Ептен н нападни и скроз канцер се овие што пушат трева и ги убедуваат сите околу себе како е пРеКрАсНа бИлКа и пробуваат да просветлуваат. Чил, аман. Стереотипи ќе рушеле.
Нема потреба некој да ме убедува да пушам кога имам пушено, и имам направено и повеќе од тоа, и знам многу луѓе што пушат кои ми се блиски. Ама имам сретнато многу повеќе досадни замаранти стонери кои се као “хаха брат пецни малце опушти се” и што тревата им е прерасната у personality и тоа е искрено премногу напорно да се слуша. Стварно не ми е гајле кој и дали пуши, нека се брца у вена for all I care али најиритирачки ми е што многу не можат да прифатат мислење дека ете на луѓе едноставно не им се допаѓа идејата и концептот на марихуана и тоа е скроз океј. И никој не може да ви забрани нит да пушите нит да праите шо сакате, само може да изрази негативно мислење на кое не можете да одолеете да не вратите.
Абе девојче, јас не сум од тие луѓе, не знам дали го прочита муабетот од почеток ама мене целата поента ми е дека не треба да ги нарекуваат наркомани, оти не се, толку, а после дека се разврза муабет без веза тоа да, ти се најде повикана да се вмешаш без да ја прочиташ дискусијата, така да кулирај не си од тие досадните знаеме.
Човек кој користи наркотици е ништо друго туку наркоман, човек кој се курва е ништо друго туку курвар, човек кој врши насилство е насилник.. Исто е со се, нема опрвадување ниту треба да се погледне низ прсти за едните а за другите не. Кој е наркоман не одлучуваш ти или јас, туку се гледа по тоа дали личноста користи наркотици или не.
Браво седи 5ка. Курвар бе. Прост поим од прости луѓе. Нема што натаму да се дискутира до тебе, ти се гледа паметот. И не не сум наркоман оти пушам трава и немаш право да ме нарекуваш така.
А како да го наречеме ајде кажи? Љубовџија? Празни глави не мислат, слаби тела не се борат, затоа посегнуваат по дрога.
Гледам дискутирате за марихуана. Немам ништо против, затоа и решив да и' дадам шанса. Пред повеќе години беше ова, оттогаш не сум и' се вратила. Ќе ме прашате зошто? Бидејќи дејството не беше воопшто она што очекував дека ќе биде. Очекував да се опуштам, да се смеам и да заборавам на грижите, а после тоа да одам во некоја сендвичара и да порачам екстра богат бургер. Наместо тоа, се чувствував ужасно, параноично, не си ги чувствував нозете и рацете, ми трнеше јазикот и чувствував како да не сум тука... буквално како за момент да се одвоив од сопственото тело. Не претерувам. На луѓето што беа со мене не им влијаеше така. Напротив, беа весели. расположени, гласно смеење, само јас седев на страна и не можев да се приберам. После тоа, неколку дена немав никаков апетит. Многу чудно. Поучена од лошото искуство, не пробав пак. Штета... Му се случило ли на друг вакво нешто? Параноја наместо опуштеност?
Нема што да ги нарекуваш, нивно тело нивно право, и за тоа ли да те едуцирам треба. Точно затоа посегнав оти имам празна глава, ти посакувам барем малку од моја празнина да имаш да видиш како е да разговараш со некој и да знаеш што збориш.
Да. Ти нагласва моментално чувство и зависно со кој си. Ако друштвото ти е непожелно или ако си истрошила "социјална енергија" и сакаше да се оттргниш можи да се случи и ова. Еднаш мене ми се случи, бев во друштво. Не сум друштвена, така да ... Се мислев имаме зборано со тебе за ова ако добро се сеќавам оти ептен познато ова шо опиша. Зато сум многу против форсирање некој да пуши/ проба, шо пак, е карактеристика на средно и тин период. Ако неќиш, не си спремен или друштво не ти е погодено можи да ти надвладеат веќе претстоечките чувства на страв. То е се.
Па искрено, претходно океј се чувствував, друштвото исто така ми беше погодено. Не знам... Јас па сум слушала дека го вади на површина карактерот на личноста, во смисла, ако си природно лабава личност стануваш уште полабава, ако си плашлива, уште поплашлива итн.
