Другарка која Ве издала

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од hello-kitty.90, 15 октомври 2013.

  1. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    1.877
    Допаѓања:
    5.898
    Дали некогаш ви се случило другарката која најмногу сте ја сакале да ве издаде и да ви го сврти грбот?. Епа мене да . Најдобрата другарка која многу ја сакав ми се налути зошто фатив дечко.Се беше добро додека не почнав да се мувам со дечко ми, иако ја влечев секаде со мене, тоа не и беше доволно. Потоа јас се скарав со дечко ми, тогаш мувачот, а таа најде дечко и ниту еднаш не ме повика да излезам со нив, иако јас секаде ја водев со мене, ама добро. И кога конечно започнав врска со тогашниот мувач таа престана да доаѓа, да ми се јавува, да излегуваме заедно. тогаш ми беше многу тешко ама сега откако поминаа 6 години веќе не се замарам. Иако се слушаме само кога има потреба разговараме кога ке се сретнеме, сепак се прашувам која е причината за едно прекрасно пријателство кое траше 10 години да заврши така. Најверојатно и не ми била најдобра другарка
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    2.743
    Ништо да не те чуди.Такви се денешните пријателства , и едно мое пријателство скоро заврши, мислев дека имам ругарка до гроб до мене но не било така.Првата шанса да ме искористи и толку крај.
     
  3. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    224
    Истото ми се случи и мене, само што разлогот беше малку поинаков.......од нејзината завист дека таа има зад себе неколку пропаднати врски а јас не( фала ти Боже :) ). Има многу остар карактер и едноставно ги брка машките од себе со тоа што секогаш наоѓаше разлог да се кара со нив како да то ја исполнува од внатре ни еден ден не му дозволуваше мир на врската........јас секогаш и бев рамо за плачење и и делев совети и тоа секогаш и викав немој и овај да го оттргниш од себе немој да се караш детето е супер и нема мана гледаш дека те сака....и на крај испадна кога се скара и со последниот, послабо се слушавме од тогаш еве скоро неколку месеци поминаа и кога ќе се слушневме секогаш се караше со мене и наоѓаше причини безброј во кој ќе може да се најди таа во право, прибидејќи го немаше дечкото да се кара со него удри на мене.........ама што е многу многу е, да не ги гледаш вредностите на пријателот што секогаш бил со тебе и да го направиш подолу од да ми извините на зборчето :) лајно не заслужува ни тронка внимание.....не го заслужува моето внимание иако имавме прекрасно пријателство веќе 9 години и секогаш и попуштав оти ја сакав ама дотука било, не ми треба нејзиното лажно пријателство и константно лицемерие. :)
     
  4. natashaaa

    natashaaa Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    1
    Девојки ми треба ваша помош..
    пред некој ден се случи нешто за кое што знае само 2 мој другарки и ги замолив да не кажуваат на никој, но денес цел клас знаеше за тоа..и ја прашав првен другарката на која што повеќе и верувам дали она кажала нешто ми рече не...после прашав едно дете од класот кој му кажал и он ми рече па таа твојота најдобра другарка те издаде..прашав уште неколку деца истото ми го кажаа..ништо не и реков затоа што незнаев како да постапам..
    што мислите вие дали да замижам на тоа или ... ?
    ве молам за помош
    фала однапред :D
     
  5. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    941
    таква другарка не е другарка, немој да и зборуваш не и обрнувај внимание така најмногу ќе ја казниш.
    :!:
     
  6. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    1.877
    Допаѓања:
    5.898
    Според мене кон таа другарка треба да се однесуваш исто како и таа кон тебе. На почетокот ништо не и кажувај и на крај врати и со иста или со полоша мерка :devil: :devil: :devil:
    Чекај таа да ти каже нешто па ти тоа разгласи го на сите или сврти и грб кога ке и е најпотребно, и дури тогаш кажи и зошто го правиш тоа. Кон таквите само така се постапува. ПОЗДРАВ
     
