Какво бодење, кој рече дека треба да се бодите, мислам ако сакате ваше право де, ама апсолутно нема споредба бодењето со пушењето,не знам стварно кој филм си го терате. Абе и ум со алкохол не е ист како без, ама вие младите се пијанчете како да нема утре, јас една чашка алкохол пијам у месец ама затоа умот не ми е добар оти пушев често, а и сега понекогаш. Додека не пробаш не се докажувај, оти и јас на 20 бев со ум како твојот додека не се едуцирав малце и пробав секако, па престанав да ги викам наркомани луѓето кои пушат трава. Мислам не викам да пробате, ваше право, само не делете мудрости кои гу немате. А маслото е лек викаш, не помага травата како трава а, ок ќе кажам тогаш на другарка ми да не дава на татко и веќе оти жими тоа му помогна за болката од раков што со години го влече.
Не би сакала да пробам а никако пак да станам зависник и да си го уништам и мојот и животот на тие околу мене.
Никој не те тера, ама не си прави филм дека ќе станеш зависник и да пробаш и дека ќе кризираш и дека ќе уништиш живот на луѓето околу тебе. Апсолутно ниеден живот околу мене не е уништен и не бил ради марихуана, стварно не знам како успевате таков филм да си направите за трава, ете не знам смешно ми е. Јас имам пријателка од Англија која никогаш не пушела трава предходно ама се одвикнувала кокаин, што ми има кажувано каков и бил животот тогаш јасно ми е дека тоа е дрога и да лошо е. Ама од трава некој да бил таков не сум запознала.
Дека не ствара завист не ти пали таа прича овде. Во Недерландија кај што пола општество е демонизирано може овде не. Едни ебени цигари ствараат завист а не па марихуана. И алкохолот исто, иста прича и за него, ако некој овде е против дрога не значи дека е за алкохол.
Да, не пушам веќе неколку месеци од кога се вратив од Англија оти тука не ми се допаѓа травата. Се опуштам со вежбање, сликање и читање и секое на различен начин ме опушта. После 14 саата работа у Лондон само травата ми помагаше да заспијам зошто бев преморена за се друго од ова горенаведеното, а некогаш пушев за да се забавувам со друштво баш со такво смеење како шо го викате вие ќезење и многу убаво ми беше.
Ој море пафнете опуштете се шо е ова нервоза. Тинејџер последно напушен видоја шо сака јак да се прај, а они пијаниците шо паѓат по улици океј е.
Абе може вас ќе ви створи завист, на паметните може така им делува, тој бистар мозок не може да поднесе се' треба константно да е трезвен за да работи како што треба. Не знам, јас со мојов прост ум не створив завист, ама што знам јас.
Јас во сите книги шо имам учено, секоја сушена тревка се вика дрога. Знам се смеевме на фармакогнозија прв пат ко прочитавме јер деца зелени и "дрога" само едно ни значеше. Инаку ќе ти одговорам и јас на прашањето од погоре. Со месеци немам пуштено и ни ден криза не ме фати. Ни во најранливиот период годинава не кризирав за да пушам. Од каде таква зависност евенезнам.
Сув магданос е дрога сепак. Ни од марихуана инаку нема. Ако земаш прскана, сопствен ризик е то јбг. Али чиста? Шанси нема да халуцинираш ако сакаш цела нива испуши.
@Kimberly11 абе од каде таков инат во тебе, его до плафон боже мили. Да еден автор на една книга, па и повеќе книги да се. Јас од лично искуство ти кажувам дека не ствара завист, а ниту пак халуцинации, освен ако не е нешто прскано, па и тогаш тешко. Не знам стварно верувате на се што ќе ви кажат млади деца што може оригано пушат, а мислат дека се напушени. Ви реков не пушете не ве убедуваме да пушете, ама наркоман е навреда и не се користи за луѓе што пушат и престанете да го користите. А и најголемите писатели, уметници и генијалци биле на некои дроги, па не знам кој е прост они или вие.
Нит сум инат , нит егото ми е до плафон туку си кажувам мислење исто како и ти. Нели сите сме различни и не можеме да се поклопиме?
Млада си не? Во период кога сите пушат за да се кул и пијат за да се кул и пола е глума? Пошто то е. Ќе се надоврзам на @1209 тука, за НГ имам еден познаник шо се "напуши" со 97% цигара и остатокот марихуана. Сите поќе од него имавме испушено и бевме стабилни ама тој не беше оти е заглавен во тин филм/ фаза и сакаше да се прај интересен. Така и тие во околината шо ги гледаш. Глума е.