Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.580
    Ај пак уште едно мало појаснување за поимите зависник од дрога = наркоман, и зависник од алкохол (пак дрога, ама легална :) ) зошто на некои не им се јасни.

    Drug addiction, also called substance use disorder, is a dependence on a legal or illegal drug or medication. Keep in mind that alcohol and nicotine are legal substances, but are also considered drugs.

    When you're addicted, you're not able to control your drug use and you may continue using the drug despite the harm it causes. Drug addiction can cause an intense craving for the drug. You may want to quit, but most people find they can't do it on their own.

    Drug addiction can cause serious, long-term consequences, including problems with physical and mental health, relationships, employment, and the law.

    You may need help from your doctor, family, friends, support groups or an organized treatment program to overcome your drug addiction and stay drug-free.

    For most adults, moderate alcohol use is probably not harmful. However, about 18 million adult Americans have an alcohol use disorder. This means that their drinking causes distress and harm. It includes alcoholism and alcohol abuse.

    Alcoholism, or alcohol dependence, is a disease that causes

    • Craving - a strong need to drink
    • Loss of control - not being able to stop drinking once you've started
    • Physical dependence - withdrawal symptoms
    • Tolerance - the need to drink more alcohol to feel the same effect

    Се надевам дека разбирате англиски, ако нешто не разбирате, слободно кажете, ќе појаснам. Сега најверојатно нема да се кажува наркоман и алкохоличар на секој втор збор, зошто ќе се разјасни што точно значат поимите.
     
  2. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Ја разгледав темава да видам што е муабетот и гледам дека во суштина има два табори што не се разбираат едни со други, поточно не разбираат за што праат муабет.

    Ова е суштината на работите: дрогата не е лоша, зависноста е лоша.

    Ако дрогата е лоша и тука под дрога мислам се што е психотропна супстанца тогаш не треба ни алкохолот да биде легален. И по твојата логика со крадецот од поназад во темата, и ти кога пиеш една чаша вино на прослава си „наркоман“ зашто алкохолот сепак ти влијае на свеста.
    Сега ја гледаш разликата? Ако можеш ти да се напиеш една чаша вино на прослава и никому ништо тогаш можат и други луѓе да користат нешто друго за истиот ефект.

    Ефектот од дрогата (вклучително алкохолот) не е секогаш лош и не е секогаш добар, зависи од многу фактори како на пример количината конзумирана, твојата толеранција, колку често се конзумира, дали те попречува во секојдневниот живот... итн.

    Наспроти тоа зависноста е секогаш лоша работа, без разлика од што е.

    Башка има уште нешто што треба да се разгледа тука: колку е опасна супстанцата за користење. На пример, за да алкохолот биде корисен, односно, да го добиеме она што го сакаме од него, да не фати, ни треба количина Х. За да биде штетен, односно, да се опијаниме, ни треба количина 2Х-3Х. За да се отруеме од алкохолот ни треба количина 10Х (карикирам тука мање више, иако има студии и информации што можеш да ги побараш на интернет за точни мерки).
    За разлика од тоа, тревата што толку ја напаѓаш, не може да те отруе никако. Ти треба 1000Х колчина за да те убие.
    Тоа значи дека ако сакаш да си хај на алкохол треба многу да внимаваш колку земаш, што значи поопасна дрога е.
    Знаеш колку животи се изгубени заради алкохол? Знаеш колку животи се уништени заради алкохол? Луѓе стануваат алкохоличари, коцкари, ги тепаат домашните...

    Колку примери знаеш каде некој умрел ради трева? Или животот му бил уништен зашто станал зависник од трева? Не викам дека нема туку дека се далеку помалку.
    Ова ти го кажувам заради коментарот погоре каде ти објаснувам дека има разлика од баби до жаби. Од хероин, до кокаин, до ЛСД, до алкохол, до трева... итн. Не можеш да гледаш црно-бело на работите.

    Изгледај го видево за да разбереш повеќе за зависноста.


