@IM.TMKQ @dayla @Feminka22 @Anabelle.Amorette @Amellie13 Можеби е до карактерот... До тоа како е растено едно дете.... Се надевам дека е така.. Ама како мајка, искрено, на моменти ми е страв...
Искрено и мене би ми било страв кога би била мајка. Мислам дека понекогаш без разлика како го воспитуваш и колку го пазиш детето, ништо не гарантира дека еден ден ќе скршне од сето тоа.
Точно.Се согласувам со последното. Знам многу такви примери каде децата биле и контролирани и се ама пак скршнале.Јас сум дел од тие(не правам хемија). Бидејќи џабе контрола и се, јас пример секогаш го правев тоа што ќе посакам.Почнав да пушам, дознаа ме казнуваа, ми скратија излез и дрндрн јариња.Продолжив да пушам за инает, почнав да не учам, да се расправам со сите и да им се спортиставувам на моите.Ептен бев револтирана, пробуваа со контрола врз мене да ме спречат, не ни пробаа муабет да ми направат.Пушам од 14, летово правам 18 и заради мојот инает моите поминаа доста работи со мене, кои не се баш убави и за памтење, и се помирија веќе со фактот дека пушам и дека терам по мое.Не кренаа раце од мене, ама научија да играат во ист ритам со мене.И они мирна глава и јас задоволна. Ние тинејџерите сме најранлива фаза уствари, сега сфаќам кога ми викаа ,,дрма пубертет”. Хормони, искачања, журки глупости. Со премногу контрола и строгост може исто да се ,,забега” бидејќи џабе ќе го држите дома, ќе го тепате, ќе му скратувате пари.На прво искачање од дома ќе го направи тоа што го наумил и сака.Ако е некој со силен инает, желба и ,,сила” во себе. Дрогата, алкохолот цигарите, коцката нам тинејџерите ни се многу подостапни него што вие мислите.Не сакам да ве плашам ама тоа е реалноста всушност.Пример во Скопје врие алфаши и ентеше, ама пак има деликвенции. Сè е достапно за сите, за се има каде. Си имам размислувано што ако дознаам дека еден ден детето ми се дрогира? И сфатив дека, кога бар малку ќе потпорасне 13-14 години и ќе почне да сфаќа некои работи, ќе го седнам и ќе разговарам со него на овие теми.Независно дали ќе имам ќерка или син или и двете заедно. Нема во овие води машко/женско.Секој може да се издрогира или да заглави.Ќе почнам со разговор на почетокот на тинејџерството за да биде спремно на сè однапред.Ако сака нешто да проба(трева, амфетамин,кокаин)нека проба со мене барем.Под 18 на свое дете хемија не би му дала бидејќи јас уште на скоро 18 немам правено хемија не па моето дете. Ама ако сака да проба марихуана нека проба со мене. Подобро да знам за што му одат парите, да биде отворено кон мене, да знам што прави.За тоа искрено не сум противник.Криво ќе ми е ако направам муабет за тоа, а детето конзумира нешто и крие од мене. Тогаш знам дека ептен ќе се налутам.Ама нема да го казнувам, да му забранувам некои работи.Туку ќе му направам муабет како на возрасен човек.Да не претерува, ако почне да претерува или веќе се навлече одма да ми каже. Ќе плаќам и лечење и се што треба, ќе го поддржувам макар и сама да сум ама ќе се избори со тоа. Тоа би го направила и да дознаам дека се коцка или стане алкохоличар на пример. Нека пие, нека пуши ама во границите на нормалата.Бидејќи не сакам да си ги уништи органите на млади години или да се прави летва по улици.Не личи ни на машко ни на женско.Порано сум пиела ден за ден, литри литри.Од Нова Година навака едвај две чаши пијам.Не поднесувам веќе алкохол.Препиено ми е, гадно ми е. Малку забегав од темата ама ми дојде убава тема за пишување.
[QUOTE="Feminka22, post: 4347823, member: 9 Малку забегав од темата ама ми дојде убава тема за пишување.[/QUOTE] Јас забегав додека те читав...АМАН БЕ ДЕТЕ
Јас забегав додека те читав...АМАН БЕ ДЕТЕ[/QUOTE] Оти мор бабе?Јас искрено си кажувам, не барам поддршка и разбирање овде.Не се чувствувам како наркоманка, скрената од патот или чудак.Јас искрено си кажувам што мислам, и како е.
Оти мор бабе?Јас искрено си кажувам, не барам поддршка и разбирање овде.Не се чувствувам како наркоманка, скрената од патот или чудак.Јас искрено си кажувам што мислам, и како е.[/QUOTE] Се ставив во положба на твоите родители и искрено многу тажно чувство ме обли!!!! Тинејџерче кое уште од основно училиште пие литри алкохол????? Се надевам дека се шалиш???
