Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    1.618
    Пол:
    Женски
    Девојче, вака. Очигледно ти не ѓи знаеш проследиците од наведените дроги.
    Едуцирај се те молам. После сиве дроги што си ги пробала до сега, не е возможно да не те навела некоја на завист.
    Инаку да, тревата ствара завист.
     
    На Feminka22, GirlLove и baba Rada им се допаѓа ова.
  2. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Како тоа халуциногена супстанца има помалку негативни ефекти од природна супстанца? Доказ, можеш да го поткрепиш со нешто ова што го тврдиш?
    @cavalli исто?
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nevergiveup1

    Nevergiveup1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2014
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Машки
    Незнам за вас, ама јас пред да внесам нешто у мојто тело прво праам истражување за последиците од истото врз организмот. Пример сакате да пробате мдма, напишите си на гугл сајт ефект оф мдма и ќе видите шо и како предизвикува и што прави на вашиот организам. Моја препорака синтетика никако, а за марихуаната кај и да е ќе ја легализираат па сметам дека не е дрога. Иначе сум пробал само марихуана,ракија и пиво :D :D :D
     
    На WildMk, Feminka22, XstrongerX и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Деца , не се дрогирајте , дрогата носи СМРТ.
    Со цел памет се расправате, демек дискутирате, која е во право. Дали сте добри ?
     
    На Peperutce1115, XstrongerX, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    1.618
    Пол:
    Женски
    Со тоа што сум имала другари кои без да дуваат неможеле да заспијат.
    Без да дуваат неможел денот да им почне.
    Без да дуваат неможеле да учат.
    Без да дуваат не се биле при себе. Секој 2 збор им беше трева, трева ... Уште да наведувам?
     
    На IM.TMKQ и GirlLove им се допаѓа ова.
  6. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    1.618
    Пол:
    Женски
    Очигледно не носи смрт, за некои членови што наведуваат дека се имаат пробано и живи и здрави се и нормално им тера животот без никаква завист.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Марихуаната е мешавина од ситни парчиња суви цветови, листови, стебленца и семиња од билката Cannabis sativa, и како лек или рекреативно се користи веќе пет илјади години. Се верува дека кинескиот владетел Шенг-Нунг за прв пат официјално ја употребил за медицински цели околу 2700 година пред новата ера. Од почетокот на 19. век, марихуаната започнува да се третира рамноправно со останатите лековити билки, односно со лековите на база од билки. Лекарите ја препорачувале при најразлични проблеми – од несоница до сексуални дисфункции (како што е укажано во кратката историја на медицинската употреба на марихуаната).

    Денес марихуаната е најкористената нелегална супстанца. Според проценките на Обединетите нации од 2010 година, канабисот го користат помеѓу 119 и 224 милиони луѓе ширум целиот свет. Една година подоцна, една анкета спроведена во Америка покажала дека 18 милиони граѓани на САД, постари од 12 години – односно речиси седум проценти од американската популација – барем еднаш во месецот употребуваат канабис.

    И покрај долгата историја и распространетата употреба, постојат многу малку клинички докази за ефектите на канабисот. Примарната причина за тоа лежи во фактот дека марихуаната е нелегална во повеќето земји низ светот. Како последица на ова, кога лабораториите или универзитетите ќе издадат лиценца за истражување на ефектите на марихуаната, владите обично ги финансираат студиите свртени кон потенцијално негативните последици од нејзината употреба. Сепак постојат и кредибилни документирани докази за медицинските бенефиции од употребата на канабис.

    Со сигурност е докажано дека марихуаната е корисна при лекувањето на хроничните болки (на пример, кај мигрената, болките во вратот или во долниот дел на грбот), дека го зголемува апетитот кај заболените од сида, односно дека ја намалува мачнината и нагоните за повраќање – несаканите последици од хемотерапијата кај пациентите заболени од канцер.

    Покрај случаите на хронична болка, марихуаната ја ублажува периферната неуропатија кај пациентите заболени од сида, како што покажува студијата изведена од страна на експерти во 2007 година во Општата болница во Сан Франциско. Во оваа студија учествувале 50 пациенти, при што половина од нив дневно консумирале по три џоинта, а втората половина од нив добила плацебо-цигари со вештачки вкус и мирис на марихуана, но без нејзината активна состојка (делта 9-тетрахидроканабидол; THC). Резултатите покажуваат дека иако лажната марихуана имала плацебо ефект, корисниците на вистинскиот канабис пријавиле два пати поголемо намалување на болките во однос на субјектите од контролната плацебо-група.

