Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрски муштерии

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ajronmen, 8 август 2022.

  1. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Сум била сведок по маркети на дрски муштерии. Нема тема за дрски пациенти, колку такви ги имало на работа. Колку и фини да доаѓале, ќе дојде еден таков, цел ден ќе ти го расипе.
    Сочувство за сите што работат со луѓе, ве сфаќам, сто људи, сто чуди, секакви работи ќе се изнагледаш и изнаслушаш, а секогаш муштеријата е во право нели и мора да молчиш.
    Само смиреност со дрски муштерии е лекот. Тие да се дерат, да викаат, ти да не возвраќаш. Во најлош случај и обезбедување да викнеш ако се многу насилни...
     
  2. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    3.267
    Пол:
    Женски
    Тие што во Sinsay иако на толкави табли им пишува да не ги отвораат кесичките со бебешки бодиња/шпикозни, ги имаа разотворено и расфрлано, во кесичка со 5 бодиња внатре 3, шпикозните оставени по еден пар :@:@:@
    Одат низ дуќани буткаат или им паѓаат ствари и мува не ги лази :(
    Не се дрски, ами безобразни :@:@:@
     
    На Beautiful Dreams му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.935
    Пол:
    Женски
    Сум се сретнувала со многу дрски муштерии.Имаше една случка каде што човекот почна толку силно да и се дере на продавачката,што дури и ќе дојдеше до степен да ја истепа.Има и фини луѓе,ама ова не е океј.
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.045
    Допаѓања:
    81.428
    Пол:
    Женски
    Од памет не ми излегува случкава, а има поминато неколку години сигурно. Во Кам си чекаат сите на ред на каса, немаше ни нешто гужва да кажеш, дојде еден тип и лабавко си ја постави корпата на лента. Девојчето на каса баш пристојно му објасни дека корпите одат позади, продуктите секој си ги вади сам на лента и тоа е тоа. Као почна да вади млитаво едно по едно, за во следната секудна така јако да се напне, почна да ја треска корпата, да мава со едно сирото парче сирење, сведочевме на тантрум од возрасен маж. Партал ја направи касиерката, луѓето почнаа да реагираат и дојде таму некој шеф или што и да беше, па овој со тантрумот си ја фати вратата одма.
    Не знам што е толку трагично да правиш тоа што го прават сите пред тебе во редот на каса. Не е од вчера ова, таму колку што знам секогаш било вака. Толку не умеат да се контролираат ли, им треба ли боксерска вреќа на луѓево, не знам што е маката ама колку и да не ти е денот, нема потреба од вакви испади.

    Толку дрски и безобразни луѓе има, секој ден ти е нова прилика да се запрепастиш уште повеќе од претходно.
     
    На Neda997, buba4e89, Beautiful Dreams и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. RedLotus

    RedLotus Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2022
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    34
    Да немаше интернет уште од врата ќе те одбиеја. А локалниот проблем со
    апликацијата е МРЗА, плус да не им создава проблем да паметат кога ќе
    го бројат прометот и споредуваат со средствата во касата и да не ги фаќа
    страв дека се во кусок за кој одговараат, иако заборавиле.
    И не е некоја апликација, во системот си стои како дел од системот.

    Знам дека ги мрзи, бидејќи Македонија хронично страда од мрза на
    вработените. Сфаќам дека им е мачно, сфаќам дека им се ниски
    платите а трошоците за животот (кој никако да дојде освен за
    корумпираниве политичари на власт) се поголеми и поголеми.
    Ама луѓе, ако не сме сите продуктивни никој нема д напредува.
    Не очекувајте како на холивудски филм сите благодети веднаш да
    се случат како од небо да паднат. Треба да се работи, да се труди.

    А за тоа дали други прашале па претходно провериле, нема шанси
    бидејќи тоа што барав и количината која ја барав (инстант кафе од
    одреден тип, наеднаш многу за да не се мачам стално да одам)
    не ја бара речиси никој.
    А на крајот на краиштата, можат да проверат веднаш.
    Не знам дали имаш чуено, но постојат во светот машини кои се
    нарекуваат КОМПЈУТЕРИ. Се користат за автоматска обработка
    на податоци и други и слични дејствија. Едно од тие дејствија е и
    водење инвентар на артикли во одреден продажен објект.
    Вработените лица можат да проверат дали го има артиклот во
    магацинот, не мора лично да одат.

    Само сакам луѓето да се потрудат. Толку. Ако се потрудат, ќе
    биде добро и за фирмата, и за нив а и за мене.
    А не финтата - „дојди вчера“. Де бре луѓе...

    Можеби најдобро да се автоматизира целиот процес, да нема
    луѓе, сите да ги избркаат од работа и да се снаоѓаат на улица
    и да работат место нив роботи, и за редење роба, и за барање
    на артикли и за наплата.

    А не будали да се однесуваат одвратно.

    Како еднаш што касиер ми се раздра кога купував 6 омекнувачи
    за перење алишта, ми вели да не ќе се капам со нив.
    Глупости, моја работа е колку ќе купувам, моја работа е ако сакам
    да користам попуст и имам количина која ќе потрае па така заштедам.

    Можеби требаше да одговорам - не, јас режирам порно филмови и
    ми требаат реквизити за вештачка сперма.
     
  6. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    8.948
    Пол:
    Машки
    Искрено, имам слушнато као се шушка за машини компјутери дека имало нешто некаде, као постоеле... ама немам видено.
     
    На Ordinary и baguf4e им се допаѓа ова.
  7. RedLotus

    RedLotus Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2022
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    34
    Имало и подвижни минијатурни верзии кои ги нарекуваат ЛАПТОПИ и ТАБЛЕТИ.
    Само изгледа се толку подвижни што не стигаат ни бидат видени.
     
  8. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    8.948
    Пол:
    Машки
    Имаш големо знаење. Браво.
    Сигурен сум дека одлично ги услужуваш твоите клиенти ако ги имаш.
    Kudos :clap:
     
    На Ordinary, theowndemon и Dumbledore им се допаѓа ова.
  9. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Yikes, savage :rofl:
     
  10. RedLotus

    RedLotus Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2022
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    34
    Секој кој е пристоен заслужува пристоен однос.
    Исто и како силеџии на интернет форуми, силеџии се бидејќи наместо пристојна дискусија
    веднаш ги напаѓаат другите правејќи ги на малоумни будали иако повеќето луѓе не се од
    вчера ниту од задвчера. Не се тука за да им се истураат фрустрациите.
     
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    8.948
    Пол:
    Машки
    Кој те изнервира?
     
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.374
    Пол:
    Женски
    Има и те како
     
  13. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.929
    Допаѓања:
    11.503
    Пол:
    Женски
    Погледнете само ситуацијата во Ваикики, Њу Јоркер и слични на нив каде цените се горе, долу исти, и се ќе ви биде јасно. Не дека во скапите бутици влегуваат покултурни, него поради високите цени мал број луге влегуваат.
    Затоа во овие е гужва ама за таа сметка облеката е долу по земјата изгазена и валкана. Тоа не е од што сме културни и фини.
    Грабале, фрлале, се гази, детскиот дел страшно нешто. За таа сметка вработените да се пукнат од работа не можат да постигнат. А кога има намалените тоа е хаос невиден, мислиш облеката од подот треба да ја бираш не од закачалка.