     
    На Gosh, theowndemon, Аliсe и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Значи тој што зимал дрога е ненормален според тебе. |(
    Кога ќе пораснеш уште малце ќе сфатиш всушност што е дрогата ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.556
    Допаѓања:
    42.952
    Пол:
    Женски
    @Vitaly еве ме знаеш од темиве, горе долу можеш да добиеш слика за тоа каква личност сум и останатите во темава, дали сметаш дека јас сум наркоман? Еве пак пушев на одморот, ми беше океј, дури ни не осетив некоја разлика , бев смирена и опуштена, не размислував мозокот ми беше буквално на пасење, го правев тоа зошто сакав максимално да се опуштам зошто јас реално не можам да се опуштам мозокот ми работи 24/7 и кога спијам толку напнати ми се соновите што станувам и се осеќам како да сум работела и ноќта. Сум пробала други методи за релаксација, читање, гледање серии, пешачење, јога и ништо ама баш ништо не ме опуштило така. Не се смеев како луда како вие што замислувате, не правев глупости, не се глупирав и бев 100% свесна за се. Седевме со дечко ми на плажа околу нас имаше народ и никој не не ни примети, си седевме си муабетевме и си отидовме, а предходен ден имаше млади што пиеа алкохол и се испонашаа како ѓубриња, се влечаа на плажа, се давеа, се караа, урлаа и сметаа на сите наоколу, дали тоа е подобра слика?
    И ете сега не осеќам потреба, не се осеќам зависна, не се тресам како вие што замислувате. Дури со дечко ми коментираме дека јас воопшто не ни изгледам како да сум пушела, ми вели добро ти осеќаш нешто, промена...тој пр, вели дека може да се опушти да си прави филмови, јас не го можам тоа, само се опуштам ама да замислувам нешто не можам.
     
    На Bescheiden, eloves, Vitaly и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Што е дрогата ајде кажими ??? Еве незнам тебе те чекам да ми кажеш !
     
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ако тебе не ти смета слободно користиси немам ништо против, немам право да ти се мешам во животот, а тоа што не оправдувам користење на дрога тоа си е мое мислење и нема да го сменам..
    Јас пак еднаш се опуштив со чаша вино и видов напушени како зборуваа глупости се влечеа и не личеа на луѓе. Јас ништо не можам да сменам тука само си кажувам мислење... :)
     
  7. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Тие луѓе колку имаа? 15 години? Има разлика помеѓу човек што дува на 20 и дете од осмо одделение што уште на млеко мириса.
     
    На Bescheiden, eloves, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Секој со своето мислење.... Ако вам ви смета алкохол мене ми смета дрога и тоа е тоа, војни да водиме не бива. :hai:
     
    На Platysma му/ѝ се допаѓа ова.
  9. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    3.083
    Добро, ајде да речеме сме разграничиле што е наркоман-зависнки а што е само некој кој си има хоби да дува, да шмрка или што више се прави скраја да е.

    Прашањето е: ЗОШТО? Не е ли подобро во таков случај да се напиеш чаша алкохол? Што е финтата во уживаето во пушење марихуана? Да леташ ли, тоа чувство? Да се смееш а да не знаеш зошто? Да се здрвиш во едно место, да бладаш? Што? Или ништо од тоа, штом ете, некои не ни осеќале ништо. И? Чему? Проблем ќе решиш? Поубав животот ќе ти биде во времетраење од 10 или 30 минути? Не ми е јасно, стварно!
     
    На twilight123 и Vitaly им се допаѓа ова.
  10. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Алкохолот има многу калории. :P
    Шала.
     
    На Bescheiden, Gosh и theunforgiven им се допаѓа ова.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.012
    Допаѓања:
    51.884
    Пол:
    Женски
    А зошто воопшто да се напиеш алкохол?
    Ако гледаме така, земи вежбај јога, медитирај, трчај, читај книги или вози точак во природа.

    Ама се работи за штетна навика, не верувам дека некој зема било каква дрога или пие алкохол затоа што мисли дека е здраво.
    Има куп луѓе што секој ден пијат диазепами и остали лекови за смирување, тие зошто?
     
