РАДОЗНАЛОСТА ПОНЕКОГАШ МОЖЕ ДА УБИЕ..кога станува збор за дрогата, процентот е огромен...ако преживееш, ќе бидеш само една руина од човек, беззабо грдо створење со тешка зависност..неспособна за работа, неспособна за живот...ете, имате примери од многу богати и славни личности кои кариерата и животот ги завршија поради дрогата. јас да сум модератот сите кориснички на дрога, овде што се изјаснија, би ги банирала..тие се непотребни ни за друштово во кое живееме, па ниту на форумов да залажуваат млади луѓе. НИКОГАШ НЕ ПРОБУВАЈ ДРОГА...НЕ ПУШИ МАРИХУАНА!!!!!!!!!!!!
А бе дечки, секој може да земе и да се дрогира. Малце да се потруди да најде, и ете. Го зборите ко којзнае какво уникатно, невидено нешто, специјално за вас, па да ги чита муабетиве од страна, со „стручни“ зборчиња, ќе помисли којзнае за шо се работи, а не за некоја дрога со непознато потекло. Стварно не можам да разберам, јас на апче за болки проверувам состав, а не да голтнам нешто што не знам ни како дошло до мене, а не па од што е направено. Па уште и од кокаин се разубавувало, да готово, сто посто. Прелепотици се сите наркоманки, глеаме. Кое е тоа љубопитство за нешто што може да ве направи беззаби бездомници, вака да бевме љубопитни за светот и сите можности во него, којзнае кај ќе стигневме. Љубопитност, за хероин. А бе ајде. Многу сте кул.
Ауу готово бабе те издогиравме хахах. Какво ниско размислување да осудуваш некој без да знаеш алал да ти е. Подобро ќе правам тоа одколку курва да бидам или пијаница секој има некоја улога во животот да не се правиме светици пред да се омажи некоја. Реткоста е која е мила мома
Ааааа..не неееее..неможете мене да ме издрогирате..мојот став е НЕ..ниту ме занима и ниту сакам да пробам таков отров. Јас душо моја во мојот живот познавав многу млади наркомани кои сега се на оној свет поради тоа проклетие, поради дрога...познавам многу кои скапуваат во затвор поради тоа исто зло..така да душо моја, ти немаш толку години колку што јас познавам растурени и уништени семејства.... Ако ме прашуваш, подобро биди курва отколку наркоманка, оти кога ќе ги фати криза зависниците и од своите деца алиштата и играчките ги продаваат. еве ли линкче и прочитај...за да не ти затреба не дај боже.....@buba4e89....прочитај и ти душичко... https://www.narconon-balkan.org/blog/dali-marihuanata-predizvikuva-zavisnost.html
Имам пробано,кокаин ,хероин,сканк ,трамадол,бупрернофин Марихуана секоја ден. Се сметам себеси за наркоман поради тоа што сум страшно навлечена на седативи не поради марихуаната. Деца не е само хероинот дрога.Бетер се седативите и другите апови. Бев навлечена и на трамадоли,ама една недела стиснав заби и фала богу ги прележав кризите без медицинска помош (ја си знам колку мака имав тие 7дена) Не си играј те со дрога и апчиња. И да,травата ствара огромна зависност .
Јас спаѓам во групата на најхардкор: Оние што се справуваме и ја издржуваме реалноста без цигари, алкохол и дрога. Beat dat! Нема посилно и повозбудливо од тоа ништо да не може да те контролира Ни една чаша вотка, ни една бела цевка што чади, ниту прав колку еден неисчистен тепих. А за муабетот погоре, мхм, разубавени и ајнштајнови и тоа само во свои очи и додека трае ефектот, а инаку слаби. Имав познаници- зависници во моја близина и токму тоа сте, слаби и pain in the ass кога снемало од залихата.
Јас сум родител со деца тинејџери ове погоре да се мои деца со ортома ке ги врзам дома и ке седат заклучени у една соба вода и леб и ништо друго
Не е така..не треба така да се постапува.Поготово ако детето е веќе зависник.Се прави разговор, и се оди на рехабилитација. Ако го врзеш, ќе почне да апстинира, да беснее, ќе се револтира кон тебе.Сакаш така? Најлошо им правите така.Ним треба да им се помогне, ама стручна помош.
