Имаш статистика, што да ти кажам друго... Воглавно е познато, а има и многу истражувања кои покажуваат, дека корисниците на печурки, или било која друга халуциогена супстанца, поминуваат многу време во подготовка и во информирање за негативните ефекти и многу подобро се припремаат за сѐ што може да се случи и подобро се информираат за дозирањето, баш за да "не се фрлат". Жалам што те погодив во нерв, ама јас за факти зборувам. Патем, за физичка зависност од марата: Значи намалува продукција на невротрансмитери во мозокот, па едноставно не функционираш без трева. Да, withdrawal ефектите траат до кај 2 недели, ама биди ти 2 недели срање. Наспроти печурките кои немаат никакво физичко дејство на мозокот, и НУЛА withdrawal. https://www.drugabuse.gov/publications/research-reports/marijuana/marijuana-addictive
Долгорочното користење на марихуаната и те како влијае негативно врз човекот. Посебно и во комбинација со други дроги. Она не создава до толку физичка зависност како психичка,но влијае негативно во функцијата на мозокот, говорот, меморијата итн. Знам луѓе кои почнаа со истата па прешалтаа да го бркат змејот, и уште го немат фатено.
Природната трева и онаа увезена од Косово, која е наменета за нашиот пазар, се небо и земја. Мислам дека за некоја година ќе се легализира и кај нас. Огромен број на луѓе конзумираат марихуана, иако е нелегална, пак е присутна на пазарот и лесно достапна. Би се регулирал квалитетот на набавката, и државата би се офајдила со данок, кога истата би се продавала во продавници, а не на црно. Би била акцизна роба исто како алкохол и цигарите.
Ептен се сложвам за ова. Ми дава надеж, шо лицето ЗЗ има плантажа со марихуана.. Ваљда ќе му е во интерес да ја легализираат рекреативната употреба
Не ми погоди никаков нерв само обичен разговор водиме, барем јас така се осеќам, може ти таков дојам имаш ко да ме гаѓаш некаде. Сепак не се согласувам со тебе и теоретска шанса нема и нула логичност е печурката да е побезбедна од тревата, а за вакви пишани факти ќе најдеме и јас и ти да го поткрепиме мислењето, интернетот е полн со контрадикторни статии за доброто и лошото влијание на нешто, затоа ти кажувам подобро да читаме и да се споделуваат лични искуства.
разликата е што, краткорочно, печурките има шанси 'да те џитнат низ прозорец', а долгорочно, марихуаната ќе те напрај да памтиш ко онај од Мементо.
Не сум запознаена со примери каде марихуаната има штетни понатамошни последици, а за печурките знам дека има флешеви кои се враќаат и долго после конзумирањето, па така да не е само моменталната опасност, тоа веќе ти е сериозен проблем за разлика од марихуаната која и да ствара флешеви нема што опасно да ти направи, па макар и да убива мозочни клетки сепак нема да те направи ко алцхајмер да имаш сигурно, а печуркава ми доаѓа ко темпирана бомба, не знаеш кога и како ќе те нападне.
Абе, факти-се факти. Очигледно... И јас пафкам по некогаш, ама не го менува тоа фактот дека со памтењето може да предизивка проблеми марихуаната.
Пак ќе ти кажам во оваа доба на интернет факти за се што сакаш можеш да најдеш, можеш само своеглаво да размислиш и да разглабиш да одлучиш во што да веруваш. Ќе се повторам, покрај сите тие читани факти и анализирање што лични што други искуства, верувам дека тревата не ствара зависност, не е опасна ни за време ни потоа од конзумирањето, и пак ќе се повторам по трет пат, се што ќе се претера не чини, тука правам муабет за рекреативно пафкање не за болно пушење, така од се ќе имаш последици, па биле и витамини и портокали.
Ама јас никаде не реков дека тревата е лоша, само реков дека од печурки не може да се претера. А ти тука ми кажуваш рекреативно пафкање наспроти дување секој ден. Истражувањата не сум ги извадила од ракав, од организации чија единствена работа да истражуваат дроги се.
Зошто мислиш дека не ги знам последиците и по што тоа ти примети дека јас се немам едуцирано во врска со дрогата? И ниедна од овие ме нема наведено на завист, зависта се ствара во главата, освен хероинот од кои што имаш и физичка завист (криза), болка во мускулите и коските. Повеќето наркомани навлечени на хероин на почетокот се 'маваат' од што им е убаво, а после земаат затоа што не можат да ги издржат болките.
Не правдај хероин те молам..табли, амфас ајде де ама хероин не брани. Хероин=самоубиство.Тоа е веќе дно-дна да ме извиниш
Немој да ми кажуваш за хероинот, те молам. Најмалку 1 недела те траат последиците од хероин. По една проба на хероин ако ги издржиш тие 7 дена, тогаш си херој. 1% од популацијата издржала 7 дневни последици од хероин. Ваљда знаеш, нели веќе си пробала.
Ниедна дрога не бранам, особено не херионот. Освен марихуаната којашто и воопшто не ни ја сметам за дрога. Од искуство ти кажувам дека после првиот пат не е така, можеби после неколку употреби да, ама од еднаш воопшто не се ствара завист. А можеби тие што се буцаат во вена за прв пат и после првиот пат да ги маваат кризи, ама јас пробав на фолија и многу малце можеби и затоа сум немала кризи, не знам.
Ако укажувањето на опасноста по нечиј живот се смета за мешање во приватен живот, тогаш да земам и да бегам. Прво укажувањето на опасноста и дејството да се спречи нешто што загрозува нечиј живот, треба да е од совест, а после и обврска. Браво ако се фалите дека сте ги пробале сiте дроги Што да кажам? Секоја чест. Супер е, така продолжете. Немојте случајно да се пофалите со прочитани книги или образование, или лично достигнување. Аман бе луѓе, па дрогата во ред ли е? Не се сомневам дека си била информирана за сите негативни ефекти, ама човековата љубопитност и желбата да се биде фраерка е поголема од вредноста на сопствениот живот? Незрело размислување. Секоја дрога е лоша. Секоја психотропна супстнца може да има фатални последици. Марихуаната е добра за медицински цели, не поддржувам за рекративни. Штом од марихуана зградите виолетови ти се чинат, не е добро да ја конзумираш. Посебно не родители со деца, кои под дејство на марихуана не ќе можат да одговорат на потребите на детето. И нема во скоро време да се легализира, сигурно тоа. Оставете акцизи, оданочување. Постојат етички, морални, правни норми кои имаат поголемо значење од данокот. Во меѓувреме ќе си цвета црниот пазар, и некој кој гледа на овие желни за дрога како на овци, ќе си го полни џебот. Тие нека не мислат, не мораат да мислат. Полека но сигурно, масовно убивање. Браво ако се оправдуваат ваквите тененции. Од пуста желба современ да се биде
Мене ме интересира, сериозно сега, неиронично, како ти текна да пробаш хероин? Секогаш сум се прашувала како воопшто за првпат некој се решава да направи нешто што е очигледно толку штетно за организмот.