Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Ха аман бе девојко, зар у Идризово да ги затвараме и да ги тепаме? ... аааа изгледа мора чим тие ни ја уништиле државата мора да се преземат радикални мерки хе хе :lol: e aлал да ти е мислам треба тебе на некоја функција да те постават во државава ќе ги средиш ти дрогашите сто посто
     
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Викаат од дрога пописмен се станувало. :lol:

    Околу дрога сеуште немам пробано, но од љубопитност имам желба да пробам, марихуана исклучиво. Не би одела на потешки дроги, доволно сум свесна за да не западнам во таква каша. Чисто за да ми биде искуство плус, љубопитност, за да не се каам еден ден дека сум сакала да пробам, а не сум го направила тоа. Мое мислење е и покрај тоа што сум доволно информирана за штетноста на истата, но сум доволно свесна за да не ми премине во навика.

    Наркоманите не ги осудувам, секој има свој живот и право да го користи како сака.

    Малку ме иритира тоа што од сите кои што пишале на темава е минимален бројот на оние кои конзумирале дрога, додека во реалноста е сосема обратно. Не ми е логично само како се собравме најпослушните на форумов. ;)
    Но можеби и оние што пробале на еден начин се дистанцираат од темава бидејќи како што гледам предходно биле осудувани и напаѓани.
     
  3. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Хмм :^) Навистина ?!А апчињата не се дрога?!или се немаш напиено,кафе,цигари,чај,и некои зачини (све ова спага во наркотични средства за уживање )..Него да збориме за тие држави каде што марихуаната е легализирана..и тие се пропаднати а? .. Ако се легализира и во Македонија кај ке не собери сите во Идризово и кој ке не тепа..или ти ке дојдиш :lol: :lol: :lol:
     
  4. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    :clap: :clap: А ти да не се мајтапаш со нас :x Будала една станала зависник од марихуана! :fubar: :fubar:
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Умна ти на мајка!
     
    На Jojoba и Hipica им се допаѓа ова.
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Амори Трендафилке ти наша кој те учи вака да пишуваш и колку имаш златна ти широко гледиште на темата 500на сат да не те почудам абе машала
    Дај земи малку образовај се на темата дрога прочитај за секоја дрога какво дејство има и какво лечење треба да се примени
    страмота е девојката како тебе во 21 век да има толку мизерни и кратки гледишта на оваа тема и кон овај проблем како можеш да помислиш дека сите тие кој го имаат тој проблем треба да се затворат идризово и што ќе правиме ќе вадиме мртви тела од таму? :x катастрофа
    тие се болни луѓе на кој му е потребна помош и третман да се излечат потребна му е подршка од семејството потребна му е љубов и разбирање потребни му се луѓе до нив кој ќе му речат( да ние веруваме во тебе ова е проблем ама ќе извечеме)
    тие луѓе треба да продолжат понатаму со животот
    блазе на секој на паметот кој размислува како тебе :x :x хаос
     
    На Inas& и unhappyy им се допаѓа ова.
  7. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски

    Е де е, не каква ти зависност! :tmi:
    Па добро бе луѓе, глупави сте или какви сте?!
    Со извинение ама ова ептен ме исфрустрира! :envy:
    Наркоманите директно со кокаин и со хероин почнале, така?!

    Дај Ј.Ло прекини, пак триаголници ќе сте земале, пак незнам што!
    Прекини со време!
    И тој дечкоти, нормален е?
    99% сум сигурна дека све ова ти го правиш заради него!

    Мој совет: Дури не си навлегла длабоко, многу длабоко ПРЕКИНИ !!!!!!! :devil:
    Поззздрав!
     
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Дрогата особено марихуаната е позната како лесна дрога. Таа содржи тетрахидроканабинол кој предизвикува промени во однесувањето и перцепцијата на тој кој ја консумира. Штета за човечкиот организам никогаш не би консумирала дрога, и мислам дека има многу зависници од дрога во Македонија :)
     