    Прелиминарните истражувања укажуваат дека канабисот ги ублажува и ги проретчува епилептичните напади (иако доказите не се конклузивни), како и дека би можел да биде корисен во третманот на некои симпотми на мултиплекс скелероза.

    Во меѓувреме, првобитниот оптимизам во однос на улогата на канабисот при лекувањето на глаукомот, сè повеќе се намалува. Имено, марихуаната навистина го намалува очниот притисок, но ефектите траат само од три до четири часа. Од друга страна, повторната употреба на марихуаната во подолг период го зголемува крвниот притисок, што може негативно да влијае врз глаукомот.

    И медицинската употреба на марихуаната има свои ограничувања. Марихуаната содржи повеќе од 480 хемиски состојки, меѓу кои 66 се канабиноиди, а најактивен е THC. Канабиноидите имаат способност да се сврзуваат со канабиноидните рецептори кои се распоредени буквално во сите делови на човечкиот мозок и се поврзани со најразлични аспекти од човековата психа како: доживувањето на задоволството, мислењето, памтењето, вниманието, сетилните впечатоци, перцепцијата на времето… Како последица на сето ова, стимулацијата на овие рецептори, а со самото тоа и на функциите кои се засновани на неуротрансмисијата во која се вклучени, секогаш можат да предизвикаат несакани ефекти. На пример, аналгетските својства на канабисот се манифестираат преку неутрални механизми коишто се испреплетени со оние кои на подолг рок доведуваат до промена на состојбата на свест. Кај пациентите со канцер во терминална фаза ова и не претставува голем проблем, но сепак мора да се земе предвид кога станува збор за млада личност која страда од мигрена или за работник со болки во грбот.

    Интересен е фактот дека марихуаната содржи поголем дел од токсичните супстанци коишто се наоѓаат и во тутунот, но од некоја причина, барем како што укажуваат резултатите од досегашните истражувања, таа не предизвикува влошување на состојбата на белите дробови. Според резултатите од една неодамнешна лонгитудинална студија, во која учествувале 5000 рекреативни корисници на канабис, умереното консумирање на марихуана нема негативно влијание на здравјето на белите дробови и не развива зависност. Авторите на студијата го ограничиле „умереното консумирање“ на еден џоинт дневно.

    Нема согласност ниту во однос на ризиците од употребата на канабис, како што се појавата на психотични симптоми, слабеење на когнитивните капацитети и зголемување на ризикот за добивање рак на тестиси. Со малку поголема сигурност може да се каже дека во однос на возрасните, тинејџерите се изложени на поголем ризик при редовното консумирање на марихуана (нивниот мозок сè уште се развива), но од друга страна, стапката на заболени од шизофренија стои на нивото од еден процент кај консумерите на канабис.
    Рандом статија за тревата што кажува за многуте корисни работи при домаќинско конзумираање, а се што ќе се претера не чини.
     
    На candy.cane, WildMk, XstrongerX и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Машки
    Тоа е исто ко да се стега за бронза и лепак..
     
  9. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Мислам дека за едно исто зборите само од различни искуства.
    Во принцип не треба да имаш памет за да имаш искуство.
    Едно е користење дрога во рекреативни и медицински цели, друго е злоупотребување и не правилно користење.
     
    На GirlLove и WildMk им се допаѓа ова.
  10. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Другарите ти биле по 12 години, утрипани во филмови на начин на кој Холивуд го прикажува драматично.

    Не можеле, немој молимте. Знаете психосоматски ефекти на апститенција на зависник ? Физичка потреба е на организмот.

    Се моли еден кој знае како се произведува кокаин да се изјасни на темата да не бидам вечниот месија кој ве проповеда.

    Друго, глуперди од деца слушнале, не дослушнале, па земаат спид за урлање, за учење, за работа по кафичи. Им ја држело енергијата на левел. Ред бул појачан демек, како, еве не знам. Хелекси дробени. Жолто не е на арно.
     
