Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрски муштерии

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ajronmen, 8 август 2022.

  1. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Сум имала случка со пациент што побара Диазепам таблетки, а не носеше рецепт. Кога побарав рецепт добив одговор да ви се на*очам во рецептите, жената онде е и треба, не и е добро. Во моментот не ми текна ништо друго освен да го замолам да излезе од аптека. Продолжи да вика и излезе. Патем, поликлиниката што работи 24 часа беше карши аптека, дека на жената не и беше добро де.
    Исто најчесто на затворање и да е изгасено лупаат по стакло да им се подаде нешто. На безобразни, безобразно реагирав. Некои и ме пријавувале као, разбрав од маалски муабет, ама никогаш од повисоки инстанци.
     
    На baguf4e и Ajronmen им се допаѓа ова.
  2. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.898
    Допаѓања:
    19.648
    Пол:
    Женски
    Дека има забегани и одвеани има, само ќе кажам тоа со рецептите се најголемата глупост
    Зошто еден антибиотик не можев да земам а ушето ми гноеше ама беше 31 декември а матичната на одмор до 8 јануар(facepalm)
    Дрога, алкохол, цигари све се достапни овие на рецепта
    Јас работев во казино и не знаете што пациенти имаше таму
    Колешка заработи пиво во глава затоа што не било ладно и направи цеп на главата(facepalm)
    Што уште не

    Дечки како народ сме невоспитани, некултурни и све е за лечење за во психијатриска болница
     
    На Калатеа, IRBBB, babygirl20 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    1.250
    Ехее има што да споделам од деновите кога работев во маркет.
    Доаѓа една жена и бара леб од Жито Лукс, кажувам рано е подоцна ќе има и она ми вика оди преку улица од другиот маркет купи ми...мислaм wtf :^) фино и кажав не смеам да го напуштам работното место.
    Истата таа госпоѓа бараше количката што пазарела така полна да и ја носат до дома во зградата, значи преку улица во лифт и пред вратата од станот. Мислам дека некој да ми кажувал немаше да верувам.
    Друга ситуација исто, купува брачен пар цела вреќа брашно од 50кг и тој црепот ме гледа и очекува од мене 50кг што тежев таа иста вреќа да му ја ставам во количката за пазарење...
    Не се тие луѓе што работат таму нечии робови, па така некој да се изживува врз нив.
     
    На IRBBB, babygirl20, baguf4e и 3 други им се допаѓа ова.
  4. RedLotus

    RedLotus Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2022
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    34
    Ако муштерии истураат гнев за цени, тоа ти е удри на самарот ако не можеш на магарето.

    Меѓутоа има и друг аспект. Често продажните лица не се трудат да услужат или дури и
    ќе ти кажат одма директно НЕМА иако можно е и да има ама ги мрзи да се потрудат
    со мислата во паметот дека платата им е иста независно колку работат.

    Или не сакаат да се потрудат да услужат, исто како што еднаш одам во аптека и имав
    за искористување поени од картичка, побарав и ми велат не работи системот.
    Добро. Одам веднаш потоа во друга од истиот синџир аптеки и ми даваат што барам
    без проблем и со употреба на поените.
    Не верувам дека системот им паднал.

    Слично, барам одреден артикл во продавница, на рафтот е истрошен, ги молам да
    проверат во магацинот ама ми велат штом нема ваму нема ни таму.
    Радо би да претпоставувам дека мислат дека смената пред нив проверила, но знаејќи
    ги луѓето да секогаш својата работа им ја оставаат на друг, знам дека ги мрзи да се
    ангажираат вонредно па да се потрудат да услужат.

    Ги сфаќам и нив, знам дека им се мали платите ама немам јас вина за тоа.
    Нека си бараат од газдите, нека се организираат во синдикат или нека си бараат друга
    работа. Има начини.

    А најодвратно е кога им бараш нешто и ти се смеат во лице. Како јас да мора да знам
    на нивно ниво на искуство точно што како е артиклот што го барам. Да знаев како е и
    каде е, немаше да прашувам.
     
  5. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    8.948
    Пол:
    Машки
    Може немале интернет? Може имале локално проблеми со апликацијата?

