Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    @HoneyBun
    Preach gurl :clap::clap:

    Премногу тролови на темава.. дај префрлете се на теми попрости и разбирливи за вас.
    БТВ Не можев повеќе да се согласам со коментарот - не е за обична раја!
     
    На GabyTranceॐ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ciudad_juarez

    ciudad_juarez Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Машки
    Ко брачедите наркомани. Му се лижеа на татко ми да му дава пари да ги вади од гомна, си умре парите назад не ги виде. Тие мене ни да ми се јават здраво како си, да ме прашаат дали имам за леб. То е семката наркоманска, цел живот на туѓ грб да помини. Можи има добри луѓе шо заглавиле со дрога или познати музичари глумци, ама појчето дрогираши не вредат ни колку робата шо им е за една употреба.
     
    На victoria, twilight123, Vitaly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    кога се слаби карактери, подклекнуваат нивно си е, има многу подобри утехи наместо дрога
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anonymous275

    Anonymous275 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Трипот (ЛСД) прави да халуцинираш што најверојатно знаеш, гледаш разни бои, небото ти е зелено, а тревата сина:rofl: шала на страна, зависи колку си психички јак и кои ти се стравовите длабоко во себе, но и како ги доживуваш истите, може да имаш и многу лош трип и да не се вратиш во реалноста, но во секој случај пола или еден не е ништо страшно. Со печурките лично јас немам искуство, но имам познаник кој зборува со војници од печурки и ден денес, најверојатно имал таков трип, не би ти препорачала затоа што е слично со ЛСД и не вреди до толку да се ризикува со печурки :) ЛСД има во Мк да, а печурки многу малку луѓе имаат, а и многу малку знаат како да ги подготват, потешко се наоѓаат :)
     
  5. Kate89love

    Kate89love Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2017
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    25
    Pecurkite ne mu shtetat na mozokot. Toa se samo muabeti iskoceni od needuciranost. Ne veruvaj na se sto ke slusnes i pred da ja zemes drogata, istrazi ja na internet (sramota e da ostaneme vo zabluda i da veruvame vo nekoi gluposti koga seta informacija ni e bukvalno vo racete, samo treba da klikneme 2-3 kopcinja)
     
    На Lolo5 и Bescheiden им се допаѓа ова.
  6. Kate89love

    Kate89love Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2017
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    25
    Drugar ti te zaebava. Psilocibinot (aktivnata komponenta vo pecurkite) ne pokazuva sposobnost za HPPD (Hallucinogen Persisting Perception Disorder), vprocem toa e pocesto kaj lsd, taka sto ti si bila si imala pogolema sansa da gledas vojnici po tripot otkolku drugar ti. Toj ili gi kombiniral so nekoj antidepresanti ili pak imal nekoja latentna bolest koja se manifestirala poradi pecurkite. Site drogi imaat sposobnost da aktiviraat nekoi nasledni mentalni bolesti taka sto ne se preporacuva da se zemaat vo takvi slucaevi.

    Za temava voopsto: mnogu luge si kazuvaat nekoi mislenja koi ne se poddrzani od fakti, sto samo go butka bilo koj sto bi go procital ova vo neznaenje. Ima na internet se! Istrazete malku pred da pocnete da zborite sto mislite. Toj nacin na rekol-kazal znaenje e mnogu cesta pojava na prostotiluk. Otvorete istrazuvanja, ima kupista na internet!!!
     
    На Bescheiden, Dark artist и Anacid им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Која е поентата за да истражуваме толку на интернет и зошто велиш простотилак!?

    СТОП ЗА ДРОГА...нема што да се занимаваме и да истражуваме...само бегање што подалеку од дрога и од тие што ја конзумираат.
     
  8. Anonymous275

    Anonymous275 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Во право си, затоа пишав лично јас не сум имала искуство со тоа и не можам да кажам, освен тоа што му се случува на него а секако не е способен да каже што како и дали комбинирал со нешто друго. :)
     
  9. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    ЛСД и Флака за мене се најмизерни дроги иако ги немам пробано што имам слушано од други искуства тие дроги ги пробува само човек што му е смачено од животот и сака во некој друг поинаков да се разбуди..
     
    На Bescheiden му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ghost21

    ghost21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2017
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Здраво. Бидејќи не сум имала никакви искуства со дроги, не знам каде да се обратам. Имам помал брат, 14 години, во последните месец два ептен е агресивен, се однесува како да не му е гајле за ништо. Западнат е во лошо друштво, со деца постари од него од 2-5 години, сите од распаднати семејства(разведени родители што не се грижат за нив, ги бркаат од дома и сл). Ме слушаше до пред некое време, зборувавме по 2-3 саата со него и јас и мајка ми и татко ми, но некако нема ефект ништо и станува само полош. Почна отворено да си кажува дека пуши цигари, му ги скратија сите пари што ги добиваше, и пак пуши. Мислев дека е само фаза и дека ќе помине доколку му зборуваме секојдневно што треба а што не, бидејќи не сме такво семејство како тие на неговото друштво, секогаш имало разбирање и ретко поголеми проблеми. НО вечерва случајно најдов РИЗЛА. Се убив со мислите цела вечер. Ве молам да ме посоветувате што да правам пред да им кажам на моите, доколку сте имале сличен случај со близок... каде да се обратам? кој би бил најмногу од помош?
     