    На Bescheiden, Priroden, eloves и 7 други им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.556
    Допаѓања:
    42.952
    Пол:
    Женски
    @theunforgiven зошто мене од чаша вино ме убива глава ете затоа не пијам. На делот не чувствував ништо мислев дека у смисла некаква физичка промена, психички бев опуштена, не летам, не се смеам, не се глупирам.
     
  13. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    3.083
    ПОТПОЛНО се согласувам, речиси и да ми го извади мислењето онака како што не успеав да го срочам претходно јас.
    Така е. Постојат мал милион други начини со кои што СЕКОЈ човек би можел да се доведе под контрола. И јас сум голем противник кога станува збор за хемикалии. Зошто дијазепам или не знам какви уште не, кога тоа , ете, може да се среди постепено со медитација, јога, или едноставно кажано со духовен мир - религиозно, со молитва, со палење свеќа и силна желба. Или тоа звучи премногу комплицирано и вербата е тотално мала и уште одма се откажуваме? Така ми се чини мене. Сите некаде брзаат. Сите немаат време. Сите сакаат ОДМА да се среди се` . Чирибу-чириба ефектот можеби ќе се постигне со апчиња (исто и со дрога), ама тоа е моментално. Потоа? Какви се последиците? Тоа прашање треба да се постави. Од една белја си правиш уште нови две.

    Ајде, да се проба во лудите години - може, не викам не. Треба во животот се` да пробаш што ќе посакаш. Но, со граница. Ама, навика да ти стануваат штетни нешта... Нема потреба.

    Овде некаде и јас ќе се сместам. Со цигарите сум во истата каша. Жива среќа ги откажувам и веќе им се гледа крајот. Ако се сака - се` се може.
     
  14. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    3.083

    Епа ете БАШ тоа ми е и прашањето : штом НИШТО не осеќаш, зошто тоа ти треба?
     
  15. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Дете иди учи.Почна школото.
     
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.556
    Допаѓања:
    42.952
    Пол:
    Женски
    Осеќам бре човек ај прочитај ми го мислењево убаво, не осеќам промена физичка, психички се опуштив максимално, си дозволив да не размислувам на ништо едноставно да си го одморам мозокот.
     
  17. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Учам учам не се секирај ти за мене..Тебе те чекам да ми кажеш, и не почна школото туку школската година, гледаш ли кој треба да учи.... :* Ајде подучиме малце што е дрогата.. :)
     
    На twilight123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    3.083

    Значи, да бидеме на чисто: Ти сметаш и тврдиш дека тоа те опушта и дека не постои нешто друго (кое е здраво) кое би можело да те релаксира? Ништо, онака БАШ ништо, така? Ниту цртање, читање, музика, медитирање, јога, разговор, прошетка, планинарење, творење...
     
    На twilight123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.556
    Допаѓања:
    42.952
    Пол:
    Женски
    Значи јас конкретно се занимавам со сликање, обожавам да читам, гледам серии, работам, вежбав јога две години и буквално ништо од тоа не ме опушта така бидејќи јас и додека го правам сето тоа размислувам постојано, мозокот ми е толку активен што некогаш и за одмор ми треба концентрација, е сеа како да ти објаснам не знам, дека да тоа ме опушти на начин на кој ми се допаѓа и се осеќав одморено и смирено.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  20. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    3.083

    Доброооооооо, ти си знаеш. Во секој случај, тоа си е твој живот, твое тело и твои размислувања...

    Нејќам да ја ширам темата, ама сепак... Ете, и јас сум ангажиран а и мене ми се случува да ништо од тоа не ме исполнува од аспект на тоа што секогаш мислите ми се активни. Навечер тешко заспивам баш поради тие мисли. Сакаш да ми кажеш дека она кое што јас треба да го направам е да почнам да пушам трева? Или не сакаш да препорачуваш, доволно ти е само ти да си го користиш?
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.