Тоа не ми е поентата. Бидејќи ми беше дијагностицирана нарколепсија, го прашав мојот психијатар за тоа и тој ми даде рецепти за неколку различни лекови кои не беа толку ефикасни, тој рече дека треба да погледнам во Косово или Србија ако сакам модафинил.Го видов овој пост овде и сакав да го прашам оригиналниот постер на коментарот, бидејќи ако е можно да се најде овде зошто би се мачал да одам до соседна земја
Штом не е регистриран, го нема. Не сум ни сигурен како се лекуваат лицата со нарколепсија и ADHD кај нас…
има многу лекови кои не се регистрирани во Македонија, но се продаваат во аптеките, моите симптоми секојдневно се повеќе ме нервираат.
Дали како зависник на амфетамин имаше потешкотија во откажување ? Ништо лично, само информативно ме интересира.
Јас зависник не сум била, само сум користела. Зависник е некој што "не може да живее" без да се удри, и кризира. Не, немав никаква потешкотија.
Мислам дека треба сите дроги да се легализираат. Луѓето секако користат дроги, без разлика дали се легални, или не. Со легализација цел процес можеш да го регулираш и мониторираш. Ионака 'борбата против дрогата' е само фарса.
доволно е името да ти се виде и се знае што си... Оди лечи се. Дрогата ништо добро не ти прави, освен компликации од кои подоцна се умира. Прекини со дозите оти црно ти се пишува. Најозбилно.
И пиштоли секако луѓе користат и без дозволи, исто така и без пиштоли се убиваат, па ајде да направиме секој да може да поседува пиштол. И многу ствари што се нелегални се случуваат секако.
Дрогата треба да се декриминализира, а зависниците од дрога треба соодветно да се лекуваат во здравствени установи, а не во затвори.
Ова да. Ама дрога не треба да е лесно достапна и да може кој сака и каде сака да продава како мастики да купуваш
И тоа што викаш, преку ашим гајгор од борби веќе. Во ваков свет се` потешко е да се живее трезен. Затоа јас мислам сите да си направиме распоред на дрогирање. Би изгледал вака некако. Понеделник: Marry - Jane, ролована Вторник: Харвајски мраз, кристализиран Среда: Може нешто по лајт, ко на пр. алпразолам у комбо. со една чашка вино Четврток: Кокабелче. За малце да не дигне, пошто кој иначе сака четвртоци? Duh Петок: Magic shrooms. Тамам после работа на некоја јака транс журкица на рилакс Сабота: Екстази. Ама не табла него половинка, пошто ден пред детокс ќе му дојде Недела: Одмор. Заслужен! Пошто и онака ќе бидеме соодветно нутритивно надоградени од овошниот неделен коктел па да си дадеме време за здив. И така.
И што ќе се добие? Лесно достапна дрога и богатење на оние кои се веќе богати. Најголем дел од луѓето кои користат дроги го прават тоа затоа што бараат излез од реалноста и на зависници им треба помош, а не амин и додатно нормализирање на дрогата.
Уопште не се слагам.Дрогата ја има, ама тие што ја прават, додека ја земат и употребат им фуфка од полиција, и доста и се премислуваат за да не ги фатат.А тек ако е легализирана, пуздер ќе се праат.Диската знаеш шо ќе бидат? Ќе има оверосани млади СЕКОЈА вечер, еве праат веќе рации.Од 400 души во диското да се, на 5 да најдеш само е топ.На другите значи им фуфка, а ако легализираш, на 150/200 ќе најдеш.А од таблети пример на журка, можеш да умреш. Башка ако е легализирано, секој ќе мисли дека е океј. Знам Португалија има скоро сѐ легализирано.Ама Португалиј е држава, ние си играме држава.Да видиме прво со тревата како ќе биде, за другите психотропни супстанци и психоделични дроги, отом потом.
Остајте шала на страна, и деца читаат тука. И јас сум да се легализираат дрогите, затоа што како што кажа и Вајлд секако сите користат па бар да не праат криминал. Ама пред да се деси вакво нешто треба масовна едукација. Тоа и многу одамна сум го кажала на темава, дрога не е за секого и тоа не е играчка. Најпрво мора да си доволно свесен за сите последици, и психички стабилен со цврст карактер за да не станеш зависен, лесно се ствара зависност, а тешко се лечи.
Апчиња што се итна контрацепција е нешто кое да, треба да е лесно достапно оти ти завршува работа без да си направиш беља. Има последици да ама пак е нешто потребно. Тешки дроги кои само ти поебуваат и здравје и психа не се нешто must па да мора да се достапни. Јас се согласувам дека има луѓе со ретки болести кои државата не ги ебава за терапија ама легализирање на дрога може да даде простор секакви луѓе да ќаруваат на сметка на нивно здравје. Така што, не е решение тоа и проблемите на тие луѓе поинаку треба да се решат оти само ако се снаоѓаат, може само фатално за биде за нив. **** Па онаму во темата за слимлајн ги отепавте од пцуење како дошле на пазар со штетни супстанци, а ваму викате да се легализира дрога. Не сте ми јасни.
Јас би го применил моделот од Орегон. Во 2021, сојузната држава ги декриминализира сите дроги, но во мали ограничени количини. Доколку те фатат ти пишат казна од 100$, а доколку се согласиш на лекување тогаш казната се поништува. Одлуката за овој закон произлезе од статистиката за користење на дроги и апсења поврзани со дрога во Орегон шо го надмина просекот на ниво на САД. Кај нас едвај некаква статистика постои, а да не зборуваме за активно вклучување на здравствените институции во процесот. Најлесно е направи нелегално, маргинализирај, стави во затвор. Никој не се замара, дали повторно зависникот ќе посегне по дрога по излегувањето од затвор.
Абе кај ќе ги лечат кај нас.У Нарконон само, а немаат сите пари за у Нарконон.Некој почетен зависник од дрога, да го стаиш у Бардовци, животот на макс ќе му го заебеш.Знам луѓе кои биле таму, и дабетер се вратија веруј. Башка ти не моеш секој ден да се дрогираш со истата количина, денес праиш 1грам утре 2,3,4 пошо истиот 1 грам нема да те дирне И за травата е така.Дувај 3-4 дена по 1 џоинт сам, на 5от ден нема да го осетиш, ќе испушиш два.Башка мислите дека скроз ќе се декриминализира? Абе они таа дрога на улица ја враќаат од шо немаат шо да ѝ праат.Знаете колку полицајци, инспектори, цариници добиваат така плус плата? Ти давам 2000€ јас како дилер, ти не ме дираш мене и луѓето и чао.
Не се согласувам. Со пиштол можеш да убиеш друг, а со дрога, само себе си. Апсолутно се согласувам Колку само зависници се криминализирани, а всушност треба да бидат лекувани. Не се адресира проблемот, туку симптомот.