    На piksooki и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    7.588
    Пол:
    Женски
    Мене ми се случи истото денес и знам веќе не е моја другарка не е не е:envy::envy::envy::envy::devil::devil::devil:(mooning)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.320
    Да е една - арно ,ама не е.
    Причина повеќе да не верувам во женско-женско пријателство.
    А и машкиве додуша не ме фасцинираа нешто посебно ,ама се држат барем на некое ниво. Кај нив нема сплетки ,нема деградирање ,завист...
    Или мене таква ми е ѕвездата ,или пак ме сметаат за нешто Бог знае што ,штом покажуваат толку завист.
     
  9. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    10.175
    Пол:
    Женски
    обожавам кога некој така размислува
     
  10. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Живеев во Скопје со дечкото, како студент. Тој работеше и на работа се задружи со еден дечко што ќе го именувам како М. И тој живеел со девојка му, која исто не била од Скопје, неа ќе ја нарекувам К. Еден ден дечко ми ми рече: М и девојка му не канат кај нив дома, па ќе се запознаеш со неа, блиску живеат. И така ја запознав К. Почнав да де дружам со К, беше мирна, патријахално воспитана девојка. Мене не ми беше битно тоа, битно ми беше луѓето кои ги сметам за пријатели да бидат пред се луѓе. Полека почна да ми се доверува и дознав дека нема родители, дека имала само дедо и тетка, со кои била скарана бидејќи го продала станот што и го оставила мајка и во надледство, и отишла да живее во Скопје со М. Потоа од дечко ми дознав дека М трошел пари како луд, пточно дека ги трошел парите на К од станот. Дечко ми се врати на неколку месеци во родниот град, имаше нешто работа и јас останав да живеам сама. Еден ден К ми се јави расплачена, рече дека се скарала со М и дали може да преспие неколку дена кај мене. И реков да дојде. Таа прекина секаков контакт со М бидејќи и ги потроше сите пари и ја изневери, а на крај дури и ја избрка од дома. К немаше каде да живее, не можеше да се врати во родниот град, немаше веќе стан, а и со дедо и и тетка и беше лута. Живееше кај мене 3 месеци, на моја сметка, јас и купував секој ден цигари, ја делев храната со неа. Неа и беше тешко да си го намести креветот на сабајле и до продавница да оди. Во ред, не реков ништо, си реков тешко и е, плачеше секој ден по цел ден дека е сама, дека нема никој во животот, ќе одела на вештачко оплодување со непознат донатор за да не била сама и да имала некој свој, некој кој ќе го сака и ќе ја сака. Сакаше да се омажи, да има некој покрај неа. Од друга страна во родниот град имам друга другарка што ќе ја наречам Н. Таа имаше дечко Г,но му раскина затоа што не го сакаше и не сакаше веќе да му дава лажна надеж. А тој беше упорен да ја врати. Г е 10 год. Постар од Н. И уште на почетокот од врската и напнуваше за брак. Најверојатно и поради тоа нивната врска не успеа. Таа млада,20 годишна, тој 30, сака да се жени, гледа како му истекува мандатот на младоста и не сакаше да чека. Н поради тоа не се чувстуваше ни сакано, мислеше дека тој е со неа само за да се жени и да не остане стар ерген. И беше несфатливо како може некој уште од првиот месец на врската да зборува за брак, па и стана дури и одбивен. Г почна од нигде никаде да му се јавува на дечко ми, да го бара за по кафиња. Дечко ми му спомнал дека јас живеам со другарка, па почна и мене да ме распрашува за неа и кога еве ти го наредниот ден со дечко ми во Скопје, да ја запознаел. Се фатија, започнаа врска, таа замина да живее со него. На Н не и беше проблем што Г е со К, за неа Г одамна беше затворена книга, и и имаа поминато 2 години откако раскинале. Но на К и Г им стана проблем што мене Н ми е другарка. Јас никогаш не ги мешав едни сп други. Ниту на К и Г им зборував за Н, ниту на Н за К и Г. К и Г беа тие што ја напаѓаа пред мене Н. Била ваква била таква и еден ден пукна тиквата и Г и забрани на К да се дружи со мене, а таа како добро патријахално девојче го послуша. Е тоа беше врвот! Н никогаш не се смеша меѓу нив, тие самите ја мешаа неа, како да им сметаше нејзиното постоење, и беа лути и бесни без причина. Прекинав контакти со К и Г и по неколку месеци ми се јави Г да сме се виделеда му ја дадам батеријата од лап топтот на К, бидејќи си ја имаше заборабено кај мене. Отидов и почна да ми кажува како К плачела дека не и сум веќе другарка, јас најмногу сум и помогнала, сум и фалела, сакала да се смириме. Му реков, во ред, викни ја. Се смиривме, ме изнагушка, се изнаплачи. Се беше во ред некое време и наеднаш престана да ме бара, и кога ќе ја побарав измислуваше лаги за да не се видиме. Си реков во ред ако така сакаш. Нека и е на чест и совест тоа што го прави, само нека не го врти мојот број кога и треба помош. Нема да бидам тука!
     
