Девојче, ова е општо познато и баш затоа те прашав: зошто претседателот на САД како некогашен уживател не ја повикува младината да пуши трава, туку мудро си се оградува и вика дека е лоша навика? И ќе те замолам да не ми раскажуваш за разлики во опкружување, кога е ова мала средина и на сите ни е познато отприлика што, каде и како. Тука на форум пафкачи можат до недоглед да се претставуваат како идните Обама и Бил Гејтс што секако не значи ништо. А шо е дрога, шо не е дрога оди да се објаснуваш со СЗО, не со мене, пошо ем јас не сум таа која ги врши класификациите, ем немам време за вакви работи. И не наведов прва на таква споредба мара вс алкохол, туку и се надоврзав на веќе постоечката, читај поубаво друг пат. Ајде поздрав.
Се согласувам дека не е во ред да се црпат информации од Википедија, имам акаунт и уште одма можам да редактирам и да напишам што сакам.
незнам од кај тоа дека марихуана не била штетна, добро правела на организмот, но знам дека машките ако често ја земаат стерилитет ќе им предизвика, за женските незнам па вие само пушете и чудете се после од кај ви се последиците, познавам една што пушеше, и се отапуваше мозокот, неможеше да научи 2 прости лекции и толку беше расеана што незнаеше што правела вчера, незнам што толку му се ставате на детево @Vitaly што ако има само 15 години,а подобро ги расудува и познава работите од луѓе што имаат 20 до 25 години па и постари, и несфакам зошто луѓе земаат табли, екстаза и 300 чуда пред журки да се опуштат кога едноставно журката и самата музика те разигрува и расположува, си кажувам од мое искуство а не сум била под никакви дејства, а тоа ако неможеш да се опуштиш на журката можеби си е до човекот не му се допаѓа музиката или пак видот на журка и немора одма да посегнува по дрогите, а иначе толку ми е гадно кога ќе видам напушен не е нормално, пијан можам да сфатам до одредена мера колку испил, ама напушен воопшто и џабе ќе воспитуваме на форумов да не земаат, кога можеби родителите не ги известиле за последиците, послаби карактери, или некој ги навлекол веќе им нема спас тоа е
Пијан човек изгледа подобро од напушен? За вас не знам ама мене поодвртно ми е кога гледам како млади 15 годишни девојчиња се влечат на газ од што се пијани оти знам дека не се напушени немаат толку пари на нивна возраст да купат. Попувате и делите совети како експерти, а уствари поим немате повеќето што зборите, знам оти и јас бев како вас додека не се информирав како што треба. Можам со две раце да потпишам дека ете најблиски ниту брат ми ниту дечко ми не се отупени во мозокот, па вие ако мислете дека лажам океј, немам што да кажам повеќе. И едно ќе ви кажам може мислите дека се движите во околина на некорисници, дека сите пријатели ви се многи паметни и приберени ама се лажете оти јас кога дознав кој се пуши од од мојот град почнувајќи, што на крај памет не би претпоставила заклучив дека сите пушат ама се кријат.
Тоа што од марихуаната нема страшни последици значи по дифолт дека не е дрога? Зашто не сакате да признаете дека е дрога? Психотропни ефекти има значи дрога е. Било какво влијание над психата кога има значи дека е дрога. Нели те опушта, те кулира значи дрога е. Јес да е од полесните дроги али си има одредени последици навидум небитни. И алкохолот е дрога само легална, и според мене потешка е каде каде од мрихуаната, али пошто е прифатена од социјалното опкружување па ставот за алкохолот на многумина е ок. Имам колеги што нон стоп дуваат и другари ми се никој не вика дека треба да се одбегнуваат или дека се фрикови, него дека не е ок да се конзумира чисто размена на ставови, еден колега со кој комуницирам често, дува секојдневно, у таков слоу моушн е една реченица пола саат ти ја кажуе ок брат ако кулираш кулирај си по дома или ако има некој живци да те слуша да му кажуеш причи по 5 саати што се кжуваат за макс. 30 мин. или 10 саати да те чека да се спремиш за искачање ок али ја не функционирам така. Или се договараме да искочиме у последна минута ти текнуе дека не можеш од кревет да станеш пошто марата до толку те има искулирано ко на 300 лексилиуми да си па по цел ден се тегавиш. Конклужн: Секојдневно користење џоинт те кулира до таа мера што не можеш да си ги обавубаш секојдневните обврски навремено и сигурно ќе зарибаш у некоја сфера у животот. Исто така едн од последиците е доколку имате родители кои се депресивни или имаат некој потежок психолошки проблем честото конзумирање на марихуана е тригер тој ген да се активира и кај вас. А вие информираните што викате дека марихуаната е билка па затоа не е дрога колку за информација 90% од сите видови на дрога се уствари растенија и билки. Али многу сте информирани па не знаете.
