Здраво!!! Јас имам една пријателка со која сум многу блиска. Но веќе е заљубена во момче кое што живее блиску до неа па го гледа скоро секој ден. Но проблемот е друк. Другарками има вишок килограми -.- . Викат изгледот не е важен. Ма дај молимте. Сите момчина сега го гледаат лицето и телото. И викам да ослабе ама не сака. Па после се тој за неа е невозможен. Како да ја убедам дека тој никогаш нема да се заљуби во неа ?
а од каде знаеш ти дека тој никогаш нема да ја засака неа ако е дебелка ? ти неможеш да знаеш дали ке ја засака или не нејзино е да проба да му се приблизи и да пробада го освои а твое е да бидеш покрај неа и ако неуспее во тоа
Хмммм .... Јас ја подржувам во тоа. Но момчето е дигнато и со расипан карактер. Му се исмејува на таквите . Навистина ќе ми биде жал ако некако ја навреди
ама добра другарка си ццц.. покрај таква пријателка не и се потребни непријатели.. ти си првата што ја омаловажуваш и ја правиш другаркати не толку привлечна.. како можеш да и ја намалуваш самодовербата и да и набиваш комлекси, која си ти да и кажуваш да ослаби, тоа е индивидуална работа, кога ќе мисли самата дека треба да ослаби тогаш.. а тој типот ако ја сака ќе ја сака каква што е.. и верувајми никој не е недостижен..
Не е се во надворешната убавина, можеби тој ќе се заљуби во нејзиниот карактер Сите сме ние убави,совршени но прашањето е на кој. И пробај некако да ја разубедаш да ослабне не за него туку за себе
Од вакви другарки господ да чува И сеа се зачлени на форумов за да ја оговараш другарка ти? Зарем има некое правило за девојките со прекумерна тежина, демек нив никој не ги сака . Знам многу такви девојчиња, кои имале ептен згодни дечковци. Не е се црно и бело. Ако си слаба ќе те сака, ако не Spoiler одјеби. Има нешто и во карактерот. А, ако си и случајно љубоморна на другарка ти, има и такви теми на форумов па таму пожали се. П.С. Извини ако сум груба, ама твоето размислување е толку површно и погрешно што морав да искоментирам.
Женски, мислам дека девојчево е загрижено тој да не ја повреди другарка и бидејќи како што прочитав бил вообразен. Не мора да ја напаѓаме. А сега во врска со темата, мислам дека не можеш да и помогнеш. Немој во никој случај да и речеш дека е дебела или слично, бидејќи ти самата ќе ја навредиш и повредиш повеќе отколку што може тој. Ако не сака да ослаби, тоа си е нејзин проблем. А, може да ми објасниш како таа се заљубила во тој дечко? Од гледање ли?
Девојчето само погрешно се изразила.И да не се лажеме демек ќе се заљубел у нејзиниот карактер.Па за да осознаеш нечиј карактер, мора првично да ти привлече внимание со својот надворешен изглед. Ако се работи за некој локален фраер,тешко дека девојката има шанси.
Во невозможен била вљубена?Ма дај немој те молам,божем тој е некој недостижен принц.Секој си има вкус каков партнер сака до себе,ако го гледа само физичкиот изглед човек-тоа воопшто не е љубов. Наместо да и дадеш волја и поддршка на другарка ти,мене ми се чини дека токму ти си таа која ја повредува girlinlove.2
Ако момчето како што прочитав има расипан карактер не е многу битно дали другарка ти е дебела или е ТОП модел, дали е добра или лоша, тој секако нема да ја цени. Карактерот на човекот не се менува преку ноќ и не верувам дека "љубовта" ги менува луѓето, посебно не тие како него... Дури и да има некаква шанса со него нека биде претпазлива а најдобро нека си го насочи вниманието кон други момчиња. Ти си и дала до знаење дека не е за неа - понатаму е нејзино да одлучи што ќе прави...
ХАХА дај девојче не ме смеј , невозможен бил ај да е невозможен можеби Бред Пит или Ештон Качер а не некој си момак од маало. И од каде таа информација дека сите момчиња го гледаат телото и лицето,нема врска ! Од каде ти знаеш дека тој никогаш нема да се заљуби во неа ? толку ли си мислиш дека другарка ти не еубава и дебела? мислам дека доколку таа дознае за глупостиве што ги траскаш никогаш нема да ти прозбори.Вака нималку не и помагаш
А јас велам не е ништо невозможно.А зошто да не .Познавам многу такви парови па ете опстојуваат.А ти ако си и вистинска другарка треба да и бидеш подршка.
Јас сум заљубена во невозможен а не девојкава од погоре И олесна вчера на @smb asr кога и кажав дека не е глумец...а е невозможен Така ни е на нас ... ем грдички, ем дебели, ем среќни, ем погрешно заљубени