Скроз се сложвам со овој муабет Ич не забега од темата. Таман си е. Читаат овде и други мајки, ако не коментираат. Да си го препрочитате сите!
Здраво на сите. Се надевам муабетов е во правата тема. Уште не сум сигурна дали Марихуана спаѓа во Дрога , дрога. Во ред. Да почнам, кратка ќе бидам. Имам дечко година и пол. Пуши. Секој ден. Ретко се случува да прескокне. Имам правено муабет преку 100 пати, дека ми смета, дека не ми е океј итн. Сега моментално знаеме колку многу луѓе ја употребуваат. Јасно ми е, за опуштање, нели. Имам скоро 23 год. Ама мене тоа почнува сериозно да ми смета, со марихуанава. И сега? Година и пол не се сфаќаме некако, не најдовме решение. Во дилема сум и не знам што да правам понатаму. Вели дека во блиска иднина нема намера да прекине. Ова вака го кажува одамна веќе. Одбива дека е зависен и вели дека е само онака чисто да му биде убаво. Имам ли право да му забранувам такво нешто, оти нели, не сум му мајка јас? Може звучам глупаво, ама еве не сум баш паметна моментално, не знам како правилно да размислувам. Некој совет? Или чисто муабет со некој во ЛП? Ми треба малку да. Ви благодарам.
Немаш право да му браниш. Уопште. Знам дечковци/девојки што се кријат од нивните партнер(к)и дека пушат и после врските завршуваат катастрофално. Трева уопште не е лоша работа, смирува, добро делува на плуќата, едино од пречесто дување може да почне да заборава малце. Тоест ќе ги заборава дешавките дур бил напушен. Ако едностсвно толку ти смета што дува раскини му и тоа е тоа. Немаш право да му судиш, да му браниш или да го тераш да преќине или да преќинете (има и такви случаеви). Ќе почне да се крие од тебе веруј ми, а верувам дека тоа не го сакаш. На крај-краева пеци еднаш со него да пробаш да му го сфатиш филмот, може ќе ти се сфиѓа па ќе пецате некад заедно. најбитното! Од трева не можеш да станеш зависен. Дував некои 2,5-3 месеци секој можен ден од сабајле до вечер. Нон стоп бев напушена, по 25 грама се пушеа во ден и еве не сум зависна. Само коа сум ептен нервозна некад вребсм за фиш за да се смирам. Физичка зависност нема, психичка може да има ама не буквално туку еве како во мојов случај.Во нервоза ти се пуши пошо знаеш дека ќе те смири
Под дрога спаѓа алкохол и цигари исто, на алкохол бев навлечен пи*кееее си материне али фала богу веќе не пијам, цигари не можам да ги баталам... Друг вид на дрога никаква неам пробано освен наведените мада сум бил у друштво што и дувале и се боцкале..
Фала ти што одвои време. Инаку имам пробано, неколку пати. Убаво е но не е нешто што мислам дека е во ред да се употребува секој ден. Пушуваме во тема Дрога, така?
Па да пошо не си ја видела темата за трава. Трева не е дрога. Да беше, немаше да се прави масло од нејзе или да биде легализирана. Ти текнува? Ти сметаш дека не треба добро, Можеш да му кажеш на убав начин ,,срце океј е што дуваш ама па не мора секој ден, има и поинтересни работи од тревата.Човек кога е напушен после тоа губи осет за простор и време.Прескокни еден ден” А дали си се запрашала можда зашто дува толку често? Можда му е досадно веќе со тебе, пробај кога сте заедно да му го одвратиш вниманието да пуши фиш. Може си има некои проблеми па кога е напушен му е боље. Ако стварно сакаш да останеш со него, размисли зашто дува толку, пуши и ти некад со него, глејте филмови после смејте се имајте односи Направете си забава малце. Ако му ѕвоцаш само дур е напушен полошо ќе направиш. Ова е најдобронамерен совет до тебе и до сите што понатаму може ќе го имаат овој проблем
Не можеш да му забраниш, ама можеш да раскинеш доколку ти смета. Не осудувам никој, секој си има свој живот и прави што сака, јас лично не би сакала да имам дечко кој дува секој ден. Не само што може да стане зависен, туку може многу да влијае и на расположение и на психа, и може да се јават сите симптоми на зависност. Марихуаната не е најсоодветното решение. Посебно не за секој ден.
ДА! Да се разбереме, дечко ти е зависник од психоактивна супстанца - тетрахидроканабинол. Убаво ти кажал, нема да престане, а да му забраниш не можеш. Моја најдобронамерна препорака е да ставиш крај на врската.
Имав дечко што исто тргаше трева. За мене се што ти делува на мозокот е дрога. Значи, јас што пијам АД и тоа е дрога што ми го стимулира мозокот, така да и тревата е дрога чим го тера чоек да заборави што се случило претходната ноќ. Јас кога ќе му ги видев крвави очите, се вознемирував, ми беше страв, сериозно. Страв ми беше дека ќе ме нападни и не знам шо. Иначе си чуваше дома ганџа за ко ќе му присака душа. Потоа ми призна дека тргнал кон бело. Вит виделија фатив. Оттогаш, јас не можам да се повратам себеси. Мн се трудев да го оттргнам, но не. Тоа е негов стил, начин на живот. Јас би играла на карта не. Поздрав и секое добро.
