Добро, знам тоа ама погрешно се користи терминот во одреден контекст, Може една супстанца да биде и хемија и да не биде хемија ако може да се есктрахира и ако може да се синтетизира лабораториски. Сакам да кажам не се' што е хемија е штетно и не се' што не е хемија е океј. Зашто многу гледам по темава и други такви коментари.
Апсолутно, се сложувам. Дефинитивно тоа што е природно не значи дека е здраво и добро. Тутунот, отровните печурки, и многу други ствари се природни па пак се штетни. Само ме нервира тоа што викаат дека марихуаната не е дрога само зошто не е во форма на прашак/апче/кристал.
Хемиска супстанца(дрога) која не е легална и која делува на нервен систем од која можи да се наруши здравјето. Имаме лесна и тешка хемија Иако е лесна хемија, можи да направи здравствени проблеми а можи и од тешка хемија да се помини без здравствени проблеми. Зависи што и кога и како се користи.
Марихуаната е дрога и треба да се легализира. Хемија ви е и окото, и воздухот, и ѕвездите, и се' во вас и околу вас.
Ставете се на challenge. Два ипол месеци без ни еден пуш. Ако не почувствувате психичка зависност или нелагодност, ондак океј. Ако почувствувате - зависни сте. И доста со тоа марихуаната не е дрога. Да, не е, ама ако ја купите од Косовските јужни полиња, Холандија или Акапулко за 100 еура минимум по грам. Ова другиов нискобуџетен третокласен сканк што ви го шиткаат по улици за иљадарче е чиста хемија. Мешавина од Ц класа хорс и бензо/тромадоли печени во рерна со зелен спреј.
Хемија е све освен тревата. Од амфетамин до хероин сЀ. Ништо не е природно добиено. И апчиљата би ги сместила овде. Пошо и со pain killeri се дрогираат, со тромадоли, дијазепами итн Лично знам луѓе што мешаат дијазепами со алкохол и други супстанци. Само ја коа им зборам мрдната ме праат
E moeto mislenje e... NIKOGAS...AMA NIKOGAS PODOBRO KE UMRAM OD STO DA KONZIMIRAM NESTO. Ne sum ni probala ni treva ako site okolu mene pusea i ne znaeja da si otvorat vrata doma.... Sega imam tri deca i ne bi podnela nedaj Boze da nekoe od niv trgne po neznam koj pat... Znam celi familii unisteni od ovaa glupost,ne bi sakala da iskusam nisto od toa. Ne marihuanata ne e droga, no so precesto konzumiranje stanuva nedovolna i organizmot ti bara poveke i poveke ...taka se navlekuvaat na poteskite supstancii. Problemot sto go imas so deckoti... Ostavigo duri ne e prekasno, ne e mala rabota 1,5 da ja frlis vo voda no imas 23 godini ako ne gresam sto se dovolno za da razmisluvas za idninata racionalno. Ke go prebolis ne se sekiraj. Negovata zelba za droga ke stane posilnA od zelbata da bide so tebe. Podobro Spreci nego da lecis. So sreks
Само не ми е јасно оние кои не пробале како можат да тврдат дека со често пушење ти бара се повеќе и повеќе и не можеш да престанеш, и преминуваш на друго?Како го заклучивте тоа? Сум се објаснила еден мал милион пати на темава за ова, маж ми пушеше со години, значи со години, од 17-18 сега оди накај 30, некогаш пушел многу, некогаш ретко, некогаш секој ден, а некогаш, еден џоинт со денови.Сега веќе не пуши долго време, сам си реши дека не сака веќе, никаква зависнот не осеќа или кризирање. Исто е со цигарите и тие не ствараат завист и ако многу луѓе сметаат, туку навика се, ама дефинитивно се поштетни од трава. Јас пушев понекогаш кога сакав максимално да се опуштам исто како и цигари што пушам понекогаш така кога мк е ќеф, ни за едно ни за друго не осеќам кризирачка потреба, само желба во некои периоди. Марихуаната има негативни последици, ако претераш може ќе се чувствуваш малку изветреано некој период, занесено, ама се само повремени последици, а не трајни. И да у МК генерално тревата е лоша и фејк најчесто, ама не значи дека не може да се најде и добра. Околу мене сите пушат, буквално, некои почесто некои поретко. Сите до еден се успешни и здрави млади луѓе. Другарка ми е фитнес тренер, еден од подобрите, со здрава храна 100% ама понекогаш пуши и нема буквално никаков проблем. Така да олабавете малку со хорор приказни и доживљај како да зборите за хероин, а не билка.
