Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Полицајците се најголеми дилери во државава.
    Не прашујте од кај знам. :rofl:
     
    На Konfetka, Ugly Duckling, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Не девојче.Нормални се ко мене и тебе.Не можеш ни да ги познаеш.Ви зборат така да ве плашат.Има и разлика од дрога до дрога.Од крокодил, хорс, флака да.Досеа ќе беа распаднати или мртви.Амфасот и кокаинот може да те ослабат во лик и во тело и да личиш малце пропаднат, ама не мора да значи.Јас еден знам таков од 40 шо се вика
     
    Последна измена: 20 март 2022
    На theowndemon и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  3. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Е тоа незнам. Јас само си знам дека цигарите и алхохолот се штетни, а за дрогата воопшто и да не зборам.
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Јавна тајна е.
    Сите знајме.
    Само се прајме наудрени.
     
    На cresa-jagoda, theowndemon, sino.o.oka и 3 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Не само родителите.
    Сите ние како општество допринесуваме во одгледувањето на децата.
    Слика се на светот околу нив.
    Посебно поголеми деца.
     
  6. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.283
    Допаѓања:
    12.348
    Пол:
    Машки
    Ја сум за целосна легализација на марихуаната бидејќи е многу широко распоространета, ете можеби најраспостранета од наркотиците. Се согласувам во однос на достапноста до некаде, ама марихуаната буквално од секој втор можи да се купи. Со легализација би се направила и стандардизација на активните состојки и квалитетот, а истовремено и би можела да се купи само од определени места, над 18 или 21г. Во моменталнава состојба секој можи да купи без ограничување.

    Јас би споредил со алкохолот, не со цигарите. Алкохолот се смета за психоактивна супстанца до некаде, широко распорстранет и достапен, речиси нема слава(или тага) без алкохол. Сите знаат како делува, сите знаат дека предизвикува негативни последици врз здравјето, па сите го консумираат, повеќето во умерени количини. И со алкохол можи да се претера и со дрога можи исто да се претера, последиците се исти - фатални. Порано со прохибицијата, алкохолот беше целосно забранет, па пак наоѓале начин да го консумираат, исто и со дрогите, јавна тајна е дека народот консумира дрога и полицијата знае.

    Тука е клучниот проблем, едукација во ова поле е 0. Ретко кој родител зема да разговара со децата, табу тема е. И да не се консумира алкохол, цигари, дрога дома, некој ќе консумира во друштвото и сл, тинејџерите се радознали, сакаат да пробаат, се впуштаат во непознати и ризични активности. Не можи детето под стаклено ѕвоно да се држи.
     
    На theowndemon, Snowflake97 и WildMk им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Амин!
    Не е прашање дали ќе се сретнат децата со дрога, туку како да ги научиме да не ризикуваат да пробаат?
    Не со закана, туку со објаснување.
     
    На sino.o.oka и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.939
    Допаѓања:
    179.506
    А какоправењето штета на себе е помалку лоша од правењето штета на друг?:^)
     
    На Konfetka, cresa-jagoda, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Во таа штета сам се в'пушташ, и сам ќе си го сносиш последиците.
    Додека не е исто да наштетиш на друг.
     
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.602
    Допаѓања:
    39.051
    Пол:
    Женски
    Е и јас гледам од татко ми ама попаметна бев. :D се шалам.
    Значи да, во право си. Иако и сега си се шмрка на јавни места, пак се знае кои се и како се. Или на пример марихуана, кај мене во школо на голем одмор се пушеше. Дрогата е сѐ повеќе и повеќе распространета, тоа е факт.

    Ама, дали треба да правиме enabling како општество или да го адресираме проблемот од корен - зошто толку многу луѓе посегнуваат по дрога и како да им се помогне? Не зборувам за пробување еднаш два пати од радозналост кое верувам дека сите сме го направиле, зборам за редовно конзумирање. Затоа и викам дека легализацијата не е начин бидејќи со тоа само ќе се овозможи да се намали сериозноста на земањето дрога.
    И муабетиве дека со легализација државата ќе се грижи за зависници, не знам дали да се смеам или да плачам. :( Секоја држава, т.е власт зависниците ги гледа само како отпадоци кои не е битно дали ќе умрат или не, овде зборат за некаква грижа.
    Се согласувам со ова, добра споредба.
    Ама алкохолот е легален и кој има придобивка? Кој заработува? Дали на алкохоличарите им е подобро?
     
    На Konfetka, Need for Speed, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.939
    Допаѓања:
    179.506
    Што не го прави помалку лошо, пак живо суштество страда.

    Не ми се допаѓа тенденцијава здрави прави луѓе да се општествено стимулирани да се уништуваат. Сме живееле како цивилизација со милениуми, без рекреативни дроги и ни било сосем ок. Некој ќе да има интерес во ваквата карма каша...
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Треба да им се помогне на себедеструктивни луѓе.
    Како на суицидалните.
    Не ги клаваме в затвор тие што се суицидални.