    Како знаеш дека ги мрзи?
    Зошто радо претпоставуваш дека не сакаат да те услужат?
    Оти не претпоставиш дека не си првата и единствена што прашала, па веќе им е проверено?
    Мора да ги видиш лично како одат во магацин?
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  6. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.606
    Допаѓања:
    13.102
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20220810_133509.jpg
     
    На IRBBB, crimson, Justicija и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.939
    Допаѓања:
    12.502
    Пол:
    Машки
    Би рекол 99.9% од искуствата ми се позитивни, муштерии што знаат што сакаат и колку, плаќање mostly без проблеми. Но има 1 муштерија кој е екстремно досаден, не троши повеќе од 500 денари па и помалку, најефтиното бара уште поефтино за него, сака да прави зделки, просечна интеракција 30мин+.. Непријатно искуство, но останувам културен дур не го испратам, после одма ме фаќа нервозата. |(
     
    На Ajronmen и Justicija им се допаѓа ова.
  8. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    1.693
    Пол:
    Машки
    Моите искуства со дрски муштерии потекнуваат од тоа што не ги читаат убаво договорите пред да ги потпишат. Патем, им се испраќаат електронски, и имаат време на претек.
    Најекстремен случај е кога една страна прошиша покрај портирница и се качи до кај мене во канцеларија и ме обвини дека сакам да му ги украдам парите за мене.
     
    На Ajronmen и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.484
    Допаѓања:
    127.300
    Пол:
    Женски
    Се дерат по вработените, а не им текнува да пишат поплака или критика на ФБ.Вработениот не е крив за цените.
    Еден ѝ се развика на касиерка дека не ја бива оти ги помешала цените, што се вработила таму.Производот бил на акција, а она му го наплатила по редовна.Му пријде друга вработена и испадна дека типот погрешно прочитал.Производот бил на акција до претходниот ден. :D
    Еден во Кам и на вработени и на муштерии им оди на живци.Иде преку ред, ја треска количката.
    Кога беа маските задолжителни нејќеше да ја стави маската правилно.Па, уште ѝ се налути на касиерката оти му рече за маската и дека стварите треба сам да ги стави на касата.Друг во Кам само ги замара вработените, ги зазборува ко да немаат друга работа освен него да го услужат. :D
    Вакви и во Веро сретнувам.Касиерката културно кажува сами да ги стават работите, а они се дерат.
    Во друг маркет една се намршти оти касиерката ѝ рече дека детето не треба да го отвори чоколадото пред таа да го искуца.
    Или се дерат на некоја ако 2 пати им искуца производ и одма „ааа, лопооов“, а можеби е нова вработена и уште се учи. :D
     
    На babygirl20, buba4e89, Justicija и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.290
    Допаѓања:
    9.032
    Пол:
    Женски
    Муштериите и странките се однесуваат во склад со културата што ја имаат.

    И да имаат фрустрации, ако имаат култура, нема да ги истурат врз некој што не им е крив за фрустрациите.

    Од искуства од овој тип ми текнува на една жена што во КАМ додека пазареше си имаше пуштено на мобилен музика и трештеше маркетот. Работеа сите каси и на сите се чекаше ред од што имаше купувачи.
    Како што беше гужва баш уште нејзиниот музички избор на сите им недостигаше. (facepalm)
    Никој не е и рече да намали, ваљда ни луѓето не сакаа да си прават кавги кога им се брза..
    По држењето личеше дека ја боли уво за тие околу неа и дека е настроена за кавга, ваљда затоа.
    Кога дојде на каса се искара со касиерката дека многу споро работела и дека немала време да ја чека, божем таа е крива за напливот на муштерии.

