Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Прво - ни сум земала ,ни ќе земам некогаш .
    Најголем противник сум на консумирањето наркотици ,без разлика дали се работи за марихуана - "дрогата која не предизвикува (ла) зависност " (?!?) или некои тешки дроги .
    А посебно не би се издрогирала за да бидам фаца ,тоа им го препуштам на патетичните фаци со лабилни карактери .
    За информираност - фала Богу ,нема кој не е ,само некои си го испревртуваат тоа значење во нивна полза ,демек , како правдање поради тоа што почесто се хај отколку ко што ги дал Господ .

    Кога би била јас на власт ,би ги истребила сите ,ама сите наркомани на Земјинава топка :swear:

    Штетници и клетници ! :swear:
     
  2. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    " Марихуаната создава само психичка зависност, иако кризите по престанувањето на земањето не се толку силни како кај алкохолот, хероинот, кокаинот. "
    1.Конзумирањето на марихуана или хашиш редовно го смирува или подигнува расположението, што во поедини древни култури било доста познато. Ако ефекотот не е постигнат, тогаш сигурно се работи за тежок патолошки случај, но и во тој случај после конзумирањето нема да дојде до лошо расположение.
    2.Марихуана и хашиш, добиени од билката Canabis sativa var. Indica, се сметаат за друштвени дроги, што значи дека потикнуваат опуштена и добронамерна комуникација.
    3. Према сите релевантни истражувања, конзумирањето марихуана и хашиш никогаш не создава зависност. Исто така, не создава потреба за земање на тешки дроги.
    4.Марихуаната и хашишот се во согласност со еко-трендовите, односно не ја загадуваат атмосферата и не предизвикуваат кожна алергија. Напротив, како и сите други зелени билки , индискиот коноп со фотосинтеза произведува кислород.
    5.Негативните последици од пушењето на марихуана и хашиш по здравјето се секако помали од последиците предизвикани со вдишување на дим од цигара. Зашеметеноста предизвикана со конзумирање на марихуана и хашиш е поблага од онаа предизвикана од аклохол, и при тоа никогаш не е пропратена со насилничко однесување кое е често за пијаниците.
    6.Марихуаната и хашишот имаат позитивен медицински ефект. Имено, марихуаната е лековита во случаеви на некои психосоматски и психомоторни болести.
    7.Поблагите законски третмани за поседување и конзумација на мали количини на марихуана и хашиш би ја отстраниле неправедната и неделотворната етикета ''наркоман'', со што ке се ублажи негативниот однос со околината.
    8. Законското разграничување на поседување и конзумација на лесни од тешки дроги е делотворно во насока на сузбивање на раширената употреба на хероин и слични наркотици.
    9. Уште една причина во три точки. Несаканите ''миленици'' од прите клупи од вашиот клас никогаш не се пробале марихуана? Ако да, тогаш какви ке бидете сите вие останати? Вашите родители никогаш не се пробале марихуана? Ако да, тогаш зашто губите време на читање на она што веке го знаете? Претседателот на вашата земја никогаш не е пробал марихуана? Ако да, тогаш зошто не кажете дека имате амерички пасош?
    10. Пазарната малопродажна цена на марихуаната и хашишот со декриминализација драстично би опаднала и би станала прифатлива за сите.

    Ако ти треба добра информираност најди од тие флаерчињата што делеа по училиштата за секој вид дрога посебно.
    Тие се единствената добра работа направена за едукација на младите. Имаш буквално се', за нејзино потекло, под кое име можеш да ја најдеш таа дрога,како се конзумира, позитивни ефекти, негативни ефекти, споделување искуства.
    Мислам дека треба уште еднаш да поделат такви флаери, на денешниве млади им треба премногу.

    Друго, не ми ја ставај марихуаната во исти кош со хероин и кокаин.
    Седни во друштво на надувано човече, напрај си два-три реда муабет ќе приметиш разлика.
    Па јас порадо ќе седам со такво искулирано човече,него некој да го гледам цела вечер да ми се треси како епилептичен напад да има.