Немам намери да се расправам , мислам немој да ме сфатиш така. Да ја фатам јас сестра ми со тоа чудо , би и одржала лекција незаборавна. Значи тоа не се одразува на млади години !Предизвикува стерилитет кај мажи. Бев во вакво опкружување ти велам , девојчето си почна со трева од 8мо одд се до средно. Беше згодна , како кукла со зелени очи.. Ја гледам по неколку год, лицето лом , акни , блед тен... Еднш од што беше ств надувана , во зејтин врел акна вода ,па во болница заврши. Имаше сестра бебче 5год ,на нејзе и давала даа дувне од тревата. Дечко и беше иста песна, од мој влез... Ја не би го погледнала, ама си пдговараа секако. Што и како стана со неа, појма немам , беше и тепана пред нас од родителите , па ја затвараа (ама џабе) , преку балкон и даваа тревичка.Се збореше и на појако прешла И после ова не е зависност? Неее , што сакате зборете ,мои очи не лажат. Далеку било од мене и мои деца ! Соочете се со фактот дека неќете да признаете , дека само во тоа наоѓате утеха за жал.. Знам од дроги сите се лечат со седативи ,што ти знам таму , ама од седативи и др апчиња за смирување , со дрога никој не се лечел. Такаа да , ако беше легална , ќе ја имаше во маркет ,аптека и точка.
@honest girl да познавам и јас луѓе со кои го имаат истото искуство. Најверојатно има и други причини за тоа, конкретно таа личност никогаш нрмала воља за нешто подобро во животот па и ова не му мени ништо посебно, другар на дечко ми е и може да се рече дека заедно пушат скоро секогаш, а дечко ми имам сосем различно однрсување од него. Работи, си води нормален социјален живот и така. Инаку точно дека може 90% се билки ама не се чисти билки туку помешани со хемии за да го даваат тој ефект. И тутунот е реално дрога гледано според ефектите ама не можеме за цигарите да велиме дека користиме дрога реално нели?
@Petra777 доскутраме фала богу не се расправаме. Брат ми функционира одлично нема што да му попувам кога не сметам дека е лошо. Нормално функционира и јас не гледам никакви последици од тоа. А девојката остај што те лажеле тебе не била на трава 100% не знам од што е била зависна но дефинитивно е е било трава.
Ај напиши па да видам дали ќе ти стои напишаното повеќе од неколку дена, ако тоа што си го напишал не е од сигурен извор и не е напишано од неутрална гледна точка. Ова се трите основни правила на Википедија во поглед на нејзината содржина. https://mk.wikipedia.org/wiki/Википедија:Неутрална_гледна_точка https://mk.wikipedia.org/wiki/Википедија:Проверливост https://mk.wikipedia.org/wiki/Википедија:Без_свои_истражувања
Се губат и во простор и во време, едноставно "летаат", па и кога ќе почнат да се смеат без причина тоа е врв.
Абе она мотала не велам дека не ама тоа веројатно и било да ублажи криза таа веќе била зависна од друго. Не знам ајде да не ја тупиме јас немам лошо искуство сега кој што сака нека мисли тоа е тоа. А реално знаеш ли во колку земји е легална, тоа што кај нас не е друга приказна. Значи за кај нив сметаат дека не е штетна, а кај нас оти е нелегална е штетна. Да беше легална и да расневте во опшество како Амстердам пример немаше да мислите така.
Да додадам на твојот пост дека и очите им се закрвавуваат и личат како зомби од марихуаната кога ке се предуваат.
Предлагам да се преимени темава во ''Рекламирање на наркотици и нејзини добри страни'' Срамота вакви возразни луѓе да зборат како дрогата била добра.. Сепак ваша работа е тоа, дувајте, боцкајтесе, земете прашок само не им зборувајте на нормалните луѓе како тоа е добро.
Јас пред две недели кога бев на роденден две девојчиња мирни, абе на тоа едното збор од уста неможеше да му извлечеш, после демек отидоа да се пресоблечат а се вратија надувани и тука оваа што збор не кажуваше како река почна да збори и да се смеат без врска. И зениците како колубајки им стануваат. За рацете што им се тресат ич да не праиме муабет.
Точно тоа дека легална да беше поинку ќе беа размислувањата, ја се оградувам од таа бариера и зборам исклучиво за факти, факт е дека е дрога, лесна дрога од која нема тешки последици по здравје кажав за потенцијалните психолошки последици и последиците во секојдневното живеење, те кулира до таа мера што те прави апла мрзлив да не можеш да ги извршуваш обврските навремено па можеш да си имаш проблеми у социјалните интеракции, на работа пропуст ќе напраиш, некоја битна обврска ќе ја баталиш за која после криво ќе ти биде, никој не трпи неодговорни мрзливи ликови што значи негативна одлика стимулира марихуаната и баш затоа ме нервира некој коа ќе рече ок е да се дува. А тоа што велиш дека ете кај дечко ти не се приметува за разлика од другарите што дуваат е ради тоа што сигирно они почесто и поактивно конзумираат за разлика од него.