И тоа е дел од проблемот, оти не се третира како вистинска болест, маргинализирана е и услугата која е достапна за лекување кај нас, ужасна. Ако го префрлиш теретот на Министерство за здравство; и установите, кадарот и условите ќе има потреба да се сменат.
Само себеси? А на овие шо им подметнуваат дрога, а знам лично многу такви примери.Не може мислиш да им пукне срцето, или да ги удри бед и да се самоубијат?
Не во Бардовци, во посебен центар за зависници, на товар на државата. Таа плус плата наместо на инспекторите, ќе им се даде на лекарите и за лекови. Само шо за тоа треба некој со акал да се потруди и да направи стратегија.
Е овоа е најголема заблуда, демек веќе таа количина не те дирнува. Те дирнува и те како истата количина, само тоа чувство го имаш веќе доживеано и не е тој филингот, сакаш уште појако и поубаво да се чувствуваш и земаат повеќе. Да дека нема секој нареден пат да е ист како првиот, ама дека ќе се удриш, да.
Ако го декриминализираш цел процес, цел ќе може да биде регулиран и надгледуван in real time. А зависниците ќе ја добиваат негата која им треба. Луѓе кои имаат ментални проблеми ќе бараат помош. Немаме А.А. и Н.А. во Македонија. Срамота е то. Потфрламе скроз како општество. Се согласувам Мислев сум премногу радикална во размислувањата. Мило ми е што спомнав и гледам дека не сум сама
Ахахахахах брат не си бладај.Нели гледаш која пропаст сме.Посебен центар викаш. @Snowflake97 епа тоа де, ама и не е така.И до психата и до чувството е. @WildMk чоек нема да функционира. Едвај за 18,000 плата се изборивме, пола Македонија струја снемува на прв снег, вие за ова се фативте.
Ако добро памтам Португалија си го реши проблемот со дрога, со воведвање на декриминализација и отворање центри за рехабилитација. Ама не е то само да се декриминализира туку цел процес е кај шо ќе има едукација против дрога ама темелни, не површни и центри за рехабилитација „на секој чекор“. Пошто и сега има зависници, само е табу да се побара помош за завист, често со дилери се заглавени со огромни суми, а и нема доволно центри за рехабилитација. И како капачка, место да оди во установа кај шо ќе биди рехабилитиран и ќе се лечи од својата зависност - оди в затвор. Еве, прво нека се отворат центри. Декриминализација значи дека не можат да заглават толку со пари зошто се е регулирано и да имаат многу подостапна помош. Пошто само оти не гледаме има многу, премногу зависници. И со декриминализација ќе има премногу ама најголем % ќе се извлечат и излечат наспроти сега, шо ќе заглават во ужасен круг на дрога.
Каква е таа логика, го прават сите па ај да го легализираме? Мислам, сите исто така се убиваме и силуваме ама не гледам дека распространетоста на една појава треба да значи дека треба да биде легална и нормална. Тоа што предлагате легализација нема да помогне на ниту еден зависник туку само ќе влијае да се промени општиот став кон дрогата. Исто ко цигарите што се легални, не гледам дека на зависниците им е полесно туку деца од 12 години мислат дека е сосема прифатливо да се испуши кутија на ден. Значи треба да се промени ставот кон зависниците кои се маргинализирана група, а не да се поедностави и олесни купувањето и користењето дроги.
