Кај нас особено се прскаат многу. По други земји не толку, ако се разбираш и знаеш што бараш ќе најдеш. Ние земавме домашно производство од наши луѓе, така да може и прскањето и неквалитетот да придонесува за лошо влијание, сигурно придонесува,не знам за ова не можам да тврдам.
По градовите не е ни по 10 евра, де ама во секој случај, 10-15 евра е реална цена за доброквалитетна трева. Тревата не е некој луксуз и нема да те остави без денар во џеб, ко што обично следи со дрогите. Па немаш, па мора да имаш, па крадеш, па кризираш... 100 евра по грам... Зју, недај боже.
Прашање, ако купиш цвет, таков китка... Ај, да ја прскаат со нешто, да ја маѓосуваат, разбирам. Ама оригано? Тоа тешко ми влегува во глава
баш оригано... од дилер што продава на Г. баба , ми е муабетов... дозата што ја продавал за 4 џоинта, ја правел за 6 ....
Сецкана ја продаваат? Спремна за мотање? Со кој памет купуваат Коприва да проба да става, може повеќе ќе му успее... п.с. јас не купувам, затоа што нити се разбирам нити пушам цигари, нити знам да си смотам. Така, купувањето го оставам на луѓе кои се разбираат. До сега мака не сум имала.
Холандските хипици и Хавајските шамани имаат првокласна роба. Јамајка исто така. Здравје ако некогаш ве однесе натаму патот побарајте да ви сролаат ,,свежа" индика, пафнете и споредете го квалитетот со Амстердамската pro q улична или во продавниците. Ќе увидите разлика. И Бог ќе го видите такоџе. Крај краева побарајте да ви донесат ако успеат преку царина. Ама пазете да не ве фати Нинџа.
Затоа треба да се легализира. Пошто секако ќе има корисници. Ако е легална, барем квалитетот ќе се регулира, а и државата ќе има профит... Башка нови работни места.
Зар мислиш холандските хипици ќе ти дадат 100 евра за грам марихуана? Не е ни приближна цената, рамката е таа @DAngel што ја пиша. Ако си им во друштво на хипиците, и многу помалку. И тоа одлична свежа индика, и други зелени чудесии. И се наоѓа добра трева во Амстердам, како не. И секоја година е подобро, башка има многу стандарди што се испочитувани. Зар мислите дека во држава каде е легализирана, народот ќе нема што достапно и квалитетно да пуши? Па најлошиот хејз во Амстердам е светлосни години пред тоа што ќе најдеш во мк, освен ако не си растеш сам. Не се споредува. Ама во право си дека за најдоброто нема да го најдеш во продавница туку ако ги познаваш правите луѓе. И би ги додала Мароко и Тенерифе како поблиски дестинации каде што има одлична марихуана, Мароко посебно хашиш. Не ме ставајте на клада. Just sayin'.
Апсолутно треба да се легализира. Секогаш и секаде ќе има корисници, ама барем нема да конзумираат срања и доколку сакаат да конзумираат ќе имаат шанса да најдат нешто квалитетно и добро. Од незнаење и шушбуш се повеќето драми и проблеми кај нас. Младите се љубопитни (и старите се ама ај), не знаат од кај да најдат, чуле од некој недочуле и зимаат глупости. Моето искуство е слично на 1209, имам пробано во Македонија неколку пати имам пробано во Холандија. За опуштање од време на време ми беше фино и плус со друштво е искуство, и гради спомени што е битен аспект на социјализација. Кога живеев надвор од Македонија добив пристап до преквалитетна и чиста марихуана и тоа е неспоредливо со се' што имам пробано во Македонија. Од тогаш немам пушено во Македонија, само браунис имам направено, зашто не вреди да се пуши тоа барем до што јас има пристап. Во речиси секој момент две години уназад имав редовно марихуана во соба и не пушев секој ден од јутра до сутра. Кога ни беше мерак, кога имаше атмосфера. Некогаш со недели ни седеше така џоинтот и никогаш немав чувство леле тука е, ајде мора да го испушиме. Психичката состојба е многу битна не само за марихуана туку и за апсолутно се. Видете што се случува кај нас со алкохол, младите пијат до бесвест зашто е се тајно, никој да не знае, се кријат од дома и од сите, и во тоа гледаат шанса да се докажат пред друштво што е нормално за нивна возраст. Со марихуана е истото. Да им се даде шанса за едукација, да се има легален пристап е друга приказната. И искрено, да, сметам дека на многу луѓе, од време на време да се опуштат со марихуана ќе им прија. Ама пак, се е до лична одговорност и свест.
Не пишав дека е квалитетот лош на Амстердамската, пишав дека не е ниту приближно со првокласната која е веднаш наберена и дадена, со минимално ,,сушење". И да, 100 евра по грам е, некаде и повеќе доколку е комбинирана. Особено на плантажите и полињата каде дилерите прават сериозно добра пара. Сакаш да правиме муабет за харвајски мраз upgrade верзија на сето досега наведено? Тоа колку чини па Не живејте во илузија. Најдобриот квалитет на било што го нема официјално на пазарот во продажба често. До него има само елитата пристап. Тоа се чоколади. Белгиски.
Ама хипиците и шаманите имаат пристап, оти тие се елитата? Нисам знајала. Башка што извини, ама крајно ми се смешни аргументи од типот живееш во илузија, елитата има пристап и затоа не знаеш. Мислам океј. Јас од искуство, и од од далеку поголемото искуство луѓе што ми се блиски, тврдам дека квалитетната марихуана не е луксуз нит па резервирана за некои виши елити. И луѓето што ја растат, сакаат да остане така.
Затоа се зима сканк.Ти го дава светло зелено.И се гледа шо се зима, све шо е кафено е прскано. Зелено ако е и тазе треба конците да се гледаат и кристалчиња. Докажано ми е ова. Затоа исто ко на пазар, бираш шо ќе земеш. Затоа прсканиците се ем поевтини ем поише ти става.Не дека е штетно ама знае боли глава после. Бај д веј ја претеравте со цените. Во центар на Амстердам кај што можеш легално да купиш трева од кафичи, цените им се од 12€ па нагоре. Пример грам амнезија куш е 12€, purple haze 15€, white widow 15€ еве цени од Greу Area некој си попознат кафич таму. Во Холандија е нормално да е поскапо затоа што се најголем производител на марихуана и хемиски супстанци во Европа. Имате на youtube едни Холанѓани во drug lab пробуваат дроги и ги опишуваат чувствата и дејствата https://www.youtube.com/channel/UCvRQKXtIGcK1yEnQ4Te8hWQ @DAngel не се чуди пред мене го праеле тоа.Ако некој/а побара смотан џоинт најлесно можеш да му го удриш сакалот.Ќе стават нане и оригано.Ама прво треба да си глуп таков џоинт да земеш, второ секој коа ќе го запали ќе осети дека не мириса на трева туку на нешто друго. Ехе, трева од земја корнат стваат не па оригано., Да не кажувам шо све друго праат за личен ќар
Тие ја растат, не пишав дека се елита. Вие имате пристап до просечен квалитет дрога. Што не значи дека и просекот не е ок. Разлика од улична Скопска до онаа во Амстердам има многу. А тек до онаа во Рио, Куба, Јамајка, Хаваи, свежа непрскана, е-хеј. Варијации и хибриди милион.
Ние тука паста за заби не можеме да добиеме со приближен квалитет на западниот не па трава, шо ве глеам чудни. Ние го пушиме ѓубрето, прскано и мешано.