така се изразив народски ке го врзам товараш у кола и не лечење нема шо дома да го чуваш ке го носиш ке го раснеш нема да спиеш ноки да го порасниш исправиш на патот и сам ке се унишува паметот кај им е незнам
Ниедно друштво, ни околина, ни враг нема да натера дете што е израснато во здрава околина да западне во експериментирање. Ниедно дете не почнува само да се уништува.
Во време на изобличени вредности и сфаќања, кога ќе прочиташ нешто како ова, ти влева надеж. Претходно некои членови пропагираа некои позитивни страни на дрогата, без притоа да размислат дека тука можеби постојат и малолетни деца, тинејџери кои читаат. За жал треба многу поголема едукација за дрогата и последиците од неа уште од најрана возраст (впрочем како и за многу работи кај нас, коренски промени ни требаат за доброто на сите). Внимание, разговор, достапност, искреност и отвореност во најлудиот период, е главна задача на родителите, за да му помогнат на тоа дете да не скршне од правиот пат.
Не се работи за peer pressure, се работи каков карактер т.е сенс за принципи кои ги има изградено детето до тој момент, и стојам на напишаното. Едно е да свртиш џоинт со друштво во парк од радозналост, што ќе го направат 80% од тинејџерите и во 80% од случаите, никому ништо. Скоро сите да сме поминале низ таков период, од први пијанства, дечковци, бунтување. И сосема е нормално, нема врска со peer pressure, туку со прва фаза во процес на созревање. Сосема друго е да почнеш да експериментираш со анфаси, кокаини, табли, хелекси и се останато. И тој peer pressure, во многу случаи е и голем мит. Бев често во друштва каде што се експериментирало со дрога. Освен да ми било понудено, на што едно не е сосема доволно, никогаш, ама баш никогаш меѓу не знам колку луѓе и друштва, никој не пробал да ме разубедува, да ме буцка, да ме исмејува, ниту сум видела тоа да му се прави на некој друг, во ниту еден облик на peer pressure. Знам и дека сите би реагирале веднаш ако би го виделе тоа. А ако го разбираш притисокот како внатрешен, односно желба да бидеш прифатен или кул, се враќаме на првата точка, дека ако to begin with, си на чисто со себеси и имаш здрава самодоверба и самопочит што доаѓа со низа фактори од периодот растење и созревање, нема да ти падне на памет да шмркнеш линија за нечии други очи. Не тргам само од себе, туку од многу луѓе што ги знам и познавам, а искуствово ми е многу свежо. Знам има и друштва од типот на ајде брат штрафта у веце, не биди пи*ка, идеме у провод, итн. Не познавам ни еден, ни машко ни женско, да бил со добро воспитување и да завршил со такво друштво и да можел да трпи такви луѓе околу себе.
Не влијае кај сите.Ако има некој доволно цврст карактер нема да направи нешто. Еве дома и јас и татко ми пушиме, мајка ми цигара не сака да смисли. Јас сама пропушив цигари, сама сакав.Втора почнав во мое друштво да пушам инаку.Никој не пушеше. Џоинт прв пат сама пробав, изразив сама иницијатива. А ми нуделе се и сешто, сум ги гледала дур го прават тоа, но сеуште не почнало да ме влече да пробам.Уште не ми е потребно хемија во животов.
Same here. Ич не сме кул. А тоа peer pressure верувам дека го има, но не пали кај сите. Се е до карактер. Од искуство кажувам. Како друштво, дознавме дека едни други се дрогираат. Дали само со трева или со нешто плус, не знам. И овие од моево друштво велеја "ние ова никогаш", па еве 2 години подоцна почнав да слушам муабети за нив од трети личности дека се видени како се навлечени на тоа. Се задружија со такви друштва и тоа им влијаеше. Потоа самите си признаа дека го прават тоа, па прашуваа дури дали сум сакала да пробам. Не фала. На нив тоа peer pressure влијаело, на мене не. Нема жива сила што ќе ме натера да се навлечам на такво нешто. Како и да е, строго сум против секакви дроги и не сакам од ништо да сум зависна. А оние кои се не треба да ги отфрли општеството, туку да се лечат соодветно и да се внимава да не посегнат повторно по такво нешто. Не си играјте со животот луѓе.