Се ставив во положба на твоите родители и искрено многу тажно чувство ме обли!!!! Тинејџерче кое уште од основно училиште пие литри алкохол????? Се надевам дека се шалиш??? [/QUOTE] Не се шалам.Порано пиевме секој викенд, преку лето исто.Сега веќе не пијам толку многу, кога гледам дека сум фатена поспоро пијам.
Јас сум од тие што немаат пробано никаква дрога, ни марихуана. Врв дрога ми е кетонал апче кога пијам при менструални болки. Моите ме држеа строго и со во некои граници, но кај мене ете позитивно влијаеа. Скоро 18 ќе правам и никогаш се немам ни испијането, а секаде сум со сок у рака, не па на дрога да помислам. Си најдов и такви луѓе покрај мене и моментално и партнер. Веројатно влијае и друштво со кое ќе се дружиш. Ма да бев послушно дете секогаш и лекциите на моите ги сфаќав сериозно. Можеби ако и они пиеле и пушеле пред мене и ја ќе сум си земала за право, како често што слушам изговор па и дома пушат цигари моите и пијат, марихуана си пушат чат пат. Кај мене влијаеше и тоа што тато 51г цигара у живот не запалил и ми беше во мајндсет, па и ми беше мисла дури да ме натера секогаш да одбијам ако некој ме понуди дури и за да пробам цигара. Не гледам ништо привлечно во било што вакво. Некој може ќе рече и дека сум досадна и водам досаден живот ама ја сум благодарна на моите што со нивните лекции и до некаде построга контрола ме навеле на океј пат гледајќи ги младиве што се консумираат и колку повеќе зема замав зависноста од алкохол и наркотици. Ама лесно е кога и друштвото е исто како тебе. Сметам дека денес стварно е проблем тоа што дрогата е толку достапна и не се сфаќа сериозно кај младите, имаат желба се да пробаат затоа што секој трет го прави истото. Џабе едукација, не се сфаќа сериозно, секој е со мисла "ајде бе еднаш ќе пробам", а повеќето почнуваат со марихуана и сакаат се појше и појше. Не гледам за фалење ништо у тоа што мислат дека се јаки фаци ако пробале, напротив баш тие со јак карактер треба да се гордеат и фалат што не подлегнале на такви зависности. Ама денес се е измешано и ме фаќа страв за иднината и како ќе биде кога ќе имам дете, се поопасно станува, дрогата е достапна на секој чекор... Сепак друштвото и карактерот се пресудни во вакви случаи според мене.
Дрогата од секогаш постоела и била лесно достапна за тој што ја користи, не е од вчера па да се чудиш толку многу како ова да е нешто ново.
Дрогата е едно од најголемите зла кое води до уништување на животот,а за жал,често и до негово згаснување. Не пијам. Не пушам цигари. Не се дрогирам. Од мала сум научила дека тие пороци штетат. Сите оние кои се дрогираат треба да престанат додека имаат време,не само поради нивните најблиски,туку и поради самите нив. Бегајте од пороци! Разговарајте со најблиските,со пријателите,со колегите форумџии и форумџики... Само чувајте се!
Не е до воспитувањето..нормално дека сите не воспитуваат да не се дрогираме.Никому не му рекле : дрогирај се сине љуби те мајка. Најважен е карактерот.Ако има некој слаб карактер околината секако ќе му влијае.Ама ако знае да каже НЕ тогаш супер.
Пушев марихуана само од радозналост и тоа еднаш на два месеци но во летото почесто,ми се случи ужасна случка со тоа ми беше многу лошо,од тогаш повеќе немам помислено да пушам и се решив.Би ми било многу глупаво моите да дознаат за тоа,ќе изгубам доверба во нив а не сакам Родителите мои ми дозволуваат се,мислам сега јас си имам свои граници ниеднаш се немам опијането,препушено,направено нешто лошо,сигурно имаат доверба па ме пуштаат секаде
Да,има и наркомани произлезени од нормални функционални семејства. Средината е највиновна. Властите во светов знаат да кажат дека нарко криминалот цвета и дека младите умираат,но не знаат да го сопрат тоа.Голем дел од нив и не сакаат бидејќи и самите се вплеткани во тоа. Сето ова е доволна причина поради која треба и мора да се подобри образованието насекаде на планетава.
Фала богу.И кај нас мафијата си работи со полицијата.Мислиш полицајциве тоа што ќе запленат не го конзумираат? Од сигурни извори знам.И они си пафкаат травичка. Бај д веј во четвртокот биле запленети 10кг трава, некој ги закопал во дворот на комшијата. И после не било достапно..