  11. ghost21

    ghost21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2017
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Заборавив да напоменам дека тренира фудбал неколку години, а откако почна да се дружи со тие деца почна да не оди редовно на тренинзи и на училиште...
     
  12. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Кажи им на твоите.
    Реагирајте на време.
    Ако се навлече на тешки дроги, после потешко се наоѓа решение.
     
  13. lunchy

    lunchy Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Мoрa дa им кaжеш нa твoите и некaкo дa гo oдaлечите oд тoa друштвo. Амa нaјдoбрo е нa убaв нaчин дa му oбјaсните декa не е вo ред тoa и декa ќе му се уништи иднинaтa дa прoбaте дa дoпрете дo негo кaкo другaри , a не сo кaрaње и кaзни.
     
  14. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    @ghost21 кажи им веднаш на твоите, реагирај. Тие се постари и ви се родители и верувам дека ќе знаат како да постапат со него.
    Брат ти може ќе ти се лути ама во иднина ќе ти биде многу благодарен.
     
  15. ghost21

    ghost21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2017
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Скоро два месеца секој ден по 2-3 саата некој од нас му зборува што е добро а што не. Студирам медицина и му објаснувам на секој можен начин колку е штетно, со слики со анимации со се, неможам да ги гледам моите колку многу се нервираат... Не знам дали да побарам помош во некој стручна служба и колку всушност се стручни тие за ваква работа...
     
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Родителите МОРА да знаат, а нивни следен чекор е да побараат стручна помош. Колку се ажурни службите- е тоа е веќе позната тема, но со оглед на тоа дека се работи за малолетник, би требало да с епотрудат.
     
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Што е тоа ризла?:?:
     
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.730
    Допаѓања:
    168.740
    Пол:
    Женски
    Уште е основец? @ghost21
    Прашувам зошто да, агресивно поведение можи да се стекни од околина (друштво), а можи да е само зошто е во пубертет. Е тука е "трик" делот. Не знам дали детето беше претходно срце или не зошто вашите константни зборувања може да го тераат од инает да се дружи со тие деца, да пуши. Да се контра накратко, и се тоа да е препишано на хормони.
    Дали се обиде да не му кажуваш што- како туку да стекнеш пријателски однос, во смисла, твоја прва цигара, нешто друго лошо што си направила, дали си се каела, па да зборниш со него зошто толку му се допаѓаат овие пријатели, да не личи како објаснување, туку како лесен пријателски разговор.
    Е сега има уште нешто тука, ако е основно има многу големи шанси да одат во различно средно, едноставно можеби нема да ги примат, можеби имаат различни интереси, па се ова би прекинало до таму. Следно, навистина е мал. Веројатно мисли дека се што лета се јади и испитај ја добро ситуацијата и доколку најдиш нешто кажи им на твоите родители.
    Еве нешто што можеби ќе те утеши, побарај и види, ризлите можеби му се за цигари. Му ги намалија твоите парите за цигари и можеби најде ефтин тутун кои му се исплаќа да го витка. Зошто тоа е поевтина варијанта ако му се скратени парите наспроти да успева да има доволно и за цигари, и за нешто друго.
    Кажи што ќе направиш, со среќа.

    @friendly хартија за виткање цигари/ марихуана.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Хартивче за мотање тутун или марихуана.

    Не добивал доволно ќотек брат ти.:P Не можам да го осудам за цигарите и (ваљда) травата, хипокрит ќе бидам, но криво ми е што пропаѓа во шлајм на само 14 години. Нормално е до некој степен и на секој се случило да западне во такво друштво, но страшното е кога ќе го напушти своето јас за да претстави некаква слика за него пред другарите. Тоа што ќе му браните ќе го натера уште повеќе да го прави тоа, така да не го карајте, не го форсирајте и не се стресувајте многу. И јас бев во лошо друштво на 14, на 16 па почнав со цигари, пред 17 пробав марихуана, а до ден денес 4-5 пати сум дувала. Повеќе немам желба да пробам, искрено. Тие материјални работи нема да те уништат колку што лошото друштво може да те уништи. Потсетувајте го брат ти на неговите таленти, добри страни, поддржувајте го во тоа што е, а не тоа што сака да биде пред неговото друштво. Животот тек му започнува, има цел свет за освојување, и работи за откривање. И во никој случај да не реагирате бурно и да го казнувате, како што кажав, тоа ќе го распали оганот.
     
    На Matotheja, friendy и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. ghost21

    ghost21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2017
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Деветто одделение е. Темпераментен од мал, но никогаш не беше бесен. Во друштвото има деца од 19, 17 и 16 години, тој е најмал и ми изгледа како да го лажат и да имаат некои скриени намери. Познати се по нивните глупости што ги прават по градот, најверојатно мисли дека се многу моќни нешто, не знам.
    Стресувањето е во тоа што тој се однесува кон нас дома како да сме некои од улица, па толку лошо со било кој не би се понашал до пред да се здружи со нив. Толку нагла промена во однесување мора да има причина. И да, нема јадено доволно ќотек, а сега е малце касно за тоа.

    Фала ви на сите што се потрудивте да ме советувате :*