Не може ништо да ти влијае ако сам не го дозволиш тоа. Не е никој присилен на нешто. Според мене, ако некој смета дека лесно би се навлекол на било што што има негативни ефекти врз здравјето, не зборуваме само за дрога, тогаш едноставно ќе се воздржи и воопшто да проба. Се случи ова лето во друштвото да пушат сите, запалија цигара и ајде, секој по ред по еден дим, дури и тие што се непушачи, но ете, пробале. Дојде ред и на мене, одбив. Упорно и упорно прашуваа зошто, реков дека не сакам и едноставно не дозволив да ме убедат или да изгубам контрола врз себе во тој момент. Од друштвото пушат само тројца, другите кој пробал неколку пати, кој ич- не е важно. Сум ги видела и пијани, ама со дрога никогаш, колку што знам досега. Обична цигара одбив, не па нешто друго. Не сакам да пробам бидејќи ми смета чадот и миризбата, а не знам и дали потоа ќе се навлечам на тоа. А знам дека тоа значи фрлени пари и уништено здравје.
@Snowflake97 @GabyTranceॐ Хемија не прави да изгледате ниту поубави ниту поинтелигентни од тоа што сте. Нема да ви држам проповеди, гледам дека форумџиките горе веќе се потрудиле да ве одвратат од идејата да продолжите, само ќе се надоврзам со неколку битни работи кои мислам дека не се споменати низ овие страници. Прво, мора да сфатите дека штом конзумирате дрога, тоа се случува од неколку причини. Првата е - имате потреба да избегате од реалноста (од нешто што не ви се допаѓа, но веројатно поради немоќ да го промените го поттиснувате на потсвесно ниво). Втора опција - се соочувате со некаква психолошка траума, па ваквиот тип рекреација ви е copying mechanism. Трета опција - барате нов адреналински предизвик, па немајќи доволно алтернативни ,,издувни вентили" го бирате најлесниот, но истовремено и најтешкиот за вашиот организам. Следно - Тревата која ја конзумирате е апсолутна хемија. Немојте да се лажете дека ,,марихуаната" која се продава на црниот уличен пазар е квалитетна и реална. Всушност, е сѐ само не ова. Taa не е ништо повеќе од збир на синтетички психоактивни супстанции. Често пати ако сте забележале до сега, (а сигурно сте како редовни конзументи), самиот состав мириса на смола, лепак или лак за коса/нокти. Тоа е така затоа што токму тоа ставаат, а потоа вие истото го внесувате во организмот. Немојте само да кажете дека имате дилери од доверба кои ви испорачуваат реална и квалитетна роба. Затоа што најискрено, до таквата чистка имаат пристап само оние кои имаат дебел кеш - ,,аристократите" во нашата држава. Некоја од вас спомна дека се користело дрога при спортување. Да, се користи. Нема да негирам, зошто и лично се имам уверено дека е така. Одредени луѓе, најчесто powerlifter-и/билдери и други екстремисти, кои се долги години во спортот, сакајќи да ги подобрат своите перформанси, почнуваат да користат разно разни хемиски елементи кои не нужно се психотропни но под еднакво штетни за организмот. Допингот е една од најчесто користените дроги во спортот и истиот доаѓа во многу форми. Најчесто како стероид. Меѓутоа, за вас е важно да сфатите дека овие луѓе не одат на долги стази. Колку во моментот и да ви се чинат здрави, витални, полни енергија и резистентни на хемија, во суштина не се. Всушност, само е прашање на време кога вистински ќе ги почувствуваат контра ефектите од дрогата. Така и вие. Никогаш не користите дрога на рекреативна база, туку користите дрога затоа што има некоја подлабока причина за да ја земете. Секогаш! И од психолошки и од физички аспект. Таа причина, која ве тера да одите по вакви опасни предизвици (а ја спомнав во почетокот на постот) мора да ја барате во себе, и ако ја најдете, да ја замените со некоја алтернатива која бар приближно ќе соодветствува на хемијата која е содржана во mdma, mm, кокаин, или крек, макар и за еднаш месечно. Да, знам. Нема никогаш да биде исто чувството, ве разбирам. Ама бар ќе биде приближно до оној допамински и нондреналински филинг по кој долгорочно копнеете. Поздрав од мене, се надевам постот не го сфативте навредливо, зошто не ми беше тоа намерата.