    На buba4e89 и piksooki им се допаѓа ова.
  11. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    10.175
    Пол:
    Женски
    od denesnive luge se se ocekuva ne se razocaruvaj ocigledno ne vredi za nea
     
    На moon1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.191
    Допаѓања:
    9.091
    Пол:
    Женски
    Се има по светов значи!

    И јас имав една дргарка која ме издаде + секакви глупости измислуваше.Јас не ја ни сметав за најверна ама МИСЛЕВ дека беше една од подобрите.Ние сме големо друштво а и во друг град имам големо друштво што се вика меѓу два огна сум.Во исто време сакам да бидам со овие овде ама и со тие таму.И таа ,,подобрата,, на моите најверни другарки тука ги лажела дека сум била голема к**** и дека сум зборела многу никакви работи за нив што ми е гадно и да ги пишувам.Љубомората што неа никој не ја цени добро како што мене ме ценат бидејќи немам влакно на јазик и сум ненормално директа ја уби, ја здроби.Додека цело друтво не ја свати ситуацијата и додека љубоморната свати дека друштвото се распаѓа без мене па појде и им се извини и кажала дека лаже.Јас им простив бидејќи несакав да се испокараат сите, додуша и ден денес заради неа уште се мачиме цело друштво да собереме.Се се среди само и ги удривме клоците и толку беше ама јас ПАМЕТАМ итоа многу добро и сите знаат една грешка и л**ната по улица ќе си ги бркаат :!:
     
    На buba4e89 и moon1 им се допаѓа ова.
  13. Mala Hembra

    Mala Hembra Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Имав една таква другарка , ја сметав за најдобра за најверна секогаш била тука до мене во добро и во лошто т.е само така сум мислела јас но сум се излажала .. Имав еден дечко кој многу го сакав и кога раскинав му се пуштала , му пишувала на фејс го провоцирала , за сето тоа време додека јас и плачев и ја објаснував мојата болка колку е голема барав утеха во нејзините зборови во нејзиното друштво таа флертувала со него .. Но како викаат .. се , се врти се , се плаќа па така дојде и нејзината казна лично од тоа момче што одев јас , за мене кажувал многу добри работи низ градот а неа каде што ќе стигнел ја оговарал и омаловажувал .. сепак кругот се врти за среќа ја отачив на време сфатив каква е .. такви лицемерни другарки не ми се потребни !!!
     
