Јас не знам колку години има, само му кажав дека гледам не знае. Тема за марихуана не најдов, ако има тогаш добро, таму ќе коментирам.
Што не знам ајде просветли ме, на тебе чекав !! 20 души пред тебе ми кажаа дека мариханата била супер па уште ти ми фалеше тоа да ми докажуваш.
Едноставно е. Во дрога се вбројуваат: хероин, кокаин и останати да не ги набројувам. Марихуаната е растение и се користи како лек, служи за концентрација кога е потребна и тоа.
Добро знам дека се користи за лек 100 пати кажав... Сум против пушење бидејќи надуваните ликови навистина изгледаат грозно или треба да ги прифатиме, се лечат луѓето..
Искрено да,имам пробано само марихуана,неколку пати и се имам заколнато дека никогаш повеќе. Мој близок пријател почна со марихуаната па заврши на потешки дроги.Скоро почина од предозирање. Никогаш нема да сфатите колку е штетно тоа додека нешто лошо не ве снајде (не дај боже) Друг пријател заврши со срцева болест поради такви глупости а другите се изгубени и не можат ни 2 збора да ги сврзат. Го смалив кругот на пријатели и сега сум само со луѓе кои никогаш не земале дрога и не сакаат...Не дека осудувам но не би поднела да изгубам близок поради глупирање.
До кога самоконтрола ? Марихуаната е лек океј,кога се употребува маслото од канабис или како чај а не за некои деца да влагаат у филм.Мислам дека е крајно време да се разбере дека лековите носат лошо кога се користат поради глупости а не за лечење..Се надевам дека никогаш нема да имаш потреба да го користиш канабисот како лек,веројатно знаеш за што е препорачан.Тоа што овдека се пуши се најобични прскани глупости и како демек ајде лек било,раснело природно.Па и отровните печурки природно растат дај да конзумираме ? Поентата ми е дека не се јаде се што лета.Секој лек прави штета ако претерано се конзумира
Па тоа е финтата, некои имаст самоконтрола и не пушат толку, некои немаат и се навлекуваат. Јас реков дека марихуаната ако не се конзумира многу не е штетна, ако пуши некој по 20 џоинта во ден нормално дека ќе е штетно.
Не туку нема потреба од никаква конзумација доколку не е потребна.На пример ако немам главоболка која ми е поентава да земам аналгини?Поради некои 15 годишни тинејџери и искомплексирани тинејџерки тие на кои канабисот им е потребен како лек се нарекувани наркомани.Им служело за релаксација,ха,нека се релаксираат со некоја добра книга па ќе знаат и други работи освен да го бранат злоупотребувањето на марихуаната.
Абе сега види, не чини да нарекуваме некого наркоман ако конзумира нешто што не е дрога. Јас не ги бранам, ниту па ми сметаат, нека си прават што сакаат ама не ми е јасно зошто се нарекувани наркомани кога не се. Лекови и такви работи ни јас не сакам, само природен лек си користам. Не пушам марихуана ниту ми смета, ми сметаат оние што шмркаат кокаин е тие се наркомани. Ова џанациве се обични дечишта, си пушат се опуштаат и никому лошо не прават. Од друга страна, некој навлечен на кокаин може да направи се и сешто. Е сега, тие што дуваат трева и не се контролираат исто не ги сакам ни јас, ама тие што имаат контрола врз себе и пушат џоинт онака чисто од забава, немам никаков проблем со нив.
Немам јас проблем со нив,нивен живот ако сакаат можат и да заглават на хероин они нека ја чукаат главата,не е мој проблем.Водев дискусија,сакам кога имам противник со аргументи. Кажав мислење и мило ми е што и ти си го кажа своето.Сепак мора да постои некој баланс на планетава земја,ако сите сме исти и се сложуваме едни со други каков би бил светот ?
Некој што ги прави сите тие работи што ги зборите вие , кога ве глеа што дискутирате се смее многу опасно
http://telegraf.mk/aktuelno/makedon...se-izlekuval-vo-bigorskiot-manastir-foto.nspx Го најдов на интернет,па може да го прочитате.Ако сакате
Не знам што ми е секој ден почнавме со друштвото буквално секој ден....Се одалечив од сите и од дома и од браќата од другите другарки...Пиење дрогирање секоја вечер,се срамам не знам више што да правам..Причината е заради бившиот,знам дека нема да ми помогне,и намерно правам за да си го упропастам животот меѓутоа знам дека само лошо намене си правам и ако така зборувам пак земам..Не ни клањам више,Аллах не го спомнувам мајка татко не слушам а почнувам со факултет више не како да се одвикнам не знам што да правам не знам ништо
Од тука можеш да добиеш само совети , вистинската помош можат еднинствено да ти ја пружат твоите родители и здраствените институции кој се за таа намена зависи колку си навлезена и кој вид на дрога го земаш во секој случај најдобро е проблемот да го изнесеш на маса да се соочиш со грешките ,да им кажеш на твоите родители .
Џoинт нoсеa нa рaзменaвa у Србијa oвие нaшиве. Нa грaницa влегувa цaјкaнoт и еднa oд мaкедoнкиве ме гребе, ме штипи целa кo пoтресенa беше И пaк кoгa стигнaвме у Србијa не прoбaв...ни oд мирисoт не ме фaти, ни oни не се смееa мнoгу Али зaтoa aлкoхoл хaхaх, 5 рaкии зa 100че, рoмaнски, рaкии, пoртугaлски винa, сaнгриa, у живoт тoлку неaм пиенo. Пa дринкинг гејмс. Ептен ми штети...И не знaм зш гo пишувaм мислењевo...вaљдa испoвед. Имaм некoјa oдбивнoст спремa нештo кo џoинт, мaрa и верувaм декa немa дa прoбaм, a зa aлкoхoли сaкaм дa прoбувaм нoви
нема шанси да им кажам татко ми ќе ме утепа на лице место и браќата исто така само ако се научат више жива нема да бидам