10-15 евра по грам е висококвалитетна марихуана во Холандија. Грам кокаин не е 100 грама, а не марихуана.
Не се согласувам дека е по таа пазарна цена првокласната. По градовите продаваат average quality, инаку не би имале одреден процент профит. Зависи од подрачјето и условите.
Значиии...едно е дали марихуаната има добри лековити ефекти. Ама дека не создава зависност тоа ми е пресмешно. И марихуаната и тутунот создаваат зависност и тоа е факт. Маж ти ако не станал завиден заради не знам што, не значи дека тоа ја побива докажаната потенцијалност за зависност на марихуаната. Милион студии се правени и не е дискутабилно дека може да создаде зависност.
И со алкохол да претераш и со храна да претераш ќе има последици Кимберли, кажав ако претераш, ако пушиш неколку дена по ред, ако си цел ден напушен, да ќе имаш последици ќе си мамурен на еден начин, некој период ама после се стабилизира. @Mantub не знам кои студии си читал/а ама јас оние кои сум ги не пишува дека не ствара зависност каква дрогата што ствара. И јас сметам дека цигарите не ствараат зависност оти знам еден куп луѓе што ги откажаа туку така ко од шала, не кризираа како криза од хероин, ми ја сфаќаш поентата? Тоа дали ќе се префрли на нешто друго тотално не зависи од марихуанта, туку од тоа колку личноста е лабилна и каква и е психата и размислувањето, јас сум 100 посто уверена во тоа и никој досега во мојата околина не ми докажал спротивно. Вас никој не ве тера да пушете, не ве убедуваме да пробате воопшто, ама да нарекувате некој што пуши, наркоман е тотална глупост и збори повеќе за вас отколку за нив.
Значи никаде не сум пишала наркомани не знам кај си прочитала такво нешто. Исто ниту сум напишала дека преминувале на нешто друго, стварно не знам кај си прочитала такво нешто. Исто така не направив споредба дека иста е зависноста како од хероин, ама ај. Ама дека не создаваат зависност и марихуаната и тутунот, тоа нема што да имаме мислење пошо тоа или така е или не е. Различни луѓе прекинуваат и им влијае на различни начини заради различни фактори. Не можеш од неколку луѓе што ги познаваш да тврдиш дека сигурно не создава кога потврдено е дека создава. National Institute of Drug Abuse тврди дека постои можност корисник на марихуана да развие форма на зависност и да кризира кога не употребува. Мислам нив ако не им веруваш...џабе збориме
Марихуаната што ја земате овде често подлежи на претходна хемиска обработка. Не е само билка скината и дадена..
додека стигне кај крајниот корисник, тукашната марихуана, нема ни 50% чистина... веќе ни јас не памтам со што се ми кажувале дека ја мешаат...
Точно. Секој користи различни хемиски својства, нема универзален начин на обработка. Зависи од условите со кои препродавачот располага. Најчесто тие се сведени на обична кујнска печка...
@Mantub може не си ти тоа што рекла, не прочитав од тебе, може не требаше да те тагирам за ова, како и да е многу на темава го рекоа тоа и затоа ми беше муабетот. А јас стварно не верувам за зависноста, претпочитам од лични искуства да донесувам заклучоци за работи во животот, може не сум во право ама повеќе верувам во тоа што го гледам. И пак ќе кажам никој никого не убедува да пуши. Се е лична преференција. Ништо не е добро ако се претерува, па и трава и тоа е факт.