  9. LuisRoyo

    LuisRoyo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    12
    имам видено случаи во однос со марихуанава и тоа од блиско друштво..нормално со изговори не е ова дрога шо ти ее не се секирај и деенес ако сакам можам да престанам..не знаејќи или преправајќи се дека не знае дека со тоа се почнува..па и тоа ти станува недоволно и се така..тежнееш кон нешто повеќе. во близок круг на опкружување имам и такви кои се надлежни да се справуваат со овие случаи и кога ќе сумирам и мислења искуства на првоспоменатите и второспоменатите, дрогата ти е се или ништо! или нема да има ни марихуана , (бидејки како што спомнав постепено се оди кон повеќе), значи нема малце една ризла ајде..денес па за 2-3 дена пак пошо со тек на време и секој ден ќе се почне..или ако си решил веќе да го правиш тоа, треба да си свесен дека одиш кон пропаст и самоуништување! пророк на кој не би ни помислила да се потпрам во ниеден момент! но, секој има право на грешка па затоа оние кои се довеле до тој момент на самоуништување и доколку имаат вистинска желба да се лишат од оваа казна, и се каат..сепак треба да им се пружи шанса и помош, бидејќи со нивно одбегнување и одбивност..само ќе ги убедите во фактот дека нема враќање и дека се обележани до крај на животот, односно дека нема никакво решение за нив, иако го има..
    а во однос на она ќе го правам тоа за да бидам фраер-ка тоа ми се неиживеани (не)карактери кои вака или така ќе завршат на лош начин како што споменав погоре, па да се надеваме дека сепак ќе се наиде некој што ќе им помогне..оние кои никогаш нема да се остават, сама дрога ќе ги донесе до работ и тогаш ќе сфатат дека нивниот живот бил далеку повреден и вредел да биде корисно иживеан, но за жал тука нема да им помогне утехата..никогаш не е доцна!
     
    На unhappyy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. oliolivera

    oliolivera Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    26
    баш имав шанса да дојдам до сознание дека марихуаната иако ја нарекуваат лесна дрога да видам дека стварно многу влијае на однесувањето,со бившиот дечко го имав тој проблем.Се случуваа мноу чудни работи поготово со однесувањето,разговорот со него дали со мене или во друштво на пр. збориме за цвекиња а он одговараше за цигли, буквално незаинтересиран и исклучен до максимум.Пред да ја конзумира често беше сосема нормален и многу внимателен дечко но тревката си го направи своето се изгуби во просторот и во времето.Затоа неможе никој да ме убеди дека нема никаккво влијание и дека не се станува зависен од тоа!!!!!!!!Според тоа што го видов многу јасно беше дека кога еднаш ја конзумираш и веке влезеш во такво друство и не престанеш одма,одиш на 2 пат,3пат и крај назад тешко,зашто не прифакаат разговор што и да кажеш се сфака погрешно и се повеке крив излегуваш.Затоа дрога не благодарам :) да би била толку добра тогаш сите би биле наркомани а не обични луге :)
     
  11. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Ниту сакав, ниту сакам, ниту ќе сакам да пробам такво сра*е....Животот ми е убав за да си го уништам со такви глупости...А од тоа што слушам, за жал нашата мила Македонија ни е преплавена со наркомани :tmi:
     
    На Special.Someone му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Немам пробано и немам намера да пробам дрога. Мислам дека сум доволно информирана околу конзумирањето дрога и зависности. За во Македонија не знам дали се произведува, но голем е бројот на зависници.
     
  13. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Немам пробано и воопшто не сум љубопитна да пробам како делува !!
     
    На Special.Someone му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mace1

    mace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
  15. invisiable

    invisiable Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    8
    Занимлива тема...знаете некој нарко-дилер да порачам...мојот го фатија и сега немам од кај да набавам :(
    Окееејј де...само се шалам :D
    ...Сакаш дрога??-Не..животот ми вреди повеќе.Одговорот секогаш ќе ми биде НЕ.
     
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Еве што се случува со тие луѓе,отприлика... :(
    http://www.youtube.com/watch?v=CVLimYUuelw
    НИКОГАШ НЕМА ДА ПРОБАМ!
    Се надевам да се вразуми некој од нив додека не е прекасно,затоа постојат установи кои им помагаат на таквите личности.
     
  17. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Не, и нема ни да сакам да пробам.. НИКОГАШ, не сум љубопитна да ја вкусам ;)
     
  18. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123

    Кога гледам вакви изроди ми се одмилува и животот , а камоли на дрога да помислам . Не , не сум пробала во моиве 23 години , а и нема ни да пробам , не сакам да ризикувам да станам некој дебилоиден кретен како овие од спотот . А познавам и зависници и знам дека во повеќето случаи не е ни се толку црно како што е прикажано тука , но како и да е , нема да ризикувам . НЕ ЗА ДРОГАТА . Нашата младина ( за поединци зборувам секако )е всушност многу заостаната , колку и да се обидуваат да се претстават како напредни генерации . И покрај сета информираност во денешно време ( интернет , телевизија , кампањи ), како што ја немале генерациите пред 15 - 20 па и повеќе години , тие пак свесно и своеволно се оддаваат на вакви работи . Немам коментар , навистина :x :x :x
     
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Знам,тежок е спотот,можи и не е се до толку црно,ама морав да го споделам,а мислам дека местото му е тука... :!: :fubar:
     
  20. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Па добро , никој не рече дека местото не му е тука , фала Богу , баш напротив , јас зборувам за сосема трета работа , немаше врска тоа што го пишував со тебе :)