    Затоа треба да се лекуваат, а не да се пикаат по затвори, без никаква медицинска нега.
    Дополнително ќе им ја оштетат психата.
     
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Ама боље нека се напраав веббинари едукативни центри или шта ја знам, кои упорно ќе трубат зашо не чини дрогата.И нека покажуваат слики од распаднати луѓе, нека даваат сведоштва.Пошо народот ако не сака да се дрогира, ќе им пропдне бизнисот на дилерите.А тие шо веќе почнале или сами ќе се откажат кога ќе им скурчи, или кога ќе дојдат со едната нога во гроб.Башка ако се декриминализира, и деца ќе може да поседуваат.Убаво ќе ви е детето од 17 год да има грам амфетамин у него само пошо законски е дозволено?
    Еве и цигарите и алкохолот се штетни, п пак се легални.Едвај со тоа некои родители искачаат на крај.Им се враќаат децата алкохолизирани секој викенд, или смрдат на пепељара.Како ти ќе му кажеш дека амфетаминот е штетен, ако е легален?
    Освен оној за медицински цели де.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Затоа ни треба едукација.
    Ние генерално сме неедуциран народ, кога е во прашање менталното здравје.

    Многумина побрзо на бајач би отишле, отколку да побараат помош од психијатар.
    Оти таму ако одиш, сигурно си 'будала' и то е 'срамота'.
    Тоа предлагаме (барем јас).
    Да се превентира зависност и проблеми со ментално здравје, преку едукација, па со декриминализација.

    Ќе треба време, со нашето темпо за едно 100 години :D ама дека е возможно, возможно е
     
    На Snowflake97 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Реално срамота е на бајач да идеш.Бар мене ми е, а на психијатар да идам не ми е.Чоек со диплома може да помогне поише него врачара.
    И да, ако веќе се праи едукација, успат да се напраи и за ,,Дрогата и останатите стимуланси како начин за избегнување на секојдневието” овде може да се збори до утре.И да се потенцира дека ако ти раскине дечкото/женската, ако се разведат твоите, ако ти се досадно, ако имаш семејно насилство дома или си жртва на било какво друго, дека за сѐ има решение, а тоа не е дрогата..
    Само коа ќе видиш кај живееме…сѐ оди под тепих.Знам случаеви кај шо жени се во животозагрозувачка ситуација, идат у станица и им викаат ,,не можеме ништо да напраиме”.
    Е тогаш би си запалила еден, да не им ја рушам цела станица.
    Се шалам ама и не се шалам.Еве и ја го мислам тоа, шо не значи дека е океј.
     
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.939
    Допаѓања:
    179.506
    Ти пак само низ својата единствена перспектива гледаш.
    Како ќе и помогне психијатарот на самохраната мајка од комшии, која живее на социјална помош и се дрогира да избега од проблемите? Ќе и ја плати киријата или ќе и ги рани децата?
    Иначе може и лепак да дува, не мора скапи дроги.

    Нема такво волшебно решение во свет кајшто се повеќе луѓе се туркаат на маргините за се помалку луѓе да не можат да ги добројат парите. Цената на ,,прогресот,,
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.283
    Допаѓања:
    12.348
    Пол:
    Машки
    Е ова е суштината, само дали ќе дочекаме да се разработи….Тешко. :|
     
    На Angie1432 и WildMk им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Социјалните служби треба да си ја работат работата.
    Да се пренаменува буџетот од полиција, во медицина и социјални служби.
    Пример.

    Ко еден дел од целосната стратегија.
    Не сме способни да правиме долговременски стратегии.
    Се' е дневна политика.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.070
    Пол:
    Женски
    Лесната и дозволена достапност на дрогата во комбинација на млади и љубопитност само ќе го зголеми бројот на конзументи на дрога.
    Дрогата е недозволива и така треба да остане.
    Зошто често “приликата го прави лоповот”
     
    На Bitter-Sweet, cresa-jagoda, Indiegurl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Напротив.
    Земјите во кои е легализирана, сите покажуваат резултати на намален број на корисници.
    Прво има пик, заради љубопитност, кај сите возрасти, па потоа опаѓа полека.

    Да не прајме муабет колкав прираст на локалната економија имаат тие држави.
    Пошто сега е легално, па плаќаш даноци за производство и дистрибуција, па вработуваш луѓе, легално, па регулираш квалитет на производ... башка паралелно работиш на зголемиување на ресурсите на социјалните служби и на медицинските капацитети...

    Ехеее... работа имаме за нредните 1000 години... само не се нашол чоек досега, да сработи нешто асолно во оваа прдешкава*.

    *На државата мислам.
    Don't pardon my French
     
    На Feminka22 и Snowflake97 им се допаѓа ова.