    Штетници и клетници?
    Според твојава логика не смее никој да вози автомобил освен оние еко-автомобилчиња, не смее никој да пуши цигари,ниту да пие алкохол, никако да нема фабрики бидејќи го загадуваат воздхуот.
    Крај краева општеството создава наркомани.
    За да си фаца, треба да живееш меѓу ретардирана раја со ограничени сфаќања,како што е Македонија и да гледаш на секој можен начин да се истакнеш за да те гледаат како Бог еден куп поретардирани глупаци од тебе.
    Некои пак бегаат од реалноста.
    За мене тоа се пичкетини невидени, сите мора да се соочиме со неа.
    Тоа што не те убило,нема ни да те уништи ако не сакаш.

    Но да си дуваш од лично задоволство за опуштање, не гледам лошо ништо.
     
    На n.a.t.t.y му/ѝ се допаѓа ова.
  3. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    1.094
    Немојте свесно (или не) да се лажете/тешите/оправдувате дека марихуаната не создава зависност. Секој наркотик создава зависност, не е марихуаната никаков исклучок. Можеби е (од оние наркотици за нас овде познати) најбезазлена, точно, но не е ни цвечка за мирисање.

    Принципот е ист како и кај останатите, прва, најнормална нели, фаза, си земаш по нешто, кога сакаш, колку сакаш, т.е. се контролираш. Кај тревата да, полесно е да се одржува самоконтрола, ама не значи дека е невозможно да се загуби истата. Затоа и се вика зависност, не е тоа преку ноќ. Постепено се развива и не може да се повлече цртка, е до тука ми е резистентната фаза, нема повеќе, да не влезам во зависна фаза. Ниеден човек не може така. Колку повеќе добива мозокот од "убавото", така развива отпор и после х консумации повеќе го нема истиот ефект, затоа бара повеќе и повеќе. Према томе, полека и со ум.

    Сакам да кажам, можеби не е толку сериозна, но не треба да се потценува ниту тревата.
    И не, у болница не лечат со марихуана.
     
  4. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    Ne predizvikuva zavisnost samo ako zemesh poveke odkolku shto treba moze da te dovede do halucinacii i so istite do samoubistvo
     
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Годес, the thing is that телото не ти бара марихуана, туку свеста.
    Имаш потреба да се чувстуваш убаво,а не за да смириш некоја нервоза.
    Стес+марихуана=бед.
    Тие две работи не одат заедно и само будала може да ги соедини.

    Лоли89
    И со алкохол истото може.

    Значи како што кажав погоре, само будала може да дува од стрес.
    Ако си максимално опуштен и си возиш филм, нема теоретска шанса да помислиш на самоубиство.
    Би ти го поддржала ставот,ако ми кажеш дека никогаш не си се испијанила до даска и патем наредниот ден си се сеќавала на се од претходната вечер.
     
    На n.a.t.t.y и Offspring им се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Оф леле, по 100ти пат на форумов ќе кажам дека марихуаната не создава зависност. НЕ СОЗДАВА и нека не ве лажат дека создава, со тоа само ве заплашуваат. Не ве терам јас да ја консумирате, само ви кажувам, дека тие работи се што би се рекло тикви со расол. Ако создаваше марихуаната зависност или ако те тераше да преминеш на нешто `појако` досега ќе бев во центар за лечење од зависности. Јас ја пушев во втора и трета средно па гледам не станав зависник, и не ја пушам повеќе. Значи - не сум станала зависник, ако бев зависник, ќе пушев сеуште.
     