Амин.Ова со цигарите ти е најубав пример. Ја од дома шо гледав дека пуши татко ми, почнав да му дрпам димчиња кога ќе ја оставеше во пепељара а ќе идеше до вц или негде.Од улица сум зимала пикавци сум препалувала, а викав никад нема да пушам.И еве летово 7 години како пушам ко турчин.Така утреден деца да гледаат по паркови како се шмрка? Не е дека сега не се праи, ама глупо ти е да те видат, па се криеш ова ова
Да беше здрава дрогата немаше уште во основно пред матура да се оддржуваат предавања за против дрогата и тоа од полицајци. И да ви кажам дека тие што се дрогираат од што се несреќни, тоа е исто како да се самоубијат од што се несреќни. Сите што користите дрога, ве молам да побарате помош од лекар, зашто црно ви се пишува ако не се излечите. Виртуелно толку можам да ви помогнам. Дрогата доколку се користи повеќе од 5 месеци, полека полека почнува да ги убива клетките во телото. Потоа следува смрт. Познавам еден што се дрогираше како помал, сега има околку дваесет години. Пошто мајка му и сестра му не го оставија да се дрогира, го однесоа на лекар и тој се излечи. За жал, дрогата своето си го направи. Однесувањето не му е баш добро, подочњаците му се модри. Знам дека ќе ми ставите нож на врат за муабетов, дека многу сакате илегални работи да направите легални, но што да ви правам... На кој не му е мил животот нека се дрогира и нека умри, што да кажам... Секој си прави за себе, немам јас последици од тоа.
Тоа е она што ги плаши луѓето. Не е ова идеја за како да се 'отарасиме' од криминал, туку како да им помогнеме на зависниците. Како да превентираме зависност. Треба мнооооогу да се учи за менталното здравје, пред ова да стане реално. Во ваква состојба, без едукација, во право е @Feminka22 нема да функционира. Еден куп закони имаме за менување, ако го земеме во предвид напредокот во науката, технологијата, медицината... Каскаме...
Не збори глупости те молам.Знам луѓе шо се дрогитаат 8 години, здрави прави се.Знам една мајка стана.Не се умира после 5 месеци. Жив човек немаше да има во државава ако е за така.
Не е здрава дрогата. Никој не го вели тоа. Ама проблемот е што зависноста е болест. Психичка болест, која треба да се лекува, а не да се криминализира.
Детално: https://transformdrugs.org/blog/drug-decriminalisation-in-portugal-setting-the-record-straight Не е ни прво ни последно место Португалија, ама е највлијателно и закони ( сега, после 20 години) шо се носат во Америка се базирани на овај закон зошто се покажа како ефективен. Нормално, ништо не е искоренето зошто - не можи. Ама можи да се држи под просекот на другите држави шо реално, е за пофалба. И не е воопшто исто со цигарите. Пошто цигарите не беа маркетирани како опасни, туку како добри за тебе и се охрабруваа луѓе порано да ги пушат ( отворете стари, црно/ бели реклами). Покасно се виде ефектот на цигари и се уважи ама веќе премногу беше влезен во нормата за луѓето да можат да го уважат то. Следно, ако има декриминализација на дрога не треба то да биди само декриминализација туку цел процес кај шо има нови центри за рехабилитација и проблеми за кревање за свесност против истото, шо со цигарите то почна прекасно, место пред да се во масовна, легална употреба. Накратко, видете го моделот во Португалија. Се шо не е ко него - нема да функционира. А за да функционира мора да е детален и внимателно изработен. Искрено, не мислам дека кај нас можи да има капацитет да се исполни ради претходни искуства со некакви закони и процедури. Oh well.
Исто ко кај нас! Било која вечер да одиш во Градски парк, можеш да ја купиш било која дрога и да видиш малолетници како конзумираат најразлични наркотици. Иначе... полицијата знае!
Ме потсети на нешто со тоа. Во Скопје во едно село пред скоро време бев, во една продавница таму едни деца слушнав еден од нив како вели "сега ќе купам цигари да се дрогирам". Кога влегоа во продавница не им дадоа цигари, им рекоа на мали деца не даваат. По висината, повеќе од 12 години немаа според мене. Ах кој ѓавол шета по земјаваааааааа
Брееејјј 8 години, што збораааш??? Сигурно како мртовци се сега во суратите ако се дрогирале 8 г. Бтв не зборам јас од мене, јас пишувам тоа што ни имаат презентирано полицајци.