    Еднаш продавачка во пиљара се жалеше дека има муштерии кои ги пребираат лубениците и не сакаат да купат лубеница што не била идеално округла и подеднакво зелена. Ако имало мало зарамнето и посветло место некаде на лубеницата не ја купувале, а сите биле такви.
    И реков друг пат на таквите да им каже дека е нормално лубениците да изгледаат така, зошто не растат на дрво и во воздух па да бидат идеални, туку ниско над земја и дека се такви зошто лежат на земјата.
    Жената рече дека не и текнало да им одговори така :D
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  11. loco27

    loco27 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2022
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Живчан сум малку затоа избегнувам гужви идам во помали продавнички :D
     
  12. AAN

    AAN Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2022
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    И јас работев во млечен ресторан. Имаше една жена 50-60 години и бараше да го допре бурекот дали е тазе. Додека една недела не ми скисна. Гужва внатре сите маси полни, роба редам и она сакала нов бурек што не и дадов и и реккв река тој е последен и нема да има веке бурек. Ми вика а знаеш ли каков бурек ми даде прошлиот пат ( а иде еднаш месечно)и викам каков. Без кори све само урда беше. И толку ми требаше дента како што бев напната пред сите муштерии и реков да си земе во стокомак брашно и урда и дома да се засука да си направи сама. И од тогаш не дојде во моја смена. Лугето замалеа од смеење.
    А имаше и таков што имал татко газда и се дрзна да влезе кај касата. Додека да излезат мажите од доле( пекарите) јас го бев средила. Го исфрлив надвор како партал. И сеа другарка сум му кај и да ме сретне.
     
    На babygirl20, baguf4e, Cosmic Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Corika

    Corika Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2022
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    2.521
    Пол:
    Женски
    Ohooo sun imala i intervencija na obezbeduvanje od taki tatini sinovi,pa eden dodeka jades mu dojde devojkata so drug pa stolovi letaaa cel izlog se skrsi,patestestvije pa od ovie elitata po sudovi deka ona plake ona bire a pazar 15 denara gevrek...haosi
     
    На AAN му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.447
    Допаѓања:
    12.979
    Пол:
    Машки
    Треба слична тема да се отвори за пациенти. :wasntme::lol:
     
    На baguf4e, Angie1432, Cosmic Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Синоќа ми дојдоа двајца, ми влегоа во куќичката каде што работам и едниот ми се дере “ Напиши го vat number тука”.

    Викам “ Што очекуваш ти, фискална сметка е ова”. Си изглегов надвор и си седнав.

    Си заминаа среќа. Јас ни vat number знам на фирмава, нит па ме интересира. Ама има секакви ликови.
     
  16. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Во многу земји најголем дел од работите се дигитализирани и луѓето користат апликации.

    На пример Русија. Гледав еден блог. Во поголемите и средно големите градови се можеш да купиш преку апликација, да плаќаш сметки итн...И, не се создаваат дополнителни гужви и нервози.

    Просечниот Македонец генерално е технофоб, но од друга страна има убавина во тој медитерански шмек, а тоа е социјална интеракција. Не сакам роботизирано општество и нула конверзација и се да оди како подмачкано.

    И, генерално не сме лошо муштерии. Можеби оди поспоро, можеби е малку понервозно, но таков си е менталитетот тука. Луѓе сакаат конверзација, да зборуваат, поенергично е, по хаотично е. Ретко, ретко да видам некој муштерија во продавници кај пазарам да се однесува дрско кон продавачки. Баш напротив, муштерии ги убиваат продавачките со 30 минути муабет за се и сешто :D
     
    На AAN му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Трпение и учтивост. Само тоа треба.
     
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.484
    Допаѓања:
    127.300
    Пол:
    Женски
    Додади дека треба од 2те страни.Муштеријата не е крив што касиерот има минимална плата или што не му е погоден денот.Касиерот не е крив што се покачени цените.
     
  19. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Од двете страни. Секогаш имам трпение, точно знам низ што сѐ секој од нас минува. Уште трпение ни остана.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  20. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    19.695
    Пол:
    Женски
    Се случувало да се расправаат со мене за цените скапо било, како јас да сум одговорна за тоа. Работев во продавница за чевли и редев роба местев нешто и бев завртена со грб и не осетив кога влегол некој. Типот место да каже Здраво, Добар ден ми свиркаше како на куче...Најмногу ме нервираат луѓе кој нема да кажат Здраво или Добар ден кога влегуваат, секогаш сум поздравувала муштерија кога ќе влезел, многу не возврсќаат. Јас секогаш кога влегувам поздравувам и велам пријаатно кога излегувам. Колку и да ми е некогаш лош денот. Многу глупаво е кога нема да отпоздравиш на некого, уста нема да падне...
     
    На Aenarion му/ѝ се допаѓа ова.