледуваш и си сушиш, а во една таблета ретко кој увидел што се има, а сите се фаќаат за неа. Марихуаната не е дрога, гуглајте малце! Башка и тоа што се користи во медицината за опуштање на мускули пример (мултипна склероза). Што знам, може сакаат и сите да не сотрат.
Па еве гугламе, и не ќе да е баш како ти што викаш. https://mk.wikipedia.org/wiki/Марихуана Марихуана (англиски: Marijuana) е име за дрога, која ги вклучува лисјата, цветните делови и семето на индискиот коноп (Cannabis sativa), кој претставува едногодишно двополно грмушесто растение. Дрогата ја содржи психоактивната хемиска материја „делта-9-тетрахидроканабинол“ (delta-9-tetrahydrocannabinol, THC). Марихуаната се пуши или џвака заради причинување на халуциогени ефекти или ефекти на возбудување. Активната состојка на марихуаната, позната како тетрахидроканабинол е концентрирана на горните цветни делови на индискиот коноп.
Марихуаната не е дрога? А што е средство за опуштање и релаксација? Сум против и секогаш ќе бидам против и за марихуаната и за тешките дроги. Страшно е тоа како деца од 13,14 години се дуваат уште сега и им се тресат рацете. Од марихуана се почнува, па потоа се навлекуваат и на тешки дроги па се губат во просторот и времето.
@Sashko1992 ако Википедија ви е репер за информации, ја се повлекувам од дискусија. А, можеби до вечер и ќе стаам статија од Вики, ако успеам да ја напишам.
Ако сакате да живеете уште многу престанете, ако не ви се живее дрогирајте се. Еднаш се помачив да го разубедам дечкото и некој пријатели да се оттргнат од тоа, и ме послушаа, но беше тешко, веќе нема потреба што да дискусирам, ако ви се живее немојте, ако не ви се живее тогај умирајте, мене не ми е сјаен животот, но оддамна дигнав раци за умирање, живее ми се во инат на мизеријата.
@Catnight MILA dzabe troses zborovi... Ne vredi..Ako e bila marihuanata ili nekoj dr vid na droga dobra za lugeto site ke se konzumirale taka da to e to..
Стави слободно статија само нека биде релевантна, бидејќи ако не си знаела се врши ревизија на поставените статии, и ако некоја е напишана необјективно и има неточни информации статијата се брише, не е така едноставно да се стави статија како што многумина мислат. https://mk.wikipedia.org/wiki/Дрога Еве овде имаш како се поделени дрогите, а тука спаѓа и марихуаната, ова е преземено од Светска здравствена организација, така да биди сигурна дека е релавантно. алкохол (алкохолни пијалоци и коктели) амфетамини барбитурати, хипнотици, седативи, транквилизанти халуциногени (ЛСД, мескалин, псилоцибин и др.) коноп (марихуана, ганџа и хашиш) кокаин (чиста материја и листови на растението кока) опијати (сиров опиум, хероин, морфиум, кодеин, синтетичкиот препарат метадон и петантин) испарливи средства и лекови богати со органски растворувачи (ацетон, гасолин, етер, хлороформ...) дроги карактеристични за поедини региони или нови дроги (крек, екстаза...) Според начинот на кој дрогите се третираат во законските одредби, можат да се поделат на легални и илегални. Во легални дроги спаѓаат алкохолот и никотинот, како и многу лекови (пр. лекови за смирување, против болка, за спиење). Според психоактивните ефекти дрогите можат да се поделат во три групи: психодепресори, психостимулатори и халуциногени. Според зависноста дрогите се делат на тешки (опиум, морфиум, кодеин, хероин, кокаин, амфетамин...) и лесни (марихуана, хашиш, псилоцибин, мескалин).