    На Feminka22, najubava2010, n.a.t.t.y и 2 други им се допаѓа ова.
  7. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    Марихуаната може да те совлада, но можеш и ти да ја совладаш. Се појавува чувство на расположеност смеа што некогаш и неможе да запре, но некогаш може да делува така што можеш да си направиш различни отепани филмови што можеш да си наштетиш. И пак ќе кажам не предизвикува зависност исто како цигарите какошто не предизвикуваат иако мн малце мислат така 8)
     
  8. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Иако имам доста проблеми во животов и претходно сум имала многу депримирачки денови никогаш не сум побарала решение во дрога или алкохол ,сметам дека никој не треба себе си да се залажува со тоа затоа што ефектот од користење на дрога е краткотраен .Јас не правам поделба на лесни и тешки дроги или дрога која создава зависност или пак не едноставно тоа се супстанци кои го уништуваат животот .За жал има многу млади кои користат дрога од бес-затоа што се имаат видено во животот и се имаат .,од љубопитство или за да се направат фраери во друштво што е сосема погрешно.
     
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Да,да.
    Цигарите не се предизвикуваат зависност,но никотинот да.

    Не ми одговори на индиректното прашање.
    Дали си се испијанила до даска, да не се сеќаваш наредниот ден каде си?

    Не оставај марихуаната да те вози, ти вози ја неа.
     
  10. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Дрога никогаш не сум земала...а нема ни да земам...мислам дека дрогата е за слаби луѓе кои незнат да речат не и за оние кои немаат на кој начин да се докажат паа ајде ќе се дрогираме и ќе бидиме фраери
     
  11. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    Да се имам
     
  12. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    ^
    Тогаш не ми зборувај за ефекти од марихуана, бидејќи единствениот аргумент што мислев дека ќе го искористиш, ти си го фрлила во вода.
     
    На Saya му/ѝ се допаѓа ова.
  13. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    1.094
    Оффспринг, претпоставувам на мојот пост се однесуваше бидејќи почнав со тоа дека марихуаната создава зависност... Тоа што ти си престанала да ја користиш, и што општо поголемиот број луѓе го можат тоа и остануваат на експерименти во тинејџерски години (и нешто покасно) е така и е супер, ама не важи за секого. Кај повеќето да, кај сите не, тоа и сакав да кажам со постот. Создава зависност. Не зборувам на памет и воопшто не ми е целта да се инаетам ниту да плашам било кој, доволно ми е изначитано (не Википедија) и потврдено од медицинско лице, и не едно. Не гледам зошто и како воопшто стручно лице би ме лажело. Лично познавам девојка што 2 пати има дувано и тоа е тоа, толку. Исто како што познавам од средно луѓе што веќе четврта година редовно си дуваат, секојдневно. Разбирам што е муабетот, ама не е случај кај сите, и генералниот да/не одговор на дали создава зависност е да. Па после семантики кој сака нека разглаба, не навлегувам.
     
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сум испушила џоинт 3 или 4 пати порано и ми предизвикуваше обратен ефект т.е. наместо опуштеност некоја агресивна анксиозност и најчесто барав жртви за конфликти, ова беше доста одамна.
    Другарка ми беше скоро секој викенд на марихуана некогаш во комбинација со некои додатоци и не стана наркоман ни премина на потешки дроги ни па користи сеуште инаку таа ми ги даваше џоинтите беше станала експерт за нивна подготовка.
    Не сум зела ништо појако, а сум имала можности и прилики имав и другар кој важеше за еден од главните дилери меѓутоа сум била внимателна знаејќи дека има дрога миксана со други состојки која може да е дури и фатална но не сметам дека секој кој пробал било кој вид дрога се навлекува тоа обично важи за полабилни личности кои се навлекуваат на се‘.
    Друго ептен ми се неизживеани коментари од типот дека оној кој се дрогира, пуши или пие тера фраерлук ако мене ми прави нешто кејф на душа не давам ни петденарка како тоа му изгледа некому од страна.
    Најважно е при било што да е за лично задоволство инаку џабе трудот и во однос на надворешни впечатоци не е злато се‘ што сјае има луѓе што не пробале никаков од модерните пороци па пак да се психопати, а околу фраерлукот или го поседуваш или не, супстанцата која се конзумира не дава инстант интелигенција ни шарм кај оној кој ја нема вродено ни во примеси туку може да ја зголеми кај оној кој има основа, ;) .
     