    На buba4e89 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Ни јас не планирам веќе никаков контакт. Удрени и се клоците, готово. Еднаш мажот и ( сега веќе и е маж) пред мене и рече: кога имаш маж, другарки не ти требаат, и секаде со мажот, никаде сама. И навистина, од кога е со него јас на само се немав видено. И таа за се добро, послушно кутре! Епа утре ко ќе и згреши нешто мажот да те видам на кој ќе му се пожали и исплаче? На мајка и шо ја нема? На другарките шо исто така ги нема, или на свекрвата шо не ја сака дека е мрзлива?
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    1.679
    И колку да е тежок и неприфатлив фактот денес вистинско пријателство нема, сите си ги гледаат своите интереси и никој не би се фрлил себеси во оган за другар или другарка.
    Кај мене беше сосема спротивен случај, имам другарка со која сум целиот живот заедно, значи едни добри 15 години.. Заедно пораснавме, ја рачунав како сестрата која никогаш ја немав.. се приврзав толку за неа што немаше нешто за мене што не знаеше, секоја најмала ситница дури и работи кои ни мајка ми не ги знаеша.. Да не ме разберете погрешно за разлика од мене таа е израсната во посиромашна средина, а јас бидејќи немам браќа ни сестри се научив да делам се со неа.. и не ми претставуваше никаков проблем напротив со задоволство го делев она што го имав со неа, ја разибрав нејзината ситуација.. дека не секогаш има пари за излегување и облека и секогаш се трудев да не изостанува ништо од мене, не сакав да се осеќа помалку од мене.. Си доаѓаше кога сакаше си позајмуваше облека, и позајмував пари без враќање.. се најнормално и не ми беше жал за тоа бидејќи си велев дека ако и јас некогаш дојдам во таква ситуација недајбоже и таа би го сторила истото.. Е ама не си сите луѓе исти, не сите се великодушни и дарежливи..
    Кога ја раскажувам оваа приказната се потсеќам како онаа шпанската серија со Руби и Марибел, баш слична ситуација..
    На крајот т.е. пред некоја година таа си фати дечко за прв пат кој може да се каже дека беше богат и почна да ме избегнува, постепено се оддалечивме што од сестри станавме познанички.. Јас се обидував да ја разберам дека тоа се случува и нормално ќе сака да поминува време со него, заљубена е едно друго.. а после дознав дека не одеше со него од што го сакаше туку дека и го возеше филмот..
    Ја барав секогаш да се видиме да си поправиме муаебет ама таа никогаш не наоѓаше време,
    баш тогаш и јас почнав врска со едно дете што заврши за жал неубави и баш ми требаше поддршка и потпора од некој близок а таа нон стоп се вадеше дека неможи и нема време да биди со мене бидејќи нели си најде нов „спонзор“.. И што ми е муабетот, животот е тркало.. карма ис а бич, дечкото и се скара и се врати пак кај мене да моли да плачи.. Не можев да ја одбијам, сум пораснала со неа, како да заборавам се што сме правеле заедно.. сите случки, моменти среќни и тажни што сме ги делеле.
    И простив и замижав на се што се случи и се вративме од каде што застанавме, пак ми беше сестрата што никогаш ја немав..
    И што се случи после тоа, се здружи со нови другарки, пак ја разбирав.. нормално дека ќе има и други другарки освен мене, и јас имам другарки што ги сакам и почитувам исто како и неа и што им се доверувам и ги сметам за ептен блиски ама разликата помеѓу нив и неа беше тоа што со неа го поминував најголемиот период од денот и знаеше се за мене додека со останатите се гледав да речиме неколку пати во неделата.. И откако се здружи со новите другарки почна да ме одбегнува, да крие работи од мене и да ми работи зад грб, и подоцна ми се отворија очите откако видов како нив што ги познава што се вели 3 дена ги стави пред мене што ме знае цел живот..
    Сакам да кажам дека сите се продадени души и гледаат онаму каде што ќе имаат корист, како што велат најчесто оној за кој би примил куршум се наоѓа зад пиштолот.. а тоа беше таа.
    Од кога ми се отворија очите и решив да се соочам со вистината се оддалечив од неа, ние и ден денес сме другарки но не она што некогаш бевме..
    Среќа што имам и други другарки на кои можам да им се доверам доколку ми е тешко, тука се да ме ислушат и биле тогаш кога таа не била до мене и за тоа им сум бескрајно благодарна.. ама сакам да кажам дека другарките ги има се додека не си фатат дечко и имаат некаква корист од тебе, после тоа сите вртат грб..
    Никогаш не мислев дека тоа ќе ми се случи мене, оти никогаш не заслужив такво однесување да ми биди возвратено но ете, и добро велат сам си свој најдобар пријател затоа пазете на кој се доверувате и секогаш бидете на два ума, никогаш не верувајте слепо на никој, и оној кој ќе ве предаде не е непријателот туку тој најблискиот до вас!
     
