Сите се праат јаки дур не потклекнат на нешто појако. Секој си има право дали ќе користи дрога или не. Секоја психа е кршлива. Мозок- срча, не за џабе речено.
Имам потреба да ви кажам Фала, на сите. Искрено мислев дека мислењето ќе биде незабележано и затоа се мислев и дали да ви пишам за проблемот. Си оставам време да размислам и да одлучам што ќе правам.
Ќе заборавев за малку да одговорам. Сметам дека со тоа што продолжува да пуши ќе има поголем проблем во иднина. Нема да се замара за нас, општо за некој проблем, нема да биде способен да го реши. Тоа ми е јасно. Всушност како што некој погоре спомна, ќе биде во тој муд цело време. Така, лабав живот. А моите погледи се поинакви, јас не можам да живеам така, тоа е проблемот. И да, го сакам толку многу, и не сакам да гледам како продолжува со нешто што полека би го уништило.
Па искрено и тешко е да си со човек шо мислит дека сите проблеми се решавет со трева. Утреден ќе имате фамилија, ќе надојдат проблеми кај шо ќе требит трезвено да се размислуват од двете страни и да се донесит правилна одлука. Е сега твое е дали планираш тие работи да ги носиш сама на свој грб, а некој да си лабавит или да најдиш партнер од кој ќе имаш поддршка. Не знам колкав е дечкото, ама понашањето му е многу детинесто, не е се така розево денеска.
Дрогата не е право и никој нема право да ја користи бидејќи не е легално. Дури и да е легално ај што себеси се уништувате туку сте и голема опасност за луѓето околу вас. Така да нема оправдување за дрога, никакво.
Разговарајте отворено и кажи дека ти смета, гледам по пишувањето сериозна личност ако си секако дека ке ти смета некој шо со ништо нема да се замара
Тревата како и алкохолот на секој различно му делува ,сум видела напушени кои не можеле да стојат на нозе и повторувале едно те исто и се смеат на глупости,не можатда сврзат два и два (потполно заглупувување)но и типови кои не биле свесни ни за своите постапки,кои се претварале во монструми спремни и да убијат и на секаков криминал,што менуваат расположение преголемапри самоувереност,брзо возење,спремни на секакви глупости,.,нормално трезни не се сеќаваат на ништо.А трезни се прекрасни особи.Буквално преживуваат психози,панично напади,аритмии...за жал сумбила сведокна ова,но протагонистите ретко де свесни за тоа како делуваат на околината со своите постапки,за нив е во ред и се чудат што на другите им пречи.Делуваат на психа и затоа не можат да одолеат,за да си го вратат чувството,и покрај ветувањата не. Само што не ги исполнуваат ами одат на појако.Сведок бев на некој што почна со марихуана за да потоа дневно пие по цела лента хелекси ,две три занфекси и сето помешано со алкохол...Верувајте не сакате таков во близина,тотално психичко растројство,плус либидото им оди на нула што дополнително ги фрустрира.Сите дијагнози ке му ги најдете,од шизофренија до биполар,...а нема дада ви текне дека дуваат..Има уште многу на оваа тема, да се зборува,може е до карактер да пробаш и да се откажиш но некоу заглавуваат тотално.Исто како пијаниците ,едни може имаат весело пијанство други тепаат кршат,провоцираат.Некогаш остануваш со некој.мислејки дека ќе му помогниш,но со сила на никој не можеш са му дадеш ,најпаметно бегај подалеку.
Никој не се мења немој да остануваш со него со надеж дека ќе се смени ,никогаш не би била со некој што е постојано напуштен да не знае што се дешава , така да размисли убаво дали би сакала да го поминеш животот со некој таков.
Имам пробано само трева, по размени, никогаш во Македонија, а и никогаш не би платила за тоа. Искрено првиот пат во Холандија едно од девојчињата доби тешки халуцинации и малце ме исплаши, па пробав неколку месеци подоцна со некој што имаше повеќе искуство и редовно пуши. Интересно беше, али ми помина интересот. Ако не ве интересира не пробувајте. Цигари пример никогаш не планирам да пробам и тоа е тоа.
Се што делува на нервен систем е дрога. Нека не ве лажат дека марихуаната не е штетна и неправи завист. Маеихуаната ги затнува белите дробови и има исто штетно дејство како кленбутероло. Незнам колку сте читале ама rich piana се предозирваше од марихуана и на крај заврши со игла и на крај умре. Има емисија на јутуб петар челик каде што објаснува како арнолд користел марихуана долго време и од која станал зависник. Уште едно видео има на јутуб марко барич исто така тврди дека марихуаната на долги стази прави зависност али нормално не како amphetamin и други наркотици. Физичка зависност лесно се контролира но супстанца која делува на мозочни клетки и нервен систем,психа, таја зависност тешко се лечи. Студијата кажува едно но лица кој користат или користеле кажуваат друго. Марихуаната прави зависност исто како и стероидите. Кај лековите (стееоиди) човек е ммогу по супериорен, поголема сексуална издржливост, по долготрајна, по мажествен и физички и психички но што се случува после престанок. Опајѓа психички телото и посакуваш да бидеш онај истиот како што си бил предходно и земаш пак за да ка задоволиш психата. Самата психа дополнително убива кога се гледаш во огледало и неси тој истиот мускулест и снажен. Истото се дешава со марихуаната после долго време користење. Кај некој доволно е неколку месеци кај некој година дена. Во тешки моменти марихуаната те опуштила, следен пат бараш утеха вонеа. Ова со хемијата е само еден дел објаснување дека марихуаната спаѓа во ист кош како неандрелон, винстрол, тесто пропионат и тако дјале..Марихуаната е легална во другите држави за да не се прави штета по градовите пошто имаше доста кражби, убиства посебно англија, чешка и ради то ја легализираја и секој да можи да купи. Се користи за лек да, ито имам слушнато ито од моја колешка од работа, ги намалувала болките од некоја си болест али се правела во комбинација со други билни растенија.
Значи марихуаната Е дрога. Ако пушите не значи дека сте наркомани, олабавете. Ама не може да мењате цели дефиниции за што е марихуаната. Хербална дрога. Факт.
Пак ќе спомнам, се што делува на психа е хемија. Хемија и дрога е едно исто само различно дејство. Ако небила хемија ќе беше легална во мк.