    На Ashling и n.a.t.t.y им се допаѓа ова.
  15. La.n.a

    La.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    18
    До сега немам земено, но не ни планирам. Строго сум против дрогата, цигарите и алкохолот, за мене тоа се работи кои што носат само лоши работи, ништо корисно и вредно.

    Имам другари кои што пушат ганџа секојдневно. Ете, интересно им е, а едвај имаат пари за да се прехранат. Се почесто и почесто позајмуваат од други другари, дури и роднини за да можат да си овозможат едно дневно такво „задоволство“. Приметливо е веќе дека им е намалена концентрацијата, а прашање на време е само кога ќе посегнат и по друга дрога. Иако искрено се надевам дека тоа нема да се случи.

    Исто имам и друг другар, кој што ептен е навлезен. Започнал на многу наивен начин, слушајќи и гледајќи други другари, па едвај некако успеа да извлече жива глава. Мислам дека целата покуќнина ја продаде, кај се не беше на лечење, колку ли само пари се испофрлаа за него.
    Сега е буквално останат сам, без другари, нема никаков социјален живот, а има некаде околу 25 години. Вели дека му е жал и дека премногу се кае, но и самиот е свесен дека е многу доцна и дека нема назад. Постојано повторува дека не знае во кој момент дозволил да му избегаат работите од контрола, дека тоа не е игра и дека животот му поминал цело време по болници и манастири.

    Ете, затоа големо НЕ за дрогата. Без разлика дали се работи за марихуана или пак за некој потежок вид, седете си на страна и размислувајте бистро самите, без да бидете под влијание на нешто.
    Не е спас ни за проблемите, ни за лошите моменти во вашите животи, баш напротив, ќе ги зголеми истите дупло. Зошто да си го уништувате својот и животот на своите најблиски.. нема потреба.
     
  16. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.442
    Ни дрога, ни цигари никогаш во животот. Алкохол воопшто не обожавам можам да се напијам едно мартини за расположение.
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Па продолжиле да дуваат зашто им е убаво не зашто станале зависници аман. Ако сакаат можат да престанат, ама веројатно несакаат пошто им е убаво.
     
  18. shy

    shy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Немам пробано (знам, старомодна сум :( ) и самоволно не планирам да пробам!!!Иначе опкружувањето ми е такво што лесно можам да стасам до дрога. :) Е сеа ако некој без да знам ме издрогира, тоа е друго. :^) :^)
     
  19. Emma.Sun

    Emma.Sun Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    62
    Дали би конзумирале дрога, чисто колку да се направите фраер/ка?
    -Не.. до сега бар не сум консумирала поради тоа а и не ни планирам не ни сакам да испагам фраерка на клошарски начин .. зашо според мене тие шо се цепаат со дрога за да испаднат фраери се највечи клошари
    Кое е вашето мислење во врска со дрогата?
    -Па не е здраво не е убаво.. како и да е негативно е мислењето..
    Колку е застапеноста на луѓе кои конзумираат дрога во Македонија?
    -Многу голема..
    Се произведува ли дрога во Македонија?
    -Хахаха.. и баби и внуци од старо до младо.. се произведува и тоа многу
    Колку сте информирани во врска со дрогата? Ги знаете ли сите мани и последици?
    -Мислам дека сум доволно информирана.. знам дека е штетна дека може да се умре од тоа и затоа и стојам понастрана од неа
    Дали некогаш би пробале или сте пробале дрога?
    -Тревата јас не ја ставам воо групата на дрога.. а и ако доволно се информирате ке видите дека и не е дрога тревата.. имам испушено неколку пати .. и мислам дека не би пушела пак .. затоа што чуството беше одвратно..
     
  20. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    не не не !
    не сум пробала, и никогаш оваа моја љубопитна глава не појавила интерес да проба, :)