    На irrelevant и baba Rada им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Не прави завист бидејќи е лесна ,,дрога” сфаќаш.Природно е, нема хемии и супстанци кои самите по себе ствараат зависност.Травата е гола вода за амфетамин, кокаин, екстази и ред други г**на кои не ни мислам да ги употребам у животов бидејќи тоа е зло.Првиот пат зимаш, удира премногу јако, ако си поминеш супер ќе сакаш пак и пак, пример од табла месец дена после тоа ќе те влече да правиш сфаќаш?А ако ти е лошо првиот пат ќе ти се згади, нареден пат ќе пробаш кога ќе го заборавиш првиот пат.
    Додека пак пример од марихуаната си зашеметен, се губиш, таков си како истепан или се кезиш од смеење.Додека на амфетамин или кокаин си свесен, со умот си овде но си премногу агресивен, напнат, возбуден.Сакаш да шеташ сегде..
     
    На irrelevant му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Ах девојче. Немој да се залажуваш. Најмалку сакам да ти судам за постапките. Ама размисли дали постапуваш правилно, зошто последиците се катастрофални.
    Сега ти е кул, но ќе дојде време кога ќе си во ситуација да ги прокоцкаш најубавите работи што животот може да ти ги понуди. А млада си, ќе имаш уште милион такви. Животот е пред тебе. И ќе се каеш, но ќе биде касно. Дрогата е сигурна, но бавна смрт. И со свои очи го имам видено тоа. Колку порано се свестиш, толку подобро за тебе.
     
    На candy.cane, Amellie13, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски



    Морав. Чисто за да укажам дека конзумирате работи за кои не знаете доволно.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Да, еве јас без кафе не можам да го почнам денот, не можам без него да учам, не сум при себе кога нема да се напијам кафе, секој втор збор ми е кафе кафе... Ама не кризирам кога нема да се напијам, немам проблем, немам апстиненцијална криза... Не ти е валиден примеров ич, не знаеш ваљда што е зависност навистина.
     
    На candy.cane, Alisa22 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    И печурките се природни :)
    Само 0.2% од корисниците на печурки побарале итна медицинска помош, наспрема 0.6% од корисниците на ПРИРОДЕН канабис и 3.2% за синтетички.
    Најголем ризик кај печурките ти е да не ти продадат погрешни.
    Друго, печурките не ствараат физичка зависност, само психолошка. Плус многу брзо се гради толеранција, и по 4 дена ако ги користиш ден за ден многу веројатно е дека нема ништо да осетиш. Нормално, таа толеранција и брзо се губи. Корисниците на печурки многу поретко ја користат дрогата од оние на трева затоа што:
    1. Поинтензивно е искуството и не е нешто што сакаш да го доживееш секој ден.
    2. И да пробаш да го доживееш секојдневно, за неколку дена ќе престанат да ти влијаат и сакал - неќел ќе мора да почекаш.
    Не ствараат физичка зависност, само навика, па ако пробаш да ги откажеш нема да имаш никакви withdrawal симптоми.
    https://www.sciencealert.com/researchers-rank-recreational-drugs-based-on-how-dangerous-they-are
    http://www.drugpolicy.org/drug-facts/are-psilocybin-mushrooms-addictive
     
    На candy.cane, Snowflake97, dayla и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    А која е и каква е физичката зависност од тревата? Што се случува со корисникот кога ќе престане да пуши? Како се понаша, каква е кризата? Кој кризирал без неа?
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не реков дека тревата е небезбедна.
    Реков само дека печурките се побезбедни и од тревата.
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Не го знаев до сега ова со печурките...
    Интерсно...
    Ама сепак не би пробала.
     
  19. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Печурките предизвикуваат халуцинации. Како побогу такво нешто може да е побезбедно од нешто што само те опушта и те тера на смеење? Што ако од печурката ти се деси да си направиш филм си супермен и рипнеш од некоја планина или од балкон за да полеташ да го спасиш човештвото? Или уште милион други филмови што сериозно опасно и фатално може да делуваат на животот и здравјето на корисникот. А од тревата што, ќе умреш од смеење?
     
  20. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    И не ми кажувај дека другарка ти или другарка на другарот на дечко ти имала фатални последици од тревата, зошто секако има лабилни личности што мозокот може да им направи проблем и од конзумирање на смоки.
     
    На Ицолгудбејбе, Alisa22, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.