    На Janina и buba4e89 им се допаѓа ова.
  16. H.O.P.E.

    H.O.P.E. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Не ми се случило некоја другарка да ме издаде, но доколку тоа се случи и да ми се извинува, да ме моли нема да и простам.
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.643
    Допаѓања:
    49.272
    Пол:
    Женски
    Уште првата другарка што ја имав ме издаде. Првата тајна што ја кажав беше издрдорена. И што да очекувам после?
     
  18. Neodlucna

    Neodlucna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    960
    Многууууу, значи МНОГУ се каам што и кажав една работа на другарка ( не знам со кој памет!!!!) и сфатив дека тоа го кажала на маж и. Сватив по погледот на маж и по пребацивање меѓу редови. Така да за мене и за сите, (несигурна жена), се кажува на својот маж. :)
    пс. другарка ми е 15 години горе доле, блиска најблиска, требаше да сфати дека тоа и ко кажувам неа, не е за делење со маж. Се разочарав малку во неа. Во смисол колку нема живот и свое јас, досадно и е сама со себе па се да споделува со него.
     
  19. Janina

    Janina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    383
    Пол:
    Женски
    Jas imav drugarka koja veke ne sum vo nikakov kontakt so nejze,od 6odd se znaevme pa do 8 si ziveevme i se bese onaka kako sto posakuvav da bide..Mi bese najdobra drugarka,ja smetav kako sestra,sekogas sum ja tesela koga i bilo tesko,bev pokraj nea koga i trebase pregrataka koga imase nostalgija kon nekoi licnosti sto gi ima izgubeno.Sekogas sum ja smeela do solzi,na telefon sme pravele muabet po 5 casa sto se veli..Mi velese deka sum posebna licnost sto i go razubavuva sekoj den,sto ja smeeam i koga i e najtesko i deka sum najulda licnost so koja imala za prvpat doziveano takvi momenti..Sto sum licnost koja sekogas e do nejze.Seto toa go cenese se dodeka ne si go fati prviot decko..Na pocetokot i kon mene i kon nego se obrakjase posle gledam se za nego mi zboruvase voopsto nemase vreme za mene, nitu da me islusa..I na fb duri na seen ke me klaeshe..Koga se skara so nego povtorno me pobara i mi rece jas sum kriva ova ona mnogu sum naivna a i zatoa te zapostaviv tebe..Aj i prostiv bidejki krivo mi bese taka da ja ostavam..Pak si fati decko i istata situacija bese...Pa ednas se sluci (ne e bitno na koj praznik) ama bevme sobrani celo drustvo i + mojot decko nejziniot i edni drugi nejzini poznanici dojdija odposle..Pred moi oci ja gledam kako pagja na zemja od smeenje,ogovarajki go mojot brat demek se ponasal kako nenormalen i neznam sto i kako..Toa mnogu me navredi i od togas go imam smeneto mislenjeto za nejze..
    A i vo ponasanjeto sto go ima taaa vo pravo sum sto zakluciv deka sega e otkacena devojka,sto ke kazam ni ruletot ne e tolku izvrten kolku sto taa vo gradov e izvrtena od maskite :doh:
     
  20. Natee2

    Natee2 Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Леле,скоро сите овие моиве другарки се само за лице да прават, после некоја тајна ја прошириле со 100 нови нивни збора и ја раскажале...
     
    На buba4e89 и Janina им се допаѓа ова.