Аха да, ти ќе ми кажеш кого како да нарекувам. Јас ќе ја гледам реалноста и нема никогаш да се водам по тие мочани либерални срања. Ако некој користи дрога тој е НАРКОМАН и ништо друго. А твоја празнина не ми треба, сите си имаме проблеми, нема никој без проблеми и празнини. Но тоа не е причина за да се дрогираме.
Не зборев за празнина туку за празна глава бе душо, ама не сфаќаш толку ти е умот.Не пушев оти имам некаков проблем, баш никаков немам, успешна сум, млада, заљубена и среќна, туку преморена бев, пишав и погоре,ама кој да чита.
Не би знаела за то. :х Јас за ова знам, пример кога сум во друштво наеднаш знам да сменам расположение штом се уморам од контакт, без трева ова, и истото ако се случи кога би пушела би ми влијаело и зато избегнувам и зато само еднаш ми се "згреши". Бар кај мене зато и така пишав горе. Сепак многу фактори се: 1) прв пат 2) друштво 3) претходно можно постоење на негативни емоции 4) ако се плашеше макар малку шо ќе се случи и како ќе биди. Како и да е, не е за секој и само по своја желба. Форсирање само лошо искуство можи да донеси.
Да, мене, скроз исто како што напиша.Не си сама Мене не ми веруваа кога им викам како се осеќам. Иначе, мене ми е преглуп муабетов - ама марихуана е не ствара зависност. Океј, е кој сака нека си пуши, само не пишувајте вакви работи што ич не се точни. И шеќерот е убав па ствара зависност.И алкохолот.И диазепамот.И цигарите. Се што влијае на мозокот има потенцијал да создаде одреден степен на зависност.Едноставно е.
Најсмешното во целиов муабет е што луѓе што користеле повремено канабис, си раскажуваат мал милион искуства, објаснуваат како им помогнал и докажуваат дека не се зависни, НО некој што читнал во книга дека канабисот е дрога, а корисниците наркомани, тие се праведни, морални, негрешници. Океј е концептот да не ти се допаѓа и да споделиш перкпектива зошто и како, ама да немаш искуство и да тресеш глупости, е тоа е идиотизам. Лично во животов имам дувано 7-8 пати и само еднаш ми се има случено да имам параноично искуство, но добро памтам дека чуден вкус имаше. Глава сечам дека беше прскана со нешто. Така да: Да, дефинитивно може да се случи. И на оние кои редовно конзумираат им се случува, може да е до продуктот, а може да е и до расположение: на пример, ако си добро расположен и дуваш сатива, може дополнително да ти даде енергија и тоа евентуално да те направи подсвесно параноична. Знаете што друго е уште посмешно? Маслото било океј, здраво, корисно, бла, бла... но канабисот во форма на џоинт не е. Лол. Тука можеш да забележиш колку појма немаат што зборат. Ај штом сте толку начитани и таму некаде во некоја книга пишувало дека луѓето што конзумираат се наркомани, тогаш еве слушнете го подкастов: Има еден куп подкастови за темава, ама овој е одличен зошто типциве за сите теми за кои говорат, многу длабоко ги истражуваат и детално објаснуваат нешта. А не ни конзумираат канабис. Едноставно се објективини и реални. И за крај, што сте се запнале сите за дување за опуштање? А што е со фактот дека им помага на луѓе околу депресија? И анкциозност? И несоница? И аутизам? И со мигрена? И со мал милион физички болки?! Секој што се противи против канабисот кој всушност е многу корисен и помага за триста чуда, уствари сака да и' помогне на фармацијата да врти пари на пилули, а луѓето да патат!
@MissChievous, и јас читав нешто за различното дејство на сатива и индика, но во тој момент навистина не знаев ништо за ова. Само знам дека беше многу, многу јака. Буквално од две повлекувања почнав да ги чувствувам ,,симптомите''. Уште се сеќавам колку ми беше лошо, следните неколку дена се чувствував како прегазена, гадење и никаков апетит... како најтежок мамурлук да имав. Пријателите ме убедуваа дека ,,се' е во мојата глава''