Реков може да се јави вид психичка зависност, но не е буквално зависност туку едноставно лицето кое често користи марихуана ќе се научи да биде во тој mood цело време или во одредени моменти на нервоза/тага ќе осети зголемена потреба за дување. А дека ствара стварно зависност не ствара.Све е ствар на психа. Ја коа ќе се изнервирам и ми се дува, а неам фиш си викам, добро можеш и без тоа ете моментално немаш смири се. Све е до психа. Затоа трева и дрога не е за секој.Ние треба да ги конзумираме нив, не они нас
И јас во моментов имам личност до мене шо знајт од време на време да го практикуват то. Искрено моментално не ми сметат, ама баш воопшто, ама мислам дека кога то би продолжило можда би почнало да ми сметат. Зато мој совет ти е да си седните и да си напрајте муабет, ако можите некоја средина да најдите. Дека како што кажа и @Feminka22 тој ќе почнит да не памтит моменти од ко бил напушен. Па сега ти размисли дали сакаш да имаш до себе некој шо немат пола од моментите шо ги поминал со тебе да не ги памтит.
Сепак е зависност. Барем јас не можам да го наречам поинаку кога некој не може да живее без тоа. Многу личности почнале од еднаш, па два пати неделно, па секој ден. Те разбирам што сакаш да кажеш, и нормално дека секој различно го доживува и контролира, но сведок сум на личности кои почнале така да пробаат и завршиле до степен да се анксиозни, депресивни или со некој сосема трет проблем. И за секој минимален проблем тоа им е решение. Има многу да се дискутира на оваа тема како и за последиците на долготрајно користење, може нема да има последици година дека, за некои и повеќе но кога тогаш ќе се јават.
Дечко ти е зависник, жалам. Марихуаната како марихуана не ствара зависност сама по себе, ама ако постои нешто без кое не можеш и не сакаш да го поминеш денот, може да се каже дека си зависен од тоа нешто. И чоколада нека е. Ко што рекоа погоре, не можеш да му забраниш, ама можеш да одлучиш дали сакаш да си со таков партнер. Скроз ок е.
Човек 3 месеци скоро бев НОН СТОП напушена. Сфаќаш? Од сабајле до вечер. Пред школо во школо после школо дома надвор сегде. Сегде бев напушена и сегде дував цело време Кога сакав имав трева и тоа преубав сканк, се убив од пари давање ама дував ко човек и ко хиена. Со уште двајца другари 25грама у едно искачање ги издувавме. Освен во моменти на екстремна нервоза немам желба за фиш. Не пушев еден период од 2-3 месеци бидејќи не можев да се надувам. Ретко кога пушев Летово пак пушев сеа пак пушам и еве не сум зависна уопште. Сеа стрепам деновиве дека сум затворена ко куче на ланец и ми бара душата нешто да ме опушти и да ми го тргне мајндсетот од корона срањево. Не ми зборете за зависност од трева. Од хемија не сум зависна не па од трева. Све е до психата запаметете више еднаш
Токму поради тоа се нарекува психолошка зависност. Можеби ти имаш јака психа, но не секој има. И не секој може да се контролира. Тоа што некаде е легална не ја прави помалку дрога. И Хелекс, и Диазепам се легални и пак се класифицирани како дрога. Секако, има повеќе и помалку штетни дроги. Но, тоа не значи дека кај различни индивидуи марихуаната делува исто. На пример имам другарка доби тахикардија и аритмија после редовно конзумирање и сѐ уште си има проблеми со тоа. Други другарки со послаба психа веднаш преминаа на хемии. Другар од редовно пушење премина на амфетамин, па на Трамадол и такви срања кои се од фамилијата на хероин. Така да, да, се е психа но стварта е што секој има различна психа. За жал не сите имаат силна како твојата. А секојдневна употреба подолг период на било каква супстанца не е добра.
Дрога не е за никој, не треба да се конзумира тоа гомно. Уствари што да кажам кога и сама велиш 3 месеци нон стоп напушена си била.. Алкохоличар никад нема да признае дека алкохолот е штетен и не е добро да се пие, така и оној кој користи дрога, така и оние кои се курваат. Зависност има секаква и од се, нема оправдување ниту за тревки ниту за ништо.
Епа сами си се криви. На сите сум им рекла: Ако гледаш дека не ти прија, батали одма. Пошто последиците не се гледаат одма. Ја имам јака психа. Сум ја носела на ивици на најубаво и на најлошо. Јас можам да си играм со мојата и со туѓата психа. Затоа си дозволувам да конзумирам одредени работи и фала Богу освен цигарите немам никаква друга зависност. Трева и дрога се само за паметни луѓе (не дека ја сум паметна, сум ама знам како да играм на тие карти) @SugarHoney да ама свесно сакав секој ден да дувам. Немав некоја потреба или да ме влече. Сканкот тој период што беше, беше преубав и пречист и даваше добар хај. Не ми беше жал за парите што ги фрлав. Цело време бев хајпната и тој период ни настинка ни бутур имав. Али затоа во школо на пример пошто бев напушена нон-стоп, везе немав што се дешава.Ко падната од Марс бев. Тоа е негативното. Затоа на луѓето им ги кажувам и позитивните и негативните ствари. Пошто не сум идиот, неќам некој да си каже ,,еј оваа пушела 3 месеци не е зависна ај и ја ќе пушам 3 месеци” да не сум зависна ама нека ме праша некој што се дешавало дур сум била напушена.. Така си го изгубив новчаникот со кредитната и уште не ми текнува кај сум го остаила
А зошто ти смета? Заради понашање откако ке се напафка, финансиски трошок или има мн причини али ако не ти прави проблеми зошто да му забрануваш